Испечати | Затвори го прозорот

Каде е старата Битола

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Градови во Македонија
Опис на форумот: Со се' села... настани, култура-некултура, рекла-кажала...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11822
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 23:26
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Каде е старата Битола
Постирано од: zajkoo
Наслов: Каде е старата Битола
Датум на внесување: 30.Јануари.2008 во 13:13
  Повеќе од 10 години бев отсутен од Битола. Се вратив и се надевав на убава иднина во мојот роден град. Не им обрнував внимание многу на зборовите на моите другари кои ми велеа дека градот не е тоа што беше некогаш
Битола 1996...80000 жители... беспарица ама луѓе со чувство за елеганција, за култура, за добра музика, добра забава,...една локална телевизија  со топ програма,спортски игралишта на секој чекор, градоначалник олигарх ама со свое јас и знае што му треба на градот да се развива... со еден збор град кој има иднина.
 
Битола 2007... пак 80000 жители... повеќе пари ама некои нови дечки се на сцена, мрсна коса, скапани заби, 2 кила кал на чевлите, ама нема везе важен е џипот кој патем е паркиран покрај некоја рампа за инвалиди,најголем културен настан во градот им е избирање на "најголема пуфла во Битолата",под добра музика подразбираат гледање во силиконите на бугарските пејачки, добра забава е пиењето кафе на широк сокак и зјапање со подзината уста, три локални телевизии со новинарки во стилот на пипи долгиот чорап, од спорт останати се само спортските кладилници, градоначалник кој мисли дека сеуште глуми во некоја комедија, ќе градел жичара на Пелистер а од друга страна во срцето на планината му никнуваат гаражи за транспортни фирми, штали,автомеханичарски работилници. Ќе градел индустриска зона а најширокиот пат околу зоната и воопшто околу градот му е 3,5 метри со кратери како швајцарско сирење а за железничка врска и да не спомнуваме... со еден збор... Лондон доаѓам не ми е местото повеќе во оваа мизерија.  


-------------
Биди добар со сите,услужлив за повеќето, близок со неколку, пријател со еден, непријател со ниеден.



Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 30.Јануари.2008 во 22:07
истото се прашувам за скопје
можда звучи бабински, ама скопје нема некои квалитети кои ги имал порано
а за битола незнам
извинете што ова е малце оф топик ама пак поврзано е


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 02.Февруари.2008 во 21:38
Ма со сите градови е ист случајот... да е само Битола...

-------------
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.


Постирано од: zajkoo
Датум на внесување: 02.Февруари.2008 во 23:00

Што ми се случи пред некој ден... одиме на кафе во еден кафе бар... штотуку го имав добиено Joshua Tree 2007  оригинално реиздадено на цд и му велам на дечкото задолжен за музика, ај ако сакаш пушти го да видиме како изгледа оригиналот на цд... и селјакот ми вели не пуштаме музика од непроверени музичари,  не сме ние штогоде кафич, кои ти се овие у2 кај ги најде, ми велиизненадување  изненадување  изненадувањелутина



-------------
Биди добар со сите,услужлив за повеќето, близок со неколку, пријател со еден, непријател со ниеден.


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 12:56
Originally posted by zajkoo zajkoo напиша:

Што ми се случи пред некој ден... одиме на кафе во еден кафе бар... штотуку го имав добиено Joshua Tree 2007 оригинално реиздадено на цд и му велам на дечкото задолжен за музика, ај ако сакаш пушти го да видиме како изгледа оригиналот на цд... и селјакот ми вели не пуштаме музика од непроверени музичари, не сме ние штогоде кафич, кои ти се овие у2 кај ги најде, ми велиизненадување изненадување изненадувањелутина



Tolku znaat so e dobra muzika..Oni cule samo za turbofolkot skapan so ne true deneska.taka da zatoa i ne znae koi se U2..supak


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 12:58
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

истото се прашувам за скопјеможда звучи бабински, ама скопје нема некои квалитети кои ги имал пораноа за битола незнамизвинете што ова е малце оф топик ама пак поврзано е


A za Skopje definitvno ne e ona so bilo nekad..gradot ja ima izgubeno svojata ubavina..barem od tie so ziveele vo toa vreme taka kazuvaat..site se so ubavi spomeni..


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 13:45
Si e*a mamata cela makedonija so toj turbo folkot.
Za sreka ne e tolku loso kako vo sosednite ni drzavi.
A za Bitola mnogu mi e krivo, gradot e (bese), simbol za kultura, i civilizacija.
Steta stvarno.


Постирано од: seka
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 12:00
Ne e toa samo vo Makedonija, sekade e taka.
Kako covekot sto ja smenuva gardarobata... i gradot se smenuva, mislam deka e sosema normalno... sekoj grad se menuva so sekoja gereracija... od edna strana ubavo e no od druga strana zalno e...


Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 12:04
неки нови клинцииииииииии , неки нови клинци , неки нови клинци

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .


Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 12:24
za klinci samo.......cuk

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL


Постирано од: zajkoo
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 22:50
Originally posted by seka seka напиша:

Ne e toa samo vo Makedonija, sekade e taka.
Kako covekot sto ja smenuva gardarobata... i gradot se smenuva, mislam deka e sosema normalno... sekoj grad se menuva so sekoja gereracija... od edna strana ubavo e no od druga strana zalno e...
 
 Не е проблемот што се менува градот и треба да се менува, проблемот е сосема од друга природа...2008, битолчани сеуште се удираат во градите дека живеат во најградскиот град во Македонија а вистината е сосема друга... поголеми "сељаци" на балканот не постојат... град без покриен базен, без тениско игралиште, со уништени скијачки патеки, само со 2 кошаркарски игралишта од кое на едното му фали еден кош, фудбалски стадион кој наместо косилка за трева се пушта едно стадо овци да ја испасе тревата пред секоја утакмица, река ( читај депонија) во која водата е или зелена или црвена, градски превоз со 2 автобуси од кој едниот е позајмен од филмот" ко то тамо пева" a другиот е купен од отпад од Грција
  http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=80A1915A68D8ED4F9053532EC7249317 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=80A1915A68D8ED4F9053532EC7249317
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F7D0119BB7152145BE0BA5A8ADF64BBE - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F7D0119BB7152145BE0BA5A8ADF64BBE


-------------
Биди добар со сите,услужлив за повеќето, близок со неколку, пријател со еден, непријател со ниеден.


Постирано од: OUST
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 22:59
Originally posted by zajkoo zajkoo напиша:

Што ми се случи пред некој ден... одиме на кафе во еден кафе бар... штотуку го имав добиено Joshua Tree 2007  оригинално реиздадено на цд и му велам на дечкото задолжен за музика, ај ако сакаш пушти го да видиме како изгледа оригиналот на цд... и селјакот ми вели не пуштаме музика од непроверени музичари,  не сме ние штогоде кафич, кои ти се овие у2 кај ги најде, ми велиизненадување  изненадување  изненадувањелутина



СТРАШНО!!!


Постирано од: Quentin
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 23:26
Темава не треба да биде само за Битола. Па цела Македонија ја доживува оваа срамна девалвација на културните вредности!

-------------
http://www.thirdchapter.blog.mk - http://www.thirdchapter.blog.mk

http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk - http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk



Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 23:26
СТАРАТА БИТОЛА Е ВЕДНАШ ВО САМИОТ ЦЕНТАР НА НОВАТА

-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: seka
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 10:52
Originally posted by zajkoo zajkoo напиша:

Originally posted by seka seka напиша:

Ne e toa samo vo Makedonija, sekade e taka. Kako covekot sto ja smenuva gardarobata... i gradot se smenuva, mislam deka e sosema normalno... sekoj grad se menuva so sekoja gereracija... od edna strana ubavo e no od druga strana zalno e...



 
 Не е проблемот што се менува градот и треба да се менува, проблемот е сосема од друга природа...2008, битолчани сеуште се удираат во градите дека живеат во најградскиот град во Македонија а вистината е сосема друга... поголеми "сељаци" на балканот не постојат... град без покриен базен, без тениско игралиште, со уништени скијачки патеки, само со 2 кошаркарски игралишта од кое на едното му фали еден кош, фудбалски стадион кој наместо косилка за трева се пушта едно стадо овци да ја испасе тревата пред секоја утакмица, река ( читај депонија) во која водата е или зелена или црвена, градски превоз со 2 автобуси од кој едниот е позајмен од филмот" ко то тамо пева" a другиот е купен од отпад од Грција

  http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=80A1915A68D8ED4F9053532EC7249317 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=80A1915A68D8ED4F9053532EC7249317

 

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F7D0119BB7152145BE0BA5A8ADF64BBE - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F7D0119BB7152145BE0BA5A8ADF64BBE


zajkoo... kako veke sto kazav vo prviot post... ne e toa samo vo Makedonija i vo Bitola.. nego toa e segde... jas na primer sum vo stranstvo i isto go custvuvam toa tuka... koga ke pojdam vo drug grad, lugeto sto ziveeat tamu gordi se, kako sto rece ti : se cukaat po gradite!!! Sakam samo da kazam deka sekade toa go ima, bilo koj grad i bilo koja drzava... mozebi vo Makedonija malce pojako se primetuva toa. Go gledam sekoja godina istoto... da Bitola,Prilep,Ohrid,Skopje ili Gostivar... vo bilo koj grad da pojdam ligeteo se cukaat po gradi i velat... ej vidigo nasiot grad... nema poubav od nego... no toa se samo luge sto nigde ne se prosetani.. nisto od svetot nemaat videno... baram jas taka mislam


Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 14:06
јас сум ја шетал половина европа и пак тврдам дека градот е убав , тој што знае да живее - секаде знае да живее , а тој што не знае светот му е малголема%20насмевка

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 19:50
Originally posted by hektor hektor напиша:

јас сум ја шетал половина европа и пак тврдам дека градот е убав , тој што знае да живее - секаде знае да живее , а тој што не знае светот му е малголема%20насмевка
никој не рече дека градовите се баш грди
ама негативно се изменети


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 21:18
живееме во морални рушевини рече некој .....збунетост

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 17:58
Epa takavi e Bitolcani koga glumec za gradonacalnik biravte.

I vtor problem e ,drzavata mnogu malce se grizi za ostanatite gradovi.
Zatoa samo opstini so ekstremno ambiciozni Gradonacalnici moze da prosperiraat.


Постирано од: Biolica
Датум на внесување: 18.Февруари.2008 во 11:30
Moram da recham deka decata na stecajcite , na nemanjeto , zelbata za brzi pari bez trud ima pridones vo ova . Moralot se gubit , pravite vrednosti isto , vo Bitola e pobitno da si doterana , nasminkana i videna od kolku ambiciozna i da se boris za podobro utre.
Gradot e poln so tenedzerki koj gi ceshlaat grckite biznismeni , debeli gnasni , za pijacki , za izlez i za nekoe parce obleka.
Prosetkite na setaliste se polni so vakvi gnasni gletki.
Cel grad zaostana i ako probas da objasnis deka ima poveke od zivotot e togas si naivna i glupa so ne ja koristish vaginata za uspeh ( kopanje grob po moe ).

-------------


Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 12:23

...edinstven grad vo MK koj nalikuva na Skopjeголема%20насмевка



-------------
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!


Постирано од: Blue Magic
Датум на внесување: 27.Септември.2008 во 23:33
Каква Битола какви бакрачи. Кај се видело Битола град. А бе 2 улици може град да прават. Од 100 илјади на 80 дојде за 10 години Битолава. Нема саглам пат до Прилеп а за понатаму да не зборам. Возот до Скопје оди 4.5 саати а и тој го укинаа. Само во 2 и пол насабајле оди за Скопје и то ако запали. Гледам денес се бунат за фестивалот Браќа Манаки го зеле скопјани. Оти да не го земат кај ќе ги чекаме гостите? Во вилата на Лазо или во Интернатот ќе им даеме соби за ноќевање. Хотел нема салам а туристички град ќе сме го праеле. Па и овие копуците битолски се помодреа од в гради чукање... Најградски град бил Битола. Еееееј сељаниии 2008 сме а не 1900 кога Битола беше центар на Балканот со едно чудо магариња по сокаците. Само магарињата се останати од златното време на Битола и знајте зш се останати.
Да ги тегните за сурлите и да викате ураааааа


Постирано од: Blue Magic
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 10:53
Три капки паднаа а за на улица чамец ти треба. А бе дали има некој надлежен да ги исчисти шахтите или ги изненади дождот како снегот во јануари


Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 11:50
битола по кафеаните со прекрасните битолчанки , ма кој београџанки , 10 београџанки за 1 битолчанка давам среќа

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 05.Декември.2008 во 02:30
Плачиме по старата Битола,особена по таа од пред 100 години Ама како што гледам за Скопје повече плачат.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: igi 3
Датум на внесување: 09.Јануари.2009 во 23:31
Kakvo Skopje??? Da ne bese zemjotresot se uste po patot ke se gledaa magarina ... sega mu e maka na skopjani deka Bitola si ostana Bitola,a znaete li deka vo skopje e preselena pola selska adila i za toa smrdi na lepeski,a da ti e poveke maka sitre seljaci velat deka Bitola ne cini se razbira mislam na onie sto se preseleni vo skopje.E toa ti e kad se seljo pokonduri baca cokolado jede papir


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:04
Да старите Скопјани се ок,ама ново преселените од последните десетици години,се најголемите селани од цела земја.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: MARIJA.MIHAIL
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 18:30
BITOLA E GRAD KOJ NIKOGO NE OSTAVA RAMNODUSEN!SARMOT I UBAVINATA SE PREPOZNATLIVI BELEZI I NEMA COVEK VO MAKEDONIJA KOJ NE SLUSNAL ZA SIROK SOKAK,ZA SAAT KULATA,STARATA GRADSKA ARHITEKTURA I GOSTOPRIMSTVOTO NA BITOLCANI ...BITOLA TE SAKAME


Постирано од: igi 3
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 21:07
Bitola babam Bitola


Постирано од: galenaa
Датум на внесување: 01.Февруари.2009 во 11:05
hektor
ova za mojata Bitola


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 01.Февруари.2009 во 23:41
Мојот град !

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: Flix
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 20:24
Bitola ... Gradot na kozulite. Gradot na Svetlinata... Kako sakate narechete go ... Bitola od sekogash bil del od istorijata na Makedonija... (Heraklea). Gradot poznat po Kulturata, po filmot (Brakata Manaki). Gordost na Makedonija... Gradot od sekogash imalo golemo znacenje za cela Makedonija niz celata istorija. Megu najposhtovanite gradovi isto taka... Na politicka osnova i opshto. Prepolna so ubavi gletki, Nacionalni parkovi Baba planina (Pelister).
poopshirno:

Град поставен на некоклу километри од границата со Поранешна Отоманска Покраина Грција. Најпрвин постоел градот Хераклеа, подоцна Римски град, кој бил освоен од Словените во 5 - тиот и 6 - тиот век. Манастирот Обитељ (сеуште видлив) играл многу важна улога во општеството се додека градот не бил освоен од Турците и станал град со огромна комерцијална и цивилна важност. Имало 60 џамии во градот, од кои 12 останале. Во Балканските војни (1912-13) Битола бил освоен од Србите, со што се прекинала 500 годишната муслиманска историја на градот. Втората Светска Војна донела понатамошно економско слабеење и намалување на популацијата; неговите Еврејски жители

биле исчистени. По Втората Светска Војна, Битола станува многу значаен центар во Македонија. Има одлични транспортни врски со Скопје и Поранешна Отоманска Покраина Грција. Индустриските активности вклучуваат преработка на шеќер, производство на текстил, килими, и фрижидери. Кон крајот на 1970 година се заврши проектот за искористување на геотермалната

енергија за Битола, која требаше да обезбедува струја за поголемиот дел од Македонија, посебно за областите околу Охридското и Преспанското Езеро. Десетина километри северно од Битола се наоѓа некрополисот Висови.
ahhhhh Nokni zhivot a?! Ludilo!!!!!
Ноќниот живот во Битола можи да се мери со тој од големи градови и од западна европа. Има многу кафулиња и 3 ноќни клубови, кои се многу добро средени. Расчекор како пример е познат локалитет, кој секој го знае низ цела Македонија.

Ресторани им многубројни. Сите гости се добродојдени на домашни и интернацјонални спецјалитети.

Најголемиот хотел во Битола (Епинал) моментално се реновира и затоа туристи морат да најдат преноќување во некој од помалите хотели и мотели, од кои се неколку многу добро средени. Пример и препорачка: Мотел Де Ниро (тел.: 047- 222-656). Многу средени апартмени и соби со медитеранен амбиент.

Ако има турист, кој ја посетува Македонија и да не дојди во Битола - не ја видeл “цела“ Македонија.
i pojke ima .... Nokni klubovi
pak malce za kulturata...
Битола - Метропола на културата и уметноста

Во овој град во јужниот дел на Македонија секоја година организирани се многубројни културни фестивали. Скоро секој месец битолчани имаат можност да ги посетат овие фестивали. Така и културниот живот во Битола може да се развива и да живее долговековно.

Пример е мобилниот културен контенер, кои во 2002 година беше организиран за младите жители на градот да можат да ја запознат европската култура и да се направи чекор кон Европа.

Интерфест Битола е фестивал за класичка музика, кои е организиран секој август за десет дена. Од целиот свет солисти

И усте 2 Истории


Битола е http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4 - град во југозападниот дел на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Република Македонија . Битола е административен, културен, економски, индустриски, образовен, научен како и дипломатски центар, и поради тоа е познат и под името град на конзулите. Битола е втор по големина град во Република Македонија според бројот на жители, додека по површина е трет. За време на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Југославија бил еден од културните центри, како во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B0%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE_%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Кралството Југославија , така и во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%A4%D0%A0%D0%88 - СФР Југославија . Таткото на турската нација http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D0%BB_%D0%90%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%80%D0%BA - Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B5%D1%98_-_%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0&action=edit&redlink=1 - битолскиот Народен музеј .



Горда за своето минато, преку една константна борба на следење и осовременување на започнатите вековни стремежи, во рамките на самостојна суверена Република Македонија, Битола го постигнува својот напредок и развиток.
Расположена во пазувите на Баба Планина со врвот Пелистер, на бреговите од реката Драгор, во западниот дел од Пелагонија, Битола е регионален стопански, образовен, научен, културен и политички центар на југозападниот дел од државата во кој се бројни и перспективни можностите за сестран развој. Во неа се наоѓаат седишта на низа различни институции, 4 почесни конзулати, а она што специфично ја обележува е богатиот и традиционален културен живот.
Благодарение на исклучително поволната географска положба како и климатските услови, Битола успеала да изгради современо стопанство, со интенција на натамошна експанзија.


Земјоделското производство, преработката и финализирањето на земјоделските производи и производството на електрична енергија се клучните гранки на стопанството и на нив се темелат глав - ните стопански објекти на градот.

Поинтензивното земјоделско и сточарско производство на општината Битола се должат на плодородната пелагониска почва како и високите можности за наводнување што ги обезбедува Хидромелиоративниот систем "Стрежево".

Земјоделскиот комбинат " Пелагонија " е еден од најголе - мите капацитети од ваков вид во Македонија . Обра - ботливата површина со која располага Комбинатот е околу 24.000 хектари и на неа успешно се одгледуваат пченица, јачмен, маслодавна репка, шеќерна репка, пченка, сончоглед, фуражни и градинарски култури . Земјоделскиот комбинат " Пелагонија " располага и со три говедарски фарми во кои производството од молзните крави ( над 1500) е околу 8 милиони литри млеко, над 300 тони јунешко месо, над 7 илјади гоени свињи, над 7000 глави овци, околу 200 тона конзумни риби, итн.


Хидромелиоративниот систем "Стрежево" обезбедува вода за наводнување на преку 20.000 хектари, на градот и селските населби кои гравитираат кон него, a се насочи и кон производството на печурки, рибарството и производството на електрична енергија, како кон додатни дејности.

Шумските површини во Битолско се на околу 39.000 хектари и од нив се експлоатира дрвната маса за потребите на населението и индустријата. Минералните богатства се големи и обилуваат пред се со лигнит и неметали. Резерви на лигнит има кај селата Суводол, Живојно, Гермијан, Брод и Гнеотино. Тие го овозможија изградувањето и функционирањето на најголе миот рударско - енергетски комбинат во Македонија, кој со трите централи произведува енергија што задоволува околу 75 % од потребите на државата.

Во доменот на металната и металопреработувачката индустрија функционираат повеќе фабрики. Во прехрамбената индустрија функционираат: " Жито Битола ", Фабрика за кекси, вафли и др . Фабрика за шеќер, Фабрика за квасец и шпиритус, Фабрика за пиво, Млекара, АИК " Лозар " и др . Графичката индустрија функционира со печатниците : " Микена ", " Киро Дандаро ", " Фустеларко борец ", и др. Градежништвото го покриваат со своето ефикасно делување ГП "Пелистер" и подружниците на градежните претпријатија "Пелагонија", Транит " и " Бетон ". Освен погоре именуваните функционираат и други фирми . Финансиска поддршка на битолското стопанство обезбедуваат " Стопанска банка " а . д . Битола, " Тетекс - Кредитна банка " - Битола, како и експозитури и фили - јали на други банки.

Во Битола, покрај споменативе, успешно функциони - раат и претпријатија од мал и среден обем, кои се резултат на пројавената приватна иницијатива. Развојните перспективи се должат на поволната географска положба на Битола која е трговска крстосница, во центарот на триаголникот Скопје, Солун, Корча. Блискоста до границата со Република Поранешна Отоманска Покраина Грција отвора посебно поволни можности за соработка со стопанските субјекти на пограничните грчки градови. Co функционирањето на современ царински терминал со голем капацитет е овозможен брзиот проток на стоки и услуги.

Битола има богат културен живот. Народниот театар, многупати докажано, котира на највисокото место во светот на театарската уметност кај нас и пошироко. Редовно се одржува престижниот Интернационален фестивал на филмската камера " Браќа Манаки ", во чест на првиот снимател на Балканот, битолчанецот Милтон Манаки. Други фестивали што се одржуваат во градот се : Интернационалниот фестивал на класична музика " Интерфест ", Фестивалот на староградски песни " Серенада на Широк сокак ", Фестивалот на народни песни и игри " Илинденски денови ", Битолското културно лето " Хераклејски вечери ", Фестивалот на монодрама, Меѓународното графичко триенале, " Малиот битолски Монмартар " и др. културни манифестации.

И просветата во Битола е со долговековна и почитувана традиција. Битола е општина со најразвиена мрежа на основни и средни училишта. Битола е универзитетски град ; универзитетот "Св . Климент Охридски" е формиран и успешно работи на планот на современата едукација на идни стручни кадри уште од 1979 година. Градската библиотека "Св . Климент Охридски" прерасна во библиотека од универзитетски карактер, а постојат и многу клубови, дружини, културно - уметнички и спортски друштва, ансамбли, фолклорни друштва, интерпретатори во кои членовите од различни генерации го негуваат културно - музичкиот, литературниот и спортскиот живот на Битола придонесувајќи за нејзината афирмација во државата и во светот .

Ротари клубот Битола е формиран во јуни, 1935 година и активно работи дo почетокот на Втората светска војна, вo 1941 година. По 57 годишната пауза, Ротари клубот Битола е повторно примен во членсвото на Ротари Интерна - ционал на 14 април 1998 година.

Во моментите на обновување на Клубот, a тоа се секако многу суптилни и чувствителни моменти на развој и афирмација на Битола и Република Македонија во новата општесгвено - политичка и економска констелација на односи, основоположниците си ја зацртаа како основна целта да и служат на својата заедница што е можно попрофесионално негувајќи ги притоа високите етички принципи на приватниот и јавен живот
Другарувајќи со истомислениците од целиот свет, почитувајќи се, толерирајќи се и меѓусебно разбирајќи се, битолските ротаријанци се залагаат да отворат нови и поперспективни патишта на интеграција на Република Македонија во светот на утрешнината, светот на мирот и благосостојбата меѓу луѓето . Во духот на ваквата идеја, меѓу основоположниците се вклучија и тројца претставници од соседните градови Прилеп и Ресен.

Повторното формирање на Ротари клубот Битола е овозможено благодарение на отворената и несебична поддршка на Ротари клубот од Скопје и на неговиот претседател, господинот Горѓе Гурковиќ, како и на сестраното ангажирање и довербата на ПЕА, господинот Питер Гуг и на неговиот специјален претставник, господинот Димитар Јуруковски. На сите ним Ротари клубот Битола искрено им се зблагодарува .

Вo периодот од повторното обновување па се до денешни денови членовите на Ротари клубот Битола иницираа, спроведоа и успешно реализираа низа проекти од различен карактер со што ја потврдуваат основиата цел на нивното егзистирање - служењето на Заедницата.

голема%20насмевка


-------------
http://flixter.deviantart.com/">


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 08.Февруари.2009 во 23:45
...Битола градот на светлината ?!?..

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 10.Февруари.2009 во 21:54


Постирано од: mistake
Датум на внесување: 11.Февруари.2009 во 13:58

.



Постирано од: igi 3
Датум на внесување: 16.Февруари.2009 во 20:30
Flix
Bitola si e Bitola


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 18.Март.2009 во 15:52
pojma neam kade e


Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 19.Март.2009 во 22:49
Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

pojma neam kade e



ти африка да не живееш..?

-------------
..Живеам за да умрам..!


Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 19.Март.2009 во 23:50
Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

pojma neam kade e


Зато треба да се оди во основно училиште барем.


-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!


Постирано од: Biolica
Датум на внесување: 20.Март.2009 во 08:47
Mi fali edno krugce na setaliste , edna pizza DeNiro , edno kafe La Casa , laf muabet i po nekoj majtap za kabadajite , ko ke e toplo edna prosetka okolu dvete ezerca , sladoled Molika , ah kaj e letoto.....


Постирано од: Flix
Датум на внесување: 21.Март.2009 во 20:41
Originally posted by Biolica Biolica напиша:

Mi fali edno krugce na setaliste , edna pizza DeNiro , edno kafe La Casa , laf muabet i po nekoj majtap za kabadajite , ko ke e toplo edna prosetka okolu dvete ezerca , sladoled Molika , ah kaj e letoto.....


Сега по мераклиско е кафето во Папаз, најдобра кафица во градот прават голема%20насмевка


-------------
http://flixter.deviantart.com/">


Постирано од: Biolica
Датум на внесување: 22.Март.2009 во 12:16
Originally posted by Flix Flix напиша:


Originally posted by Biolica Biolica напиша:

Mi fali edno krugce na setaliste , edna pizza DeNiro , edno kafe La Casa , laf muabet i po nekoj majtap za kabadajite , ko ke e toplo edna prosetka okolu dvete ezerca , sladoled Molika , ah kaj e letoto.....
Сега по мераклиско е кафето во Папаз, најдобра кафица во градот прават голема%20насмевка

Zivi bili pa videli


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 05.Април.2009 во 09:37
e zaboraviv osnovno da zavrsam ...samo faks
ova za zora na slobodata


Постирано од: mistake
Датум на внесување: 07.Мај.2009 во 17:45
 
.


Постирано од: mistake
Датум на внесување: 07.Мај.2009 во 18:06
 
.


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 07.Мај.2009 во 22:04
абе за ова се жалите дека го немало, пффффффффф, вие не сте ја виделе скопската чаршија во каква состојба е тага

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: mistake
Датум на внесување: 07.Мај.2009 во 23:40

.



Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 21:49
jas na vakvo nesto bi se zalel
ova kako da e slika od Kandahar смеење .... site zaminale na Djuma ... golema molitva vo petok голема%20насмевка


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk