Испечати | Затвори го прозорот

Како се грижите за родителите од дистанца?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Македонци ширум светот
Опис на форумот: Новости и активности на нашинците од сите континенти
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=10878
Датум на принтање: 24.Април.2024 во 01:50
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Како се грижите за родителите од дистанца?
Постирано од: chuchuliga
Наслов: Како се грижите за родителите од дистанца?
Датум на внесување: 13.Декември.2007 во 11:19
Еве уште една нова тема, малку специфична. Повторно за македонците надвор од МК: како го решавате проблемот со старите родители кои останале во МК, а на кои им треба нега? Мојот татко на пример е стар, но е витален и се држи. Сепак, се прашувам како ли ќе биде за некое време, кога ќе му бидам повеќе потребна, но нема да можам секогаш да бидам таму, бидејки тука работам. Утеха е дека ќе има и други членови од фамилијата кои ќе се грижат, но, и јас би сакала да сум таму..Парата не решава се.
Како е кај вас, што мислите вие, како се снаоѓате, каков е вашиот став. Убаво би било да споделиме малку искуства на оваа чувствителна тема.



Коментари:
Постирано од: Delfin
Датум на внесување: 20.Декември.2007 во 09:51

Го имам ова доживеано и од двете страни....едната ,,кога бев горе,,  , другата сега е братми ,,горе,, па е во ваша кожа а мене единствено ми се јавува да праша како се стариве . Перцепцијата е тотално различна , кога не си тука , од таму ,дури и по информација дека некој има обична настинка ја доживуваш пострашно . Мислата , стравот, грижата кон блиските си го прави своето . Секако денес со можностите за релативно евтин секојдневен видео контакт преку месинџериве е поинаку . Често се случува да одам да сетирам кај постари луге видео контакт со ,,нивните далеку,, . Сепак...далечината си е далечина...грижата си е грижа...тоа ке си остана така за навека.

   


Постирано од: YImI
Датум на внесување: 06.Јануари.2008 во 08:34
Ako ne se kamerite i mesendzerite moze i ke gi zaboravam rodninite od mk...A sum iskusil jas tuka roditelite tamu za 1 god....ama web kamerite ni zavrsija dobra rabota


Постирано од: EmIIIjA
Датум на внесување: 08.Јануари.2008 во 10:18
Originally posted by Delfin Delfin напиша:

Перцепцијата е тотално различна , кога не си тука , од таму ,дури и по информација дека некој има обична настинка ја доживуваш пострашно . Мислата , стравот, грижата кон блиските си го прави своето . Секако денес со можностите за релативно евтин секојдневен видео контакт преку месинџериве е поинаку . Често се случува да одам да сетирам кај постари луге видео контакт со ,,нивните далеку,, . Сепак...далечината си е далечина...грижата си е грижа...тоа ке си остана така за навека.

   


tocno


-------------


Постирано од: Miriam
Датум на внесување: 13.Јануари.2008 во 14:43
И моите и родителите на сопругот се сеуште релативно млади и здрави. Ама бабите и дедовците боледуваат и тажно ни е што не можеме ни да ги видиме.




-------------
Try again. Fail again. Fail better.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk