Листа на 20 совети за антиканцерогено живеење
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=9784
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 20:00 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Листа на 20 совети за антиканцерогено живеење
Постирано од: chuchuliga
Наслов: Листа на 20 совети за антиканцерогено живеење
Датум на внесување: 15.Октомври.2007 во 23:26
ЛИСТА НА 20 ПРЕДЛОЗИ ЗА АНТИКАНЦЕРОГЕН ЖИВОТ
според познатиот француски психотерапевт Др. Давид Серван Шрајбер
(кој и самиот прележал рак)
-
Зелен чај ( Во Европа има 9 пати повеќе рак отколку во Кина)
-
Емотивно празнење (треба да се изразуваат позитивните, и особено да се најде начин да се ослободуваме – ги искажуваме негативните чувства: стравови, грижи, сомнежи, прашања...)
-
Хидрогенски или полухидрогенски масла: растителни масла кои ги има во готови производи во супермаркетите за производите подолго да траат. Контролирајте ги етикетите и НЕ ги купувајте.
-
Движење (колку што можете избегавајте да возите кола – одете пешки, со велосипед па и тротинет, качувајте се пешки а не со лифт...)
-
Био исхрана
-
Секојдневно по неколку минути концентрирајте се на дишењето: сега вдишувам, сега издишувам.
-
Кафето или чајот да се пијат без додатоци. Шеќерот да се замени со овошје
-
Редовно да се менуваат садовите за готвење. Се преферираат керамичките или стаклените. Тефлонските тавчиња кои се изгребани – веднаш во ѓубре!
-
Црно чоколадо (мин. 60% какао)
-
Допир, галење, милување (ако немате партнер, одете на масажа)
-
Повеќе РИБА, намалете го месото (не мора да станете вегетаријанци)
-
к*рКУМА е индискиот зачин кој го има во карито и му ја дава специфичната жолта боја на јадењето и е идеален против тумори. Најдобро се меша со црн бибер или маслиново масло.
-
Дезодоранс – користете дезодоранси кои во себе НЕ содржат алуминиум.
-
Филтрирана вода или купена минерална.
-
Да се развива ЧУВСТВО НА ОДГОВОРНОСТ за својот живот и АКТИВНА УЛОГА ВО СОПСТВЕНАТА СУДБИНА, а не пасивност и чувство на немоќ. Значи, АКТИВНА РАБОТА НА СЕБЕ И СВОЈОТ ЖИВОТ ја јакне самосвеста, самодовербата и сите природно одбранбени механизми на телото.
-
Да се ИЗБЕГАВА АЛКОХОЛ, особено без храна. Само ЦРНОТО ВИНО има антиканцерогено дејство, дури е препорачливо 1 чаша на ден со ручекот.
-
СПОРТОТ или ТАНЦОТ делуваат позитивно и на телото и на расположението: велосипед, џогинг, источни вештини, пливање, танцување....
-
Црн леб
-
Маргарин – НЕ. Маслиново масло – ДА!
-
Секој ден, еден период во денот – да се исклучи мобилниот телефон, домашниот телефон, e-mail, MSN, Skype и слично...и да се концентрираме на сегашниот момент (да се посветиме или на себе, или на најблиските, или на работата); Занимавање со едно по едно нешто во моментот овозможува да не не победи стресот и да ги видиме нашите вистински потреби.
|
Коментари:
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 15.Октомври.2007 во 23:51
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Јули.2008 во 11:22
Убав пост на чучулига, јас би додала само дека жените треба да вршат редовни ПАП прегледи и самопреглед на дојки, а мажите исто така да си вршат самопреглед на тестисите.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: bond....james b
Датум на внесување: 29.Јули.2008 во 13:06
djabe e se, ako te "fati", si otisol!
------------- You live only ONCE!
|
Постирано од: bond....james b
Датум на внесување: 29.Јули.2008 во 13:12
a i , pusenjeto? nikade go nema!
------------- You live only ONCE!
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 29.Јули.2008 во 14:42
bond....james b напиша:
a i , pusenjeto? nikade go nema!
| е да бе, не е фер, човекот убаво ви набројал се што е штетно и вие пак цигарите да не ги пропуштите случајно
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 29.Јули.2008 во 14:47
еве го тешкиот пушач се јави
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 29.Јули.2008 во 15:12
не...........стварно.......... има и полоши работи од цигари
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Arven1
Датум на внесување: 06.Септември.2010 во 13:18
seto toa e taka ...tocno i pravilno i treba da se praktikuva
|
|