Приватни острови
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=9419
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 21:28 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Приватни острови
Постирано од: Mindy
Наслов: Приватни острови
Датум на внесување: 20.Септември.2007 во 16:03
-------------
|
Коментари:
Постирано од: T-E-T-E
Датум на внесување: 20.Септември.2007 во 16:07
nekoi od niv,nabrgu vodata ke gi pokrie
|
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 20.Септември.2007 во 17:49
MONA....MONA.....Te utepav sega....zasto pravish vakvi raboti??? Sega ..i ostrov treba da kupuvame......Tuku,prashaj toa ludjeno gore dali ke ne primat na...... 15 dena?? 10?........barem....... Tie,ete od prviot i tretiot ostrov...pa javi.....da se dogovorime jas i ti...
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 20.Септември.2007 во 18:16
хахахахаха мамичко, јас па мислев да земеме под кирија еден остров, па да правеме скара таму
мислам дека третиот ке ни одговара, 4та соба од десно
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 20.Септември.2007 во 20:52
Mona Liza напиша:
Мал е бројот на оние бизнисмени кои можат си да го дозволат луксузот и да си купат приватен остров.
Сепак постојат некои кои успеале во тоа, одработиле во животот како што треба и сега уживаат во благодетите на Земјата.
Како изгледаат нивните "рајови" може да видите на фотографиите што следуваат. |
|
zoshto ,kuklichke da e mal brojot?!~,...mnogu mozat da si go dozvolat toa,...mislam vo svetot,...i mnogu imaat svoj ostrov,.....duri i vo hrvatska si imaat,..samo ne si gi kupile,...tuku ,..ne znam od kade ime sopstvenosta,..
|
|
|
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 21.Септември.2007 во 17:03
brza злато, ти имаш ли твој остров ?
-------------
|
Постирано од: NiNa1
Датум на внесување: 22.Септември.2007 во 01:12
Е мене не ме прашувајте бидејќи немам
-------------
|
Постирано од: LIPS
Датум на внесување: 28.Септември.2007 во 18:55
da ne gi gledam poveke bidejki ke placam
|
Постирано од: kristofer
Датум на внесување: 29.Септември.2007 во 10:01
naj poveke go sakam tretiot od gore nadolu, ako si pijan mnogu brgu ke slezes dolu.
------------- vrtyuwged
|
Постирано од: Crazy Boy
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 03:25
kristofer напиша:
naj poveke go sakam tretiot od gore nadolu, ako si pijan mnogu brgu ke slezes dolu. |
ххахаха ептен брзо
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 09:37
Не би можел да живеам на толку мало парче земја, опкружен со толку многу вода. Ме ограничува, а секое ограничување, дури и физичкото, ме плаши.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:29
Мислам дека имам спомнато во некој пост дека сакам да живеам на остров, или барем некаде каде што има плажи и каде што постојано е сонце... ах лепота
------------- Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:32
Monuska напиша:
Мислам дека имам спомнато во некој пост дека сакам да живеам на остров, или барем некаде каде што има плажи и каде што постојано е сонце... ах лепота |
и тата би сине, ал му неда џеб.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:34
majstorce62 напиша:
Monuska напиша:
Мислам дека имам спомнато во некој пост дека сакам да живеам на остров, или барем некаде каде што има плажи и каде што постојано е сонце... ах лепота |
и тата би сине, ал му неда џеб. |
машта може свашта
------------- Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:39
Monuska напиша:
majstorce62 напиша:
Monuska напиша:
Мислам дека имам спомнато во некој пост дека сакам да живеам на остров, или барем некаде каде што има плажи и каде што постојано е сонце... ах лепота |
и тата би сине, ал му неда џеб. |
машта може свашта |
ОНДА - ВЕЖИ СЕ, ПОЛЕЧЕМО!
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:43
majstorce62 напиша:
Monuska напиша:
majstorce62 напиша:
Monuska напиша:
Мислам дека имам спомнато во некој пост дека сакам да живеам на остров, или барем некаде каде што има плажи и каде што постојано е сонце... ах лепота |
и тата би сине, ал му неда џеб. |
машта може свашта |
ОНДА - ВЕЖИ СЕ, ПОЛЕЧЕМО! |
јупииииииии!!!!!!
------------- Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:45
А ЗНАЕШ ЛИ ДА ПЛИВАШ?
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:51
majstorce62 напиша:
А ЗНАЕШ ЛИ ДА ПЛИВАШ? |
Па нормално!!! Сакам да живеам на остров а да не знам да пливам...нема смисла.
------------- Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:54
Monuska напиша:
majstorce62 напиша:
А ЗНАЕШ ЛИ ДА ПЛИВАШ? |
Па нормално!!! Сакам да живеам на остров а да не знам да пливам...нема смисла. |
Некои живеат во облаците, а не знаат да летаат...
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 12:57
majstorce62 напиша:
Monuska напиша:
majstorce62 напиша:
А ЗНАЕШ ЛИ ДА ПЛИВАШ? |
Па нормално!!! Сакам да живеам на остров а да не знам да пливам...нема смисла. |
Некои живеат во облаците, а не знаат да летаат... |
Е ако де, ќе доживеат груб пад... никому не штети „мала“ џумка на глава од време на време.
------------- Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:04
Monuska напиша:
majstorce62 напиша:
Monuska напиша:
majstorce62 напиша:
А ЗНАЕШ ЛИ ДА ПЛИВАШ? |
Па нормално!!! Сакам да живеам на остров а да не знам да пливам...нема смисла. |
Некои живеат во облаците, а не знаат да летаат... |
Е ако де, ќе доживеат груб пад... никому не штети „мала“ џумка на глава од време на време. |
и малку солена вода во белите дробови
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 13:08
majstorce62 напиша:
Monuska напиша:
majstorce62 напиша:
Monuska напиша:
majstorce62 напиша:
А ЗНАЕШ ЛИ ДА ПЛИВАШ? |
Па нормално!!! Сакам да живеам на остров а да не знам да пливам...нема смисла. |
Некои живеат во облаците, а не знаат да летаат... |
Е ако де, ќе доживеат груб пад... никому не штети „мала“ џумка на глава од време на време. |
и малку солена вода во белите дробови |
токму така
------------- Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
Постирано од: SummerLove
Датум на внесување: 12.Јануари.2008 во 18:04
Mona Liza напиша:
<table cellpadding="0" height="100%" width="100%"><t><tr><td align="center" valign="top"><table align="center" cellpadding="0" height="100%" width="98%"><t><tr><td ="newsContent" valign="top"><div ="newsContentIn" align="left">Мал е бројот на оние бизнисмени кои можат си да го дозволат луксузот и да си купат приватен остров.
Сепак постојат некои кои успеале во тоа, одработиле во животот како што треба и сега уживаат во благодетите на Земјата.
Како изгледаат нивните "рајови" може да видите на фотографиите што следуваат.</td>
</tr>
</t></table>
</td>
</tr>
<tr>
<td ="newsContentIn" align="center" valign="top">
</td>
</tr>
<tr>
<td height="20"></td></tr></t></table>
| navistina ovie ostrovi se rajovi samo sto ke nemozime da gi posetime
|
Постирано од: apce
Датум на внесување: 03.Март.2008 во 13:13
jas si imam svoj ostrov
jes da ne e opkruzen so voda ama tamu i te kako polnam baterii
------------- apce
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 27.Март.2008 во 22:54
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: mikus
Датум на внесување: 28.Март.2008 во 00:17
edna slika od Anakin place
koga se zabavuvame ludo
------------- Unidentified Flying Object-- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba ,neka i taka nee nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas
|
Постирано од: CONTESSA
Датум на внесување: 28.Март.2008 во 00:40
Постирано од: CONTESSA
Датум на внесување: 28.Март.2008 во 00:42
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 28.Јуни.2010 во 20:20
Еден од најскапите приватни острови
Niihau, Hawaii - вредност околу $100,000,000,00 Островот има околу 250 жители, се простира на 72 квадратни милји, нема патишта, хотели..НЕМА НИТУ СТРУЈА!
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 13:02
Calivigny - Karibi
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 09:16
ФорумскаБаба напиша:
Еден од најскапите приватни острови
Niihau, Hawaii - вредност околу $100,000,000,00 Островот има околу 250 жители, се простира на 72 квадратни милји, нема патишта, хотели..НЕМА НИТУ СТРУЈА!
| и жителите се сопственост на- сопственикот на островот? или под ќирија се таму?
------------- Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 12:19
под кирија се
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 14:07
Алал да му е на сопственикот,не ставил струја,а наплатува кирија.
Му се погодиле кираџиите.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 00:23
Островот Ram Место: Machias Bay, Maine, 60 километри источно од Bar Harbor Цена: 595 000 долари Површина: 16 ари Едно дрво, неколку овци, 6 на 6 метри платформа за шатор. Останатото е трева, карпи и 360 степени поглед на море.
Островот на Чарли Место: Блиску до Marathon, во Florida Keys Цена: 995 000 долари Површина: 0,32 ари Отворен простор нареден со место за седење, и место за готвење, но островот доаѓа и со мала куќичка во која собира 4-5 луѓе.
Островот Snug Harbour Место: Georgian Bay, Ontario, Canada Цена: 1 057 000 долари Површина: 3 ари
На два часа возење од Торонто, овој остров има куќичка со 2 спални, 2
бањи и поглед на море, одвоена куќа за гости со бања, џакузи изградено
во камења, дури и безжичен интернет.
Островот Watch Место: St. Lawrence Seaway, блиску до Clayton, NY Цена: 1 950 000 долари Површина: 1,3 ари Куќа со 10 соби за спиење, 4 бањи, куќичка за чамци и палуба. Сето тоа на час и половина возење од Монтреал.
Little Hog Cay Место: Блиску до Abacos, Северни Бахами Цена: 1 950 000 долари Површина: 25 ари
Приметете ја лагуната која го дели островот на источен и западен. На
западната страна има куќа, со гостинска куќа и со генератор за струја,
додека источниот дел е неразвиен. Има марина на 15 минути возење со
брод на главниот остров Abacos.
Островот Cove Место: Howe Sound, Британска Колумбија, помеѓу Whistler и Vancouver Цена: 2 950 000 долари Површина: 5 ари На 30 минути возење со брод од Ванкувер, овој остров е подготвен за градба.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 01:30
не знам чиј е и колку кошта ...ама делува примамливо
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 01:46
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Ноември.2010 во 06:13
http://www.time.mk/read/NONE/bd2ca161e4/index.html - Десетте најскапи приватни острови
/index.php?option=com_authors&id=3279 -
Дали отсекогаш сте посакувале да имате ваш сопствен остров? Место каде што ќе можете да се изолирате и да се опуштите во комплетна приватност, или да ги приредувате најдобрите забави без вашиот сосед да се жали за гласната музика. Епа ако на вашата сметка имате неколку милиони, тогаш еве неколку предлози.
/images/stories/Darko_Cvet/Noemvri/01_Bird_Cay.jpg - 10. 28 милиони долари - Bird Cay, Бахами
Овој остров во Бахамите со површина од 101 хектар се наоѓа на 30 минути со авион од Насау. Островот има голем број песочни плажи, беспрекорен поглед на океанот и хортикултурно уредени патеки низ тропската флора. Главната резиденција на островот е историска двоспратна куќа со базен. На островот има и гостинска куќа како и пет колиби крај брегот.
/images/stories/Darko_Cvet/Noemvri/02_Agria_Trias.jpg - 9. 28 милиони долари - Agria Trias, Грција
Островот Agria Trias/Aghia Triada се наоѓа во близина на Атина. На островот има голем број овошни дрва и неколку градби, меѓу кои е и главната куќа, неколку куќи крај плажите, куќа за персоналот, па дури и црква.
/images/stories/Darko_Cvet/Noemvri/03_Cerralvo_Island.jpg - 8. 35 милиони долари - Островот Cerralvo, Мексико
Во близината на Ла Паз, Мексико, се наоѓа овој остров кој на една страна има висок карпест гребене со пријатна песочна плажа на другата. Поради фактот што голем број морски животни поминуваат крај него, а и неверојатно чистата вода, ова е идеална локација за лов на големи риби и опуштање.
/images/stories/Darko_Cvet/Noemvri/04_Hog_Cay.jpg - 7. 35 милиони долари - Hog Cay, Бахами
Hog Cay е уште еден Бахамски остров кој е за продажба (имаат многу острови). За вашите пари ќе добиете 275 хектари богат, тропски рај со главна куќа на два спрата и неверојатен поглед на морето. Овој остров исто така има и приватна писта долга 762 метри, ако ви притреба за вашиот приватен авион. /images/stories/Darko_Cvet/Noemvri/05_Charles_Island_Bahamas.jpg - 6. 39 милиони долари - Островот Charles, Бахами
Островот Чарлс, повторно на Бахамите, како што можете да видите од фотографијата, се наоѓа блиску до Spanish Wells, значи секогаш ако ви притреба, помошта никогаш нема да е далеку. Островот е снабден со електрична енергија и вода, што значи дека е подготвен за било кој тип на градба што ќе ја избере идниот сопственик.
/images/stories/Darko_Cvet/Noemvri/06_Motu_Tane_Bora_Bora_French_Polynesia.jpg - 5. 40 милиони долари - Motu Tane, Бора Бора, Француска Полинезија
Можеби не припаѓа на оваа листа бидејќи веќе не се продава, но сè уште можете да го изнајмите. Ако неговата поранешна цена од 40 милиони ви била превисока, сега вие и вашите пријатели можете да го изнајмите островот за многу помалку пари. Островот се изнајмува за минимум три дена, и почетната цена е 30000 долари од ноќ за првите 8 луѓе, но ако сакате повеќе гости ќе платите повеќе. На островот има комплекс од неколку колиби опремени со плазма телевизори, неверојатни трпезарии и луксузни бањи, луксузниот остров е идеално место за опуштање во комплетна приватност.
/images/stories/Darko_Cvet/Noemvri/07_Great_Little_Hans_Lollik_islands.jpg - 4. 45 милиони долари - Островите Hans Lollik, Американски Девствени Острови
Одлично место за развивање на недвижен имот, овие острови се наоѓаат на само 2,5 километри од островот Св. Томас и нуди плажи, одличен поглед, шуми и идеални места за риболов. Совршеното море околу островот се идеални за секој кој сака пливање и нуркање.
/images/stories/Darko_Cvet/Noemvri/08_Caye_Chapel_Resort.jpg - 3. 65 милиони - Одморалиштето Caye Chapel, Белизе
Уште еден остров кој повеќе не е за продажба. Можеби забележавте по „Одморалиште“ во името, овој остров бил продаден за 65 милиони пред неколку години и на него било изградено неверојатно луксузно островско одморалиште. Островот се наоѓа на околу 19 километри од Белизе, и на него има терен за голф со 18 дупки, марина, писта, бар, ресторан и конференциски сали, базени, и нормално мног, многу плажи. Луѓето кои доаѓаат тука на одмор добиваат сместување во луксузни вили. Одморалиштето исто така овозможува учество во разни активности како: риболов, кајакарство, едрење, одбојка, кошарка и многу други. А оние кои се подготвени да го напуштат островот можат да ги посетат локалните остатоци од културата на Маите, како и многу други работи кои може да ви ги понуди Белизе.
/images/stories/Darko_Cvet/Noemvri/09_Ronde_Island.jpg - 2. 100 милиони долари - Островот Ronde, Гренада
Сместен во најпознатиот тропски рај, Карибите, островот до неодамна беше кралот на сите приватни острови со највисоката цена, но беше турнат од највисоката позиција. За вашите пари овде ќе добите 809 хектари рај, во основа мала земја. Богатата природа е вистинско чудо, под водата има видливост од околу 30 метри, разновидна морска флора и фауна, како и пештери украсени со сталактити и кварцни кристали до кои се стигнува само со пливање.
/images/stories/Darko_Cvet/Noemvri/10_Lisbon_Island_the_most_expensive_island_on_the_world.jpg - 1. 310 милиони долари - Островот Lisabon, Португалија
Овој остров е буквално пред вратата на Лисабон, и има површина од 1214 хектари. Постојат гласини дека на островот ќе бидат изградени луксузен голф терен и резиденции, бидејќи има голем потенцијал за развој, и е необичен поради тоа што е комплетно неразвиен а се наоѓа толку блиску до густо населен град. Островот најверојатно ќе биде купен од повеќе инвестори кои би го развиле како што ќе посакаат.
-------------
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 13.Ноември.2010 во 14:48
Славните и нивните приватни острови Листата на познати личности кои поседуваат приватни острови секоја година се зголемува.
Листата на познати личности кои
поседуваат приватни острови секоја година се зголемува. Славата и
дебелите банкарски сметки им овозможуваат на познатите да станат
сопственици на острови.
Се разбира островите си имаат свои
предности, како што се: изолираност – не ви требаат врати или
специјални сигурносни мерки за бегство од папараците, а нема ниту бучни
соседи и полудени фанови.
Познатите се обидуваат своите острови да ги држат понастрана од јавноста, но ви претставуваме неколку кои успешно ги лоциравме.
Mel Gibson
Лудиот Mel го поседува Mago островот во
Fiji. Тој го купи во 2005 година за 15 милиони долари. Пред него,
островот беше во сопственост на јапонската компанија Tokyo Corporation.
По дознавањето дека Mel е сопственик на островот, локалното племе
Yavusa Vuaniivi започна борба за враќање на островот, тврдејќи дека тој
е на нивните дедовци.
Nicolas Cage
Тој обожава да купува имот кој не е многу посетуван, па освен куќата на Rhod Island и замок, поседува и еден остров на Бахамите.
Johnny Depp
Пиратот од Карибите има свој карипски дом. Depp во 2004 година купи остров на Бахамите за 3.5 милиони долари.
Leonardo Di Caprio
Иако во Титаник немаше многу среќа со
морето, Leo во реалниот живот со тоа нема проблем, па затоа реши да се
повлече на еден остров во Мексиканскиот залив блиску до брегот на
Belize.
Pamela Anderson
Нејзиниот поранешен сопруг, Tommy Lee и
купи остров во Dubai кoj е дел од групата острови кои го претставуваат
цел свет. Tommy и го купил островот кој ја претставува Грција, бидејќи
неговите корени се од таму.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 17.Јануари.2012 во 13:35
Петте најскапи острови
Најскапите острови на светот се
островите Ли Кали во близина на Амалфа брегот во Италија и вредат речиси
212 милиони евра. Прв сопственик на островите бил кореографот Леонид
Масин кој ги купил истите во 1924 година, а по него сопственик бил
рускиот пејач Рудолф Нурејев.
Овде летувале многу славни личности како Грета Гарбо, Ингрид Бергман, Софија Лорен и Џекилин Кенеди Оназис.
Освен Ли Кали, на листата на најскапи острови се најдоа и Кејв Кеј, Бахами, кои што вредат 86 милиони евра.
На овој остров има вкупно 38 објекти, аеродром и најсовремен систем
за снабдување со вода. Островот е познат и со прекрасните зелени
површини, заради што го добил името "рај на земјата".
Островот Стамфорд во американската држава Конектикат вреди 15 милиони евра.
Стамфорд е поврзан со брегот преку голем вештачки насип. Главната
куќа на овој остров има 11 соби за спиење, а покрај неа се наоѓа и куќа
за гости и стаклена градина.
Островот Наутилус во Бруксвил, Мејн, вреди нешто повеќе од 6 милиони евра.
Објектите на овој остров се изградени уште во далечната 1882 година, а
главната куќа има две соби и едно купатило. Во пристаништето се
закотвени два брода кои се вклучени во цената, а еден од нив е претворен
во бар.
Островот Вајтфиш во Монтана вреди 7 милиони евра и за разлика од
претходните четири, тој се наоѓа во едно езеро во прекрасната планинска
област.
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Јануари.2012 во 11:53
Дознајте кои се најскапите острови на светот
Најскапите острови на светот се Li Galli островите во
близина на крајбрежјето Amalfi во Италија и вредат рекордни 268 милиони долари.
Прв сопственик на Li Galli островите бил кореографот Леонид Масине, кој ги
купил во 1924-та година, а потоа нивен сопственик станал рускиот танчер Рудолф
Нурејев. Таму летувале славните луѓе како Грета Гарбо, Ингрид Бергман,Софија
Лорен и Кенеди Оназис.
Меѓу најскапите острови во светот се вбројува и Cave Cay на
Бахамите, кој „тежи“ 110 милиони долари.
На него има вкупно 38 објекти, аеродром и најсовремен систем за
водоснабдување. Познат е по убавите зелени површини и важи за „рај“ на
Земјата.
Островот Stamford во американската држава
Connecticut вреди скоро 19 милиони долари.
Поврзан е со голем вештачки насип. Главната куќа има 11 спални соби,
посебна куќата за гости, а тука е и стаклената градина.
Островот
Nautilus во Penobscot Bay, Maine, вреди 7,9 милиони долари.
Објектите на тој остров се изградени уште во 1882-та година, а главната куќа
има две соби и една бања. Во пристаништето се укотвени два брода кои се вклучени
во цената, а еден од нив е претворен во бар.
Островот
Whitefish во Монтана вреди девет милиони долари и за разлика од
претходните четири се наоѓа на езеро во преубав планински предел.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Септември.2012 во 22:55
Вистинско уживање на Фиџи
Откријте го идиличниот приватен остров. Островот Лаукала е преубав приватен остров кој ве повикува на навистина уникатен одмор. Луксузниот резорт која се наоѓа тука нуди 25 вили, вклучувајќи и вила која се наоѓа на врв на брдо и нуди неверојатен поглед.
Приватност, релаксација и исклучителна услуга, Лаукала е повеќе од типичен резорт. Големиот избор на кулинарски специјалитети, сместување по избор, клуб за деца, спа центар со специјално подготвена козметика од природни локални состојки, спортски активности како нуркање, едрење и голф терен, го прават ова место вистински рај.
Уживајте во плажите со бел песок, тиркизните лагуни, зелените планини, неверојатните панорами и гостопримвливиот персонал.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 17:38
SIR RICHARD BRANSON’S NECKER ISLAND – ПРИВАТЕН ОСТРОВ КОЈ ГИ „ ТОПИ “ И НАЈТВРДИТЕ СРЦАПриватниот остров кој се наоѓа во Британските Девствени острови е повеќе од дестинација. Опкружен со прекрасни песочни плажи, корални гребени и тиркизна вода, овој остров е бегство од реалноста…во вистинска смисла ! Ако синоним за остров е површина кој е изолирана од „ остатокот од светот “, ова место е откинато парче рај, кое открива еден сосема нов свет, во кој нема место за грижи, а она што го нуди природата, не може да се опише со едноставни зборови. Задоволството да се биде овде, го сочинува тропски луксуз искажан на перфектен начин. Оваа сопственост е достапна и за јавноста, во вид на преубав ресорт кој може да прими до 27 гости. Убавината не е димензионирана само преку материјалното. Целосната глорификација ова место ја достигнува и благодарение на богатата флора и фауна, карактеристична само за овие простори. Погледнете ја следнава галерија и дозволете еден од најубавите приватни острови на светот да го „ стопи “ и Вашето срце ! http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/162.jpg" rel="nofollow"> http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/172.jpg" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 17:44
ПРИВАТЕН ОСТРОВ ВО ОБЛИК НА СРЦЕ ВО АВСТРАЛИЈАРичард Бренсон и неговиот партнер ( авиокомпанијата Virgin Blue Australian ), се „ виновниците “ за едно од најубавите места на планетава. Посебно внимание привлекува и фактот дека островот има, форма на срце а се наоѓа во близина на реката Noos и спектакуларниот брег Queensland. Преубавите плажи и големите корални гребени на приватниот остров, привлекуваат голем број посетители. http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/03/1-128.jpg" rel="nofollow"> Опкружено со мирна река, островот го сочинуваат зелени тропски билки. Иако последниве години го користеле фамилиите Бренсон и Годфери, сепак сопствениците одлучиле ова парче рај да го споделат со сите заинтересирани посетители. Ресортот нуди и многу богатства. Сите апартмани се опремени со убави и вредни Балинезе антиквитети и мебел кој е внимателно одбран и увезен на островот. Ресортот може да прими најмногу 22 луѓе во еден момент. Во склоп на цената на смештајот, гостите уживаат во бројни активности како кајак, скијање на вода, храна, пиење и многу други задоволства. http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/03/1-218.jpg" rel="nofollow"> Во близина на ресортот се наоѓаат повеќе интересни занимливости, од сурфање, до голф терени, хеликоптер тури и спа центри… Задоволството да се биде овде вреди многу повеќе ! http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/03/1-414.jpg" rel="nofollow"> http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/03/1-515.jpg" rel="nofollow"> http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/03/1-614.jpg" rel="nofollow"> http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/03/1-912.jpg" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Август.2015 во 21:26
Рај на продажба: Ова се најскапите острови на светот - кои може да се купат |
Приватен остров денес можат да си дозволат многу луѓе, а еве некои кои се на продажба. Приватните острови обично се резервирани само за оние навистина богатите, но факт е дека на Земјината топка има острови кои се во рангот на малку поскапите недвижнини, на пример во Лондон или Њујорк. Тоа само значи дека таквите острови се добра инвестиција и дека вложеното сигурно ќе ви се врати. 1. Young Island, St. Vincent - 8 милиони евра, 50.990 метри квадратни Овој карипски остров детално е опишан на страната "Private Islands Online", на која се продава како посед "окружен со бели песочни плажи и мирни води". Овој остров има и хотел кој е во функција. 2. Johny.s Cay, Bahamas - 4,7 милиони евра, 18.050 метри квадратниОвој остров е опишан како "совршена инвестиција" со "заштитени патеки окружени со бујна вегетација, која прави да се чувствувате релаксирано". 3. Casco bay Island, Maine - 1,1 милиони евра, 166.000 метри квадратниНа островот има заштитени полиња, големи и мали плажи, па дури и мочуришта. 4. Сирена, Италија - цена непозната, 4.050 метри квадратниНаречен е "џебен остров" и во споредба со останатите е многу помал. Се препорачува како можност која не смее да се пропушти, за сите оние кои сакаат да имаат сопствен остров во убавата Италија. 5. Лацао, Чиле - 1,7 милиони евраЕден од најевтините острови кои се продаваат на страната "Private Islands". Опишан е како "Езерска земја", односно дивина преполна со езера и зеленило. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Септември.2015 во 08:43
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/33972-privatni-rajski-ostrovi-koi-mozete-da-gi-iznajmite-za-vashiot-sleden-odmor" rel="nofollow -
Планирањето на патување со пријателите е секогаш забавно, затоа што покрај тоа што уживате во морските бранови и сончевите зраци, тоа го правите заедно со луѓето кои ви се најблиски и со кои знаете дека ќе си поминете убаво. Што ако имате можност тоа да го направите на некој приватен остров во ресорт каде ќе се чувствувате како да сте единствените луѓе на копното? Би можело да се каже дека тоа е како мини семејство „кое доживеало бродолом“ како семејството Робинзонови, па сега можете да уживате на својот приватен остров. Такви места постојат и на нашава планета, тргнувајќи од некои од Бахамските Острови, па се до некои од француските острови на кои ако ви е доволно широк џебот, можете да го планирате вашето идно летување. Ако не, потонете во сладок сон – приватен луксузен остров само за вас: 1. Островот Calivigny
Во овој ресорт има 25 апартмани каде една ноќ чини 124.000 долари. Мебел во француски стил и кревет доволно голем за да пружи неверојатно доживување и квалитетен сон. Доволно големи соби во кои има џакузи и можност за изнајмување на јахта. Доколку некој сака да се релаксира во природа, по заоѓањето на сонцето може да ужива и во мини кино додека се лади во базен или да замине на прошетка. 2.Островот Musha Cay Овој остров е дел од Бахамските острови Exuma Cay, а него го поседува познатиот илузионист Дејвид Коперфилд кој во 2006-та платил 50 милиони долари. Тука еден апартман чини 57.000 долари од ноќ, во 4 посебни куќи. Англиски инспириран мебел од махагони дрво. Тука не може да ви биде досадно, бидејќи постои голем избор на забавни активности во вода или на копно, а доколку сакате, можете да испланирате романтична вечера со партнерот. 3. Островот Thatch
Тука има само една колиба која е идеална за парови, а чини 914 долари од ноќ. Самата колиба има само една спална соба и прилично едноставен стил на уредување, со надворешна кујна и камена скара доколку сте подготвени за готвење на вкусна риба или скара под ѕвезденото небо. Можете да кајакарите или да пловите, а на крајот од денот да дегустирате вино на палубата. 4. Островот Melody Key Тука не само што имате можност да уживате, туку тоа да го правите и во еколошки подготвена средина. Целата вила е обложена со соларен систем за струја и вода. Една вечер тука чини $1.250 долари, а вилата собира 10 луѓе. Секоја од 4-те соби има свој приватен балкон, а заедничка дневна и трпезарија со поглед кон океанот. 5. Островот East Sister Rock
Тука една ноќ чини $6.500 долари,а до островот можете да пристигнете со брод или хеликоптер. Можете да уживате во панорамскиот поглед и буквално да се чувствувате дека сте единствени на островот, бидејќи тој е доволно голем за само една колиба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2015 во 22:13
Рај за богаташи: Приватен остров кој доаѓа со вас каде и да посакате |
Проектанти дошле до идеја да направат приватен пловечки остров кој лесно може да се премести во било кој дел од океанот. Технологијата за негова изградба веќе постои, а како ќе изгледа островот, зависи од нарачателот. Еден од досега проектираните острови ќе има стан на височина од 80 метри, водопади, хелиодром, па дури и пристаниште за суперјахта. Милијардерите во иднина ќе можат да избегнат пловење ако тоа не им се допаѓа и со хеликоптер ќе можат да се спуштат на својот приватен остров, а ако поднесуваат и сакаат пловење, до островот ќе можат да стигнат и со јахта. Проектанти смислиле начин на кој ќе направат пловечкиот приватен остров да се поместува на локација по желба. Еден од проектираните вештачки острови има апартман на врвот, кој овозможува поглед на околината од 360 степени и до кој се доаѓа со лифт. Во комплексот има и спа-центар, теретана, бар и базен, како и многу дрва, па дури и станица за хранење ајкули. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Март.2016 во 08:43
ПРИВАТНИОТ ОСТРОВ НА ДИКАПРИОПред десет години Леонардо ди Каприо купи остров во Белизе со план да го претвори во првото еколошко одморалиште кое ќе ги чува водите и шумите. Островот е наречен Блакадор Кеј. Леонардо го открил островот додека одморал во одморалиште во близина во 2004 година. Рибарите го користеле островот за време на работата и истиот се очекувал да потоне од ерозија. Лео сакал да го спаси островот. Неговото одморалиште треба да биде завршено во 2018 година.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Мај.2018 во 15:34
Ова е Вашиот мал рај на приватен остров
Ангра Дос Рејс е уникатен островски регион во Бразил, кој е веројатно најубавиот локалитет во Рио де Жанеиро. Него го сочинуваат 365 острови, а овој прекрасен регион е локација во која најбогатите луѓе на светот ги поминуваат своите одмори, уживаат на своите јахти и прекрасните плажи. Добрата вест е дека еден мал дел од овој рај, идиличен приватен остров од 12 хектари е достапен за купување по цена од 9.85 милиони долари. Сместен е на јужниот дел од овој регион, на приватниот остров се наоѓа една шармантна вила со отворен простор и три бунгалови поставени во близина на крајбрежјето со пет спални соби со приватни тоалети. Со оглед на тоа дека сопствениците на овој имот можат да го задржат само за себе, своите пријатели и семејството, можат да се одлучат бунгаловите да ги изнајмуваат за туристи кои се пожелни за провод во вакво опкружување. Кој би можел да одбие живот на приватен остров, опкружен со бујна вегетација и поглед кој е премногу добар за да биде вистинит? Самиот имот Ви нуди простор со повеќе од 1.000 метри квадратни, вклучувајќи големо џакузи, сауна, прекрасна приватна кино сала и кујна на отворено совршено за правење скара. Секако, станува збор за приватен остров, па тука се и рампите за бродовите. Исто така има и хелидром, која ќе Ви го олесни доаѓањето до приватниот рај, иако заминувањето ќе биде тешко. Тука е и прекрасниот вински подрум веднаш до главната вила со ѕидови кои се направени со камења од островот. Приватноста никогаш не изгледала подобро.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2019 во 09:59
Откријте го најприватниот остров на светотСместен во Гладен, островот опкружен со корали и бел псеок во самото срце на Големиот Корален Гребен е совршено место за одмор од секојдневието. Најприватниот остров на светот е сместен на источното крајбрежје на Централна Америка, а граничи со Мексико на северозапад, Карипското море на исток и Гватемала на југ и запад. Сепак, поради приватни цели, на овој остров постои само една вила, за две лица на најдалечната точка на светот. Како една од најубавите локации на светот, приватниот остров Гладен се наоѓа на самиот раб на Големиот Гребен во Карипското море. Овој гребен е најдолгиот на Западната хемисфера, а втор најголем во целиот свет. Островот Гладен се наоѓа на точката "Gladden Split", каде ајкулите се собираат еднаш годишно, нудејќи неверојатни и сликовити можности за нуркање и други активности во вода, кои за вас ги организираат консиерж и бродските капетани. Двособниот хотел, односно вила е единственото сместување на овој остров и во целост е наменет само за гостите. Дури и персоналот, кој е тука да ја испочитува секоја ваша желба се наоѓа во близина на островот. Значи, животот на овој остров не е епизода за преживување, туку ол инклузив искуство. Во понудата има мастер апартман, доколку сакате да го посетите овој рај со своето семејство или пријателите. После истражувањата и идиличниот живот на плажа, гостите можат да уживаат во фантастичните оброци кои ги подготвуваат гурманските кувари од целиот свет. Спа третмани или чартер чамците исто така ви се на располагање преку приватен консиерж.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|