Испечати | Затвори го прозорот

Афоризми

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Филозофија и психологиjа
Опис на форумот: „Разно“ ама на повисоко ниво
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=9391
Датум на принтање: 28.Јануари.2025 во 23:35
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Афоризми
Постирано од: zenmaster
Наслов: Афоризми
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 00:30
Народот е аздисан од јадење и пиење
Само ќе прочепкаат по површината на контејнерот
а повеќе од контејнер се фрла .
 
 
Судиите не судат ни по блиска
ни по далечна рода .
Партиските интереси се пред роднинските .
 
Јас од секогаш сум бил за мир .
Само згрешив шо не оставив сведоци .
 
Лидерот го знае излезот од оваа ситуација ,
но тој адут го чува за крај .
 
 
Да се бориш за мир е исто како да се онадуеш за невиност !
 
Оптужениот го призна убиството , а и жтрвата го препозна .
 
 
На митингот беше присутна мала група демонстранти .
Полицијата беше приморана да  приведе стотина нај екстремни .
 
На студентите им е местото во амфитеатар ,
не на улица .
Тука ќе бидат кога ќе дипломираат .
 
И комунистите се религиозни .
Во мемоарите сите се светци .
 


-------------
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">



Коментари:
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 00:43
Луѓето се делат на различни начини, а се множат само на еден.

Од крадењето може да се живее човечки.

Лагата е точка во која се сечат две вистини.

Осамените се храбри, затоа и се осамени.

Парите го сипат човекот, ама и тој не им останува должен.

Кога имате згодна жена, со кој друг и да спие, добро му одговара.

Никогаш не сум кренал рака на жена - страв ми е да не ми врати.

Некој победува за конец, а некој за игла.

Да не беше правдата сите би биле еднакви.

Откриваат млади таленти. Им ги поткреваат сукњите.

Славата удира в глава. Знае каде притисокот е најмал.

голема%20насмевка




-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 00:46
Ние често го лутиме и гневиме Господ, но тој е Господ и проштева. Веднаш ни ја зема душата.

Да се верува во Бога стана модерно, но да се живее по десетте божји заповеди никако да се измодернизира

Нечистата совест не му даваше да спие спокојно, но не му пречеше да живее богато.


Чистата совест спие спокојно, но често на гладен стомак.


Ако времето е пари, тогаш јас се наоѓам во безвременски простор.

Човек често жали не за извршениот, туку за неизвршениот грев.

 Во процесот на еволуцијата човекот станува личност. Во процесот на револуцијата човек се обезличува.




-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 00:53

Обично, наградата ја чекаме долго, а казната доаѓа  ненајавена и без чекање.

Човек престанува да мисли кога спие, кога е сит и кога е заљубен.

Заводливата жена прво ќе те маѓепса, а потоа ќе те разочара.

Љубовта е аморфна големина. Кај некои испарува, кај други се кристализира.

Разликата помеѓу змијата и жената е таа што змијата веднаш ќе те отруе, а жената постепено цел живот.

Фамилијарната жена сака само еден маж. И утре само еден, и задутре само еден и така секој ден.

Љубовта е како мед, треба да се консумира дозирано.

Идеален брак: мажот нем, жената слепа, работат во различни смени.

Ако има доверба, а нема верност, има фамилија. Но, ако има верност, а нема доверба, нема фамилија.

Разликата помеѓу книгата и жената е таа што книгата кога ќе ја прочиташ, ја затвараш, а жената ја читаш додека сама не се затвори.

Бракот е испитување на чувствата, а разводот на разумот.

Разликата помеѓу сопругата и љубовницата е таа што првата неможеш да ја задржиш дома, а втората да ја избркаш од дома.



-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 00:59
„Бракот е налик на печурка; дали е добра или е отровна ќе забележиш дури кога ќе биде доцна.“

Френк Синатра рекол: Мажот не знае што е среќа додека не се ожени. А, тогаш веќе е доцна!

Чепкањето во носот, за некои, е начин да влезат длабоко во себе.

Она што луѓето најчесто го бараат од Господ е , два и два да не се четири.

Не е мајмунот крив што од него настана човекот.

Тагата не се топи со виното, во него за брзо ќе се научи да плива.

Некои пијат од радост, некои од тага, а некои од сабајле.

За да го сакате човештвото, треба да имате добра причина, а кога некој има добра причина, има попаметна работа од тоа да го сака човештвото.

Во животот на човекот се случуваат три работи: се раѓа, живее и умира. Кога се раѓа и кога умира, не чувствува, а кога живее, само се мачи.



-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 01:00
Само глупавите и мртвите никогаш не го менуваат своето мислење.

Иднината е пред нас. Но вешто ќе ја избегнеме.

Немаше никакво талкање. Ние од почетокот тргнавме по погрешниот пат.

Станавме дел од Европа. Срам ми е да кажам кој.

И додека спиете, органите работаат.

Обвинет сум за нарушување на јавниот ред и мир. Пукав од здравје.

Да знаел Господ за теоријата на Дарвин, немало да се мачи толку со Адам и Ева.

Македонски мускетари (политичари): Сите за еден, а тој еден да ти бил Швајцарија.

Животот е к*рва. И тоa грда.


-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 01:01
Абе какво богатење на властите, па тие примаат помалку отколку сите ние заедно.

Народот е неблагодарен, единствено го интересира како да преживее.

Луѓето упорно бараат парче леб, а не забораваат дека Дедо Мраз не е семоќен.

к*рви, духот не е во аладиновата ламба, туку во пенисот на бизнисмените.

Ние сме правна држава, сите го почитуваме законот за инертност.

Иднината на младите е во нивната земја.

Дволичните луѓе трошат двојно повеќе на козметика.

Нашите плати навистина се мали, но на поклонетиот коњ не му се гледа во забите.

Дека сите сме од крв и месо, не се сомнева ни полицијата.


-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 01:06
Не му верувај те на нешто што крвари 7 дена а не умира

Жените се родени возачи. Прво те палат, па те возат, па те газат, па те заобиколуваат.




-------------


Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 01:44
Човекот само кога филозофира не лаже ,
тогаш измислува .
 
Чудно е како малку е потребно за да бидеме среќни
и уште по чудно е
колку често тоа ни недостасува .
 
Чувај се од бесот на на стрпливиот човек .
 
Да можете да одберете помеѓу две зла
морате да ги пробате двете .
 
Дали е напредок кога човекојадец ќе земе вилушка .
 
Добар е и нжот , ама грлото не го поднесува .
 
Душевно болниот никогаш не напаѓа без причина .
По тоа и се разликува од нормалните луѓе .
 
Чувај ме боже од пријателите ,
од непријателте сам ќе се чувам .
 
Убавината  - кога е нај малку облечена , нај убаво е облечена .


-------------
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 23:36
Кој пее зло не мисли. Кој мисли не му е до пеење!

Сите луѓе се добри длабоко во својата душа. Само кај некои тоа е толку длабоко што многу тешко излегува на површина.



-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 23:39

Дајте ми цел за да ги оправдам средствата!

Ги нема тие пари кои можат да не купат. Да ги има ... би било поинаку!



-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 23:40
И треба да не водат оние кои најчесто биле изгубени. Тие најдобро го познаваат теренот.

Би можеле ние и да се опаметиме, но со тоа би го изгубиле нашиот национален идентитет.

Власт не се добива преку ноќ. За тоа е потребен подолг мрачен период.




-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 23:41

Чесната интелигенција е толку чесна, што тоа веќе не личи на интелигентност

Во непријателот можеме да имаме целосна доверба. Што мисли тоа и ни го прави.



-------------


Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 20.Септември.2007 во 07:33


mito i korupcija ...

toa se maska i zenska imenka ...

toj mito
taa korupcija



-------------
                             PARADISE MACEDONIA


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 21.Септември.2007 во 02:37
Се е толку минливо што не вреди ни да се мине преку се.

-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 21.Септември.2007 во 02:39
Блазе му на оној кој нема што да каже, а сепак-молчи.

-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 21.Септември.2007 во 02:43
Љубовта спрема самотијата настанала како последица на размислување и искуство.

-------------


Постирано од: abu al zarkawi
Датум на внесување: 21.Септември.2007 во 07:09
This is the first day of the rest of your life American Beauty
 
Any intelligent fool can make things bigger, more complex, and more violent. It takes a touch of genius - and a lot of courage - to move in the opposite direction.E. F. Schumacher
 
Il mio cuore aveva mai amato?occhi rinnegatelo,perchč non ha mai conosciuto la bellezza fino ad ora.William Shakespeare -
 
Il giorno che non bruceremo più d’amore, il mondo morirà di freddo!( François Mauriac)
 
Victory knowes no strangers, defeat knowes no friends.
 


Постирано од: Miyoko
Датум на внесување: 30.Септември.2007 во 00:19
Ние го тепаме времето, а тоа нас не закопува.


Постирано од: sp_dori
Датум на внесување: 24.Октомври.2007 во 20:19
Што дека му го покажаа вистинскиот пат,
кога не му кажаа дека се уште е во изградба.


-------------
Се што било поминало и се што ќе биде ќе помине !!!


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Мај.2009 во 01:41
ako cel den si aktiven kako pcela.....
ako rabotas kako konj.......
ako legnuvas umoren kako pes....
treba da ides kaj veterinar......
sigurno si magare......газење%20од%20смеењеплачењесмеење



-------------


Постирано од: athletic
Датум на внесување: 25.Мај.2009 во 00:45
ne sme bezgresni,no sme vistinski.Gi sakame i lugeto sto ne napagaat,bidejki imame dobri dusi,dusi sto mozat se da prostat.


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 30.Мај.2009 во 22:52
Čuvaj se od mali dupki.., mala ama moze da potopi i golem brod.

-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 30.Мај.2009 во 23:35
Магарето може да лета. И може богами, ама за кратко!

-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 30.Мај.2009 во 23:36
Originally posted by lane62 lane62 напиша:

Čuvaj se od mali dupki.., mala ama moze da potopi i golem brod.



А, параход?
намигнување



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 30.Мај.2009 во 23:53

Лаже како сведок!




-------------
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 09:26
На студентите им е местото во амфитеатар ,
не на улица .
Тука ќе бидат кога ќе дипломираат . (zen)

ovaa ti vredi...


-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 09:33
согласувајќи се своеглаво со мислењето на претпопставените, за брзо време стана - безгласен..

Имаат тие добри и млади кадри, но брзо им – застаруваат...

Жената што има богат маж има сиромашен - кревет...


Помеѓу жената и ѓаволот има само една разлика – ѓаволот носи рогови, а жената ти набива...



-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 09:37
Жената што има богат маж има сиромашен - кревет...


Помеѓу жената и ѓаволот има само една разлика – ѓаволот носи рогови, а жената ти набива...




Последна мисла на една проститутка – животот е к*рва!


Човечки е да се греши - воздивна за последен пат минерот...


Најумен потег што го направи во својата политичка кариера – си ги зачува опинците...


Не можејќи да гледаат како умира државата, едногласно изгласија – еутаназија...
...


-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: sinisaang
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 13:24
-losa vest zemjata ke se raspadne na dva dela
-dobra vest nasiot ke bide pogolem


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 02.Јуни.2009 во 11:37
Mazot bez zena e kako konj bez samarголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка

-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 14.Јуни.2009 во 11:11
Што ако за твојата бесмртност знае целиот свет
кога тоа не го знаат црвите


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 16.Јуни.2009 во 18:57
svoite najubavi denovi gi minuvam noke......голема%20насмевка

-------------


Постирано од: lane62
Датум на внесување: 04.Јули.2009 во 20:13
Mi smo slijedili njegove korake,
a on je tapkao u mjestu.

U višepartijskom mućku
svaka dlaka vodi svoju politiku.

Crna Gora je sva zbrda-zdola!

Tarzani se okupljaju
oko jednog majmuna!?

Nije sve crno u Etiopiji.
Tamo je naš ambasador.

Um caruje,
a mi živimo u republici!

U laži su kratke noge,
a u istini – prebijene.

Nekad bješe zasijedanje u Stolicama,
a danas u foteljama.

Kada se sve sabere i oduzme
nema što da se podijeli.

Istina o lideru stoji,
a narod je na koljenima.

Čašu leda još niko ne popi!
VLADAN ČIKI ČIZMOVIĆ,
aforističar iz Nikšića





-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 26.Февруари.2011 во 09:16
Не се радувајте на луѓе кои направиле чекор наназад,тие можеби само земаат залет!

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 23:51
Некој друг ќе мора да ја плати сметката. Јас ваков живот не сум нарачал!

-------------
always look on the bright side of the life!


Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 29.Март.2011 во 15:17
Оптимизмот не држи секогаш вода, понекогаш си треба водоинсталатер.


-------------
always look on the bright side of the life!


Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 06.Април.2011 во 13:21
Sto vredi ako politikata e k*rva, koga tie se pederi.

-------------
always look on the bright side of the life!


Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 09.Април.2011 во 18:46
,,Не сакам да јадам школки.
Си ја сакам својата храна мртва.
Не болна. Не ранета.
Мртва,,
                 Woody-d-grejt-Allenда


-------------
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 09.Април.2011 во 18:49
drzhi vodu dok majstori oduгазење%20од%20смеење., газење%20од%20смеење

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 09.Април.2011 во 20:11
Што си посеал тоа ќе жнееш, само ако не се случи елементарна непогода.

-------------
always look on the bright side of the life!


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 30.Јуни.2011 во 17:33
Ако некоја жена купува кошула, заљубена е.
Кога ја пегла, мажена е.
Ако притоа пее, тогаш е и едното и другото.


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 30.Јуни.2011 во 17:36
Ужасно е да се потроши валканиот ум залудно. 



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk