Испечати | Затвори го прозорот

ДАЛИ БОГ Е СЛОН

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8636
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 21:44
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ДАЛИ БОГ Е СЛОН
Постирано од: EvAngelos
Наслов: ДАЛИ БОГ Е СЛОН
Датум на внесување: 29.Јули.2007 во 02:57
 
Дали Бог е слон?
 
 
Има една многу популарна споредба што се користи за да се покаже дека сите религии водат кон Бог. Социолозите и професорите по религија ептен ја сакаат оваа филозофска аналогија, бидејќи ги изедначува сите религии како вистинити кога станува збор за опишување на Бог.

Споредбата се состои од следново:

Имаме четворица слепи луѓе кои наидуваат на еден слон. Бидејќи овие луѓе никогаш претходно не сретнале слон, тие се обидуваат да го опишат и разберат овој нов феномен.
Едниот го фаќа слонот за сурлата и заклучува дека станува збор за змија.
Вториот ја фаќа едната нога и ја опишува како дрво.
Третиот ја открива неговата опашка и вели дека е јаже. Четвртиот, откако го открива страничниот дел од стомакот, објавува дека се работи за ѕид.

Секој еден од нив ја опишува истата работа, а тоа е слон. Но сепак, секој ја опишува истата работа на сосема поинаков начин.

Според многумина ова е аналогно на различните религии во светот. Сите тие ја опишуваа истата работа, само на многу различни начини. Затоа човек треба да заклучи дека ниту една религија засебно не полага право на апсолутната вистина, туку дека сите се подеднакво важни.

Ова е навистина моќна и провокативна слика и во најдобар случај изгледа дека осветлува дел од вистината.

Ако Бог е бескраен и вечен, а ние не, тогаш е сосема разбирливо да се очекува дека никој од нас не може потполно да ја разбере Неговата природа.

 
 
Но дали оваа филозофска аналогија покажува дека сите религии водат кон Бог?
 
За да се дојде до тој заклучок ќе треба да се превидат неколку работи...

Прво, примерот е слон. Тоа што слепите луѓе се обидуваат да го опишат е слон, а не нешто друго. Значи слонот постои без оглед на тоа дали слепите луѓе веруваат во тоа или не. Слично е и со Бог. Тој постои без оглед на тоа дали луѓето веруваат во Него или не. Да го поставиш прашањето „Дали Бог воопшто постои?“ е исто како да прашаш „Дали Абрахам Линколн бил некогаш претседател на САД?“ Тој факт е точен без разлика дали човек ќе верува во тоа или не, а да се негира тој факт би било сосема погрешно. Оттука, не сите мислења, било да се работи за слон или Бог, се подеднакво вистинити.

Второ, сите четворица слепи луѓе во основа грешат. Се работи за слон, а не за змија, јаже, дрво или ѕид. Нивните мислења не се еднакви меѓу себе. Според тоа, не можат да бидат сите точни. Во најдобар случај, ваквиот пример за религиозен плурализам само покажува дека сите религии се погрешни, а не точни.

Трето и најважно, оваа филозофска аналогија не зема во предвид посебно откровение. На пример, доколку во сцената наиде петти човек, кој не е слеп (и кој може да потврди дека има вид) и го опише слонот како слон, тогаш суштината на примерот се менува од корен.

Исус Христос како еден и единствен, уникатен религиозен водач во историјата, тврдел дека е „петтиот човек“, посебно откровение од Бог. Четворицата предходни "откривачи на вистината" биле слепи, а Исус за Себе тврдеше дека е "Светлината" и тоа Го докажа и со збор и на дело (кога му ги отвори очите на слепородениот Јован 9:7)

Многу луѓе кои ги видоа Неговите чуда и ги слушнаа Неговите проповеди се навредуваа кога Тој се изедначуваше со Бог.
„Затоа Евреите уште повеќе сакаа да Го убијат, не само затоа што го нарушуваше саботниот ден, туку и затоа што Бог Го нарекуваше "Аба", Свој Татко, изедначувајќи се со Бог“ (Јован 5:18).

Но Исус нè поканува да Му веруваме ако сакаме нашата потрага по Бог да заврши...

„Јас Сум Лебот на животот. Кој доаѓа кај Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни“ (Јован 6:35).


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.



Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 29.Јули.2007 во 02:59
bogami,...slonot ,bi rekol deka e ,..bog!Big%20smile

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: goor
Датум на внесување: 29.Јули.2007 во 17:41
ubava prikazna
samo sto bi se slucilo ako eden od tie ja ostavi opaskata za koja misli deka e jaze i prodolzi ponatamu da go istrazuva slonot i pritoa gi napipa negoviot stomak surlata i nogata ??????????????

toa kako sto velis ti bi znacelo deka ako covek gi zapoznae 4 te religii ke go svati bog od site 4 strani?????

neznam ama mislam deka nekako ne drzi mesto toa bi znacelo deka sekoj od ovie slepi luge e ogranicen vo smisla kon bog ili sekoja religija e oranicena...

i sega mislam ako ne se fatii slepiot da recema za opaskata i da ne ja ispusta mozebi podobro bi uvidel za sto se raboti...deka se raboti za mnogu poslozena edinica od jazeto ili bi utvrdil tocno sto e toa....a ne kako vernicite da se drzi cvrsto za opaskata(ova go spomnuvam od primerot ne mi e celta da navreduvam) i da tvrdi deka e vo pravo .


-------------
end off days 15...14...13....


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 01:29
и јас мислам дека ако не кој не го разбира или не верува не значи дека не постои!
не можеме да го разбереме Бог, не сме толку способни. Ние сме ограничени во нашите можности. Но веруваме дека Тој постои, а Тој и сам ни се објавил.Се околу нас сведочи за интелигентниот Творец
Дали ќе го препознаете или не...ваш избор.


Откровение: 3:20 Еве, стојам на вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.

 




-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 01:32

Дали има разлика?

Дали сите религии го обожаваат истиот Бог? Ајде да го разгледаме и ова. New Age поучува дека секој треба да дојде до центарот на космичката свест, но тогаш Исламот треба да се откаже од својот еден Бог, Хиндуизмот ќе треба да се откаже од своето мноштво на божества, а Будизмот ќе треба да утврди дека постои Бог.

Главните светски религии (Хиндуизам, New Age, Будизам, Ислам и следењето на Исус Христос) се доста уникатни. Но само една од нив вели дека постои Бог Кој љуби, Кого човек може да Го запознае дури и во овој живот. Исус Христос зборуваше за Бог Кој сака врска со нас и Кој нè утешува, советува и љуби.

Во Хиндузмот човек мора сам да се обиде да се ослободи од својата карма. Во New Age човекот работи на својата лична божественост. А во исламот, човек се обидува да ги следи религиозните закони за да наследи рај по смртта. Само во учењето на Исус гледаме лична врска со Бог, врска што се пренесува и во наредниот живот.




-------------


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 01:40
koga procitav naslov na tema ta si vikam
e sega e toa
dojde vrema koga
poblesavija verovernicite

no izgleda uste ste na ivica

no koga kje procitam dali bog e konzerva i nie sme bogomolki kje znam deka
skoknavte газење%20од%20смеење

moderatori ve molam brisete go postov oti e off topik so se odnesuva do veroveruvanje no e on topik sto se odnesuva do razumot

pozdrav do vas do site Moderatori osin edenA toj si znae



-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: brza
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 01:48
газење%20од%20смеење,...brate,...pa,nemam nishto protiv shto, slonot e bogot,...duri i go sakam,....fala bogu ,...im uspea potragata po gospod,...slava na slonovite..задоволствозадоволствоѕвезда

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: str8up
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 01:59
NEKA IM E VECNA SLAVAмафтање


-------------
igram ruski rulet od k*rtasak!
Peni Saktivniot


Постирано од: brza
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 02:01
e,sega mozeme da mu podignme i spomenik,..i toa nasred ploshtad,...vo chest na gospod,..t.e.,....slonot,..

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 02:03
брза, хе хе, темава не е дека Бог е слон..туку дава компарација... а ја прочитавте ли?



-------------


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 02:03
slusaj koga kje bide konzrva togaj kje podigneme
abe siromasna sme drzava za monumentalni spomeniciголема%20насмевка


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: brza
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 02:08
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

брза, хе хе, темава не е дека Бог е слон..туку дава компарација... а ја прочитавте ли?

ace....,...a be daj ne me razocharuvaj,..barem ushte malku,...a,bash se mislev da prejdam u vasha grupa i,..toa expresno,...тагатагаплачење


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: str8up
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 02:11
Cetvorica slepi, doagjaat, i edniot me fakja za takvooto, i posto dosega ne sretnale  tolku visok i golem covek vika:ova e zmija. Drugiot me faka za noga i vika:ova e drvo. tretiot me faka za sukanica i vika: ova e jaze. cetvrtiot me faka za glava i vika: ova e zid. JAS SUM BOG. na mene da mi izgradite spomenik na plostad i da ja preimenuvate temata:
DALI BOG E STR8UP?


-------------
igram ruski rulet od k*rtasak!
Peni Saktivniot


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 02:17
сите четворица згрешиле, треба да се појави петти
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Трето и најважно, оваа филозофска аналогија не зема во предвид посебно откровение. На пример, доколку во сцената наиде петти човек, кој не е слеп (и кој може да потврди дека има вид) и го опише слонот како слон, тогаш суштината на примерот се менува од корен.



-------------


Постирано од: moira
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 02:47
Originally posted by brza brza напиша:

газење%20од%20смеење,...brate,...pa,nemam nishto protiv shto, slonot e bogot,...duri i go sakam,....fala bogu ,...im uspea potragata po gospod,...slava na slonovite..задоволствозадоволствоѕвезда

NE BOGOHULI


Постирано од: str8up
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 02:56
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

сите четворица згрешиле, треба да се појави петти
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Трето и најважно, оваа филозофска аналогија не зема во предвид посебно откровение. На пример, доколку во сцената наиде петти човек, кој не е слеп (и кој може да потврди дека има вид) и го опише слонот како слон, тогаш суштината на примерот се менува од корен.


znaci, mi trebaat samo 4 slepi i da pripazam na detalot so pettiot da ne se ubaci...i ke stanam BOG?
superголема%20насмевка


-------------
igram ruski rulet od k*rtasak!
Peni Saktivniot


Постирано од: moira
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 02:58
PODOLU NAPISANOTO SE ODNESUVA I ZA TEBE


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 03:06

анакин, брза, стрејтап,

Прочитајте ја прво темата и воведот и потоа коментаријте.

Христијаните овде не ја застапуваат идејата дека Бог е Слон, туку обратното, тие ја исмејаваат аналогијата на оние (социолозите, професорите по религија) кои ја користат таа паралела со цецл да докажат дека сите религии водат кон Бог.
Значи доколку и вие сте против оваа аналогија, тогаш сме на иста страна среќа
Затоа не напаѓајте по инерција, туку ајде да навлеземе во суштината на оваа филозофија за досегнувањето на Бог. Држи вода или не? Ако да зошто да, ако не зошто не намигнување
Поздрав!


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: str8up
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 03:09
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

...........Христијаните овде не ја застапуваат идејата дека Бог е Слон, туку обратното, тие ја исмејаваат аналогијата........

Pa da de, i nie kako hristijani ja ismevame analogijata na onie.....samo na poinakov nacinсреќа


-------------
igram ruski rulet od k*rtasak!
Peni Saktivniot


Постирано од: str8up
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 03:10
Inaku jas go procitav, pa potoa komentirav, samo ne site ismejuvaat na ist nacin, neli?среќа

-------------
igram ruski rulet od k*rtasak!
Peni Saktivniot


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 03:15
Originally posted by str8up str8up напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

...........Христијаните овде не ја застапуваат идејата дека Бог е Слон, туку обратното, тие ја исмејаваат аналогијата........

Pa da de, i nie kako hristijani ja ismevame analogijata na onie.....samo na poinakov nacinсреќа
 
ok str8up, тогаш се работи за недоразбирање.
btw не знаев дека си христијанин, мило ми е среќа


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: str8up
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 03:21
i mene mi e milo sto sum hristijanin, veruvaj среќа

-------------
igram ruski rulet od k*rtasak!
Peni Saktivniot


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 19:13
Се согласувам во голема мера со Евангелос, но мислам дека искуството на слепите луѓе не може никој да го негира. Барем не нивното сетило за допир. Тие нешто допреле што постои, проблчемот бил во сфаќањето на целината бидејќи биле слепи. Инаку споредбено делови на слонот се навистина како змија, јаже итн. Па сметам дека би било поконкретно да се каже дека сите религии имаат делови од вечната вистина но не целата Вистина која БОГ е!
    *                     *                    *
Јас лично не верувам дека Бог е слон или дека има форма на слон но има една интересна ликиовна илустрација на Ганеша(натприродно суштество со глава на слон тело на човек) кој во хиндуизмот е полу-бог, повеќето хиндуси веруваат дека тој е одстранувачот на сите препреки.




Постирано од: spiros
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 23:53
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Има една многу популарна споредба што се користи за да се покаже дека сите религии водат кон Бог. Социолозите и професорите по религија ептен ја сакаат оваа филозофска аналогија, бидејќи ги изедначува сите религии како вистинити кога станува збор за опишување на Бог.



Сите вистински патишта се влеваат во СОВРШЕНИОТ ПАТ
Во него секој со секого е сестра или БРАТ
МУДРОСТА БОЖЈА ЧИСТА одсекогаш била, е, и ќе биде иста
Од ЉУБОВ кон луѓето се отелотвори ТАА, во ИСУСА ХРИСТА!


БОГ преку ГОСПОДА создал се, па дури и секој слон.
Да браќа и сестри мили: ТОА Е ОН!


Поздрав до сите луѓе а посебно до ЧЕДАТА на мирот БОЖЈИ!


Постирано од: invader
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 23:57
slON,A?голема%20насмевка

-------------
在美居住和工作 ——快来参加官方举办的美国绿卡抽奖!


Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 01:42
Patetika vo boja...

-------------
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 19:44
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Patetika vo boja...


Брате јас незнам нити штозначи зборот „патетика во боја“
Но со голема сигурност знам дека во Исус ја отелотвори
БОГ, Прачистата Етика Своја!


Постирано од: La Pistolera
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 02:20
a zaso uvek mora da e slon?
Jas mislam deka e slonica!


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 17:48
Originally posted by invader invader напиша:

slON,A?голема%20насмевка


Голем е Творецот !   Неспоредливо поголем е ОН од оној слон на слепион вавилон!


Постирано од: Azrael
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 01:26
Wow sekoja replika ti e vo rima
Se vosh*tuvam голема%20насмевка


-------------
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !     


Постирано од: n1k0La
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 04:33
nenzam ja sto go sporeduvate gospod so slon :S:S


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 10:49

Многу ми се допадна размислувањето на EvAngelos од насловниот пост. Би сакал да дадам УШТЕ ЕДНА НАСОКА за размислување. Факт е дека (според примерот) потреба од петтиот немало да има доколку анализирањата, проучувањата, размислувањата, набљудувањата на четворицата слепи биле поинакви. Што сакам да кажам? Имено, доколку секој од нив не застанел САМО на набљудуваниот дел (сурла, опаш, нога...), туку продолжеле да го истражуваат телото на слонот и понатаму, со сигурност ќе констатирале и други аспекти на тој џин што стои пред нив. Во тој случај, со сигурност оној кој најпрвин ја допрел сурлата, во еден момент ќе дојдел и до опашката, откако претходно констатирал дека слонот и има нозе, стомак... Значи доколку луѓето не биле површни, туку продолжувале да продираат се’ подлабоко и посуштински во нештата што ги опкружуваат, многу нешта ќе дознаеле за Бога.

Споредбава е опасна, бидејќи остава можност слепиве луѓе во еден момент со СОПСТВЕНИТЕ истражувања и набљудувања да МОЖАТ ВО ЦЕЛОСТ да констатираат дека се работи за слон. А дали (Неограничениот) Бог оставил можност да биде во целост откриен од ограничениот човек?!

Од друга страна, слонот е движечки објект и во еден момент може да им избега на слепите луѓе и во еден момент тие да забележат дека го нема, а да не знаат во која насока да продолжат да бараат, па да останат сами и со празни раце. А Бог никогаш не ги напуштал ниту ќе ги напушти луѓето, и не си заминувал од луѓето ниту тоа ќе го направи (Господ Исус Христос ни вети: “Јас сум со вас преку сите дни до крајот на светот“), туку ни Е секогаш близу, секогаш ТУКА!!

Можеби ќе беше поубаво да се земе пример со планина, наместо со слон...



-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 14:50


Ганеша - хинду божество


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 16:17
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Многу ми се допадна размислувањето на EvAngelos од насловниот пост. Би сакал да дадам УШТЕ ЕДНА НАСОКА за размислување. Факт е дека (според примерот) потреба од петтиот немало да има доколку анализирањата, проучувањата, размислувањата, набљудувањата на четворицата слепи биле поинакви. Што сакам да кажам? Имено, доколку секој од нив не застанел САМО на набљудуваниот дел (сурла, опаш, нога...), туку продолжеле да го истражуваат телото на слонот и понатаму, со сигурност ќе констатирале и други аспекти на тој џин што стои пред нив. Во тој случај, со сигурност оној кој најпрвин ја допрел сурлата, во еден момент ќе дојдел и до опашката, откако претходно констатирал дека слонот и има нозе, стомак... Значи доколку луѓето не биле површни, туку продолжувале да продираат се’ подлабоко и посуштински во нештата што ги опкружуваат, многу нешта ќе дознаеле за Бога.

Споредбава е опасна, бидејќи остава можност слепиве луѓе во еден момент со СОПСТВЕНИТЕ истражувања и набљудувања да МОЖАТ ВО ЦЕЛОСТ да констатираат дека се работи за слон. А дали (Неограничениот) Бог оставил можност да биде во целост откриен од ограничениот човек?!

Од друга страна, слонот е движечки објект и во еден момент може да им избега на слепите луѓе и во еден момент тие да забележат дека го нема, а да не знаат во која насока да продолжат да бараат, па да останат сами и со празни раце. А Бог никогаш не ги напуштал ниту ќе ги напушти луѓето, и не си заминувал од луѓето ниту тоа ќе го направи (Господ Исус Христос ни вети: “Јас сум со вас преку сите дни до крајот на светот“), туку ни Е секогаш близу, секогаш ТУКА!!

Можеби ќе беше поубаво да се земе пример со планина, наместо со слон...

 
Ova razmisluvanje mi se dopagja ushte poveke.
 
Se dodeka se upotrebuva ogranicheniot chovekov um kako referenca za osoznavanje na bezgranichniot Kreator i Negovata Kreacija, ke talkame po bespatijata na nash*te iluzii cvrsto ubedeni deka odime po siguren pat.


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 17:31
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Можеби ќе беше поубаво да се земе пример со планина, наместо со слон...

 
Тоа кажи им го на социолозите кои ја користат оваа споредба. Јас во мојот воведен коментар на темава ја изложувам споредбата во името на социолозите, и ретко кој од тука примети дека јас не ја застапувам таа споредба, туку напротив ја критикувам, наведувајќи ги и притоа нејзините недостатоци и противречности.
 
Апел до сите: аман, прво прочитај те, па потоа коментирајте.
 


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 21:36
Originally posted by Majkl Majkl напиша:



Ганеша - хинду божество
 
Многу убава сурлаголема%20насмевка


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: melhisedek
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 21:30



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk