Испечати | Затвори го прозорот

Полициска држава-Објаснение

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8471
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 00:57
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Полициска држава-Објаснение
Постирано од: dzole007
Наслов: Полициска држава-Објаснение
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 16:41

        OBJASNUVANJE


             ИНФОРМАЦИИ ОД ВЕСТИ НА А1

Сите корисници на дрога не се криминалци

Сите корисници на дрога не се криминалци, извикувајќи ја оваа парола 15 невладини организации од мрежата за намалување на штети, протестираа пред Собранието.

Сакаа да им дадат до знаење на пратениците дека не треба да го гласаат законот, каде корисниците на дрога и дилерите се изедначени.

Донесувањето на овој закон, според нив, не само што има сериозни недостатоци, туку и е спротивен од националната стратегија за дроги донесена во Собранието минатата година.

„Третманот на овој проблем го враќа петнаесетина години назад и нема никаква врска ниту со европски, ниту со цивилизациски стандарди“, изјави Владимир Милчин, Институт отворено општество.

Новиот закон не ги почитува човековите права и ја руши заштитата на приватност на личниот и семеен живот на зависникот.

„Ќе дојдеме во ситуација да се доведеме да прекршуваме човекови права, па потоа да го лечиме проблемот што сами ќе го создадеме“, рече Мирјана Најчевска, Сектор за човекови права и разрешување конфликти.

На пратениците, на влезот од Собранието, се обидоа да им образложат зошто да не го поддржат законот. Но, протестот очигледно нема да влијае на нивната одлука за или против.


Со предлог законот за користење дроги и психотропни супстанции, ќе се стават во ист кош зависниците и криминалците кои произведуваат и продаваат дрога, предупредуваат невладините организации и експертите.

Според нив, спорен е членот од законот во кој стои дека за да се сузбие неовластената употреба и промет на опојните дроги, државните органи, општините, училиштата, културните установи, здруженија на граѓани, сите треба да пријават во полиција ако дознаат работи поврзани со злоупотреба на опојни дроги и психотропни супстанции.

„Ако зборуваме за приватност и ако зборуваме за право на дискреција, што е дефинирано во законот за пациентите и за што владата строго се залага, сега произлегува дека ние докторите ќе бидеме обврзани да ги пријавуваме сите пациенти, кои и така се тешко достапна група, која се крие заради ставот на општеството“, изјави Славица Гајдаѕис Кнежевиќ, невропсихијатар.

„Нашето прашање е дали воопшто може да се зборува за заштита на животот и здравјето на луѓето што употребуваат дрога, ако истите прво се прогласат и се третираат како криминалци, што треба да се сузбијат на исто рамниште со производителите и трговците на дрога“, рече Елеонора Стојановиќ, претседател на ММНШ.

Невладините организации кои работат со корисниците на дрога го критикуваа Министерството за здравство дека не биле консултирани при изработката на законот.

Не била побарана помош ниту од Министерството за труд и социјала, ниту во делот за остварување на социјалната заштита на зависниците.

Од Министерството за труд велат дека им било побарано мислење за законот дури кога бил готов. Законот е веќе на дневен ред во Собранието, пратениците за него ќе дебатираат в понеделник.


Секоја ординација да води евиденција на препишување на лекови кои содржат опојни дроги, како што се хептанон, метадон, барбитурати. На ваков начин ќе се избегнат злоупотребите и ќе се знае кој лекар на кого го препишал лекот. И аптеките ќе водат регистар на издадени лекови.

„Таа документација ќе им биде достапна во секое време и на Министерството за здравство, значи на Секторот за контролирани супстанции кај нас, на МВР“, изјави м-р Илчо Захариев, директор на Биро за лекови.

Ова го предвидува новиот предлог закон за опојни дроги кој деновиве ќе се најде во владина процедура. Целта е да се намали потрошувачката и нелегалното производство на опојни дроги.

Како транзитна земја, Македонија е на удар. Преплавена со разни видови дрога, доживува експлозија од бројот на зависници. Најопасната, хероинот, ја користат 52% од зависниците, 40% земаат марихуана, 8% се на синтетички дроги.

Во Струмица е најден нов многу опасен вид синтетичка дрога, донесени како таблети од Унгарија. Веднаш е ставена на листата контролирани супстанции.

„Во државата ни се појави нешто што досега го немаше, а тоа е мескалинот. Тоа се практично халуциногени дроги кои доаѓаат од Централна Америка, но се запленети и спори кои можат лесно да се одгледуваат во кој било визба“, рече Захариев.

Ригорозни казни предвидува кривичниот закон. Глоба од 10 до 15 илјади евра предвидуваат новите прекршочни санкции за сите оние кои одгледуваат и вршат производство на опојни дроги.



-------------
alo toa e demokratija



Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 17:21
treba malku poshiroko da se gleda na toa,...a,ne samo od tvoja perspektiva,....ako si ti chist,...ne bi ti prechelo toa,...a,za eden,...ako stvarno ti e eden i prv pat,...nikade nema da odish ,..bidi siguren,....

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 18:36
kako toa mislis izednaceni ...za kolku grama ? za doza sto pisue u zakonot toj ?

-------------
www.hjspain.com


Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 18:49
a,be pushti go,...izgleda e nekoj shmrkach,...pa ,se mu smeta,..LOL

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Ivaaaaa
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 19:13
Nasava vlada, konstantno naogat nekoj zakoni kolku da se zanimavet tie i da macket oci deka rabotet nesto i diskutiret za nekoj banalni zakoni dali da gi doneset ili ne ko se drugo da e vo red vo drzavava

-------------
It is in our nature to try to destroy what we know we can not help create


Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 19:14
toa e veke druga rabota,....a i djabe ti se zakoni,..ako nikoj ne gi ebava,....

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 03:12
znaci pojma nemate sto kako

-------------
www.hjspain.com


Постирано од: bugar
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 06:01
Taka e..nemame pojma..
Aj sega ti, stom se znaes, fino-lepo da ni kazes.
Pa odsega i nie da imame pojma, neli?
 


-------------
Јас сум си бугараш.
Кој верува - нека верува. А кој не верува - нека не верува!
По националност Турко-Татаро-Монголо-Афганистанец!(Со декрет на Boogie)



Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 14:53
slusaj ajde odjebi u velikim koracima  ...
 
prasuvam dal nekoj znae sto e izednaceno strucno da mi kaze ...
 
toa logicki znaci deka ne znam me interesira ...


-------------
www.hjspain.com


Постирано од: Trilili
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 15:06
znaci i ti vrska nemas, no ako i ne znaes sto znaci IZEDNACUVANJE togas ajt u skolo!i tuka ne se raboti za gramazaWink

-------------
LEFT SIDE OUT SIDE RIGHT SIDE HE SHOOT HE SCOREEEEEES!!!


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 15:22
pa koj rece deka imam ??:??
 
aj ti ako znaes kazi mi te molam posto sis e vratil neodamna od skoloto


-------------
www.hjspain.com


Постирано од: Trilili
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 15:24
tretmanot se izednacuvaWink

da neodamna se vrativ!LOLLOLod kade znaes??


-------------
LEFT SIDE OUT SIDE RIGHT SIDE HE SHOOT HE SCOREEEEEES!!!


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 15:26
u koja smisla se izednacuva ?
 
ista kazna i za prodavac i za konsument ?
 


-------------
www.hjspain.com


Постирано од: Trilili
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 15:27
bingo!znaci ne si bil do tolku od sto se pretstaviWink

-------------
LEFT SIDE OUT SIDE RIGHT SIDE HE SHOOT HE SCOREEEEEES!!!


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 15:31
toa e nemoguce,nesto ste dezinformirani garant

-------------
www.hjspain.com


Постирано од: Trilili
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 15:36
e ne sme, ali ne e bitno prati mi nesto crno marokansko od tamuLOLLOLLOLLOLWink

-------------
LEFT SIDE OUT SIDE RIGHT SIDE HE SHOOT HE SCOREEEEEES!!!


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 15:55
sosema e vo red takviot zakon. akoinspektorot ima pravo da te kazni ako nemas fiskalna koga ke izlezes od prodavnica so kupena roba, zosto pa da nema pravo da te kazni ako te fati kako kupuvas droga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 16:00
butel e vo pravo,...samo ,..inspektorot ke mi se fati,...... ako nemam jas ,..fiksalna,..

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Trilili
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 16:00
zavisi, kako go gledas toa dali e povinoven toj sto kupuva ili toj sto se zbogatuvaWink

n.pr. ima drzavi kade konzumot e legalen a ilegalno e poseduvanjeto na droga!LOLLOLLOL


-------------
LEFT SIDE OUT SIDE RIGHT SIDE HE SHOOT HE SCOREEEEEES!!!


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 16:05
vina imaat i dvajcata, edniot prodava i se zbogatuva, megjutoa tuka e poradi toj sto kupuva, ako nema koj da mu kupi ni toj nema da prodava


Постирано од: Trilili
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 16:08
nema vina vo konzum! mnogu ednostavno mislenje!Confused

-------------
LEFT SIDE OUT SIDE RIGHT SIDE HE SHOOT HE SCOREEEEEES!!!


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 16:12
a,kako ke konsumirash?,...znachi od nekoj kupuvash,...i  shto sega?,..

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Trilili
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 16:15
e ne sum pravnik jaLOLLOLLOLLOLWink

ali toa taka i taka e teska materija, pozadi koj stojat necii interesi, site znaeme koi se zapletkani vo takvite biznisi, a kako sekojpat sitnite ribi ke nastradat a "golemite-mokjnite" i ponatamu ke si go terat biznisot!


-------------
LEFT SIDE OUT SIDE RIGHT SIDE HE SHOOT HE SCOREEEEEES!!!


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 16:33
Поентата е изгледа големите да ги изгубат муштериитеLOLLOLLOLLOL

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 16:35
ne e biten nacinot, bitna e celta, stop na drogata.

a poznato e deka na nasiot narod edinstveno kaznata mu pomaga da se stavi vo red, svesta ne mu e se uste na tolku visoko nivo


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 16:55
kazna?!,...zarem ima takvo neshto vo ovaa zemja?,...i ,..koj bil kaznet,...p,da mun doshol pamet?,..

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 16:57
ne e tacno kako e poristriktivna politikata drogata ke bide poskapa i ke ima poveke kriminal...
 
za da se dojde do nea ...
 
ja pak kazuem ne ste sfatile vie ne moze da e ista kazna za prodavac i kupuvac ...
 
porano mislam bese prekrsok ako kupuvas sea moze go okvalificirale kako delo...
 
me interesira dal toa vazi za site drogi i kolku e minimumot ili nema minimum vo kupuvanje...
 
PS ja sum pravnik pa se razbiram malce me interesiraat novosti zatoa


-------------
www.hjspain.com


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 17:07
e,ova e epten novo,..go nema ni vo sluzben vesnik seushte,...ama,valjda e neshto slichno,...ili isto kako tamu kaj shto si,...

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: dzole007
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 18:04
sega ke vi kazam kako stojat rabotite:
kako prvo se namaluva razlikata pomegu lesni i teski drogi, dosega ne poznavam nikoj sto umrel od marihuana a znam luge sto imat umreno od alkohol i do seker.
kako vtoro licata zavisnici od teski drogi treba da dobijat lecenje a ne da se tretiraat kako zivotni i kriminalci, dek site zavisnici i ne se kriminalci, i tie se ziteli na ovaa drzava i gi imaat site prava kako site drugi.
kako treto treba da se napravi razlika pomegu zavisnicite i dilerite, zavisnicite se vo kontakt so droga dek imaat potreba, a dilerite za pari.



-------------
alo toa e demokratija


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 20:17
daj bre dzole bidi pokonkreten
 
kako se namaluva razlika
 
i za sibica poseduvanej i za gram koka isto kao ke te kaznat toa zboris ?
 
kako ke te kaznat ke ides u zatvor li ?
 
konkretno


-------------
www.hjspain.com


Постирано од: dras
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 23:15
CryЗаконот секако дека е проблем, лесни дроги, тешки дроги, дроги од полицајците и така натаму, џоле дали е проблем кај тебе или кај законот, констатација, секако дека законот  со ставот за дилерите и уживателите секако е проблем, неможе некој, кој злоупотребува друг користејки го законот, да го товари, еднакво како и оштетениот,  на крај краишта, ставот треба да го нема, уживателите треба да се лечат, дилерите да одат во затвор, или да се фискализират, државата бар да го наплати своето. Кај се невладините организации, да се прашат со чиви пари се легализирани, и пак кој е оштетениот, дали оној што секако треба да се лечи или оној што продава,...., зошто па не, и во аптеките,..., трамадол, ...диазепан,.., лексилиум,...дали тешки или лесни се земаат за пари легално без рецепт или она новата ....пццмт...или како се вика не регистрираната. можеби министерот ќе каже нешто. остави ги полицајците нема полициска држава има корумпирано и криминализирано дртуштво, кое под притисок на надворешните медијатори стана тешко одржливо и за самите конзумери....CryCryCry


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 01:04
droga e droga i treba se da se stori da ja nema


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 12:30
Ako ja nsem adrogat ke ja snema i Amerika taka da nema sansi

-------------
www.hjspain.com


Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 20:43
Ne moze da ja snema drogata ! Ako mozelo nesto da se napravi do sega ke se napravelo . Naj prvo treba gi snema Kolumbija , Panama , Afganistan i uste nekoj dr. America e konzument , ne prizveduva . Jas bi predlozil da ima mesta kako so ima za pusaci i nepusaci . Koj saka nekla poveli tamu koj ne tuka . So sum ja dolzen da disam ili gledam kako nekoj pravi so saka . Licno do sekogo so ke pravi so svojot zivot .

-------------
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 19.Јули.2007 во 15:05
Licno do sekogo so ke pravi so svojot zivot


sosema pravilno, megjutoa konzumiranjeto na drogata pocnuva obicno na vozrast koga se uste i ne se znae sto e toa zivot


Постирано од: Trilili
Датум на внесување: 19.Јули.2007 во 15:06
a da definirame droga, sto e so drogite koja sekoja vlast gi koristi za pridobivanje prihod??ali okej toa e druga temaWink

-------------
LEFT SIDE OUT SIDE RIGHT SIDE HE SHOOT HE SCOREEEEEES!!!


Постирано од: dras
Датум на внесување: 19.Јули.2007 во 23:43
Confusednekoj rece, da go snema, Afganistan, Kolumbija...., a da ja snema SAD, ne deka tamu se najgolemite konzumeri, dileri, mafiozi, ...., nego tamu se najgolemite profiteri sekako legalni, CIA, FBI, i dr. drzavni sluzbi, i kade  e RM, si go bara sekako imeto i statusot, ne se vo prasanje nasite lidercinja, tie se kolateralna steta na tekucata situacija,...Clap


Постирано од: brza
Датум на внесување: 20.Јули.2007 во 00:19
kako ti ke kazesh,...Big%20smile

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: dras
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 11:37
Confusedдали реков само јас, рекоа и многу други, дека оние што се злоупотребени (зависниците) и оние што дилаат дрога не се за во исти кош, само незнам што тука бара младите спортисти на Владата.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk