Лубеница - извор на здравје
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8406
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 14:34 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Лубеница - извор на здравје
Постирано од: Mindy
Наслов: Лубеница - извор на здравје
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 12:01
Со конзумирање на
лубеницата во текот на топлите летни месеци ќе му помогне на телото да
се освежи и да се хидратизира бидејќи ова овошје содржи околу 90% вода
Лубеницата
уште во старите времиња се употребувала како намирница која го штити
телото од преголемо губење на течности. Поради големото ниво на вода
таа дава чувство на ситост, но содржи малку калории, само 29 на 100г.
Освен вода содржи и витамин А, Ц, бетакаротен, ликопен, железо, цинк,
калиум... Поради големата количина вода тие често се употребуваат за
детоксификациски процес на организмот, бидејќи го чисти телото од
штетни состојки кои се лачат преку урината, што придонесува за чистење
на бубрезите. Лубеницата содржи минерали и витамини, овошна киселина и
бои кои и даваат освежувачки вкус.
Конзумирањето на лубеница е важно за сочувување на здравјето -
содржи железо во иста количина колку и спанаќот, затоа е одлична против
анемија. Стручњаците откриле дека освен доматите лубеницата е еден од
најголемите извори на ликопен - природен црвен пигмент кој има големо
антиоксидациско и антиканцерогено дејство. Ликопенот го подобрува
помнењето, ги спречува срцевите заболувања и некои облици рак.
Лубеницата
содржи и уште еден важен антиоксиданс - витаминот Ц, кој е важен за
нормално функционирање на организмот а овозможува и подобра апсорпција
на железото.
Витаминот А и бетакаротенот се застапени во големи количини, а се
корисни за добриот вид, го јакнат имунитетот и го спречуваат
предвременото стареење.
-------------
|
Коментари:
Постирано од: KaLiNa
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 12:54
za temava Mona......jas kako sto mozam da procitam na forumov, site sme zavisni od lubenica
------------- kuliraj
|
Постирано од: MisIcA,
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 13:09
odlicno Mona!
ne mislev deka lubenicata go sodrzi i betacarotenot.dobro e sto site ja vnesuvame
------------- атеист да бидеш е слично како да си далтонист
а цел живот да пишуваш и зборуваш
за боите...(модератор аџија)
|
Постирано од: BiG_kIsS
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 15:40
еј, добра информација, ионака се давам во лубеница, сега бар знам дека е здрава
------------- Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 18:35
абе се убаво за лубеницата, али јас тука неможам да најдам сочна лубиница, па затоа ке си продолжам да јадам банани и да ме викаат мајмун
-------------
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 22:16
mmmmmmm...lubenica...the other white meat
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 23:03
де бе моме, нема во таа германија сочна лубеница? како бе така, нели таму има и од пиле млеко? или лубениците се како синтетизирани, индустриски, а? инаку и јас многу сакам лубеници, малку разладени во фрижидер, па онака засечени малку и раскршени со раце. па лапај цело парче додека не се излепиш од сокот.
------------- Јас сум мајстор!
http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
|
Постирано од: snegulka
Датум на внесување: 03.Август.2007 во 19:22
хмм повеќе обожавам диња него лубеница,речи си воопшто не јадам лубеница
------------- http://www.glitter-graphics.com">
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Август.2007 во 01:45
k*r vishe lubenici,...8-10 dinari za kilo,...a,be ajde,...nashle budali,....
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: BiG_kIsS
Датум на внесување: 04.Август.2007 во 22:26
Абе ако треба и илјада ќе платам самоо да јадамм
------------- Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
|
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 21.Август.2007 во 09:36
treba da si napravime nedela na lubenicata ......
i edno ubavo procistuvanje na bubrezniot sistem
da napravime ...
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: Srni4kA
Датум на внесување: 02.Септември.2007 во 11:58
Секако дека лубеницата е најздраво овошје!!!!!!!!.
|
Постирано од: NiNa1
Датум на внесување: 12.Септември.2007 во 21:50
mnjanjam kolku e ubava lubenicata!!!!!!!!
-------------
|
Постирано од: MX-8441
Датум на внесување: 16.Септември.2007 во 22:28
ДА.
------------- ,,NEMA MIR DODEKA TERORISTITE SE SHEETAAT SLOBODNO,,
|
Постирано од: natural
Датум на внесување: 06.Октомври.2007 во 02:00
Mona Liza напиша:
абе се убаво за лубеницата, али јас тука неможам да најдам сочна лубиница, па затоа ке си продолжам да јадам банани и да ме викаат мајмун |
------------- PEOPLE CHANGE,THINGS GO WRONG,JUST REMEMBER LIFE GOES ON!
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 00:10
Добра информација, ионака се давам во лубеница, сега бар знам дека е здрава.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 15.Октомври.2007 во 21:02
Прочистувач на организмот.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: polikarp
Датум на внесување: 27.Октомври.2007 во 05:20
Lubenica moeto omileno ovosje mmmmm..............
------------- Подобро да ме мразат заради тоа што сум, отколку да ме сакаат заради тоа што не сум.
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 31.Октомври.2007 во 17:50
Денес си купив дсетина зимски лубеници. Нека се најдат.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 29.Јуни.2008 во 19:17
letna hrana,...letna shema....ladna,osvezuvachka,..zdrava ja obozavam
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 18:56
OBOZAVAM!!
------------- Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 19:08
se ushte nemam probano lubenica...mislam ovaa godina...
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: An4i
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 21:33
mn e dobra za osvezuvanje
ja obozavam
------------- ...i taka sega princezite go baraat princot koj demek bil zaba i nekoja princeza trebalo da go bakne za toj pak da se pretvori vo princ...
Pred da go najdes princot, treba da baknes mnogu zabi :D
|
Постирано од: doriangray
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 22:15
Леле ко забудален, цело лето немав јадено лубеница... Вчера гледам татко ми купл и кога и се нафрлив, сум се прејал ко никогаш досега. Ветив дека од сега ќе се контролорам...
------------- Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change.
And if you're talking about my life you're only wasting your own time!
|
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 25.Јули.2008 во 00:00
lubenica nemam jadeno 100 godini, a i ne mi e neshto omilena...
------------- http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Јули.2008 во 01:08
Обожавам лубеница... само да не е презреана...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: cafe
Датум на внесување: 26.Февруари.2009 во 12:20
super i za dijna ne mozam da kazam loso
|
Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 27.Февруари.2009 во 21:02
обожавам лубеници, а баш ми недостига тоа лено овошје сега..!
------------- ..Живеам за да умрам..!
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 03.Март.2009 во 16:40
mnogu sakam lubenici i dinji
------------- ~Live the life you love, love the life you live~
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 03.Март.2009 во 16:59
lotus flower напиша:
mnogu sakam lubenici i dinji
|
И јас........
------------- МИР со сите
|
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 06.Март.2009 во 19:11
polzavce напиша:
lotus flower напиша:
mnogu sakam lubenici i dinji
|
И јас........ |
E i jas
------------- Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 18:27
лубеницата може да биде сервирана на многу чуден начин..... доколку падне во раце на уметник на трапезата ќе биде баш вака....
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 18:29
или вака....
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 18:29
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 00:10
http://www.mojnet.com/korisnik/mjesec/slika/slika-119811/119811">
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 14:02
• Во Тајланд и Индија лубеницата се меша со кари и се добива комплетно невообичаен вкус за нашиот македонски вкус;
• Во Мексико парче лубеница се прска со сол од лимета и чили наречен тахин, со кој се зајакнува слаткоста на овошјето;
• Во Италија врз лубеницата налеваат оцет балсамико и ја служат како
предјадење. Исто така, парче лубеница го обвиткуваат со италијанска
шунка како уште еден обид за слатко-солено јадење;
• Во Украина подготвуваат скиселена кора од лубеница. А знаат да
направат и густ сируп од лубеница кој се поросува врз палачинки или
сладолед;
• Во Намибија сокот од лубеница се ферментира и од него се добива вино и пиво;
• Во Мексико го прават и познатиот пијалок „Acqua Fresca de Sandia“
– ладна комбинација од лубеница, сок од лимета, шеќер и вода. .............
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Јули.2010 во 15:41
Лубеницата природно спакуван сок
Постои дилема кај народот - дали лубеницата е зеленчук или овошје, дали е тешка за стомакот и дали смеат да ја јадат дијабетичарите? Лубеницата навистина е зеленчук, но се користи како овошје. Навистина содржи многу вода, околу 90 отсто, некогаш помалку, некогаш повеќе, што зависи од количеството шеќер што го има од 8 до 12 отсто, во делот што се јаде, без кората и семките. Покрај водата и шеќерот, се друго содржи во траги, помалку од 1 отсто белковини и влакна. Тоа, практично, би бил природно спакуван сок. Иако лубеницата е црвенкаста и значи дека има каротин, тоа е во многу мали количества и нема некое дејство. Лековитото дејство на лубениците се гледа во плакнењето на бубрезите и бешиката. Добри се за освежување и за чистење на организмот - овозможува подобро растворање и излачување на токсините.
СОВЕТ
Лубеницата дејствува смирувачки, ги ублажува тешкотиите во варењето и добро им годи на оние кои имаат чир во желудникот. Во овие случаи има речиси исто лековито дејство како и грозјето. И покрај извонредното дејство на организмот, се смета дека е подобро лубеницата да се јаде повеќе пати но по малку, отколку одеднаш да се внесе поголемо количество. Максималното количество е 500 - 600 грама по оброк. Овој зеленчук не им годи на дијабетичарите, а треба да го избегнуваат и срцевите болни на кои им е забрането земање на поголеми количества течност. Разладените лубеници може да бидат штетни за лицата кои имаат чувствително грло.
Слатко од лубеници
За слатко се избира посебен вид на лубеница која има подебело бело месо (може и обична - дебелокорка). Средината и кората се отстрануваат, а белото месо се сече на коцки кои се ставаат во варова вода да отстојат преку ноќ. Утредента се ставаат во чиста вода, па отстојуваат уште еден ден, со менување на водата на два-три пати. Потоа, коцките се ставаат неколку пати во вода да зовријат. Добро се цедат и се боцкаат со игла. Во сируп од еден килограм шеќер проварен во 250 милилитри вода се варат околу еден килограм исчистени коцки од 15 до 20 минути, со постојано вадење на пената. При крај на варењето, се става сок од лимон и ванилин шеќер и тенџерето се вади од рингла. Откако слаткото ќе се излади, се сипа во тегли.
-------------
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 29.Јули.2010 во 16:09
znaci obozavam lubenica a i dinja ...i letno vreme jadam mnogu cestommmmmm
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 31.Јули.2010 во 19:38
Jadev i jadev i jadev http://blackangel84.files.wordpress.com/2010/03/watermelon.jpg">
-------------
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 19:09
Научниците откриле дека состојките на лубеницата, аминокиселината цитрулин, влијае врз крвните садови, а релаксира и дејствува на сличен начин како и малата сина таблета за помош при постигнување и одржување ерекција
СОСТАВ
Лубеницата содржи најмногу вода.
Јаглеродните хидрати го има во значајна мера (10%), додека белковини (0,7%), масти (0,15%) и диететски влакна (0,4%).
Од витамините се присутни оние од Б група, витамин Ц, ПП и каротен. Најзастапени минерали се калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо и цинк.
НИСКА КАЛОРИЧНА ВРЕДНОСТ
Во 100 г лубеница има само 30 калории.
Веројатно, најинтересното истражување врзано за ефектите на лубеницата врз човековото здравје е тоа што лубеницата може да дејствува врз мажите како вијагра. Научниците открија дека состојките на лубеницата, аминокиселината цитрулин, влијае на крвните садови, а релаксира и дејствува на сличен начин како и малата сина таблета за помош при постигнување и одржување ерекција. До претходната година се сметаше дека главниот дел од цитрулинот се наоѓа во кората на лубеницата, меѓутоа, истражувањата покажаа дека цитрулинот го има во големи количини и во делот што се јаде. Меѓутоа, не е познато колкава доза на цитрулин е потребно, односно колкава количина лубеница треба да се изеде за да проработи половата моќ.
Корисна за срцето и за имунолошкиот систем
Освен што може да го подобри сексуалниот живот, лубеницата е корисна и за срцето и имунолошкиот систем. Исто така, добредојдениот ефект на лубеницата врз срцето се темели на активностите на аминокиселината цитрулин, што е докажано на истражувањата објавена во 2007 година во магазинот „Нутришн“. По три недели редовно пиење сок од лубеница, кај испитаниците е измерено 22 % повисоко ниво на аргинин. Од аминокиселината аргинин настанува азотен оксид, за кој е познато дека го намалува крвниот притисок, го спречува згрутчувањето на крвта и штити од инфаркти и мозочни удари. Претходните студии покажаа дека високите орални дози на аргинин предизвикуваат гадење и мачнини во стомакот, кои не претставуваат несакани ефекти од консумирање сок од лубеница, знаејќи дека нејзиниот сок не содржи аргинин, туку од аминокиселина цитрулин, која е предвесник за синтеза на аргинин.
Нутритивни својства
Лубеницата поседува висока нутритивна густина, не го оптоварува телото со непотребни калории (во 100 грама содржи дури 30 калории), а истовремено го снабдува организмот со неколку важни хранливи состојки. Одличен извор е на витамин Ц, како и витамини А, Б1 и Б6, како и калциум и магнезиум.
Истражувањата покажуваат дека лубеницата може да стане уште похранлива доколку се прска со калиум во текот на одгледувањето. Прскањето со калиум кај лубеницата и кај дињата за време на растот ја зголемува нивната слаткост, пропорцијата на калиум, витамин Ц и А-каротин.
Лековитост Лубеницата не е само вкусно освежување за долгите жешки летни денови. Според резултатите од научните истражувања, лубеницата има активна супстанција, која ги ублажува воспалените делови и може да помогне во спречувањето на астма, атеросклероза, шеќерна болест, дебелото црево и артритис. ..........
-------------
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 03.Јули.2015 во 16:49
Слатко од кора од лубеница
Најпрво, одберете лубеница со дебела кора. Се користи само белиот дел од кората, излупен од горната зелена цврста кора. Потоа се сецка на ситни коцки кои се натопуваат во ладна вода во која се додава оцетот. Се остава така да стои цел ден. После тоа, водата се процедува и се налева ладна вода во која слаткото се вари 5 мин. Се истура водата и повторно се налева ладна вода. Се остава да врие 5 мин, па се цеди. Постапката така се повторува уште 5 пати. На крај, парчињата лубеница се ставаат во сирупот од шеќер и вода, сварен густо, во кој има и исцеден сок од лимоните. Слаткото се вари додека се добие потребната густина, се отпенува и се покрива со натопена и добро исцедена платнена салвета. Така спремено се остава да преноќи. Утредента се полнат тегли, предходно стерилизирани во рерна на 100С. Во оладените тегли се полни, слаткото и се затвора со капачиња или со целофан натопен во алкохол и се стега со гумичка. Слаткото е многу вкусно, а особено добар шмек му дава доколку го послужите со издробени ореви.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 06.Февруари.2018 во 02:58
|