Марија Селеста (Mary Celeste)
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8199
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 14:13 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Марија Селеста (Mary Celeste)
Постирано од: Isis
Наслов: Марија Селеста (Mary Celeste)
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 12:21
Марија Селеста е брод направен во 1861 год, во Нова Шкотска.На 7 Октомври 1872 натоварен со алкохол и со дестет член екипаж испловил од Стејтен Ајленд , Њу Јорк кон Џенова Италија. На 4 декември 1872 бродот Марија сСелеста е забележен од друг брод DEI GRATIA и екипажот на овој брод забележал дека Марија Селеста се движи кон Гибралтар но дека застранува од к*рсот, т.е не се движи нормално. Пратиле мало бротче со нивен екипаж да доплови до Марија Селеста да видат што се случува... На бродот Марија Селеста немало никој, на масата стоел недојаден појадок, три шолји со чај, нити биле спуштани чамци за спасувања, алиштата кои биле испрани биле обесени да се сушат, мачката која била споственост на една од жените од екипажот спиела, а немало никој , ни трага ни глас од десетчлениот екипажна Марија Селеста.
|
Коментари:
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 01.Јули.2007 во 07:50
imav jas vakva kniga, "Najveci duhovi i sablasti sveta" interesni raboti
|
Постирано од: Schumacher
Датум на внесување: 01.Јули.2007 во 10:53
интересно. има некој бучк*руши направено капетанот
-------------
|
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 02.Јули.2007 во 13:43
Јас ја имам книгата Најголемите мистерии на светот, и таму има за овој брод напишано.. Ај кога нема да ме мрзи ќе постирам тука се што таму пишува во самата книга...
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 02.Јули.2007 во 14:00
БРОДОТ МАРИЈА СЕЛЕСТА
-------------
|
Постирано од: Ani4ka_xxxxxxxx
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 20:52
interesno interesno! bas me interewsira shto se slu4ilo so lugeto hmm.. da ne dozna neshto vo vrska so ova??
------------- St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...
|
Постирано од: Предраг
Датум на внесување: 09.Јули.2009 во 18:45
Сум слушнал за ова...
------------- http://www.userbars.be">
|
Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 01.Август.2009 во 16:38
Никогаш не сум слушнал за овој брод и за оваа случка
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 22.Јануари.2010 во 13:18
Pred nekoja den ja citav knigata najgolemite svetski misterii. Mnogu luge niz vremeto se obiduvale da dadat objasnuvanje za isceznuvanjeto na lugeto od brodot Mary Celeste no za zal nikoj ne uspeal vo toa. Brodot trgnal so nekolku luge ekipaz megu koi bile i glavniot na brodot negovata zena i malata kerkicka. Za vreme na plovenjeto vodele i dnevnik, vo nego bilo zapisuvano kakvo e vremeto kako pominuvaat i sl. No dnevnikot ostanal nedopisan...a brodot ostanal prazen.. Eden den koga pominuval nekoj drug brod lugeto se zacudile koga videle deka Mary Celeste se dvizi a nikoj ne go upravuva, koga resile da se kacat na nego imalo sto da vidat.Se bilo namesteno, jadenjeto postaveno na masa, alistata vo sobite zdipleni, se bilo pod konec samo lugeto gi nemalo..Naj prvo pomislile deka moze se raboti za grabez no vednas primetile deka na brodot nisto ne fali. Zacudeni lugeto resile da pocekaat deka mozebi nekoj ke se vrati na brodot no za zal ne se vratil nikoj od ekipazot. Kako pominuvalo vremeto site ocekuvale deka ke se pojavi nekoj i ke kaze sto se slucilo i deka site se zivi no i toa ne se slucilo..Isceznuvanjeto na brodot ostanalo misterija za koja postojat mnogu varijanti koj za zal ne se potkrepeni..
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 22.Јануари.2010 во 17:31
Језиво ми е ова. Пред некое време на Нешнал Географик даваа документарец. Али нема нешто којзнае какви информации. Само дека бродот кога го нашле, бил во совршена состојба
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Јануари.2010 во 19:45
Site sme slushnale za ovoj brod,no nikoj ne ja odgatna misterijata vo koja bil obvien,a tolku mnogu me interesira i mene....
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 23.Јануари.2010 во 13:53
pa nema ima nekolku varijanti, no vistinata nikoj ne uspeal da ja dokaze iako na ovoj slucaj rabotele mnogu istrazuvaci.
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 24.Јануари.2010 во 01:44
баш ме заинтригира оваа мистерија... хммм што ли може да им се случило??
а member_profile.asp?PF=19394&FID=44 - MyWay викаш дека има неколку варијанти, можеш поконкретно да кажеш некоја, иако не е научно докажана???
плс за мене, многу ме интересира...
-------------
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 13:56
Spored edni istrazuvaci se smeta deka site gi fatila morska bolest i umrele tamu, spored druga varijanta deka vlegle da plivaat vo moreto nadosle ajkuli i gi izele site,pa drugite sakajki da gi spasat zaginale i tie, spored druga deka dosle gusari i gi grabnale........... no sepak nema nitu eden prezivean da potvrdi tocno sto se slucilo...
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 18:39
Еве еден нов податок за едиствениот преживеан и непријавен патник на бродот......
Истрагата завршила отстапувајќи им го местото на најфантастични претпоставки. Екипажот на „Мери Целеста“ го заробиле гусари, ги одвлекла огромна сипа, преминале на леден брег што пловел низ морето, се разболеле од жолта треска, капетанот полудел, и уште многу други слични претпоставки. Најнеобичното објаснување на мистеријата било понудено 40 години подоцна, во 1913 година. Хауард Линфорд, управник на училиште во Хемпстед, Лондон, тврдел дека открил еден ракопис меѓу работите што му ги оставил на стариот школски служител додека лежел на смртната постела. Служителот бил човек што патувал многу и се викал Ејбел Фосдик. Во ракописот било запишано дека тој бил единствениот непријавен патник на „Мери Целеста“ – и единствениот преживеан во трагедијата што им се случила. Фосдик пишувал дека капетан Бригз во текот на пловидбата ја нашол својата мала ќерка како невнимателно си игра на косата катарка на бродот – греда што стрчи од носот на едреникот. Му наредил на бродскиот дрводелец да и направи површина за играње од стол свртен наопаку. Додека го правел тоа, дрводелецот засекол длабоко во дрвото од двете страни на носот – тие мистериозни белези подоцна биле пронајдени на „Мери Целеста“. Еден ден, кога морето било мирно и без ветар, капетан Бригз имал расправија со својот прв офицер околу тоа колку долго човек би можел да плива во костим и ексцентричниот капетан скокнал преку оградата за да го докаже тоа. Сите дурги побрзале на импровизираната платформа за да ја видат одблизу необичната глетка, но гредата попуштиле и тие паднале во морето. Набргу се појавиле ајкули и ги изеле сите освен Фосдик кој останал залепен за остатоците од платформата се додека брановите не го исфрлиле на африканскиот брег. Приказната ја запалила фантазијата на читателите ширум светот, но подоцна била отфрлена како измислена. Така мистеријата за тоа што се случило со екипажот на „Мери Целеста“ останала до денес. А што се случило на бродот?
Кога „Мери Целеста“ била ослободена од истражниот судија во Гибралтар, морнарите одбивале да служат на тој брод тврдејќи дека е проколнат. Во следните 11 години бродот сменил 17 сопственици, се додека во 1884 година не го купила група деловни луѓе од Бостон. Тие одново го осигуриле бродот и го пратиле на пат за Хаити. Таму, на убаво и мирно море, капетанот налетал на корален гребен и заринкал. Планираната измама со осигурувањето била откриена, а сопствениците и капетанот биле изведени на суд. Во меѓувреме, стариот дрвен труп на „Мери Целеста“, заборавен од сите, гниел на далечниот карипски гребен.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: bingo
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 18:43
renatax напиша:
Еве еден нов податок за едиствениот преживеан и непријавен патник на бродот......
Истрагата завршила отстапувајќи им го местото на најфантастични претпоставки. Екипажот на „Мери Целеста“ го заробиле гусари, ги одвлекла огромна сипа, преминале на леден брег што пловел низ морето, се разболеле од жолта треска, капетанот полудел, и уште многу други слични претпоставки. Најнеобичното објаснување на мистеријата било понудено 40 години подоцна, во 1913 година. Хауард Линфорд, управник на училиште во Хемпстед, Лондон, тврдел дека открил еден ракопис меѓу работите што му ги оставил на стариот школски служител додека лежел на смртната постела. Служителот бил човек што патувал многу и се викал Ејбел Фосдик. Во ракописот било запишано дека тој бил единствениот непријавен патник на „Мери Целеста“ – и единствениот преживеан во трагедијата што им се случила. Фосдик пишувал дека капетан Бригз во текот на пловидбата ја нашол својата мала ќерка како невнимателно си игра на косата катарка на бродот – греда што стрчи од носот на едреникот. Му наредил на бродскиот дрводелец да и направи површина за играње од стол свртен наопаку. Додека го правел тоа, дрводелецот засекол длабоко во дрвото од двете страни на носот – тие мистериозни белези подоцна биле пронајдени на „Мери Целеста“. Еден ден, кога морето било мирно и без ветар, капетан Бригз имал расправија со својот прв офицер околу тоа колку долго човек би можел да плива во костим и ексцентричниот капетан скокнал преку оградата за да го докаже тоа. Сите дурги побрзале на импровизираната платформа за да ја видат одблизу необичната глетка, но гредата попуштиле и тие паднале во морето. Набргу се појавиле ајкули и ги изеле сите освен Фосдик кој останал залепен за остатоците од платформата се додека брановите не го исфрлиле на африканскиот брег. Приказната ја запалила фантазијата на читателите ширум светот, но подоцна била отфрлена како измислена. Така мистеријата за тоа што се случило со екипажот на „Мери Целеста“ останала до денес. А што се случило на бродот? Кога „Мери Целеста“ била ослободена од истражниот судија во Гибралтар, морнарите одбивале да служат на тој брод тврдејќи дека е проколнат. Во следните 11 години бродот сменил 17 сопственици, се додека во 1884 година не го купила група деловни луѓе од Бостон. Тие одново го осигуриле бродот и го пратиле на пат за Хаити. Таму, на убаво и мирно море, капетанот налетал на корален гребен и заринкал. Планираната измама со осигурувањето била откриена, а сопствениците и капетанот биле изведени на суд. Во меѓувреме, стариот дрвен труп на „Мери Целеста“, заборавен од сите, гниел на далечниот карипски гребен. |
фала интересно
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 18:47
Ахх тие мистерии нерешени ....толку многу ме поттикнуваат да размислувам и замислувам
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: bingo
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 18:49
renatax напиша:
Ахх тие мистерии нерешени ....толку многу ме поттикнуваат да размислувам и замислувам |
јас сакам да читам ти само пишувај
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 19:02
Постирано од: bingo
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 19:03
те молам не ме терај не сум таков и подобро ми е вака те молам
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 19:08
Ок,ок...јас ќе постирам ,а ти само читај си
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: bingo
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 19:10
renatax напиша:
Ок,ок...јас ќе постирам ,а ти само читај си |
фала срцка си
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 19:17
Како исчезнал без трага неговиот екипаж?
Имало нешто необично на едреникот со две катарки што се нишал на морската шир на Атлантик. Нешто не било во ред, но не било лесно веднаш да се утврди што. Екипажот од палубата на бригантинот „Деи Грација“ го набљудувал чудното пловење на мистериозниот брод уште кога се појавил како точка на сивиот хоризонт. „Деи Грација“ упорно го следела, се додека вечерта капетан Дејвид Морхауз не одредил паралелен к*рс за да го разгледа малку подобро со својот дурбин таинствениот брод. Чудниот брод би бригантин со четвртести едра како нивниот, но имал само два комплета. Другите едра биле собрани или виселе во партали. Бродот пловел на слабиот ветер кривулејќи лево-десно, небаре кормиларот е пијан. Морхауз набргу сфатил зошто бродот не плови право и лесно. Додека „Деи Грација“ се приближувала, забележал дека кај кормилото нема никој... ниту на палубата... всушност, на бродот немало никаков знак на живот... Морхауз дал сигнал, но од проколнатиот странец немало одговор. Наредил да се спушти чамец и тројца луѓе почнале да веслаат накај бродот. Додека се приближувале, тие викале: „Ало, едреник, ало, едреник!“ Немало одговор. Дошле со својот чамец до крмата на бродот на која било напишано неговото име: „Мери Целеста“, Њујорк.
Последен пат „Мери Целеста“ била видена еден месец пред тоа, кога на 4 ноември 1872 година испловила од Њујорк на пат за Џенова, носејќи товар од 1.700 буриња непреработен алкохол. На бродот се качиле и 37-годишниот американски заповедник, капетан Бенџамин Спунер Бригз, и неговиот прв офицер Алберт Ричардсон со седумчлен екипаж. На бродот се наоѓале и сопругата на капетанот, Сара, и нивната двегодишна ќерка Софија. Бригз, чесен, набожен, брадест маж, прв пат пловел на „Мери Целеста“. Пред тоа бил заповедник на шкуни и на помали бродови, па затоа веднаш прифатил да командува на „Мери Целеста“ кога конзорциумот на сопствениците му понудил една третина од акциите на бродот. Првобитно тој брод се викал „Амазон“, но сопствениците му го смениле името и ги извршиле неопходните поправки пред да го пратат преку Атлантик.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: bingo
Датум на внесување: 29.Јануари.2010 во 19:20
renatax напиша:
Како исчезнал без трага неговиот екипаж?Имало нешто необично на едреникот со две катарки што се нишал на морската шир на Атлантик. Нешто не било во ред, но не било лесно веднаш да се утврди што. Екипажот од палубата на бригантинот „Деи Грација“ го набљудувал чудното пловење на мистериозниот брод уште кога се појавил како точка на сивиот хоризонт. „Деи Грација“ упорно го следела, се додека вечерта капетан Дејвид Морхауз не одредил паралелен к*рс за да го разгледа малку подобро со својот дурбин таинствениот брод. Чудниот брод би бригантин со четвртести едра како нивниот, но имал само два комплета. Другите едра биле собрани или виселе во партали. Бродот пловел на слабиот ветер кривулејќи лево-десно, небаре кормиларот е пијан. Морхауз набргу сфатил зошто бродот не плови право и лесно. Додека „Деи Грација“ се приближувала, забележал дека кај кормилото нема никој... ниту на палубата... всушност, на бродот немало никаков знак на живот... Морхауз дал сигнал, но од проколнатиот странец немало одговор. Наредил да се спушти чамец и тројца луѓе почнале да веслаат накај бродот. Додека се приближувале, тие викале: „Ало, едреник, ало, едреник!“ Немало одговор. Дошле со својот чамец до крмата на бродот на која било напишано неговото име: „Мери Целеста“, Њујорк. Последен пат „Мери Целеста“ била видена еден месец пред тоа, кога на 4 ноември 1872 година испловила од Њујорк на пат за Џенова, носејќи товар од 1.700 буриња непреработен алкохол. На бродот се качиле и 37-годишниот американски заповедник, капетан Бенџамин Спунер Бригз, и неговиот прв офицер Алберт Ричардсон со седумчлен екипаж. На бродот се наоѓале и сопругата на капетанот, Сара, и нивната двегодишна ќерка Софија. Бригз, чесен, набожен, брадест маж, прв пат пловел на „Мери Целеста“. Пред тоа бил заповедник на шкуни и на помали бродови, па затоа веднаш прифатил да командува на „Мери Целеста“ кога конзорциумот на сопствениците му понудил една третина од акциите на бродот. Првобитно тој брод се викал „Амазон“, но сопствениците му го смениле името и ги извршиле неопходните поправки пред да го пратат преку Атлантик. |
не е чудно што исчезнал види каков брод бил
|
Постирано од: Lyn
Датум на внесување: 16.Јануари.2013 во 02:13
не е ова баш мистерија,повеќе преувеличување
http://www.maryceleste.net/part1.htm http://http://www.maryceleste.net/part1.htm" rel="nofollow - http://www.maryceleste.net/part1.htm
|
|