Испечати | Затвори го прозорот

Која боја

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8122
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 01:12
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Која боја
Постирано од: ВисокНапон
Наслов: Која боја
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 22:56
e najodvratna za avtomobil?

po moe e crvenaDeadDead


-------------



Коментари:
Постирано од: Schumacher
Датум на внесување: 03.Јули.2007 во 09:01
зависи за кој автомобил.
за мерцедес Црна
За ферари црвена
За накој спортски мерцедес сива...


-------------


Постирано од: seka
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 19:58
nesto interesno sto procitav ololu biranjeto na bojata od vasata kola... pa eve vi procitaj te sami голема%20насмевка
 
Prezemeno od http://koli.com.mk/ - http://koli.com.mk
 

http://www.koli.com.mk/novosti/zanimlivosti_113.html -  

Ако мислевте дека вашиот автомобил кажува нешто за вас само заради тоа што на него поставивте десетина килограми од „аеродинамична пластика“, монтиравте „bling-blinkg“ 18 инчни фелни и му додадовте некоја страшна свирка со која ги тероризирате соседите, тогаш е време да размислите уште еднаш што можеби сте испуштиле. Намерата е да испаднете фаца ќе ви падне во вода, пример ако случајно сте решиле автомобилот да ви биде со таа боја, или барем така велат психолозите.

Сите оние кои сметаат дека не постои врска помеѓу бојата на автомобилот и личноста на неговиот сопственик треба да се сетат на либерализацијата на автоосигурувањето и најавата на осигурителните компании дека во блиска иднина како еден од критериумите за висината на премијата ќе биде токму бојата на автомобилот.

Различни меѓународни истражувања, имено, ни покажуваат дека возачите на автомобили со посветли бои, пример црвена и жолта се поагресивни зад управувач и со самото тоа посклони кон сообраќајни прекршоци. Друго истражува пак покажува дека возачите со потемни автомобили учествуваат во двојно повеќе сообраќајни несреќи од нивните колеги со автомобили со посветли нијанси. Се разбира, ова има врска и со видливоста на автомобилот при послабо светло, а не само со возачките квалитети.

Возачите на бели автомобили, според психолозите се – исклучително екстравертни, копнеат за внимание и со задоволство го покажуваат статусот во општеството.

Сепак, модерната психологија денес повеќе од секогаш бојата на автомобилот ја поврзува со карактерот на личноста, па така бојата на вашиот автомобил може да зборува за вас повеќе отколку што мислите.

Психолозите така сметаат дека црвената боја на автомобилот ќе ја изберат енергичните, амбициозните и нестрпливите личности кои сакаат да бидат во центарот на вниманието, брзо размислуваат и зборуваат и уште побрзо возат.

Црвената боја е синоним за секс, брзина, енергичност и динамичност.

Портокаловата боја укажува на енергичност, независност и натпреварувачки дух на возачот. Оваа боја претставува разумност, безвременост и едноставност. Сопствениците на жолти автомобили би требало да бидат полни со живот, оптимизам и желба за истражување. Жолтата се поврзува со интелигенција, топлина и удобност, па сопствениците сакаат да читаат, но и брзо возење.

Црната боја ја избираат доминантните, тврдоглави и дисциплинирани возачи склони кон класиката. Станува збор за бунтовници кои се често склони кон агресивно однесување и инциденти.

Зелените нијанси на автомобилот карактеризираат внимателна и повлечена личност, вредна за доверба. Љубителите на зелената боја исто така ги карактеризира склоноста кон хистерични испади. Сината боја кажува дека зад управувачот седи креативна личност склона кон аналитичко размислување која е смирена, верна и доверлива. Возачите на сини автомобили, според психолозите, се исклучително внимателни зад воланот, методични и несклони кон грешки.

Розовата боја на автомобилот најверојатно ќе ја изберат чувствителните личности со изразена интуиција. Возачите на розови автомобили се креативци и индивидуалисти – уметнички души.

Автомобил во сиви и сребрени нијанси возат смирени личности склони кон критикување на другите возачи. Станува збор за прагматични, практични и разумни и исклучително самосвесни возачи кои работата секогаш ја ставаат пред забавата. Крем бојата на автомобилот открива позитивно размислување на неговиот сопственик. Станува збор за личности склони кон едноставен начин на живот, на кои може да потпре човек. Возачите на крем автомобили се кул, релаксирани и забавни, за разлика од возачите на белите автомобили кои се, според психолозите – исклучително екстравертни, со желба за внимание и со задоволство го прикажуваат својот статус во општеството.

Се разбира, сите овие методи на проценување на луѓето според нивниот автомобил треба да се земат со доза на скептицизам. Пример, купувачите на половни автомобили секако им е поважен квалитетот на автомобилот од бојата, а женските купувачи најчесто при купување на нов автомобил ќе изберат боја која најмногу одговара на линиите на автомобилот.

Oпштоприфатено е дека поединечна боја е својствена на одреден профил на корисници. Така пример деловните луѓе најчесто возат автомобили со потемни бои, транспортните возила се со посветли нијанси, а спортските автомобили се со најчесто упадливи бои.

Исто така, не смееме да заборавиме дека постојат одредени трендови и бидејќи не постојат прецизни податоци за најпродавана боја на автомобил во Македонија, минатата година во светот, после неколку години доминација на сребрената, била белата, додека во првата половина од оваа година повторно наводно завладеала зелената!



Постирано од: rencio
Датум на внесување: 09.Јули.2008 во 18:49
siva i crna
sve se na crno vidi i naj manja fleka a na sivo pri pituravanja je tesko dobiti originalnu boju


Постирано од: Lady Blue
Датум на внесување: 19.Јули.2008 во 00:59
Sekoja kola ima boja koja i lezi i boja koja ne e za nea....iskreno kazano jas ne sakam beli ama sepak mozebi na nekoja i lezi pa bas so bela boja izgleda sovrseno среќа

-------------
I love life!!!


Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 19.Јули.2008 во 01:14
сива металик е мојана кола па супер си е


Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 20:52
Originally posted by Schumacher Schumacher напиша:

зависи за кој автомобил.
за мерцедес Црна

За ферари црвена

За накој спортски мерцедес сива...


МОЛАМ за Мерцедес ЦРНА најодвратна

-------------
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО


Постирано од: mamma
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 21:14
Znam,..deka sinata boja najslabo se prodava....neznam- zoshto

-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 21:17
jas licno smetam , koga stanuva zbor za mercedes , deka okerot e kako stvoren голема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 29.Јули.2008 во 14:04
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

jas licno smetam , koga stanuva zbor za mercedes , deka okerot e kako stvoren голема%20насмевка
не бе окер, онаа драп, крем боја како германските такси мерцедеси голема%20насмевка


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 29.Јули.2008 во 14:06
инаку мислам дека за кола е најружна било каква од оние candy металик бои, бљак, ги разнежнува некако и пара очи

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Tiger
Датум на внесување: 31.Јули.2008 во 21:58
бледо жолта боја е најодвратна за било кој автомобил...кога ке видам автомобил со таква боја одма ми се одмилуе па каква и да е марка...

-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 01.Август.2008 во 20:50
нека%20ти%20е%20срам


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: oroz
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 03:23
zatemneti stakla imas i kolku cinat


Постирано од: CRESA
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 09:46
BOJA NA KOLA ZA MENE SAMO CRNA!!!


Постирано од: scorpius
Датум на внесување: 24.Септември.2008 во 22:28
сива металик
и коj се качи на Ауди, за него веке не постои друга кола


Постирано од: Ergele
Датум на внесување: 08.Ноември.2008 во 13:25
Zolta normalno....


Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 13:04
дреч зелена болен

-------------


Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 13:05
Originally posted by Ergele Ergele напиша:

Zolta normalno....

види го Seat Leon Cupra и преиспитај си го мислењетонамигнување


-------------


Постирано од: doriangray
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 13:54

Некоја убава нијанса на зелена.


-------------
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change.
And if you're talking about my life you're only wasting your own time!


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 16:42
Zolta samo na Chevrolet Camaro i skoda 105 drugo zaebi Naj uba mi e Zelena na Scirocco, srebrena na CLS i bez kremova metalik na skoda fabia. Drugo seto e poniska klasa aaaaa , i da , najgrozna boja mi e portokalova na chevrolet spark( ko koroziran deluva )


Постирано од: bobi_93
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 17:41
bela

-------------


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 19:55
Originally posted by bobi_93 bobi_93 напиша:

bela
najuba ili najneuba? Mene mi e ena od pogrdite, ama nemam pari da go prefarbam opelot ko so sakam pa ke mora takva da ja vozam



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk