Испечати | Затвори го прозорот

HOT RODS

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8104
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 17:59
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: HOT RODS
Постирано од: NRGMKD
Наслов: HOT RODS
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 02:49
Дали некој од вас некогаш чул за Хот Род?!?!?

Ако не еве накусо јас ќе дадам мало појаснување.

Имено Хот Род е верзија на веќе постоечки автомобил, од минатото (се подразбира автомобил од 1920 до 1970 година произведен), кој целосно или делумно се реставрира и се рестилизира, со цел да добие што поспортски изглед а сепак да не го изгуби оној стар изглед од кога бил произведен. Хот Род Кустом мејкингот започнал уште во раните 50-ти години, во Америка, кога двајца другари решиле да го преправат стариот автомобил на дедото на едниот од нив. Така тие му го смениле малку изгледот, му го скратиле растојанието од подот до земјата, му додале поагресивни спојлери напред и назад. Му додале фелни, пошироки гуми, му го смениле тапацирунгот, и мо го фризирале моторот. По претставувањето на изменетиот автомобил, тие добиле многу критики, како позитивни од големиот број на обожаватели на стари возила, заради агресивниот изглед, убавите бои и појачаниот мотор, исто така и многу негативни од многу ретро носталгичари, заради уништувањето на класичниот историски изглед на автомобилот. Набргу овој стил на преправање на автомобили почнале да го прават многу луѓе низ цела Америка. Денеска има безброј Хот Род работилници низ цела Америка, како и низ Европа и другите континенти. Моментално најпозната Хот Род Кастмајзинг работилница, е на светски познатиот Бојд Кодингтон во Јужна Калифорнија. Некои од најдобрите кастамизирани возила се излезени токму од оваа работилница. Клик тука за линк
http://www.boydcoddington.com - http://www.boydcoddington.com
Оваа тренд култура за преправање т.е рестилизирање се повеќе го зафаќа светот. Во Америка и низ целиот свет се одржуваат безброј натпреварувања, со овие Хот Род автомобили, на кои што главните оценки се добиваат, за квалитетот на изработката на каросеријата, квалитетот на изработката на ентериерот, квалитетот на изгледот и перформансите на моторот, кввалитетот и изгледот на целото подвозје на автомобилот. Возилото кое ќе собере највисоки оценки во сите тие категории се прогласува за Хот Род на годината, а креаторот на Хот Род Крал на годината.
За подобро да се запознаете со процесот на правење на Хот Род возилата, гледајте на Discovery Channel, секој ден од 18.00 часот преку недела, и од 19.00 преку викенди.



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.



Коментари:
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 02:54


Колку за појаснување, како изгледа еден Хот Род автомобил.



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 02:57



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 03:04



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 03:23
А ова мора да го видите :

Станува збор за целосно направен алуминиумски автомобил, по примерот на Ford Phaeton Coupe 1929.
Целата шасија, каросерија, подвозје, суспензија и некои делови од моторот се направени од алуминиум. Значи ова не е Кастмазиран автомобил, туку целосно нов, кој е продаден на аукција за 167.000 долари.






-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 03:26
Еве уште некоја слика од него да го видите.




-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 03:34
И на крај Шлагот на тортата :

1936 Delahaye

Рачно направен автомобил од Boyd Coddington, со безброј додатоци, и цена од само 540 000 долари.
Евтино нели????
WinkWink

линк:

http://www.hotrods2die4.com/cars/1936_Delahaye_Boyd_Coddington/index.htm - http://www.hotrods2die4.com/cars/1936_Delahaye_Boyd_Coddington/index.htm
 




-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: Schumacher
Датум на внесување: 03.Јули.2007 во 09:05
не се лоши коливе. Ќе си купам една за понатаму.LOLLOLLOL

-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 20:05
hotrodovite se zakon osobeno tie od kaj bojd

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Carpathian Lord
Датум на внесување: 26.Септември.2007 во 01:06
Boyd sux премногу кич ми се...убави за око..ама тоа не е целта на Hot Rod-ингот..




Со други зборови...

OLD SCHOOL BABY!


-------------
OBEY THE LORD!


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 27.Септември.2007 во 17:13
Ок.
Тоа си е твое мислење.
Јас мислам дека сепак тоа што го прави е за огромна почит. Сепак да направиш автомобил од 0, како Алуматубот, значи нешто.
Old School викаш а? ОК се не викам не.



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 27.Септември.2007 во 17:16



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 27.Септември.2007 во 17:19



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 27.Септември.2007 во 17:21



-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: astralopitekus
Датум на внесување: 04.Октомври.2007 во 20:54
според мене ..не ме тепајте одма..
јас мислам дека ова хот род ми е уништување на една кола мислам зашто таа да не се реставрира како што бил оригиналот туко се додаваат некој кичерајски елементи .
ТИПИЧНО АМЕРИКАНСКА РАБОТА..


-------------
__карев__


Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 06.Октомври.2007 во 16:20
Факт е дека TUNNING - от CUSTOMIZING - от се произлезени од Америка. Сепак и ова е една уметност. На нешто што е старо и по дизајн и по карактеристики, да му вметнеш најнова технологија, тоа е веќе нешто. Наједноставно речено, квалитетот на старите возила комбинирано со технологијата на денешницива, дава ненормално добар производ.
Но сепак ќе кажам, секој со свое убедување и по свој вкус....

п.с Никој никого не тепа тука, уживај си. намигнувањенамигнување
 

-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.


Постирано од: connected
Датум на внесување: 07.Октомври.2007 во 11:27
mnogu pati go imam gledano na Discovery, steta sto veke ja nema taa emisija. sekoja cest za nego i negovata ekipa, covekot za mene e prav umetnik среќа

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk