ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НАС КОГА ГРЕШИМЕ?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7564
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 11:18 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НАС КОГА ГРЕШИМЕ?
Постирано од: Isis
Наслов: ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НАС КОГА ГРЕШИМЕ?
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 12:54
ГРЕВОТ ЗАСЛЕПУВА ‘‘ Но на таквите Сатаната богот на овој зол свет, им го заслепува разумот и тие не можат да го видат прекрасниот сјај на радосната вест што ни доаша од преславниот Христос, Кој, како слика. точно Го одразува самиот Бог.‘‘ (2Кор.4:4)
ГРЕВОТ РАЗДЕЛУВА ‘‘ Затоа ви велам и ве обврзувам пред Господ: не треба веќе да живеете онака како што живеат луѓето кои не знаат за Господ,водени од нивните празни умови.Нивните умови се помрачени.Тие се отуѓени од животот што доаѓа од Бог, затоа што не го разбираат тоа, а не го разбираат бидејќи срцата им се закоравени‘‘ (Ефес 4:17-18)
‘‘ ...туку вашите беззаконија создадоа разделба, меѓу вас и вашиот Бог.Вашите гревови со сокрија Неговото лице и Тој веќе не ве слуша.‘‘ (Исаија 59:2)
Гревот е причина што Бог ни се чини толку далечен.Тој е чист и свет.Тој го мрази гревот.Тој не може и нема да погледне во грешниците.Гревот го блокира патот до Него.ГрЕВОТ НЕ ОТСЕКУВА ОД БОГА ВО ОВОЈ И ВО ЖИВОТОТ ШТО ЌЕ ДОЈДЕ. БИДЕТЕ СОСЕМ СИГУРНИ ВО СЛЕДНОВО-ПЕКОЛОТ Е БЕЗМИЛОСНА И ЗАСТРАШУВАЧКА РЕАЛНОСТ ЗА СИТЕ КОИ ГО ОТФРЛААТ ИСУС ХРИСТОС ВО СВОЈОТ ЖИВОТ.
ГРЕВОТ ГО ОСАКАТУВА ЧУВСТВОТО ЗА ДОБРО И ЛОШО
‘‘ За оној што е во срцето чист, се е чисто. За оној чија совест е нечиста за нив ништо не е чисто.‘‘ (Тит 1 :15)
СОВЕСТА НА ЧОВЕК НЕВЕРНИК НЕ Е НЕШТО НА КОЕ ШТО МОЖЕМЕ ДА СЕ ПОТПРЕМЕ, БИДЕЈКИ ТА Е ОСАКАТЕНА И ОПОГАНЕТА. Неверникот може да чувствува дека неговата совест е будна, остра и и справна, но Бог вели дека таа е опоганета и осакатена.Со совест која е опоганета и осакатена може да се биде убеден дека исправното е погрешно-а погрешното исправно.
ГРЕВОТ ЈА ОСАКАТУВА ВОЛЈАТА
Падот на човкот резултирал во осакатување на неговата волја и во нејзино користење во погрешна насока.Библијата ни вели ‘‘Сите застранивме како овци, и секој одеше по својот пат.‘‘ Волјата на непокајаниот човек е тврдоглава, бунтовна и непокорна.
ГРЕВОТ СЕ ШИРИ
Гревот е како плевел во градина-ако не се искорне ке ја преплави цела градина.Мали дела на нечесност и непокорност наскоро стануваат навики кои не можеме да ги промениме. Библијата вели ‘‘Зар не знаете дека на оној на кого ќе му се понудите да му се потчините и да му робувате, негови робови и ќе станете? Можете да му робувате на гревот, а тоа ве води во смрт, или да Му бидете послушни на Бог и да се здобиете со праведност.‘‘ ( Рим.6:16) Едно лажење го отвора патот да се биде роб на лагата.Дозволувањето на умот да има нечесни и страсни мисли води кон тоа страста да го контролира умот.
ГРЕВОТ ГО ЛУТИ БОГА ‘‘Бог го излева својот гнев од небото против сите безбожни и неправедни луѓе, што ја отфрлаат вистината.‘‘ ( Рим 1 :18) ‘‘ Бог е праведен Судија, Бог, Кој Својот гнев секојдневно го искажува‘‘ (Псалм 7:11)
|
Коментари:
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:04
интересна работа е што ниедна религија не се бави со решавање на проблемот на гревот/злото толку длабоко и суштински како христијанството...
-------------
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:07
a naj naj pravoslavieto...
smeam da spamiram eden post?
aj ako pak mislat moderatorite deka ne mu e mesto tuka neka go brishat
a mislam deka e mnogu dushepolezen
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:08
Ефектот на гревот врз сите нас
- Гревот резултира со смрт (Римјаните 6:23)
- Гревот резултира во осуда (Jovan 3:18)
- Гревот резултира во уништување (Матеј 25 :46)
- Гревот води во вечен оган (Јуда 7)
- Гревот води во Огненото Езеро и во втората смрт (Откровение 20:14)
Гревот во основа е суштински погрешен однос спрема Бога
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:09
belichka напиша:
a naj naj pravoslavieto...
smeam da spamiram eden post?
|
не ама дај линк
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:09
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:12
ај не ја почнувајте пак таа дискусија, бар не на оваа тема...
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:16
Во Еденската градина Адам имал блиско општење со Бог.Тоа бил Рај! Потоа човекот згрешил. Бог рекол ‘‘ Јади слободно од секое дрво во градината, но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото!Во денот кога јадеш од него, навистина ке умреш‘‘ (1 Мојсеева 2:6-17)
Дали Адам навистина умрел? Секако во смисла на неговиот однос спрема Бог. Дружењето престана, а општењето се прекина. Секој од нас се раѓа без блиска врска со Бога.
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:18
аџија напиша:
ај не ја почнувајте пак таа дискусија, бар не на оваа тема...
| секако, ова е ПОСЕБНА ТЕМА, ама неможе некој што од старт прави грев да вели дека се бавел темелно со решавање на грев. Тоа ти е како слеп да те учи да гледаш
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:21
Taktikata koja demonot ja sporoveduva protiv pravoslavnite hristijani, ako celosno ja ostvari predviduva dve etapi:
Prvata e da ne natera da napravime grev, takov sto tesko se nosi, a uste potesko se ispoveda.
A vtorata etapa, odnosno nejzinoto ostvaruvanje direktno zavisi od efektot sto vrz nas go imala prvata.
Ako ne znaeme deka demonot e tajno bezmilosen i sovrseno NEsentimetalen, moze da pomislime deka e zadovolen od porazot sto ni go nanel preku grevot, a sega ke ne ostavi ne mira.
Vakvoto razmisluvanje e pricina i uslov za demonot da moze da ja realizira i vtorata etapa od svojata taktika protiv nas, a taa se sostoi vo toa sto ke uspee da ne uveri deka napraveniot grev e pretezok i premnogu sramen da go ispovedame.
Deka duhovnikot zaradi nego ke go smeni mislenjeto zqa nas i kojzanae sto ke pomisli za nas, a sto e najloso i vo sto glavno demonot se obiduva da ne ubedi e da ne go ispovedame grevot sto e tolku golem sto ednostavno Hristos nemoze da ni prosti. Pa nema ni smisla da go ispovedame.
Finalniot udar na demonot vo ovaa vtora etapa ne doveduva vo sostojba na OCAJ.
Iako veke sme napravile grev, sto seriozno ja raznishal nasata duhovna sostojba da go onevozmozime demonot da ja ralizira i vtorata etapa. taka sto ke mu go sprotivstavime faktot na crkvata deka:
Prvo- nepostoi grev sto nema da se izgubi vo bezdnata na Bozjoto milosrdie. Se razbira dokolku nie prifatime i go frlime vo bezdnata na Bozjoto milosrdie preku ispovedta i
Vtoro- zar mozeme da bideme tolku gordi, pa da pomislime deka nekoj nas grev e pogolem od Bezgresnosta Hristova.
Toj umre davajki otkup za grevovite na site luge. Od Adama do posledniot sto ke se rodi.
Pa kolku i da se nash*te grevovi, Hristos moze da gi pogubi, no samo onie grevovi koi ke gi priznaeme i ispovedame. Od ostanatite sto ne sme gi ispovedale ne sme ni pobarale od Hristos da ne oslobodi
06 septemvri 2002 Izvor Otec Maksim
ako ne vredi da stoi izbrishete...
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:24
belichka напиша:
Taktikata koja demonot ja sporoveduva protiv pravoslavnite hristijani, ako celosno ja ostvari predviduva dve etapi:
| убав пост, имав чест одамна да го прочитам, ама од кај само ПРАВОСЛАВНИТЕ христијани имаат ексклузивно право да бидат искушувани од демонот
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:33
- ОДБИВАЊЕ МНОЗИНА реагираат грубо на повикот на Светиот Дух да се покајат.Бог најчесто наидува на отпор од луѓето. Но Тој нема секога да постапува со толку трпение! ‘‘ Не ја сваќај погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш‘‘ ( Римјаните 2 :4)
Исус го почувствувал ова спротивставување кај некои од луѓето на кои им проповедал ‘‘ Па сепак , вие не сакате да дојдете кај мене и да примите живот‘‘ (Јован : 40)
|
Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 13:36
smees da gresis, koga i imas i muda da priznavas.......
ali tesko kaj mene,ibiga dupla devica sum...
a sto se slucuva navistina ne znam, mozda i neznam deka nikad gresam.....
------------- http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 14:01
НЕРЕШИТЕЛНОСТ И НЕСПОСОБНСТ
Човекот не може да се покае кога ТОЈ
ќе посака. Вашата проценка на времето е многу важна. Постои клучен момент.
НЕКОИ мислат дека можат да го ‘одложат‘ покајанието за нивниот последенден од
животот, но што ако НИЕ се спремаме за Бог во 11:45 a ТОЈ не земе
во 11:30 ?
‘‘ АКО ДЕНЕС ГО СЛУШНЕТЕ БОЖЈИОТ ГЛАС, НЕ СТВРДНУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ СРЦА КАКО
ВАШИТЕ ПРЕДЦИ КОГА КРЕНАА БУНТ ПРОТИВ БОГ И ГО ПРЕДИЗВИКУВАА ВО ПУСТИНАТА‘‘ (ЕВР.
3 :7-8)
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 14:09
ШТО Е ГРЕВОТ? ГРЕВОТ Е -Прекршување на Божјите закони, неизвршување на Божјите уредби, бунт против Бога, нарушување на хармонијата и светот што ги создал Бог, неисполнување на целта за која сме создадени, неизвршување на она што знаеме дека е добро....
‘‘ Гревот навлезе во овој свет преку еден човек, односно, преку Адам.Гревот ја донесе смртта, која ги зафати сите луѓе, бидејќки сите луѓе згрешија.‘‘ (послание до Римјаните 5 :12)
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 14:58
Откако гревот влезе преку Адам и Ева- - Сите ние се зачнуваме и се раѓаме со гревот во нас (Псалм 51:5)(Rim7:14-23)
- Сите ние се раѓаме со Адамова а не со Божја природа (1Mojsej 5:3)(1korint15:48-49)
- Сите грешиме уште од раѓање (Psalm 58:30)(Isaija 48:8)
- Сите сме робови на гревот (Galatite 3:22)(Rimjanite 7:23)
|
Постирано од: hardcore
Датум на внесување: 19.Мај.2007 во 19:44
Sto se slucuva so nas koga gresime....
Sekoj eden koj misl,raboti i tvori-neminovno gresi.Greskite moze da bidat od materijalna i od duhovna priroda...materijalnata ne e tolku vazna(greska),a duhovnata e straotna posledica na duhovniot zivot za ponatamu.Da veruvas vo ona vo sto te ucele tvoite roditeli i predci,da veruvas vo ispravnosta na svoite postapki,pri toa ne nan esuvajci sustinski zlo na drugite,da spodeluvas mislenje so popametni (a i so po neintelegentni)od tebe pri toa cvrsto cuvajci go stavot sto ti e vsaden od tvoite predci....Toa e osnovata na duhovnata ispravnost pred Boga na sekoj poedinec.E,sega,dokolku se zgresi duhovno....dokolku go zgresis patot koj treba duhovno da go izodis,neprostlivo e (dokolku navreme ne ja uvidisa greskata svoja i ne se pokaes).dokolku zgresis so zbor duhoven,pri toa branejci go stavot tvoj i na predcite svoi,togas toa ne e grev neprostliv....zosto Bog gi znae namerite nasi i dejanijata.
Poinaku e so onie koi gresat svesno(zosto potsvesta sami si ja uspale)...Tie ne gi cuvaat ucenjata na predcite nivni,tuku,poprimaat nesto strano....neduhovno.Svesta nivna e glaven vodic vo zivotot,a ne Bog.Receno e deka vo srcata nasi Bog ce vleze samo ako mu dozvolime(ako potsvesno go primime kako vodic nas).Zosto svesta e vodic na materijalnoto,a potsvesta na duhovnoto...Onie sto svesno razmisluvaat za Boga,tie se gresni i bez da znaat,zosto Bog ne saka da bide poistoveten so materijalnoto.A niv ce gi vratime,pak,nazad kon duhovnoto samo so ostri kritiki,zosto samo taka moze podsvesta da se razbudi....Ukazuvajci na nivnite greski so ostar ton,i probuvajci da gi vratime na praviot pat,nie se iskupuvame za greskite sto pri toa(so zbor )gi pravime...zosto pak ce recam;Bog gi znae namerite i dejanijata nasi....
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 19.Мај.2007 во 20:46
Odlicno
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 19.Мај.2007 во 20:54
ACELERA напиша:
Откако гревот влезе преку Адам и Ева- - Сите ние се зачнуваме и се раѓаме со гревот во нас (Псалм 51:5)(Rim7:14-23)
- Сите ние се раѓаме со Адамова а не со Божја природа (1Mojsej 5:3)(1korint15:48-49)
- Сите грешиме уште од раѓање (Psalm 58:30)(Isaija 48:8)
- Сите сме робови на гревот (Galatite 3:22)(Rimjanite 7:23)
|
и после ке не убедуваш дека човекот не се раѓасо првороден грев не знаеш во што веруваш читај што пишуваш немој да го избришеш постов демек сум ја утнал темата
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 20.Мај.2007 во 02:51
hardcore напиша:
Poinaku e so onie koi gresat svesno(zosto potsvesta sami si ja uspale)...Tie ne gi cuvaat ucenjata na predcite nivni,tuku,poprimaat nesto strano....neduhovno. |
Од кога е грев ако не се чуваат учењата на предците?
Која од 10-те заповеди вели: "Чувај ги учењата на предците свои!"
Па нели и Христос на едно место ги укори фарисеите дека заради нивните традиции го укинуваат Божјото Слово?
Кажи ми, што ќе беше ако Лидија (првата христијанка од овие простори) не се откажеше од учењата на нејзините предци и не си ја сменеше верата (од паганка во христијанка)?
Сте се запрашале ли кои се нашите предци? Можеби ќе речете дедо ми бил православен или прапра дедо ми бил исто православен... но до кој пра пра пра дедо ќе одиме за да ги дефинираме "нашите предци"?
Колку генерации наназад се дозволени?
Само неколку генерации наназад и голема е веројатноста некој наш чукун дедо да бил некој турчин или било што, некој паган, комунист, атеист итн.
Ако не верувате дека тоа е можно во само неколку генерации, тогаш со 100% сигурност ви велам дека вашите предци од пред 2000 години не биле православни и дека првиот ваш предок што станал православен всушност категорично не ги чувал учењата на своите предци (инаку и он ќе си останел паган).
Епа ако вашите православни предци, со кои се гордеете, не ги чувале учењата на своите предци, туку храбро и одлучно си ја смениле верата (од пагани во православни), тогаш зошто и вие не го следите нивниот пример кога веќе ги земате за пример и се гордеете со нив?
Затоа...
Според Христос, не сме повикани да ги чуваме нужно учењата на нашите предци, туку строго и акцентирано сме повикани да го чуваме она што Христос ни го заповедал....
"учејќи ги да го чуваат сето она што ви го заповедав" Матеј 28:19
Поздрав!
EvAngelos
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: hardcore
Датум на внесување: 20.Мај.2007 во 09:20
Од кога е грев ако не се чуваат учењата на предците?.....(citat)
***Ovde mislev na nasite predci koi ni go prenele Hristijanskoto veruvanje.Ako otideme vo takva krajnost,po Darvin sto ke izlezat nasite predci?Znaci,da ne se povtoruvam...mozebi ne sum se izrazil do kraj,no mislev na nasite predci koi go prenesuvale Hristijanskoto veruvanje od koleno na koleno vospituvajci ne da ja pocituvame nasata sveta Religija...samo taa opstanala do den-denesen,a opstestvenite priliki i ureduvanja se menuvale....
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 20.Мај.2007 во 09:30
чаир напиша:
ACELERA напиша:
Откако гревот влезе преку Адам и Ева- - Сите ние се зачнуваме и се раѓаме со гревот во нас (Псалм 51:5)(Rim7:14-23)
- Сите ние се раѓаме со Адамова а не со Божја природа (1Mojsej 5:3)(1korint15:48-49)
- Сите грешиме уште од раѓање (Psalm 58:30)(Isaija 48:8)
- Сите сме робови на гревот (Galatite 3:22)(Rimjanite 7:23)
|
и после ке не убедуваш дека човекот не се раѓасо првороден грев не знаеш во што веруваш читај што пишуваш немој да го избришеш постов демек сум ја утнал темата
|
кој и каде те убедувал дека не се раѓаме со првороден грев? ти изгледа остај догмите, почна и членовите да ги мешаш, а може и форумите...
-------------
|
Постирано од: hardcore
Датум на внесување: 20.Мај.2007 во 13:53
и после ке не убедуваш дека човекот не се раѓасо првороден грев не знаеш во што веруваш читај што пишуваш немој да го избришеш постов демек сум ја утнал темата(citat)
***Dusata(duhovnoto)sto vleguva vo teloto(materijata)e apsolutno bezgresna,zosto e od boga pratena.So prviot zdiv sto materijata(novorodenceto)go zema,ilustrativno se veli deka vece e napraven prvicen grev,zatoa sto (ultra-ortodoxite koi se baziraat na najstrogite nacela i pravila na Biblijata)teloto "ja zarobuva dusata" i indirektno svesta ja postavuva nad potsvesta(materijalnoto nad duhovnoto)...
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 20.Мај.2007 во 17:34
hardcore напиша:
Poinaku e so onie koi gresat svesno(zosto potsvesta sami si ja
uspale)...Tie ne gi cuvaat ucenjata na predcite nivni,tuku,poprimaat
nesto strano....neduhovno.
|
...
EvAngelos напиша:
Од кога е грев ако не се чуваат учењата на предците?
Која од 10-те заповеди вели: "Чувај ги учењата на предците свои!"
Па нели и Христос на едно место ги укори фарисеите дека заради нивните традиции го укинуваат Божјото Слово?
Kажи ми, што ќе беше ако Лидија (првата христијанка од овие
простори) не се откажеше од учењата на нејзините предци и не си ја
сменеше верата (од паганка во христијанка)?
Сте се запрашале ли кои се нашите предци? Можеби ќе речете дедо ми
бил православен или прапра дедо ми бил исто православен... но до кој
пра пра пра дедо ќе одиме за да ги дефинираме "нашите предци"?
Колку генерации наназад се дозволени?
Само неколку генерации наназад и голема е веројатноста некој наш
чукун дедо да бил некој турчин или било што, некој паган, комунист,
атеист итн.
Ако не верувате дека тоа е можно во само неколку генерации, тогаш
со 100% сигурност ви велам дека вашите предци од пред 2000 години не
биле православни и дека првиот ваш предок што станал православен всушност категорично не ги чувал учењата на своите предци (инаку и он ќе си останел паган).
Епа ако вашите православни предци, со кои се гордеете, не ги
чувале учењата на своите предци, туку храбро и одлучно си ја смениле
верата (од пагани во православни), тогаш зошто и вие не го следите
нивниот пример кога веќе ги земате за пример и се гордеете со нив?
Затоа...
Според Христос, не сме повикани да ги чуваме нужно учењата на нашите предци, туку строго и акцентирано сме повикани да го чуваме она што Христос ни го заповедал....
"учејќи ги да го чуваат сето она што ви го заповедав" Матеј 28:19
Поздрав!
EvAngelos
|
hardcore напиша:
***Ovde mislev na nasite predci koi ni go prenele
Hristijanskoto veruvanje.Ako otideme vo takva krajnost,po Darvin sto ke
izlezat nasite predci?Znaci,da ne se povtoruvam...mozebi ne sum se
izrazil do kraj,no mislev na nasite predci koi go prenesuvale
Hristijanskoto veruvanje od koleno na koleno vospituvajci ne da ja
pocituvame nasata sveta Religija...samo taa opstanala do den-denesen,a
opstestvenite priliki i ureduvanja se menuvale....
|
Извини hardcore, јас погоре во репликата мислев дека ти мислиш на оние
христијани кои не ги држат учењата на нивните "православни" предци кои
во мрачниот среден век застраните од изворното христијанство кон празни
обичаи, ритуали, иконопоклонство, поконување на мошти (мртви тела),
обожавање на разни луѓе-светци, мистицизам и разни бабини деветини.
Поздрав и Respect!
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: hardcore
Датум на внесување: 20.Мај.2007 во 17:47
|