Испечати | Затвори го прозорот

Браќа Миладиновци

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=6725
Датум на принтање: 13.Декември.2024 во 09:12
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Браќа Миладиновци
Постирано од: Boogie
Наслов: Браќа Миладиновци
Датум на внесување: 28.Февруари.2007 во 12:08

Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - "Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Д. Чолаков). Како што докажува дописката на Миладинов во Москва, се до печатењето на книгата, таа го носи работниот наслов „Македонски народни песни“ и оваа промена во последен момент е предмет на контроверзии (всушност, насловот „Бугарски народни песни“ за прв пат се спомнува во писмо на Чолаков до Др. Фрањо Рачки кусо пред самото печатење). Во додаток на речникот, исто така се наоѓа и дел од првиот македонско-хрватски речник што Миладинов го спремал но не го објавил во целост (2000 збора) заради големината на Зборникот.

Зборникот побудил голем интерес меѓу славистичките и фолклористичките кругови на словенските земји и Европа, што се гледа од имињата на претплатниците на Зборникот.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство



Коментари:
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 28.Февруари.2007 во 12:09
Т'ГА ЗА ЈУГ



Орелски крилја как' да си метнех,

И в наши ст'рни да си прелетнех!

На наши места ја да си идам,

Да видам Стамбол, Кукуш да видам,

Да видам дали с'нце и тамо

Мрачно угревјат, како и вамо.

Ако как' овде с'нце ме стретит,

Ако пак мрачно с'нцето светит,

На пат далечни ја ќе се стегнам,

И в други ст'рни ќе си побегнам,

К'де с'нцето светло угревјат,

К'де небото ѕвезди посевјат.

Овде је мрачно, и мрак м'обвиват,

И темна м'гла земја покриват,

Мразој и снегој и пепелници,

Силни ветришча и вијулици,

Околу м'гли и мразој земни,

А в гр'ди студој и мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам,

Не, ја не можам мразој да гледам!

Дајте ми крилја ја да си метнам

И в наши ст'рни да си прелетнам,

На наши места ја да си идам,

Да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата,

И с'нце светло зајдвит в гората,

Тамо дарбите природна сила

Со с'та раскош ги растурила,

Бистро езеро гледаш белеит,

Или од ветар синотемнеит,

Поле погледниш или планина,

Сегде божева је хубавина.

Тамо по срце в кавал да свирам,

С'нце да зајдвит, ја да умирам.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: tanas
Датум на внесување: 28.Февруари.2007 во 12:34
Originally posted by Boogie Boogie напиша:


Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - "Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Д. Чолаков). Како што докажува дописката на Миладинов во Москва, се до печатењето на книгата, таа го носи работниот наслов „Македонски народни песни“ и оваа промена во последен момент е предмет на контроверзии (всушност, насловот „Бугарски народни песни“ за прв пат се спомнува во писмо на Чолаков до Др. Фрањо Рачки кусо пред самото печатење). Во додаток на речникот, исто така се наоѓа и дел од првиот македонско-хрватски речник што Миладинов го спремал но не го објавил во целост (2000 збора) заради големината на Зборникот.

Зборникот побудил голем интерес меѓу славистичките и фолклористичките кругови на словенските земји и Европа, што се гледа од имињата на претплатниците на Зборникот.
 
 
 
 
 
 
„Но молям Вас — пише в това си писмо Константин Миладинов, — огласите, кои изпратих да ги раздалите со честниот ваш лист, споминвеещем нещо за песните, и особено за западните во Македония болгари. Во огласот ми Македония назвах Западна Болгария (как и требит да се викат), защо во Беч (Виена) гърците се разпоряжават сос нас како со овци. Тие Македония сакает гърцка земя, и не может даже да разберат како можит да не йе гърцка. А тамошните повике од два милиона болгари що ке ги сториме? Неужели уще болгарите ке бидет овци, а некоклу гърци да ни бидет овчари? "
 
 И къде са сега тези болгари- станаха македонци!
 
 


-------------
"О, неразумний юроде! Поради что се срамиш да се наречеш болгарин!"



Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 28.Февруари.2007 во 22:13

Ти дали правиш разлика од Западна Бугарија и Македонија под западна Бугарија,сега и со зборови почна да си играш а

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: maced_onian
Датум на внесување: 28.Февруари.2007 во 23:36
Originally posted by Boogie Boogie напиша:


Ти дали правиш разлика од Западна Бугарија и Македонија под западна Бугарија,сега и со зборови почна да си играш а

Сега може и да има малка политическа разлика, но преди е нямало. Братята Миладинови са знаели какво говорят/пишат.


Постирано од: морски
Датум на внесување: 04.Март.2007 во 09:29

Годишнина: Константин Миладинов Во%20Цариград,%20во%201862%20година%20почина%20Константин%20Миладинов,%20поет,%20собирач%20на%20народни%20песни%20и%20умотворби.%20Автор%20на%20прочуениот%20Зборник%20на%20,,Б’лгарски%20народни%20песни“.%20Објавуваме%20негово%20писмо%20од%20богатата%20епистоларија...

javascript:popupImage%28/images/articles-2849.jpg,%20fotografije%20-%20tribune,%20%20%D0%92%D0%BE%20%D0%A6%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4,%20%D0%B2%D0%BE%201862%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD%20%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2,%20%D0%BF%D0%BE%D0%B5%D1%82,%20%D1%81%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%87%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8%20%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%20%D0%B8%20%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B8.%20%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%87%D1%83%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA%20%D0%BD%D0%B0%20,,%D0%91%E2%80%99%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8%20%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%E2%80%9C.%20%D0%9E%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B5%20%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B5%D0%BF%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0...,%20108,%20108,%201%29; -

22.01.2007

Во Цариград, во 1862 година почина Константин Миладинов, поет, собирач на народни песни и умотворби. Автор на прочуениот Зборник на ,,Б’лгарски народни песни“. Објавуваме негово писмо од богатата епистоларија...

,, Господине Г.С.Раковски!
Низ Македончината, недавна овде дојдени, неожидано получих Вашето писмо, полно от искрена и горешта љубов кун отечеството ни. Познакомството со вас ја слагам (читам) голема за мене радост счастие. Ја многу сум слушал за Вашето бестрашно стремление кун општата полза, за Вашите трудови, кои приносихте на жертвеникот от отечествеото со драго срце. И.В. Чолаков ми писа за вас: и ја отдавна имав намерение да ви предложам знакомството; и ми се чинит не ќе беше безполезно, ако сите родољубиви Болгари, зближени меѓу себе со знакомството от братска љубов, составеха плот непрескочен против грекоманијата. Вистина много сопки и маки пред нас стоет, за да прескочиме,но, со име божие, победата ќе бидит на страната от правите и вистината наодзади ќе восторжествуват.
От се (сато) срце Ви благодарја за Вашата благосклоност кун переводот ми. Вашите слова много ме подкрепиха на намеренијата ми и ме побудиха да се печаљам (старајам) со поголема ревност да чинам секакви переводи, за да се знакомет другите Болгари со нашето наречие. Узнаваештем Вашето желание, за да се знакомите со мак(едонското) наречие, Ви пуштам другиј перевод от објавлението от ’Парусат’. Во ’Болгарски книжици’ ќе бидет напечатени собствени мои песни, можит да е и мало патешествие во Нилова пустина. Тие можите да ги прочитате. Ја от Вашите сочиненија сум читал саде ’Горскијт патник’. Бидите така добри да ме позарадвите со некое Ваше сочинение, кога ќе издадите на печат; и ја от моја стрна ќе се печељам на ошто можам да удовлетвора желанието Ви.
Чух че имате големо собрание от народни песни. Зашто побрго не знакомите љубознателите от нашата словесност? Песните се драгоцениј клад от народните чувства вираженија, затова секој Болгарин ќе Ви бидит сознателен (признателен). И ја имам много макед(онски) песни, кои сакам да издадам малко подоцкна, зашто сега не ми позвољават обстојатељствата.
Останувам Ваш искрениј пријател:
К. Миладинов
1859 со ново счастие
Јануарија 8
Москва


http://www.tribune.eu.com/articles/2849.html


Постирано од: морски
Датум на внесување: 04.Март.2007 во 09:31

Годишнина: Димитар Миладинов

  javascript:popupImage%28/images/articles-2850.jpg,%20fotografije%20-%20tribune,%20%20%D0%9F%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD,%20%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80%20%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2,%20%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B0%D0%BA%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%86%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80,%20%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83%20%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%20%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82.%20%D0%9F%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82%20%D0%BF%D1%80%D0%B4%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE%20%D1%83%D1%87%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB,%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87,%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BB%20%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D1%81%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%82.%20%D0%93%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B5%20%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%A5%D0%B0%D1%9F%D0%B8%20%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%98,%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B3%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%BE%D1%82%20%D0%97%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84...,%20109,%20106,%201%29;">Поголемиот%20брат%20на%20Константин,%20Димитар%20Миладинов,%20исто%20така%20починал%20во%20цариградскиот%20затвор,%20неколку%20дена%20пред%20помладиот%20брат.%20Познат%20прд%20се%20како%20учител,%20преведувач,%20го%20издигнувал%20националното%20сознание%20на%20народот.%20Го%20побликуваме%20неговото%20писмо%20до%20Хаџи%20Викентиј,%20проигумен%20во%20манастирот%20Зограф...

22.01.2007

Поголемиот брат на Константин, Димитар Миладинов, исто така починал во цариградскиот затвор, неколку дена пред помладиот брат. Познат прд се како учител, преведувач, го издигнувал националното сознание на народот. Го побликуваме неговото писмо до Хаџи Викентиј, проигумен во манастирот Зограф...

,,Примете почтено поклонение от ваше покорно чедо, което сам, известен од моега брата пред многу години за Вашата добра душа и Вашето високо љубородие,и имате Велико чувство за човечкиот успех и доброта. Фала Богу! што се наождает во народот Булгарски такви добродушни мжи.
Овде, фала Богу училиштата на успехот по Славијански јазик многу лепо ходат и имат што предават и граматика славианска со технозогиа, и со истлкуване на Болгарски јазика: него ми е многу жалба лашто Неофит по Влашки табиети е епибулос (расипан) и завидлиф, и со фодулштината сакал многу добри работи да расипит, ако можеше но штета донесе на едни работи за това нужно е да не бидит овде зашто мирисат Влашка миродиа! Проштавајте ако не сам вреден и достоен на матерниот ни јазик!
Колку себат ке беше, ако се отвореше славианско училиште и во Струмница! За три години баре колку да се зафатит јазикот Болгарски, колку би било полезно и окористно, ако од негде ќе се плашташе еден учител колку да се заучет братја наши ви целивам сфета десница со почтено и искрено срдце.

Во Кукуш 1857 Јуниа 1.
Покорно чедо ваше
Д. Хр. Миладинов

http://www.tribune.eu.com/articles/2850.html


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Март.2007 во 11:43
Интересно нели
БиБиСи: Зошто секогаш кога десницата е на власт во Македонија се отвораат прашања кои го проблематизираат македонскиот идентитет?

„Не знам дали е случајност, но забележливо е дека вниманието на јавноста во однос на националните прашања се зголемува иако сметам дека македонскиот народ треба еднаш за секогаш да ја прескокне таа фрустрација и да бидеме свои на своето. Немаме потреба да се докажуваме пред никого бидејќи веќе е докажано се: дека сме народ, држава, нација, јазик, култура“

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: морски
Датум на внесување: 04.Март.2007 во 19:51
Интересни нещо колкото искаш Boogie.Smile
"Партизираната историографија, делејќи го минатото на црно и на бело, намерно или ненамерно вештачки го проектираше идеолошкиот раскол во македонската современост. Така, добар дел од револуционерните дејци станаа предавници и злосторници (д-р Татарчев, А. Лозанчев, Б. Сарафов, С. Радев, Т. Александров и други), обвинети за работи кои главно им биле заеднички со оние малкумина нивни соработници кои беа прогласени за херои (Г. Делчев, Д. Груев, Ѓ. Петров). Истовремено, делата и биографиите на хероите не беа објавувани во целост, туку со строга селективност. Истото беше и со македонските преродбеници. Сите ученици слушаа пофални слова за П. Зографски, Пејчиновиќ, Прличев, Миладинови, Жинзифов, Константинов-Џинот, Шапкарев и за сите други, но ретко кој учен, а камоли ученик, беше прочитал нешто во оригинал од овие национални преродбеници..."

Ова е пак на Милошоски, ама преди да стане министър.Wink

http://217.16.70.245/?pBroj=1760&stID=34621&pR=7



Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Март.2007 во 20:29
Сепак интересни Бугарски погледи кон Македонската култура но ништо на светот неможе да смени истата култура да остане Македонска како што и е,да припаѓа на Македонската независна и слободна држава и на Македонската нација

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: tanas
Датум на внесување: 07.Март.2007 во 08:45

Никой иска да ви вземе  държвата и нацията. Него ли разбра най накрая. Някой много те е излъгал ако ти е казал че някой в България иска да посегне на независимостта ви. Ако това стане, това ще бъде ваше вътрешно дело, не наше!Big%20smileBig%20smile



-------------
"О, неразумний юроде! Поради что се срамиш да се наречеш болгарин!"



Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 07.Март.2007 во 11:29
Па вие сте тие што за се она што е Македонско тврдите дека не е Македонско,а со жални очи гледате како постои во Независна Македонија

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 12:36
Ова тема не ја знаев. Благодарност на Ептендосадно што ја покажа.

Следи листа на поетски текстови од Константин Миладинов:

„Бисера“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
„Желание“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
„Голапче“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
„Шупељка“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
„Не- не пиjан“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
„Клетва“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
„Скрсти“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 19.
„Грк и Бугарин“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 24.
„Побратимство“, „Б'лгарски книжици“, година II, 1859, кн. 22.
„Думание“, „Б'лгарски книжици“, година II, 1859, кн. 22.
„Сираче“, „Братски труд“, 1860, кн. 1.
„На сонцето“, „Братски труд“, 1860, кн. 1.
„Еѓуптин делиjа“, „Братски труд“, 1860, кн. 3.
„На чужина“, „Дунавски лебед“, г. I, 1860, бр. 20.
„Т'га за југ“, „Дунавски лебед“, г. I, 1860, бр. 20.






Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 12:45
Pat, всушност наместото на ` во (т`га) користил не ЕР-голем, туку ЈУС-голем



Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 14:07
http://www.facebook.com/photo.php?pid=1879615&id=66950197720">

-------------


Постирано од: Pat
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 22:33
Ги коментиравме буквите употребени во Т’га за југ. Зошто да бришеш?

-------------
Zero Tolerance For Silence


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 22:41
Originally posted by Pat Pat напиша:

Ги коментиравме буквите употребени во Т’га за југ. Зошто да бришеш?


Поради правилата. Во вашите постови коментирајте ги буквите, ама не ги употребувајте, некој не може да ги разбере, а ова е форум каде треба сите да можат да разберат. Затоа и правилата се такви какви што се.


-------------


Постирано од: Pat
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 23:09
Ха, па нели континуитетот не ни е прекинат- што зборуваш сега? Или испаѓа дека сепак јас и Драганчо сме во право?

-------------
Zero Tolerance For Silence


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 21.Март.2010 во 23:36
Originally posted by Pat Pat напиша:

Ха, па нели континуитетот не ни е прекинат- што зборуваш сега? Или испаѓа дека сепак јас и Драганчо сме во право?


Околу правилата не се натегам и не преговарам. Сфати ме како сакаш, ама сепак, јасен бев.


-------------


Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 20:42
Браќата Димитар (Струга, 1810 - Цариград, 23 Јануари 1862) и Константин (Струга, 1830 - Цариград, 18 Јануари 1862) Миладинови се основачи на националната преродба во Македонија од средината на деветнаесеттиот век.Димитар и Константин се родени во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова, од осумте деца, шест синови (Димитрија, Тане, Наум, Мате, Апостол и Константин) и две ќерки Ана и Крста.

Браќата основно училиште завршиле во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, денешна Република Грција.

Средниот брат Наум Миладинов ја завршил Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград и дипломирал на отсекот музика и граматика. Наум во 1843 година напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македониjа, додека при собирањето на народните песни истите ги запишувал со нотни записи, ги мелографирал, па така тој е нашиот прв музичар и мелограф.

Најмалиот брат, Константин, дипломирал во 1852 година на Филозофскиот факултет во Атина, отсек грчка филологија.

Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места. Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем Зборник. Во таа дејност се вклучил и средниот брат Наум Миладинов.

Во тој период Македонија била дел од Отоманската Империја. Освен тешкото турско ропство, на народот во Македониjа му се заканувала и денационализација и елинизација преку елинското просветување и црквата, кои биле во власта на грчката Цариградска патријаршија.

Димитар Миладинов, кој бил целосно прословенски ориентиран, често доаѓал во судир со гркоманите во Битола, а по еден таков судир со битолскиот митрополит Венедикт, тој ја напуштил Битола и Македонија. Димитар притоа работи како учител во влашкото училиште во влашкото село Трново близу Битола, наследувајќи го дедо сѝ. Во Сремски Карловци и Нови Сад имал прилика да се запознае со животот на Србите под Австро-унгарска власт, каде уживале потполна културна автономија. Подоцна заминал во Белград. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите на Пансловенизмот и Илирското движење, кои во потполност ги прифатил како свои. При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва.

Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија. Со песната „Т'га за југ“, која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.

Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.

Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.

-------------
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 20:56
Ете на тоа мислев. Кој го чита постот на Боромир и ништо не знае по прашањето ќе остане со впечаток дека книгата се викала „Зборникот“

Тука пак е користен филозофскиот клуч.


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 14:30
Писма од Миладиновци

Погледнете ги имињата, случајно или не меѓу нив е името на Козма Паскали.






-------------


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 14:38
Originally posted by Македон Македон напиша:

Козма Паскали


И?


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 14:43
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Козма Паскали


И?


Мене не ми пречи, ако на тоа целиш, воопшто не ми пречи. Мене не треба да ми објаснуваш ништо, не грижи се.




-------------


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 15:04
Јас те прашам што сакаш да кажеш со

„Погледнете ги имињата, случајно или не меѓу нив е името на Козма Паскали“

Во писмото од Јоан Евроф, Козма А. Пасхали (Пасхалов) и Г. С. Чакарис (Чакаров) до Д. Робе (Робев) се уговара подкуп за ослободувањето на Д. Миладинов.

Сега ти треба да објасниш што сакаш да кажеш?


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 15:09
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Јас те прашам што сакаш да кажеш со

„Погледнете ги имињата, случајно или не меѓу нив е името на Козма Паскали“

Во писмото од Јоан Евроф, Козма А. Пасхали (Пасхалов) и Г. С. Чакарис (Чакаров) до Д. Робе (Робев) се уговара подкуп за ослободувањето на Д. Миладинов.

Сега ти треба да објасниш што сакаш да кажеш?


Козма Паскали не е ли Кузман Шапкарев?


-------------


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 15:14
Тој е - Козма А. Пасхалов.


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 15:21
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Тој е - Козма А. Пасхалов.


Има ли потреба од уште коментари? Чинам не...барем не од македонска страна. За други не гарантирам, ама според мене, друри и да им го даваш, нема да го сакаат.


-------------


Постирано од: чоли
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 15:22
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Јас те прашам што сакаш да кажеш со

„Погледнете ги имињата, случајно или не меѓу нив е името на Козма Паскали“

Во писмото од Јоан Евроф, Козма А. Пасхали (Пасхалов) и Г. С. Чакарис (Чакаров) до Д. Робе (Робев) се уговара подкуп за ослободувањето на Д. Миладинов.

Сега ти треба да објасниш што сакаш да кажеш?
Козма Паскали не е ли Кузман Шапкарев?


Не е точно. Кога е пишал на грцки език се е потпишувал како Козма Пасхалис.



http://www.promacedonia.org/bugarash/dmp/dmp_077_087.htm - Кореспонденциjа на Кузман Шапкарев


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 15:22
Хартија трпи се - эар не - ај ја ке пишам а ти објасни.

Абе до когаааааа

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 15:24
Изјасни се малку подобро. Нешто те буни тоа што во писмо на грчки јазик се подпишал со грчко име или што?
Па и ти покажа еден документ од Козма Димитри. Тој Грк ли бил?



Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 15:29
Да да - кога одговара Грк е а кога не одговара не е Грк.
Исто како и Ромунскион Банкар како што стана од Влав - Бугар

До кога бе

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 18:24
На денешен ден е издадена збирката во Загреб.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 18:47
Која збирка?


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 18:51
misli na zbornikot


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 19:07
Па збирка и зборник на песни е иста работа,а друго нешто нема објавено во Загреб.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 21:01
Да не мислел Мунгос80 /да не му го згрешам бројот/ на „Б`лгарски народни песни“?



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 23:19
Каснаковски појма немам дали така се викаа,кај нас со цензура излезе т`га за југ можи кај вас е во оригинал т`га за софија.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 23:23
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Каснаковски појма немам дали така се викаа,кај нас со цензура излезе т`га за југ можи кај вас е во оригинал т`га за софија.


aman od amateri be


Постирано од: eptendosadno1
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 23:27
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Каснаковски појма немам дали така се викаа,кај нас со цензура излезе т`га за југ можи кај вас е во оригинал т`га за софија.


Ти мислеше на книгата а не на насловот , тоа што излегло ???

-------------
Тишината е гласникот на почетокот , пссс...т .


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 23:29
ептендосадно те нема загина?

инаку не мислам на ништо освен на т`га за југ.

А за овие паметните само да ги потсетам:
На денешен ден во 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - "Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Д. Чолаков). Како што докажува дописката на Миладинов во Москва, се до печатењето на книгата, таа го носи работниот наслов „Македонски народни песни“ и оваа промена во последен момент е предмет на контроверзии (всушност, насловот „Бугарски народни песни“ за прв пат се спомнува во писмо на Чолаков до Др. Фрањо Рачки кусо пред самото печатење). Во додаток на речникот, исто така се наоѓа и дел од првиот македонско-хрватски речник што Миладинов го спремал но не го објавил во целост (2000 збора) заради големината на Зборникот.



-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 23:30
Орелски крилја как да си метнех и в наши ст'рни да си прелетнех! На наши места ја да си идам, да видам Стамбол, Кукуш да видам, Да видам дали с'нцето и тамо мрачно угревјат, како и вамо.

Ако како овде с'нцето ме стретит, ако пак мрачно с'нцето светит: На п'т далечни ја ке се стегнам, и в други ст'рни ке си побегнам, каде с'нцето светло угревјат, каде небото ѕвезди посевјат.

Овде је мрачно и мрак м' обвива и темна м'гла земја покрива: мразој и снегој, и пепелници, силни ветришта и вијулици, Околу м'гли и мразој земни, а в’гради студој, и мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам! Не, ја не можам мразој да гледам! Дајте ми крилја ја да си метнам и в наши ст'рни да си прелетнам: на наши места ја да си идам, да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата и с'нце светло зајдвит в гората. Тамо дарбите природна сила со с'та раскош ги растурила: Бистро езеро, гледаш, белеит или од ветар синотемнеит: поле погледниш, или планина -сегде Божева је хубавина.

Тамо по с'рце в кавал да свирам, с'нце да зајдвит, ја да умирам!

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 23:31
to da e samo zbornikot - da vi poveruvam


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 23:32
а што е?

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: eptendosadno1
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 23:33
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

ептендосадно те нема загина?

инаку не мислам на ништо освен на т`га за југ.

А за овие паметните само да ги потсетам:
На денешен ден во 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - "Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Д. Чолаков). Како што докажува дописката на Миладинов во Москва, се до печатењето на книгата, таа го носи работниот наслов „Македонски народни песни“ и оваа промена во последен момент е предмет на контроверзии (всушност, насловот „Бугарски народни песни“ за прв пат се спомнува во писмо на Чолаков до Др. Фрањо Рачки кусо пред самото печатење). Во додаток на речникот, исто така се наоѓа и дел од првиот македонско-хрватски речник што Миладинов го спремал но не го објавил во целост (2000 збора) заради големината на Зборникот.




Хм , Бугарите незнаат дека таа песна не се наоѓа во таа книга ,они се заслепени со насловот

Бугарска работа

-------------
Тишината е гласникот на почетокот , пссс...т .


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 23:40
Originally posted by eptendosadno1 eptendosadno1 напиша:


Хм , Бугарите незнаат дека таа песна не се наоѓа во таа книга ,они се заслепени со насловот

Бугарска работа



глупчо


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 23:54
ova barem 5 pati sum go stavil - ama ako trebe ushte 105 mozam задоволство


http://liternet.bg/folklor/sbornici/miladinovci/415.htm - http://liternet.bg/folklor/sbornici/miladinovci/415.htm
Od Struga - Makedonija


Постирано од: eptendosadno1
Датум на внесување: 25.Јуни.2010 во 00:00
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:



ova barem 5 pati sum go stavil - ama ako trebe ushte 105 mozam задоволство http://liternet.bg/folklor/sbornici/miladinovci/415.htm - http://liternet.bg/folklor/sbornici/miladinovci/415.htm Od Struga - Makedonija


Од што си импресиониран , од бугарко ?

Е да , не е “ б’лгарко “

-------------
Тишината е гласникот на почетокот , пссс...т .


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 25.Јуни.2010 во 00:05
ne be - sakam/nejkam


Постирано од: eptendosadno1
Датум на внесување: 25.Јуни.2010 во 00:12
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:

ne be - sakam/nejkam


На , http://liternet.bg/folklor/sbornici/miladinovci/71.htm - радувај се ...ХУБАВА песен

-------------
Тишината е гласникот на почетокот , пссс...т .


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 25.Јуни.2010 во 00:13
Не е возможно славните б`лгари спаднаа на бугари.Ќе да Миладинови сакале да пратат некоја порака.Ама кој да ја разбере.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 25.Јуни.2010 во 00:14
http://liternet.bg/folklor/sbornici/miladinovci/105.htm - http://liternet.bg/folklor/sbornici/miladinovci/105.htm



Od Struga Makedonija


za junak od Rodopa planinaда


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 25.Јуни.2010 во 00:17
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Не е возможно славните б`лгари спаднаа на бугари.Ќе да Миладинови сакале да пратат некоја порака.Ама кој да ја разбере.


vo pravo si - nema koj, em ja napishale porakata na koricataѓавол


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 25.Јуни.2010 во 07:57
Што напишале не се бриши,е во тој случај види ги песните и испеј ги во стара загора,русе или шумен,па ќе те гледаат како да си од марс паднат.Додуша и во Софија се правите дека не разбирате македонски јазик.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: eptendosadno1
Датум на внесување: 30.Јуни.2010 во 17:07
Во 50-тите години на 19 век, прво Димитар, а сетне и Константин се испратени на обука во Москва од страна на руската амбасада во Цариград (пак таму, стр. 204). Во Русија, браќата Миладинови се целосно финансирани од руската држава и црква, каде дури и рускиот архиепископ давал пари на Константин Миладинов .(Ив. Хаджов. Александар Рачински за Братја Миладинови. Училищен прегред, XXXI, 1932, кн. 1, с. 114)

http://www.promacedonia.org/bugarash/dmp/dmp_050_061.htm - Константин Миладинов до непозната лице

      5 ноември 1856 година     

По барање на Русија славјанофили дава мислење за начинот на кој Русија може да помогне на Бугарија: да и одобри еден милион рубља, од каматата на кои да се издржат за 130 млади Бугари во руски установи.

Ова , за што може да се искористи ?

-------------
Тишината е гласникот на почетокот , пссс...т .


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 01.Јули.2010 во 04:13
interesno

http://www.promacedonia.org/bugarash/dmp/dmp_050_061.htm#58 - http://www.promacedonia.org/bugarash/dmp/dmp_050_061.htm#58




Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 04.Јули.2010 во 14:07
Ова случајно го најдов барајки рецепта како се приготвуваат циронкиголема%20насмевка
Чудни податоцизбунетостКого го интересира може да прочитаголема%20насмевка

  • http://freedomfanclub.blogspot.com/2010/02/blog-post.html - Кој е овој човек?
  • http://freedomfanclub.blogspot.com/2010/02/blog-post_09.html - Лажните Миладиновци
  • http://freedomfanclub.blogspot.com/2010/02/blog-post_7354.html - Вистинските Миладиновци
  • http://freedomfanclub.blogspot.com/2010/02/blog-post_2375.html - Третиот Миладин



-------------


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 09.Јули.2010 во 19:45
Nekoj izmisluvashe deka do posledniot moment "Zbornikot" go nosel imeto "Makedonski pesni" i koga Cholakov im dal nekolku bugarski go prekrstile na "blgarski". Se razbira, nema nikakov dokaz za toa. Vo "Biser" od 1863 bile publikuvani 2 bugarski prikazni od Prilep, izprateni od K.Miladinov





http://books.google.bg/books?id=GBlXAAAAMAAJ&pg=PA320&dq=%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%8A&hl=bg&ei=eV03TKedJYmhsQbKssHvBg&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=8&ved=0CE0Q6AEwBw#v=onepage&q=%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%8A&f=false


Постирано од: depo
Датум на внесување: 09.Јули.2010 во 20:24
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Nekoj izmisluvashe deka do posledniot moment "Zbornikot" go nosel imeto "Makedonski pesni" i koga Cholakov im dal nekolku bugarski go prekrstile na "blgarski". Se razbira, nema nikakov dokaz za toa. Vo "Biser" od 1863 bile publikuvani 2 bugarski prikazni od Prilep, izprateni od K.Miladinov

И мене не ми е многу верно тоа , но не може да кажам со сигурност. Имам читано за тоа но не сум баш убеден. Како и да е ништо тоа не менува.


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 10.Јули.2010 во 00:26
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Nekoj izmisluvashe deka do posledniot moment "Zbornikot" go nosel imeto "Makedonski pesni" i koga Cholakov im dal nekolku bugarski go prekrstile na "blgarski". Se razbira, nema nikakov dokaz za toa. Vo "Biser" od 1863 bile publikuvani 2 bugarski prikazni od Prilep, izprateni od K.Miladinov



Сум ја слушал таа теорија многу одамна, иако докази не сум видел, барем досега. Чинам дека некој грчки весник пишувал дека Македонците во Бугарија му го дале тој наслов подоцна, а не пред издавањето.

-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 10.Ноември.2010 во 17:56
Друштвото на писателите на Македонија конечно го покрена прашањето на пронаоѓање на гробот и коските на големите македонски преродбеници - браќата Миладиновци.

Повод 200 годишнината од раѓањето на Димитар Миладинов.

„Факт е дека посмртните останки можат да бидат некаде, не можат да бидат никаде и дека гробот може да биде некаде, но не може да биде никаде.

- Тоа како писатели и како потомци по пишан збор, како Македонци, ние го чувствуваме како свој долг кон браќата Миладиновци и ќе направиме се да се обратиме до сите фактори во нашава земја, до амбасадата на Република Турција, до турските власти да ги отворат сите архиви, за да можеме да ги истражуваме, целосно да имаме увид во се она што е останато како документ и да успееме во ова што сме го замислиле“, вели Веле Смилевски, претседател на Собранието на ДПМ.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: чоли
Датум на внесување: 11.Ноември.2010 во 17:55
Оваа за нас Македонците света книга што се зема во рацете со посебна возбуда, како што тоа се прави со Светото писмо, веднаш го привлекла вниманието на културна Европа и низ многу одгласи во дневниот печат соопштила дека таму на југот на Балканот живее недоволно познат народ со висока духовна култура. Оваа книга била вистински урнек и програма за тоа што и како треба да се запишува и објавува, и тоа не само кај нас туку и кај другите околни народи. Идната година се навршуваат 150 години од објавувањето на зборникот, кој на неговите составувачи им донесе чест и слава, но и им ја реши судбината. Зборникот набргу по објавувањето ја постигнал својата цел. Тој бил воспитувач на многу генерации, настолна книга во многу домови, пример за идни слични подвизи. Марко Цепенков го чувал зборникот и го пеел како „фторо ванѓелие“, Кузман Шапкарев забележал дека подвизите на Кухач, Караџиќ и Миладиновци не му даваат да спие, Васил Икономов во предговорот кон својата прва збирка (од 1893 г.) запишал дека остварува труд „според искажаната желба на покојните браќа Миладиновци“...
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111010152121&id=13&prilog=0&setIzdanie=22130 - Браќата влегоа во легендите

-------------
Мунгос - цензорот на Мисирков


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Декември.2010 во 19:05
Миладинов прв побара да се воведе народен јазик во училиштата


Нова и проширена поставка за браќата Миладиновци следната година ќе биде изложена во повеќе градови низ Македонија, најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На свечена академија по повод јубилејот 200 години од раѓањето на Димитар Миладинов завчера во Струга министерката откри и дека ќе биде испечатена модерна монографија, која ќе ја презентира историската улога и значењето на Миладинов во нашата историографија.

"Димитар Миладинов е нашиот прв преродбеник и деец кој на македонската духовна култура и даде централно место и достоинствено и одговорно пред европската јавност ги подвлече посебностите на македонскиот народ. Учителот и публицистот и собирачот на народни умотворби прв и отворено истапи со барања за воведување на народен јазик во училиштата, а потоа стана маркантна фигура на македонската историја", рече Канческа - Милевска, потсетувајќи и на проектот за целосна рекострукција на Спомен-домот на Миладиновци, во кој ќе бидат сместени канцелариите на Струшките вечери на поезијата и Струшкиот музеј. Во склоп на свечената академија за 200-годишнината од раѓањето на Миладинов беше отворена и изложба на 170 слики, факсимили, преписки и оригинални документи. Неодамна и Друштвото на писатели на Македонија започна иницијатива за пронаоѓање на моштите на браќата Миладиновци. 

http://vecer.mk/?ItemID=9FB4A70DA9FA494691D883CDD6288B59 - http://vecer.mk/?ItemID=9FB4A70DA9FA494691D883CDD6288B59
 


-------------


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 07.Декември.2010 во 18:37
Ме интересира, во кој жанр на песни е сместена „Т`га за југ“? Епска поезија, лирска, патриотска ...?не%20знам

-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Декември.2010 во 18:45
Ваљда патриотска

-------------


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 07.Декември.2010 во 19:38
Хм, патриотска?!размислување
Под патриотизам подразбирам некој кој ја сака својата земја, некој кој се бори за неа (секако не само со пушка в рака) ...
Такво нешто можеме да прочитаме од следниве стихови :

Орелски крилја как' да си метнех,

И в наши ст'рни да си прелетнех!

На наши места ја да си идам,

Да видам Стамбол, Кукуш да видам,...

Овде согледуваме дека авторот во моментите на човекова слабост, му навираат патриотски чувства, чезнее за својот роден крај за да си ги залечи раните...
Но, што се случува во следните стихови ?


Да видам дали с'нце и тамо

Мрачно угревјат, како и вамо.

Ако как' овде с'нце ме стретит,

Ако пак мрачно с'нцето светит,

На пат далечни ја ќе се стегнам,


И в други ст'рни ќе си побегнам,


К'де с'нцето светло угревјат,

К'де небото ѕвезди посевјат.

Каде е овде љубовта кон својот роден крај? Дали тој воопшто и пишувал за својата земја од патриотски побуди или тие „чезнеења“ биле само заради сопствените (егоистички) потреби за подобар живот? Како поинаку би се протолкувале болдираните стихови? Всушност нема што да се толкува. Многу јасно и убаво е напишано: „ ... и в други стр`ни ќе си побегнам ...“  Каде е тука патриотизмот?




-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: DragancoLeskoec
Датум на внесување: 07.Декември.2010 во 19:45
Лирска дефинитивно би рекол, од патриотска далеку.

-------------
Брсјачка нација !


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 10.Декември.2010 во 16:29
Станува збор за носталгична лирска песна.

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk