Испечати | Затвори го прозорот

ПРИВЕДЕНИ 19 лица ЗА „БАЧИЛО“

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Историја и политика
Опис на форумот: историски, политички, изборни дебати
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=5800
Датум на принтање: 28.Јануари.2025 во 22:07
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ПРИВЕДЕНИ 19 лица ЗА „БАЧИЛО“
Постирано од: Калпазан
Наслов: ПРИВЕДЕНИ 19 лица ЗА „БАЧИЛО“
Датум на внесување: 20.Септември.2006 во 11:45
Ова е статија од денешниот Утрински Весник
Нема ново судење за „Бачило", парите остануваат кај овчарот Џемаили
Предлогот на Правобранителството за отворање нова постапка Судот го отфрли како неоснован

Доколку не уследи жалба на донесеното решение до повисоките судски инстанции, Иснифарис Џемаили ќе остане сопственик на парите кои со судска одлука му беа исплатени пред неколку години
Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1 конечно пресече за „случајот Бачило" и одлучи да нема ново судење за овој контроверзен случај, кој на овчарот Иснифарис Џемаили од Тетовско му донесе над 720.000 евра отштета. Како што сме информирани официјално од извори од судот, предлогот на Јавното правобранителство за нов судски процес е одбиен како неоснован. Тоа значи дека судот не ја прифатил како валиден и нов доказ изјавата на ветеринарот од Камењане, Мухамед Арифи, кој пред надлежните органи тврдеше дека издал потврда за бројната состојба на добитокот по барање на Џемаили и тоа неколку месеци пред наводното гранатирање на бачилото. Со други зборови, најбогатиот овчар во Македонија нема обврска да ч ги врати на државата спорните 720.000 евра, иако отворено сомневање за корупција искажаа Антикорупциската комисија, Владата и Врховниот суд.

Претставникот на Јавното правобранителство, Драги Шуплиновски, вчера од нас ја слушна веста за одлуката за „Бачило" и изјави дека сж уште не добил никаков писмен допис од судот. По добивањето на одлуката, Правобранителството дополнително ќе одлучува дали ќе поднесе жалба до повисокиот суд. И адвокатот Владимир Ракочевиќ, кој е правен застапник на тужителот Иснифарис Џемаили, рече дека не е информиран за содржината на одлуката и рече дека само што проверувал во службите на судот дали има писмено решение.

Со вчера доставената одлука на судот, барем за некое време, „случајот Бачило" ќе биде затворен. Имено, доколку не уследи жалба на донесеното решение до повисоките судски инстанции, Иснифарис Џемаили ќе остане сопственик на парите кои со судска одлука му беа исплатени пред неколку години. За овците кои, наводно, му биле убиени во 2001 година овчарот Џемаили иницираше судска постапка за обесштетување. Пред судот презентираше докази дека овците му биле убиени од летала на Армијата на Македонија за време на воениот конфликт. Неговата аргументација, како таква, беше прифатена од страна на судот и по неколкугодишно докажување на Иснифарис Џемаили му беа исплатени 727.000 евра. Токму исплатата на огромната сума што беше нотирана во ревизорскиот извештај направен за работата на Министерството за одбрана ги крена институциите на нозе. Најпрво реагираше Антикорупциската комисија, која побара од Владата да го расчисти овој случај. Топката се префрли во Кабинетот на експремиерот Владо Бучковски, кој на оваа тема ч посвети цела владина седница, од која произлезе заклучокот сите надлежни служби да се вклучат во откривањето на вистината. Под притисок на јавноста, беше иницирана нова постапка со која Јавното правобранителство побара од судот да го отвори целиот случај и да го врати на почеток. Главен аргумент на Правобранителството беше една од многуте изјави што ги даде ветеринарот Муамер Арифи, а според која тој не извршил увид на местото каде што загинале овците. Токму оваа изјава претставуваше камен на сопнување, бидејќи правниот застапник на овчарот Џемаили тврдеше дека била дадена под закана и со принуда.

Во меѓувреме, судот постапи согласно со барањето на Јавното правобранителство, но беше побарано изземање на судијката Славица Героска-Попчевска. Станува збор за судијката што и ја донесе првичната одлука за „случајот Бачило". Барањето за изземање беше прифатено од претседателката на Основниот суд Скопје 1, Добрила Кацарска. По разрешувањето на Попчевска, за судија кој ќе треба да решава за бачилото на Иснифарис Џемаили беше одредена судијката Јасмина Блажевска, но тужителот и неговиот правен застапник побараа нејзино и изземање на претседателот на судот. Ваквото барање беше одбиено, а по неколку одржани рочишта судот ја донесе својата конечна одлука. Од големите зборови дека „Бачило" е школски пример на организиран криминал со многу вклучени актери од сите правосудни органи не остана ништо. (Љ.С.-Г.Д.)

 

Ете така!

Играјте децо Жикино коло
Жика вас ради у дупе голо!
 

 


-------------
Македонија - Моја Дежела



Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 20.Септември.2006 во 22:59
ebati drzavata!!,........koga vi vikam,...treba da se besat site do eden,....vie se raduvate shto pak ste gi izbrale,..............vi posakuvam ushte muchki kako ovaa,....samo so ushte edna nula poveke,....a i shto se 700 000 eura?!LOLLOLLOL

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Baron
Датум на внесување: 22.Септември.2006 во 06:34
Prosliot pat koga bilo vaka, dojde peglata koja se vikase komunizam.
Pa, kako rezultat, razni zandani, apsani i kazamati. Sipcite koj u Albanija, koj u Turska. I bese mir se do 1968. Dur Tito ne go trgna Rankovic.
Ovoj pat, kojznae kakov -izam ke dojde, ama kakov i da dojde ke mora da nasaduva na kolci. Inaku, nema da ima ni postuvanje ni avtoritet kaj narodot!
 


Постирано од: brza
Датум на внесување: 22.Септември.2006 во 23:19
a,be kakov -izam,....   treba samo da zavladee pravo ,....i site shto se obogatile na drzavna smetka da im se zeme se shto opljachkale i da se zatvorat na podolgo vreme,....samo togash ke recham deka pameten e ovoj narod,....a,ne sega!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Калпазан
Датум на внесување: 23.Септември.2006 во 13:30
Брза, баронот има во вид дека сиромаштии и општествени хаоси, нагли осиромашувања, обогатувања преку ноќ, несигурности, верски и етниќки омрази, не водат во ништо добро (без разлика што политичарите ветуваат).
И таквите општества, по правило стануваат плодно тло за имплементација на разни идеологизирани режими од типот на комунизми, фашизми, војни хунти, верски теократии итн...
Подсети се на земјите како Германија, Италија, Русија, Албанија, Кина, Кипар, Грција во 1967, пред само неколку дена Тајланд...
Затоа, ано вели дека ќе треба да се наденува на колец...ако не, пак ќе биде хаос, поинаков, ама сепак хаос.
Новиот режим не смее по никоја цена да го санкционира украденото од народот, предавството од 2001, политиката во вработувањето...итн
Ако ги санкционира и едноставно наследи, ќе ја има судбината на сегашните влади...
Ако и сега Македонија е под рамковниот договор, тогаш, зошто 65% од вработените не се македонци, како што 25% се шиптари?
Значи, некој друг се вработува наместо македонците, со тоа што во јавноста проектира имиџ како македонец, а во стварноста е или србин што работи за Србија или цинцар кој работи за Грција (а за кој друг)?
И затоа, македонци има само околу 45% а останатите само ја зафаќаат квотата на македонците...
А народот само гледа и коментира за шиптарите...а тие си се правилно застапени...шиптарите не се проблемот, ами некој друг!
 


-------------
Македонија - Моја Дежела


Постирано од: bojan81
Датум на внесување: 01.Декември.2006 во 16:20

ПРИВЕДЕНИ 19 Лица ЗА „БАЧИЛО“ И ЗА НЕЛЕГАЛНА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

Се бара „мозокот“ на аферата вредна  5 милиони евра

Неколкумина од приведените се понудиле да бидат заштитени сведоци

Деветнаесет лица, меѓу кои судии, директори, адвокати, нотари, поранешни членови на второстепени комисии и овчарот Иснифарис Џемаили, вчера рано изутрината биле приведени во полициска станица и пред истражните органи. Приведените се осомничени за перење пари, за злоупотреба на службената положба и за измама. Кривичните дела се поврзани со аферата „Бачило“ и со нелегална денационализација на земјиште.

Осомничени се 23 луѓе, а за 19 од нив бил даден налог за приведување. Приведените Иснифарис Џемаили, Ордан Миланоски, Гроздана Манасиевска, Душан Стојанов вчера околу пладне дале изјава пред истражните органи.

Пензионерот Ордан Миланоски бил полномошник за отуѓување триесетина парцели имот.

Тие со денационализација им биле доделени на петмина наследници, кои го заложиле имотот под хипотека за заем што не го вратиле, па сопственик на имотот станале Гроздана Манасиевска и Томислав Трајковски. Најголем дел од имотот на истиот начин подоцна и' припаднал на Светлана Симоновска, која е меѓу приведените. Таа добила и парцела од 1.200 квадрати, спроти Соборниот храм во Скопје. Во сите договори полномошник бил пензионерот Миланоски. Меѓу приведените се и нотарите Никола Стојменовиќ, замешан во случајот „Бачило“, и Гордана Ракочевиќ, чиј сопруг Владимир му е адвокат на овчарот Иснифарис Џемаили, кој доби оштета од 727 илјади евра за тој случај. Во април, пред Основниот суд 1 да донесе одлука за замрзнување на неговиот имот, Џемаили склучил договори за заем и го дал под хипотека речиси целиот имот, со исклучок на неколку ниви. Приведена е и адвокатката Ленче Димчевска, која од антикорупциската комисија беше обвинета дека незаконски го ополномоштила Миланоски да застапува странки во денационализацијата, иако не бил адвокат ниту имал правно образование. Извршителката Емилија Алексоска, која во тоа време била раководителка на Секторот за премер и катастар, се сомничи дека извршила промени во обработен предмет и дека вршела притисок врз својата службеничка да го заврши предметот. Приведен е и Томислав Трајковски, кој преку фиктивен заем од 59.000 евра станал сопственик на четири парцели најквалитетно градежно земјиште во централното градско подрачје, со вкупна површина од 5.672 квадрати.

Осомничен е и Саша Андоновски, претседател на тогашната второстепената комисија за денационализација. Тој не е достапен за полицијата. Дознаваме дека е во странство.

Според МВР, нема случај „Бачило“, туку станува збор за метод што се користел за да се извлечат пари од државата. Делото го извршиле со фиктивни договори и задолжувања со купување градежно земјиште. Околу 200.000 евра од 760.000 евра државни пари што на име штета биле земени од државата му биле исплатени на Иснифарис Џемаили. Преостанатиот дел бил одлеан во аферата денационализација. Полицијата го следела движењето на парите и утврдила дека со фиктивни договори кај одредено лице се задолжувале други лица, а сопствениот имот го давале како залог. Бидејќи не можеле да си ги вратат парите, се активирал залогот. Пазарната вредност на вака одземеното земјиште се проценува на пет милиони евра. Министерството за внатрешни работи утврдило дека методот на малверзација со хипотекарни договори бил користен во уште два други случаја, но полицијата во интерес на истрагата не соопштува детали. МВР не го открива ниту името на банката што се јавува во сите случи со хипотекарните измами. Неколкумина од приведените се понудиле да се јават како заштитни сведоци и ако се искомбинираат нивните изјави, заедно со доказите, ќе се открие и „мозокот“ на овие малверзации, велат во МВР.



-------------


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 01.Декември.2006 во 16:21
Леле ке ги скинат,убаво и тргна на оваа влада но нешто многу ме фаќа страв да не го скинат Груевски што фаќа толкав замав,знаете што му се случи на Ѓинѓиќ кога проба истово во Србија да го направи

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 01.Декември.2006 во 16:36
cekaj,prvin skokni pa reci op-da ne e maska samo ova,pa posle mnogu privedeni,nikoj ne osudenWink

-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Декември.2006 во 01:16
mnogu si naivna,...ako mislish deka nekoj ke bide osuden,...............mozebi nekoj djeparosh po avtobusiva i ke go osudat,...ako go fatat!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: nindza
Датум на внесување: 02.Декември.2006 во 01:24
Ne e isto privedeni i povikani na davanje izjava ... 


Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Декември.2006 во 01:27
na koj ke kazesh,....zatoa i me nervira narodov,....ne bara rezultati tuku samo da se pochne neshto i toa kobajagi,.....?!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: nindza
Датум на внесување: 02.Декември.2006 во 01:43
kucinjata laat karvanite si vrvat sekogas bilo i ke bide na ovie prostori koga kaj nas laat ovci a ne volci LOL LOL LOL


Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Декември.2006 во 01:51
si se zeznal,....ovcite BLEAT,....ne laat!LOLLOL

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 03.Декември.2006 во 23:38
bacilo e temata
a jas mislam deka zasluzil tie pari
ovcite vo Makedonija se na cena bre


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: plamenko
Датум на внесување: 03.Декември.2006 во 23:44
ima ni krivi ni duzni u situacijava a tie pa sto se krivi ne se tamu kaj sto treba :)


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 03.Декември.2006 во 23:54
PRIVEDENI SE 19+1 VO TURSKA LI?
A KOGA KJE GO DONESAT I 21 OT KJE BIDE SMEENJE


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: plamenko
Датум на внесување: 03.Декември.2006 во 23:58
iskreno drugarka mi e svetlana i za gabe e soberena u stanica ni kriva ni duzna !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!1


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 04.Декември.2006 во 00:00
a mozebi jadela na veligden od ovcite a ti neznaes za toa

-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: teofil
Датум на внесување: 09.Декември.2006 во 01:11
boogie, cekaj malku ne skokaj , gruevski zatvoril 19 ili 190 ludje i gotovo sega ce ja opravi rabotata.i ne se plasi nikoj nema doprva da go skine odamna e skinat.

-------------


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 09.Декември.2006 во 01:42
Што да се каже на некој може и да му е криво ама тоа е тоа математика неможе да стане биологија ма колку и да хибернира

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 09.Декември.2006 во 01:50
Има ли „Бачило“ голем мозок?

Мери Јордановска

Мозокот на операцијата, крупните риби, центарот на мрежата се само дел од називите што медиумите и пошироката јавност им ги дадоа на фантомите што се кријат зад случаите „Бачило“ и денационализирано земјиште. Со тие синоними се опфатени и многу други случаи на организиран криминал што не се расчистени до крај. По ваквиот тек на настаните сите се прашуваат дали во Македонија воопшто може да постои толку моќен човек, а ако постои, зошто е недопирлив за органите на прогонот?

- Кога станува збор за некоја мегаафера и за организиран криминал, во кои се вмешани многу луѓе, мора да постои човек што ќе ги синхронизира тие активности. Во случајот „Бачило“ се вмешани многу институции, па логично е да се наиде на некаква пречка. Штом некој можел да го синхронизира сето тоа, значи е човек со политичко влијание и со авторитет, а неговиот збор треба да биде рамен на „закон“. Затоа се поставува прашањето дали во Македонија може да има толку моќен човек? Дефинитивно, во конкретниов случај, треба да се стигне до крајот, ако има крај. Значи, или не постои таков човек или доколку постои, тој е недопирлив – вели Никола Тупанчевски, професор по кривично право на Правниот факултет во Скопје.

Извори од истрагата за случајот „Бачило“ се сомневаат за тоа кои две лица евентуално стојат зад целиот скандал. Мора да постојат „голем мозок“ и „мал мозок“ на целата операција, тврдат доброупатени извори.

- Едниот ја осмислил, а вториот најверојатно е „кртот“ што помогнал да се оствари. Тие работеле според принципот на поврзаноста меѓу законодавната и извршната власт. Едниот заповедува, другиот остварува. Тоа се луѓе со многу знаење и со големо влијание – тврдат извори од истрагата.
За мегааферата „Бачило“ засега се осомничени нотари, адвокати, владини функционери, работници и пензионери. Од МВР не ја исклучуваат можноста дека во центарот на мрежата се кријат високи владини функционери од поранешната власт, чии имиња наскоро ќе бидат обелоденети. Такви најави имаше и во даночната пирамида, каде и покрај помпезните најави, не се откри врвот и „крупните имиња“ вмешани во даночно затајување. Со слична завршница беше и „октоподот“ што го отвори Бранко Црвенковски. Доброупатените велат дека сличен крај ќе добие и случајот со Методија Смиленски, кој наскоро треба да биде екстрадиран во земјава. И покрај големите очекувања дека Смиленски ќе ги оддаде „крупните риби“ што му помагале во матните зделки, голема е веројатноста тие да се затскријат зад моќта, политичките врски, бизнис-влијанијата и парите.

Зошто „големите и малите мозоци“ се недопирливи и дали тие воопшто постојат?

- Искрено, сметам дека случајот „Бачило“ не можел да го исконструира еден човек. Тоа се повеќе луѓе што биле на високи позиции. А дали некој стои на врвот и го координира криминалот, не можам со сигурност да кажам, но лично мислам дека таков нема. Шемата за случајот е многу едноставна и за таа да се направи биле доволни човек од катастарот и човек од второстепената владина комисија за денационализација – вели Јован Трпеновски, член на антикорупциската комисија.

Министерот за правда Михајло Маневски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска најавија дека бескомпромисно ќе се справат со сите оние што украле пари од државата и тие ќе одговараат за криминалот. Тоа го најави и Горан Трајковски, директор на Управата за јавни приходи, кој рече дека наскоро ќе се отвори судска постапка за 18 функционери што се збогатиле многу повеќе од она што реално можеле да го заработат со платата.

Ракочевиќ останува во притвор

Нотарката Гордана Ракочевиќ, сопруга на адвокатот Владимир Ракочевиќ, останува во истражниот затвор во Шуто Оризари, одлучи вчера кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1.

Таа е една од 23 осомничени за случајот „Бачило“, од кои десет завршија во притвор, каде што ќе останат до 30 декември. Единствено адвокатите на Ракочевиќ побараа јавна седница за да ги изнесат аргументите пред кривичниот совет. Сопругот на нотарката, Владимир Ракочевиќ, вчера не беше достапен да изјави дали ќе одржи прес-конференција на која наводно ќе изнесе докази за незаконско работење на судот, како што првично најави.

Каде водат трагите?

Слаѓана Тасева, првиот човек на Државната комисија за спречување на корупцијата, веќе го повика експремиерот Владо Бучковски да даде изјава за случајот „Бачило“ пред истражен судија, затоа што парите за отштетата на Иснифарис Џемаили се одлеале од сметката на Министерството за одбрана додека тој бил министер. Тасева смета дека изјава пред судот треба да дадат и поранешната јавна правобранителка Зоја Лега-Станојевска и судијката Снежана Попчевска.

Бучковски не сака да ги коментира овие изјави, и покрај тоа што неговото име се поврзува со тројца осомничени во случајот „Бачило“: нотарот Никола Стојменовиќ, ексдиректорката на катастарот Емилија Алексова и поранешниот претседател на второстепената владина комисија за денационализација и бивш заменик-министер за економија Саша Андоновски, кој е во бегство.
- Не сум славел Нова година со нотарот Никола Стојменовиќ. Се познавам со него бидејќи тој беше член на Правниот совет и еден од луѓето што ги спроведуваа клучните реформи во судството. Емилија Алексова ми беше колешка, но не сме семејни пријатели – изјави Бучковски.

Од досегашната истрага, како што коментираат нашите извори, клучна фигура во случајот „Бачило“ е Андоновски. Тој ги потпишал сите решенија за денационализација и на пет скопјани за нива во Топанско Поле од 30.000 квадратни метри, спротивно на законот, им доделил 170.000 квадратни метри земјиште во Центар, Орешани и Морани. На документите никаде не стојат имињата на другите членови на владината комисија. Освен тоа, на решенијата за денационализација тој е потпишан како Сашо Андоновски, и покрај тоа што вистинското име му е Саша.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: teofil
Датум на внесување: 09.Декември.2006 во 02:07
abe boogie dzabe bi bilo sto god da ti se kaze.samo ti zivej si so mislata deka gvuevski ce ti pomogne vo borbata do sovrsenstvoto.barem mene nema zosto da mi bide krivo ako e na vlast k*rto ili murto,direktno ne sum zasegnat ni od edniot ni od drugiot.makedonija be brat od gvuevski nema air da vidi.na makedonija ne i falat 5 mil.evra i 700 ovci za da ja spasat.umrea vreminjata so apsenja drzava koga se vodeshe.namesto da se raboti na nekoi novi investicii tie rabotat i pravat reklami so nekoi apsenja i rusenja.abe 100 pati ce se povtoram na Makedonija i treba mudonja a ne dustabanlija.gledaj da ne premine taa tvoja borba od borba za sovrsenstvo vo borba za sloboda.


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 09.Декември.2006 во 09:16
Твоја борба гледам нема да биде ти се замараш со квебек ама ако тоа си е твое за замарање,а јас ако треба и за слобода ке се борам не ми е страв,не ми е страв и да мислам дека се вложува у Македонија и дека почнува да се живее во Македонија.Ако тебе ти е криво што не си тука и мораш да рмбаш ко будала од јутра до сутра таму за некој француз или евреј тоа е твој проблем немој твојата фрустрација тука да ја покажуваш мене тоа не ме интересира а верувам дека и другите форумџии не се замараат со такви работи

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: brza
Датум на внесување: 10.Декември.2006 во 00:22
Originally posted by teofil teofil напиша:

abe boogie dzabe bi bilo sto god da ti se kaze.samo ti zivej si so mislata deka gvuevski ce ti pomogne vo borbata do sovrsenstvoto.barem mene nema zosto da mi bide krivo ako e na vlast k*rto ili murto,direktno ne sum zasegnat ni od edniot ni od drugiot.makedonija be brat od gvuevski nema air da vidi.na makedonija ne i falat 5 mil.evra i 700 ovci za da ja spasat.umrea vreminjata so apsenja drzava koga se vodeshe.namesto da se raboti na nekoi novi investicii tie rabotat i pravat reklami so nekoi apsenja i rusenja.abe 100 pati ce se povtoram na Makedonija i treba mudonja a ne dustabanlija.gledaj da ne premine taa tvoja borba od borba za sovrsenstvo vo borba za sloboda.
   teofilcho,ne se sekiraj ,sosema si vo pravo ,shto i treba na zemjava,a shto ne,.....djabe ti e poveke da zboruvash,....barem tuka!

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Anarhist
Датум на внесување: 11.Декември.2006 во 02:07
Ma se toa treba da se ispozatvori.
Samo napred


-------------


Постирано од: Tattoo Beauty
Датум на внесување: 13.Декември.2006 во 02:30
Браво за приведените!! Грујо интензивно нешто по затвори пикаClapClapClap

-------------
http://www.skin-artists.com" rel="nofollow - Skin-Artists.com

http://www.tattoo-passion.org" rel="nofollow - TattooPassion


Постирано од: aleksandar oh
Датум на внесување: 13.Декември.2006 во 09:02
Што би рекле нашите брака Срби
"све то треба спалити за пример другима"



-------------
So ljubov


Постирано од: Калпазан
Датум на внесување: 13.Декември.2006 во 10:01
А ко ќе све то сахранити?


-------------
Македонија - Моја Дежела


Постирано од: JASTREB
Датум на внесување: 17.Септември.2007 во 21:17
Што стана со лицата приведени за случајот БАЧИЛО?

-------------
,,VENE VIDI VICI,,


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 18.Септември.2007 во 10:15
Одговорот е во надлежните, а се бара преку пратенички прашања или преку медиумите.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: dragon
Датум на внесување: 18.Септември.2007 во 18:10
Glavata i na ovaa afera kako i na site predhodni se znae toa e glavata na oktopodot, a taa ja znaete site. Ama sega zasega dobro se krie medju svoite 8 noze. 


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 18.Септември.2007 во 19:47
Originally posted by dragon dragon напиша:

Glavata i na ovaa afera kako i na site predhodni se znae toa e glavata na oktopodot, a taa ja znaete site. Ama sega zasega dobro se krie medju svoite 8 noze. 



Kako dobro se razbirame.
A be ne za dzabe rekle: ,, dogovor kukja gradi,, .



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: SHTUKA
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 13:17
Originally posted by JASTREB JASTREB напиша:

Што стана со лицата приведени за случајот БАЧИЛО?


Да бе, навистина каде се? Па овие со нас си играат топло- ладно.


-------------
,,DO POBEDATA I NAZAD,,


Постирано од: moira
Датум на внесување: 01.Октомври.2007 во 19:25
Na bezbedno mesto, daleku od ocite na javnosta.


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 01.Октомври.2007 во 19:30
Originally posted by moira moira напиша:

Na bezbedno mesto, daleku od ocite na javnosta.



Значи да не му се секираме? Бргу и останатите инволвирани ќе му ја киднат?!!!!!



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: moira
Датум на внесување: 01.Октомври.2007 во 19:33
Ke vidime, razvrska sledi...


Постирано од: мало дете
Датум на внесување: 02.Октомври.2007 во 23:26
Одговорот го знаат само малкумина

-------------
Мало дете


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 26.Декември.2007 во 00:58
Originally posted by JASTREB JASTREB напиша:

Што стана со лицата приведени за случајот БАЧИЛО?



Прашањето е добро, мислам темата, но одговорот е политички.
трепкањеЕдноставно нели го нема.


-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: stole
Датум на внесување: 01.Јануари.2008 во 10:59
Originally posted by moira moira напиша:

Ke vidime, razvrska sledi...



Кога ги приведуваат и судат го работат тоа сите да видат. Ќе добијат по неколку години затвор, народот ќе поверува дека има правда... Е после следуваат жалбите и помилувањата, а тоа малкумина го знаат. Сите мислат дека се во затвор, а тие го собираат кајмакот од бачилото.....

-------------
Дали човекот е создаден од Господ, или Господ е измислен од човекот??
Можеби и двајцата ги создал ѓаволот!


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 01.Јануари.2008 во 17:42
Originally posted by stole stole напиша:

Originally posted by moira moira напиша:

Ke vidime, razvrska sledi...



Кога ги приведуваат и судат го работат тоа сите да видат. Ќе добијат по неколку години затвор, народот ќе поверува дека има правда... Е после следуваат жалбите и помилувањата, а тоа малкумина го знаат. Сите мислат дека се во затвор, а тие го собираат кајмакот од бачилото.....



Сите до еден шетаат на слобода. И од БАЧИЛО и ШВЕРЦЕРИТЕ НА ОРУЖЈЕ и сите државни кримоналци.


-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 14.Ноември.2008 во 22:51
А, што стана со ШВЕРЦЕРИТЕ НА ОРУЖЈЕ?
Јанкуловска ги заборави, или чека црвенковци да заминат од сцената на државата па потоа да ги кастрира.
Мора под хитно Риле и Драгче да ги приклешти оти тешко на државата со овие персони.



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: taor
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 21:32
Полека но сигурно ги чистат и оние кои кои ги сокриваа режисерите на Бачило.
Верувам дека дефинитивно им иде крајот.

-------------
,,WHAT'S UP DOC?,,


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 22:49
А, каде е Иснифар Џемаили?
Што е со екс првиот разузнавач? Рисро Ѓоргиев.
Што е со Методиј Стамболиски?
До кога слободно ќе се шета по Парлментот Владо Бучковски?



-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk