Испечати | Затвори го прозорот

Natural Language Processing Software

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Хардвер и софтвер
Опис на форумот: Матични плочи, монитори, оперативни системи, антивируси, интересни програмчиња ....
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=4641
Датум на принтање: 15.Јануари.2025 во 13:36
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Natural Language Processing Software
Постирано од: Macedalien
Наслов: Natural Language Processing Software
Датум на внесување: 15.Јули.2006 во 16:53

Прва од ваков вид за Македонскиот јазик, оваа платформа е изработена во Perl и наскоро ќе биде ставена на веб страна и ќе може да се користи од поширока публика. Се работи, имено, за обична CGI скрипта којашто е способна да ги даде сите форми на еден глагол врз основа на неговиот инфинитив. На неа работам јас и уште еден друг форумџија (Thief )којшто е ”задолжен” за дескриптивниот-граматички дел т.е. морфологијата на глаголите.

 

Еве и неколку скриншотови од тестот на програмот вчера вечер како и опис на целата процедура :

 

1. Кодот е направен во Perl. Се работи за мала скрипта од околу 200 линии.

 

2. Како INPUT, ставив еден глагол (глаголот ”чека”) во еден обичен текст фајл (glagoli.txt) :

 

 

3. Процедурата (сега засега преку NutShell) се врши на следниот начин :

 

 

Резиме :

 

а) Се егзекутира скриптата fleximac.pl и како INPUT и се дава фајлот glagoli.txt којшто може да содржи еден или повеќе глаголи од која и да било група (глаголи коишто завршуваат на ”а”, на ”е” или на ”и”). Како OUTPUT е генерирана т.е. создадена веб страната rezultat.html.

 

b) Резултатите од менувањето на глаголот ”чека” можете да ги видите доколку кликнете http://jovan.kostov.free.fr/fleximac/rezultat.html - овде .

П.С. Добра вест. Работата не застанува во моментот кога е најинтересно : се работи и на CGI интерфејс за автоматско членување на именки (би требало да биде оперативен и врз придавките) и се надевам дека до крајот на летото се ќе биде спремно и ќе можете да ги менувате вашите глаголи на интернет.

 
П.П.С. За да се уверите во ефикасноста на истата, можете да ја тестирате во наредните два часа доколку кликнете http://82.242.237.30/ - овде .



Коментари:
Постирано од: Macedalien
Датум на внесување: 15.Јули.2006 во 16:55

Доколку познавате или доколку сте користеле друг вид на ваков софтвер за македонскиот јазик, слободно пишете овде.



-------------


Постирано од: Macedalien
Датум на внесување: 19.Јули.2006 во 13:16
Критики?

-------------


Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 19.Јули.2006 во 14:40
а за да се изврши .pl скрипта што треба да се има инсталирано?


-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: Macedalien
Датум на внесување: 20.Јули.2006 во 12:48
perl interpreter. 

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk