Испечати | Затвори го прозорот

Бојкот на маркетите 31,01,2025

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31663
Датум на принтање: 10.Февруари.2025 во 05:18
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Бојкот на маркетите 31,01,2025
Постирано од: pajser
Наслов: Бојкот на маркетите 31,01,2025
Датум на внесување: 02.Февруари.2025 во 10:31
Прометот на маркетите намален за скоро 50% во споредба со минатиот петок поради бојкотот на граѓаните



Во осумте поголеми синџири на маркети вчера е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, вчера е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети во споредба со завчера.

-Податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во осумте поголеми синџири на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година покажуваат дека вчера 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари, а во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари, прецизираат од УЈП.

Најавуваат дека ќе продолжат со мониторирање и анализа на овие трендови, како и информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на економијата.

Вчера во земјава, како и во повеќето земји од поранешна Југославија, купувачите ги бојкотираа големите синџири на маркети заради енормното зголемување на цените. Иницијативата беше поттикната од Хрватска каде купувачите веќе втор петок по ред ги бојкотираат маркетите. Во сите земји е потврдено дека прометот во маркетите вчера е намален за околу 50 отсто. И покрај најавените акции од маркетите со пониски цени се очекува бојкотот да продолжи и во наредниот период.





-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana



Коментари:
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 02.Февруари.2025 во 10:34
,,,ni edna vakva gradjanska akcija ne može da pomine kako shto treba,,,ne 45% ,,,prometot trebashe da bide do 15%,,,edinstveno da pazaruvaat,,,onie so neophodni potrebi,,,
,,,ama,,,

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk