Невреме во Македонија Сабота 11 Јануари 2025
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Разно
Опис на форумот: Немате соодветен подфорум? Бујрум овде на муабет...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31659
Датум на принтање: 22.Јули.2025 во 09:12 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Невреме во Македонија Сабота 11 Јануари 2025
Постирано од: pajser
Наслов: Невреме во Македонија Сабота 11 Јануари 2025
Датум на внесување: 11.Јануари.2025 во 18:59
УХМР издаде портокалов аларм за снежна бура во Македонија – обилен снег и силен ветер од вечерва Македонија
Голема промена на времето во Македонија!
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска во ноќните часови ќе има врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.
Утре (12 јануари) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а наместа, особено во западните делови, ќе бидат обилни (локално над 40 л/м²).
Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см).
Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег
Во Скопје Почнувајќи од денеска во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник.
Поради ваквите временски услови УХМР издаде портокалов аларм за најголем дел од територијата на земјава.
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Коментари:
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 11.Јануари.2025 во 19:01
,,,koga beshe leto,,,ne bea dobri visokite temperaturi,,, sega vo Januari snegot e proglasen za nevreme,,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|