https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Frabota-i-zhivot-vo-nov-zeland-zoshto-da-ne-kako-najlesno-da-najdete-rabota-tamu&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey" rel="nofollow - - Истражувањата од 2014 година покажуваа дека социјално најнапредна земја на светот е Нов Зеланд. Истраживме какви се условите на иселување и работа во оваа земја, која неретко е нарекувана најдобра за живот.
https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Frabota-i-zhivot-vo-nov-zeland-zoshto-da-ne-kako-najlesno-da-najdete-rabota-tamu&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey" rel="nofollow - https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Frabota-i-zhivot-vo-nov-zeland-zoshto-da-ne-kako-najlesno-da-najdete-rabota-tamu&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey" rel="nofollow - Пред се постои категоријата „квалификуван мигрант“, а се однесува на луѓето кои поседуваат квалификации и знаења од области во кои на Нов Зеланд му недостига работна сила. https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Frabota-i-zhivot-vo-nov-zeland-zoshto-da-ne-kako-najlesno-da-najdete-rabota-tamu&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey" rel="nofollow - За да го стекне овој статус, апликантот треба да има помалку од 55 години, да има добро здравје и карактер и да зборува англиски јазик.
https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Frabota-i-zhivot-vo-nov-zeland-zoshto-da-ne-kako-najlesno-da-najdete-rabota-tamu&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey" rel="nofollow - Прв чекор е пополнување на изјава на заинтересираност, која се праќа до http://www.immigration.govt.nz/" rel="nofollow - Тука се наведуваат деталните податоци за апликантот, неговите вештини, семејство. На сајтот на оваа служба постојат упатства за оваа изјава.
Врз основа на изјавата кандидатот ќе биде бодиран, и ако освои доволен број на бодови се повикува да аплицира за работа во оваа земја.
Друг начин да работите во оваа земја е преку „Од Работа до престој“. Оваа опција дозволува преку привремена работна виза да добиете на крај и траен престој.
Подносителите на барања може да бидат квалификувани за занимања кои се бараат на Нов Зеланд или може да имаат специјални таленти во спортот или уметноста.
Но, и за овој статус постојат многу квалификации кои мора да ги исполните.
За да влезете во Нов Зеланд врз оваа основа морате:
-да имате добро здравје и карактер
-пасош кој важи најмалку три месеци после датумот кога го напуштите Нов Зеланд
-да имате вистинска желба за работа во оваа земја
-да ја имате неопходната виза за вашата посета
Ако ви се одобри работната дозвола мора да исполните одредени услови за време на вашиот престој:
1. Работата која ќе ја извршувате мора да биде во согласност со условите наведени во вашата дозвола
2. Морате да ги почитувате законите на Нов Зеланд
3. Може да престојувате во Нов Зеланд само онолку колку е одредено со вашата дозвола
Пред исполнување на условите за подносителите на барање, мора да ги исполните барањата на политика во рамки на која го поднесувате барањето за виза или дозвола „Со работа до престој“. Во рамки на која политика ќе поднесете барање зависи од вашето занимање и околности.
Зошто Нов Зеланд?
-бесплатно или поволно здравство
-добри јавни служби
-можност за лесно наоѓање на работа (посебно за занимања кои се на листата на оние кои му фалат на Нов Зеланд)
-пријателски настроени луѓе
-отсуство на корупција, силна економија
-природни убавини, поволна клима
-безбедност
Некои од занимањата кои се барани во Нов Зеланд
-инжениер (хемиски, електро, сообраќаен)
-медицински сестри
-физиотерапевти
-лекари со разни специјалности
-социјални работници
-ветеринари
-електричари
-автоелектричари
-инжинери во бродоградилишта