Испечати | Затвори го прозорот

Рецепти со желе бомбони

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31579
Датум на принтање: 29.Март.2024 во 11:42
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Рецепти со желе бомбони
Постирано од: Valerija
Наслов: Рецепти со желе бомбони
Датум на внесување: 05.Октомври.2019 во 10:44
Колачи со желе од Дониа (без печење, посно)

Колачи сo желе бомбони -без печење 

Состојки
500 гр мелени посни бисквити
50 гр маргарин
100-200 шербет
200 гр желе Дониа
100 гр бело чоколадо

Овие се колачиња кои многу лесно се прават, а се јадат во еден здив.

Мелените бисквити најпрво ги месиме со маргаринот и после тоа го додаваме шербетот.
За него морам да ви признаам дека оваа количина не мора да значи дека ќе ви треба, обично се гледа од самото тесто, зависи и од самите бисквити.
Откако ќе го измесиме тестото, во калапче, јас имам метално ставаме најлонска фолија и ставаме еден ред смеса, па еден ред желе од Дониа, па потоа повторно ставаме од смесата и го рамниме калапчето. Вака подготвено го ставаме во фрижидер за длабоко, да се стекне убаво смесата. Откако добро стегната ја полеваме со растопена бела чоколада и декорираме со желе .




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Октомври.2019 во 10:57
Бели триаголници со Дониа желе (без печење)

Бели триаголници со желе бомбони

Состојки
200 гр бисквити
100 гр Дониа желе бонбони
5 лажици вода
5 лажици шеќер
70 гр путер
100 гр бело чоколадо

1. Бисквитите искршете ги некои на поголеми некои на помали парчиња. Желе бонбоните исецкајте ги на ситни коцки и додадете ги кај бисквитите.
2. Во сад на оган ја ставаме водата со шеќерот додека проврие. Потоа го додаваме путерот и белото чоколадо и постојано мешаме да се добие еднолична смеса.
3. Чоколадната смеса ја додаваме кај бисквитите и убаво месиме со рака. Смесата ја ставаме во модла обложена со најлонска фолија оставаме да се стегне во ладилник најмалку еден час.
Сервираме...



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Октомври.2019 во 11:02
Кокос торта со желе бонбони (без печење, без миксер)


Кокос торта со желе бомбони

Состојки
За подлога
12 лажици овесни снегулки
20 лажици мелени бисквити
8 лажици шеќер во прав
20 лажици слатка павлака
1 лажиче ванила екстракт
2 лажици кокосов путер
За фил
400 гр засладено кондензирано млеко
400 гр кокосово брашно
200 мл слатка павлака
200 гр желе бонбони

Подготовка
1. Овесните снегулки и бисквитите ги мелеме. Јас тоа го направив во Нутрибулет.
2. Ги соединуваме со шеќерот во прав, растопениот кокосов путер, ванила екстрактот и слатката павлака.
3. Во калап тава со обрач бр. 24, кое сме го премачкале со путер ја ставаме смесата и ја измазнуваме. Го одложуваме калапот во фрижидер.
4. Ги сечкаме желе бонбоните на мали коцкички.
5. Засладеното кондензирано млеко и слатката павлака ги соединуваме, само промешуваме со лажица, не ги матиме со миксер.
6. Ги додаваме кокосовите снегулки и желе бонбоните, па внимателно соединуваме.
7. Целата смеса ја распоредуваме на подлогата и оставаме малку да се стегне и да се соединат вкусовите.
8. Поминуваме околу страниците на тортата со ноже за да ја одвоиме од калапот и го тргаме обрачот.
9. Украсуваме по желба.

Забелешка
Ако сакате можете калапот да го обложите и со најлонска фолија или ацетатна хартија.
Ова е точна доза на употребени состојки, меѓутоа ако не ви се допаѓа густината на филот или на подлогата слободно калкулирајте со течностите што ги содржат.
На главната фотографија состојките што се употребени се околу ¼ од потребните, од напишаните. Дел од состојките ги тргнав на страна и ги подготвив во мал калап за да имам поубава фотографија. Остатокот го подготвив во тава со обрач бр.22.
Еве и вака може ако сакате да направите помала доза.
Инаку може да ја прекриете со ганаж од бело или црно чоколадо иако и вака нејзиниот изглед е предизвик за да се проба.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Октомври.2019 во 11:04
Чоколадни бонбони со желе и кокос


Чоколадни бомбони со желе бомбони и кокос

Состојки
200 гр чоколадо за готвење
250 мл млеко
2 лажици брашно
100 гр желе бонбони дониа
1 јајце
75 гр кокос
3 лажици шеќер
1 лажичка путер
Чоколадото за готвење растопете го, намачкајте ги калапите и ставете ги во фрижидер да се стегнат.
Млекото изматете го со јајцето, шеќерот и брашното. Ставете на тивок оган да се вари, мешајте додека не згусне. На крај додајте 1 лажиче путер.
Во изладениот фил додајте кокос и сечени на помали коцки желе бонбони.
Со овој фил наполнете ги калапите со чоколадо. Одозгора премачкајте пак со чоколадо и ставете во фрижидер да се стегне.

П


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Октомври.2019 во 11:06
Чоколадни мини кули со желе бонбони и локум

Чоколадни мини кули со желе и локум

Состојки
6 парчиња наполитанки
8 бисквити
100 г ореви
60 г темно чоколадо
200 мл слатка павлака
100 г желе бонбони Дониа
2 поголеми парчиња локум со орев Дониа

Обожавам желе бомбони да си ги јадам така, во колачи или торти не ги сакам баш зашто не можам да им го почувствувам вкусот, единствено си ги сакам во непечени торти или слатки, особено во касато. Така си направив моја варијанта на непечени и превкусни колачи, експериментално направив 16 колачи, значи ова е мала доза, слободно може да ја удвоите или утростручите.

Прво сомелете ги бисквитите заедно со наполитанките, јас користев Нутрибулет.
Потоа сомелете ги оревите и измешајте ги заедно со бисквитите и наполитанките.
Локумите и желе бонбоните исечкајте ги на мали парчиња. Оставете од желе бонбоните некое парче за декорирање.
Слатката павлака загрејте ја и во неа додадете го чоколадото, измешајте убаво да се изедначи смесата.
Во оваа смеса додадете ги мелените бисквити, наполитанки и ореви, измешајте и оставете да се олади. Откако ќе се олади, додадете ги сечканите локуми и желе бонбони и измешајте убаво. Ако немате калапи за колачи, можи да направите салама или триаголна форма од целата смеса, завиткајте ја во најлонска фолија и оставете да се излади. Мене првично ми беше таква идејата со тоа што желе бонбоните сакав да ги наредам во средината, ама потоа се премислив и ги ставив во калапи од мраз.

Откако ќе се оладат убаво и стврднат колачите, можи да ги прелеете со глазура од чоколадо и декорирајте со парченца желе бонбони.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk