Испечати | Затвори го прозорот

ЕП во ракомет - ХРВАТСКА 2018

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Кошарка и ракомет
Опис на форумот: Нашите најуспешни национални спортови
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27796
Датум на принтање: 25.Април.2018 во 20:07
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ЕП во ракомет - ХРВАТСКА 2018
Постирано од: Neptun74
Наслов: ЕП во ракомет - ХРВАТСКА 2018
Датум на внесување: 12.Декември.2017 во 01:19
На конгресот на EHF одржан во Даблин, Ирска, на 20 септември 2014 беше донесена одлука Хрватска да биде домаќин на 13-тото Европско Првенство во ракомет.

Хрватска ќе ги "нагости" 16те репрезентации во периодот од 12ти до 28ми јануари 2018 година.
Репрезентациите кои изборија учество на Европското Првенство се поделени во четири натпреварувачки групи, а исто толку градови и спортски сали ќе бидат домаќини на првиот дел на овој врвен ракометен спектакл и тоа:

А група - Сплит, Спаладиум Арена
Б група - Пореч, Спортски центар Жатика
Ц група - Загреб, Арена Загреб
Д група - Вараждин, Арена Вараждин

Вториот дел на натпреварувањето ќе продолжи во Загреб и Вараждин, додека финалните натпревари ќе се одиграат во Загребската Арена.


-------------
DeepBlue



Коментари:
Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 12.Декември.2017 во 01:42
Европските Првенства во ракомет се одржуваат на две години, почнувајќи од 1994 година.
Првото ЕП се одржа во Португалија, додека наредното, закажано за 2020 година, ќе се одржи во дури три земји ко-домаќини Австрија, Норвешка и Шведска.

Најуспешна репрезентација досега е Шведска, со 4 освоени титули Европски шампион, додека највеќе медали имаат освоено Шпанија и Данска - по шест.

Подетално за заинтересираните, на следниов линк:

https://en.wikipedia.org/wiki/European_Men%27s_Handball_Championship
https://en.wikipedia.org/wiki/European_Mens_Handball_Championship" rel="nofollow -

https://en.wikipedia.org/wiki/European_Mens_Handball_Championship" rel="nofollow -

https://en.wikipedia.org/wiki/European_Mens_Handball_Championship" rel="nofollow - European Men's Handball Championship

https://en.wikipedia.org/wiki/European_Mens_Handball_Championship" rel="nofollow -



Македонската репрезентација, во својот најуспешен (досега) колективен спорт, има настапено на четири ЕП, а ова ќе ни биде петти настап.

среќа Со среќа...


-------------
DeepBlue


Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 14.Декември.2017 во 00:03
Дворана Жатика, Пореч, Истра... Најмалата од четирите спортски сали домаќини на Европското првенство.
Површина од 14 000 м2, може да собере 3700 гледачи.






-------------
DeepBlue


Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 14.Декември.2017 во 00:08
Арена Вараждин... Изградена 2009 за потребите на Светското првенство во ракомет.
Површина од 20 000 м2, може да собере 5000 гледачи.








-------------
DeepBlue



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk