Испечати | Затвори го прозорот

Кога се користи "на" а кога "во"

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27576
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 03:50
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Кога се користи "на" а кога "во"
Постирано од: SpiderBatSuper
Наслов: Кога се користи "на" а кога "во"
Датум на внесување: 25.Март.2016 во 03:46
Здраво! Знам може Ви е смешен насловот,но јас навистина сакам некој поопширно и појасно да ми даде одговор на ова прашање,бидејќи не сум израснал во Македонија и понекогаш грешам кога да ставам "на",а кога "во" и ми прави да се чувствувам непријатно. Однапред Ви благодарам. :)



Коментари:
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Март.2016 во 04:09
Не знам кој е твојот прв јазик, но ако знаеш англиски, тогаш "HA" е "ON", а "BO" е "IN".

Стави го НА фрижидерот - значи да се стави нешто одозгора на фрижидерот

Стави го ВО фрижидерот -значо да се стави нештото внатре во фрижидерот.


Инаку НА се користи и на други начини… дај му го НА… ; НА нас ни останува…


Ако ни поcочиш неколку примери каде ги мешаш НА и ВО ќе биде полесно да ти помогнеме во двоумењето.








-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Јас сум свинче
Датум на внесување: 25.Март.2016 во 10:29
Тој оди во училиште, тој оди на училиште...
Правилно е пример: Тој оди на Училиште. Нели Месинџер?
Или зависи таму од некои прашални форми
Еве ни ја не знам тачно. А цел живот сум помеѓу Македонци.

Мислам дека како и да кажеме никој нема да ни најде маана, ниту пак ќе забележи пошо и Македонците баш не си го познаваат јазикот, освен таму некои од постарите генерации, професори, професорки и слично.Што го грееле столчето убаво. Што учеле навремето кога било построго, во времето на Југославија, за разлика од денеска, денеска срања куп ќе сретнеш по учебниците и небитни ствари, што никад нема да ни требаат во животот, ниту пак е така, а мора да ги научиш и тоа на памет, само ради некој професор што се преценил и си го преценува предметот. Глупости.


Постирано од: SpiderBatSuper
Датум на внесување: 25.Март.2016 во 13:09
Ви благодарам на двајцата за помошта.Инаку не знам сега точно каде грешам ,бидејќи кога ми се смеат тогаш знам дека нешто сум погрешил. @Messenger особено фала за убавото објаснување. :)


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 26.Март.2016 во 04:29
Originally posted by Јас сум свинче Јас сум свинче напиша:

Тој оди во училиште, тој оди на училиште...
Правилно е пример: Тој оди на Училиште. Нели Месинџер?

Правилно е "тој оди HA училиште", исто како "тој оди HA театар".











-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Суада
Датум на внесување: 26.Март.2016 во 16:11
    Ти благодарам Месинџер многу за помошта...

-------------
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk