Испечати | Затвори го прозорот

Наследство

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27553
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 16:21
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Наследство
Постирано од: Goca And
Наслов: Наследство
Датум на внесување: 24.Јануари.2016 во 15:15
Здраво
Ке ве замолам за одговор на едно прашање,имаме поднесено барање за оставнина за имот на баба ми, наследници сме јас и брат ми(татко ни е починат пред баба ми) и чичко ни.Но чичково почина скоро во текот на постапката, нема дадено изјава,а има сопруга и две керки.
Како ке се врши делбата понатаму помеѓу кого? Друго- едена од ќерките на чичко ми живее во странство и треба да даде наследичка изјава- како треба да гласи таа изјава дека зема или се откажува од делот на БАБА НИ или од делот на ТАТКО И?
И дали нотарот треба наследниците да ги информира што треба да достават и како треба да гласи наследничката изјава и за се друго или ние ?
Се надевам ке ми одговорите ако има некој правник,затоа што нотаров некако не ми е сигурен
Ви благодарам              



Коментари:
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Јануари.2016 во 21:33
А бидејќи се работи за наследство (се надевам дека има некоја вредност која не е занемарлива) нели е подобро да отидеш до некој нотар или правник специјализиран за овие нешта и побараш стручен совет. Плаќањето на таквиот совет  е ништожен во однос на вредноста на точната информација.

Ние можеме, во најдобра намера, да те советуваме с'е и сешто и ти тоа да го земеш здраво за готово, па на крајот да останеш без оноа што можеби правно ти следува…

Ова ти го кажувам со најдобра намера.







-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Суада
Датум на внесување: 25.Јануари.2016 во 21:40
Не е со најдобра намера овој Месинџер, еве ја ви кажувам Гоца...
Јас Гоца мислам дека не треба да идете никаде ни на нотар ни адвокати да плаќате, ништо.
Што е ваше ќе си дојде... Не му се замарајте.


-------------
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Јануари.2016 во 21:47
Суада, не живееме во исламска држава. голема насмевка

Во оваа владее друг закон - може нешто да биде твое, но ако не го познаваш законот може да ти биде отуѓено.

Е сега aко сакаш да кажеш дека тоа била Божја воља… тогаш да ти кажам дека Бог ни дал ум за да го користиме, а не да седиме врз него и да чекаме Бог да работи за нас. Тој вели - кој си помага себе си нека очекува дека ќе му помогнам и јас, а на оној што не прави ништо ќе му го одземам и оноа што сум му го дал.

Така да… што си сееме тоа ќе си жнееме, што си готвиме тоа ќе си сркаме…


И да, нема бесплатен ручок. 



















-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Суада
Датум на внесување: 26.Јануари.2016 во 00:10
Е, арно ми го кажа сеа...
Те мразам Месинџер.

-------------
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 26.Јануари.2016 во 00:46
А како да не те сакам кога сме Едно. големо гушкање

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Суада
Датум на внесување: 26.Јануари.2016 во 00:54
...с'е е наше оти с'е е Едно...
и некои во процесот стигнуваат до неговото осознавање...


-------------
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе


Постирано од: profesorce
Датум на внесување: 17.Октомври.2017 во 23:30
Здраво на сите, потребна ми е помош, па би ве замолил ако некој може да помогне. Се работи за мојот син за кого мислам дека би требало нешто да му следува ЗАКОНСКИ од страна на мајка му. Инаку мајка му( бившата ми почината сопруга) почина на самото пораѓање. Сега сум женет и имам прекрасна фамилија од типот моето и твоето го натепаа нашето.
Да се вратам на проблемот. Починатата (мајка на едниот ми син) има и брат кој е во америка, и мајка која е сеуште жива, а татко и скоро почина. Од други разбрав, дека целиот имот му го препишала на синот (брат на починатата мајка на мојот син).
Дали ЗАКОНСКИ смее или не смее тоа да го направи, и дали мојот син, нивно внуче од ќерка, има право законски на дел од имотот????


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 18.Октомври.2017 во 04:32
profesorce,

1. Ако сакаш евентуално (без никакви гаранции и со многу мали шанси) нешто да смениш што е напишано под точка 2, тогаш да си најдеш дооообар адвокат.

2. ЗАКОНСКИ личната сопственост е загарантирана, а тоа значи дека сопственикот располага со неа според својата желба. Доколку починатата имала тестамент со кој одредила кому ќе припадне нејзината своина, законски нејзината желба ќе биде исполнета.

Токму затоа уште додека сме живи се прави тестамент и "power of attorney" (не сум сигурен како се вели на македонски,  со кое ти му даваш законско право некој да ги застапува твоите интереси) со кои се регулираат нештата откако човекот ќе почине, како и додека е жив, но не е во полн капацитет да решава за себе и својата своина.

Доколку тоа не се има (затоа ти советувам што побрзо да си ги стокмиш овие документи за себе) тогаш ДРЖАВАТА ги зема работите во свои раце и таа решава според законот и според оноа што судијата смета дека треба да се стори, а не како што мисли и посакува секој поединeчен член од семејствата.











-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Октомври.2017 во 14:05
Vidi tie ako se pametno grizlivi baba i dedo treba na toa dete t.e tvojot sin da mu ostavat nesto.
Megutoa site znaeme deka site luge ne razmisluvaat isto.
Nemaat dovolno intelegencija,nemaat griza vo niv itn.
Taka sto ti bori se ako vredi,megutoa i da ne uspees reci si vaka:Ako moze so takva sovest da si odi od ovoj svet,bujrum neka odi kaj saka,samo da ne otide vo pekolot.
I prodolzi da si zivees srekno.


Постирано од: profesorce
Датум на внесување: 21.Октомври.2017 во 20:36
Мислам дека можам да докажам дека при префрлањето на имотот, потпишувањето, дедото беше неспособен, односно со дијагноза atrofija demencija - разводнување на мозокот, кое и беше причината за подоцнежната смрт.
Има и извештај од снимање на ренгенологија во Скопје каде е детално опишана дијагнозата за сушење на мозокот.

Е сега дали ова би било доволно да со тужба го оспорам договорот за дар каде е поклонет имотот на синот?


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Октомври.2017 во 23:30
Не верувам бидејќи тоа е исто како да бил способен, а не направил тестамент, па по неговото починување тоа го направила жена му. Со други зборови, иако тој бил жив, де факто бил неспособен да стори било што или ако бил спсобен, тоа не го сторил за било која причина.  Доколку имотот бил заеднички со бабата тогаш таа има потполно право смостојно (секако дека и не постоела друга опција) да решава за него.






-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk