Испечати | Затвори го прозорот

Астролошки вести и информации

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27522
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 14:24
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Астролошки вести и информации
Постирано од: Kastro
Наслов: Астролошки вести и информации
Датум на внесување: 21.Октомври.2015 во 19:39
Не најдов ваква тема па од таа причина и ја отворив .
Овде можеме да постираме новини и информации од астрологијата.

Ова ако не сум грешка се однесува за вечерва среќа


http://mkd-news.com/doagaat-orionidite-vecherva-gledajte-spektakularen-meteorski-dozhd/" rel="nofollow - Доаѓаат Орионидите: Вечерва гледајте спектакуларен метеорски дожд


На областите каде што има слабо осветлување, ноќеска и рано наутро ќе можете да гледате голем број на „ѕвезди кои паѓаат“ наречени Ориониди.

Дождот се  состои од остатокот од Халиевата комета која последен пат орбитираше околу земјата во 1986-та година и нема да можеме да ја видиме до 2061-ва година.

Сепак, секоја година во втората половина од октомври месец Земјата минува низ остатоците од кометата, па небото ќе биде осветлено од вистински дожд на метеори. Оваа година се претпоставува дека околу 5-6 часот наутро по средноевропско време ќе летаат од 10 до 20 метеори на час.

За да ги видите, треба да го следите југоисточното небо. Тоа што е добро е што нема да имате потреба од никаква посебна оптичка опрема затоа што метеорите ќе можат да се видат и со голо око, по услов небото да е чисто, и да не бидете опкружени од вештачко осветлување.




-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Октомври.2015 во 19:55

НАСА: Астероид и се приближува на Земјата


На 31 октомври ќе помине 2.5 км долг астероид во близина на нашата планета. Астероидот го забележале научниците на НАСА, кои предупредуваат дека ќе помине покрај Земјата со 125.500км/час на оддалеченост од 499.000км.

Сличен астеорид кој ни се доближил се случил пред 10 години, а научниците предвидуваат дека повторно ќе се доближи за 10 години. Сепак, не постои опасност дека планетата ќе претрпи некој удар. 

- Астероидот е екстремен и се наоѓа во високо наклонета орбита. Ова е најблиско доближување од познат објект, по доближувањето на астероидот AN10 во 1999 година, објаснуваат од НАСА.

Поради орбитата во која се наоѓа, НАСА не знаат на каде се упатува астероидот, но сигурни се дека нема да ја погоди планетата Земја.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk