Испечати | Затвори го прозорот

Windows 10

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Хардвер и софтвер
Опис на форумот: Матични плочи, монитори, оперативни системи, антивируси, интересни програмчиња ....
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27516
Датум на принтање: 26.Ноември.2020 во 07:37
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Windows 10
Постирано од: Ninja 35
Наслов: Windows 10
Датум на внесување: 04.Август.2015 во 14:43
Сакам да инсталирам windows 10 слободната верзија ама имам пиратски w7 profesional .... пишува дека може ама нешто не ми оди од рака...некое искуство

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!



Коментари:
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 04.Август.2015 во 19:37
Мене овој упдејт ми дојде на windows 8.1.
Прочитав дека ќе биде бесплатен за сите
корисници кои имаат лиценциран windows 8.1.
А останатите со подолните верзии ќе треба да платат
десет долари.Што значи и да го инсталираш после триесет
чинам дена ќе ти бара активација.
Не сум ѕирнал но сигурно е или во брзо време ќе биде кракуван.
Иако лично не планирам да го менувам,еден ден ќе ми земе само да
сите програми ги инсталирам,а сигурно со некои и ќе прави проблеми на почетокот.


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 05.Август.2015 во 07:30
мене и сега ми стои предупредувањето доле на екран...а пишува дека така ќе биде и со десетката, ќе има опомена преку екранот...

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 05.Август.2015 во 08:27
Најдобро да си почекаш за финалната верзија, ќе биде за брзо време.
Мое мислење е дека не му треба секому  најновиот виндоус, се додека малку постарите работат како што треба и ти користат во секој поглед....Јас веќе 7 години работам на XP без ниеден апдејт воопшто, немам ни експлорер со години голема насмевка и компјутеров ми ги задоволува сите побарувања на еден обичен корисник. Секако, не можам да инсталирам пример некои нови програми, пример најновите верзии на фотошоп или офис, ама не ми ни требаат.




-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 05.Август.2015 во 14:30
Originally posted by fiks fiks напиша:

Најдобро да си почекаш за финалната верзија, ќе биде за брзо време.
Мое мислење е дека не му треба секому  најновиот виндоус, се додека малку постарите работат како што треба и ти користат во секој поглед....Јас веќе 7 години работам на XP без ниеден апдејт воопшто, немам ни експлорер со години голема насмевка и компјутеров ми ги задоволува сите побарувања на еден обичен корисник. Секако, не можам да инсталирам пример некои нови програми, пример најновите верзии на фотошоп или офис, ама не ми ни требаат.



Знаеш што...кога подобро ќе размислам, во право си...замисленост
што ќе менувам, кога и јас две години функционирам на ист начин...да


-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 05.Август.2015 во 22:33
Новиот Винодоус е можеби корисен за некои напредни корисници, се друго е бадијала фрлање пари, само простор на хард диск ќе ти зазема и повеќе рам меморија, а корист никаква.
Читав имало тамо триста опции за чување на податоци и разни непознати работи за мене, се тоа е можеби добро, ама не за мене, како и за повеќето обични корисници на компјутер, што значи, интернет, релаксација, некоја игричка и офис делот за пишување, правење презентации и слично.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Орка
Датум на внесување: 07.Август.2015 во 09:01
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

мене и сега ми стои предупредувањето доле на екран...а пишува дека така ќе биде и со десетката, ќе има опомена преку екранот...

Кај осмицата,а верувам така ќе биде и кај десетката.Во PC Settings ќе немаш пристап,а мислам и апликациите од google store ќе не можеш да ги инсталираш.
Затоа почекај да излезе и кракувањето.


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 07.Август.2015 во 19:02
Originally posted by Орка Орка напиша:

Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

мене и сега ми стои предупредувањето доле на екран...а пишува дека така ќе биде и со десетката, ќе има опомена преку екранот...

Кај осмицата,а верувам така ќе биде и кај десетката.Во PC Settings ќе немаш пристап,а мислам и апликациите од google store ќе не можеш да ги инсталираш.
Затоа почекај да излезе и кракувањето.

ќе почекам да го кракнат....намигнување


-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 08.Август.2015 во 17:02
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Сакам да инсталирам windows 10 слободната верзија ама имам пиратски w7 profesional .... пишува дека може ама нешто не ми оди од рака...некое искуство

Еве искуство...
и малку знаењезбунетост...
WIndows 10 го користам веќе скоро една година, ОС си е одличен, брка работа, лесен, интуитивен за оние кои знаат што им треба, малку збунувачки за оние кои се просечни корисници, чудо за оние кои го користат само за ФБ и порно...намигнување
ист ќе биде како на ПЦ така и на мобилен, ова условно кажано пошто ПЦ е неспоредлив со мобилен, но корисничкиот интерфејс е тој - наизглед ист...
ама друго беше прашањето...
види...
кога ја инсталирав 10-ката во суштина се согласив дека "они", значи момциве од Редмонд ќе следат се' што правам со WiNDOWS-от, првиот момент кога ќе се вклучам на интернет...
а јас, па и било кој е секогаш вклучен на интернет...
значи знаат која страна ја посетувам, што ме интересира, пишувам ли на идивиди форум, што пишувам, гледам ли порно, кое порно го гледам, користам ли Office пакет, кој пакет го користам, има ли проблеми помеѓу оперативниот систем и нивниот друг софтвер и со било кој друг софтвер...
ама јас, бидејќи се работи за верзија која е во развојна фаза и свесно се вклучувам во нивното истражување и испитување на оперативниот систем, сум свесен за тоа...
и да скратам...
кога ќе инсталираш Windows Enterprise Preview, значи тест верзија која е нормално,  слободна, тоа значи дека со вклучувањето на интернет ти, јас или било кој корисник се појавуваш "гол" пред Microsoft...
е сега...
кога ќе го користиш Google Chrome, тоа значи дека ти, јас или било кој корисник се појавуваш "гол" пред Google тимот...
да не набројувам за Mozzila и друг софтвер...

и за крај да скратам...

кога користиш хакирана верзија на оперативен систем или пиратска, како сакаш...
тогаш, ти, јас или било кој корисник се појавуваш "гол" пред Microsoft, Google и...
пред питај бога кој се' друг, во конотација на тоа кој е тој што направил хак на оперативниот систем, и питај бога за што се' може да го користи твојот компјутер...

и не, не сум платен да рекламиран легален софтвер...
реков, па како сакате сфатете го...
штом се појавиш на интернет, значи дека си "гол"...
само прашање е освен тоа што легално те гледаат "гол" ...
и кој друг нелегално, ако сака а ти му дозволиш, го прави тоа...

и знам дека сум јасен...
намигнување...






Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 08.Август.2015 во 17:11
Фала за информацииве Којсумјас...
Донекаде знам за ова што кажуваш ама јас и досега сум цело време гол пред нив, па така да и нема што ново да видат кај мене...
Знаеш онаа логика, од толку лешпери низ светот, баш за мене ли ќе се фатат...
Али јбг...домашниот компјутер кај мене има улога на играчка, албум, музички систем....замена за Котелец кога пијам кафе и гледање на филм кога жена ми гледа турски срања...и толку...па и нема што да се види од голотијата...

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 08.Август.2015 во 17:17
Ахааа, Ок е...
поентата ми беше дека хакираниот систем е многу повеќе подложен на злоупотреба...
не дека па на некој му е гајле дли гледам порно, симнувам торенти со најнови филмови или најнов софтвер кој кошта ѓавол и пол...
и да не се лажеме...

"они" знаат...
само им одговара да знаат за да може да реагираат таму каде е пазарот за големи пари...
нашиот пазар е премногу мал за да се замараат со било што...
а е доволно добар за добивање информациинамигнување...





Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 08.Август.2015 во 17:22
Да, за нив сме само извор за статистички информации...имам во маало едно дете што прави некакви копии на виндоус, по цел ден е закачен на некакви црни страни каде што симнува драјвери, бугови и не знам како се не се викаат работи, дури гледам негови копии во продвнициве за компјутери, ги даваат гратис инсталираникога ќе купиш некоја поефтина конфигурација...
Па си викам, кога него не му прави никојништо....

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Октомври.2015 во 11:05

Сакав да го инсталирам Windows 10 и да прашам за ваши мислења и искуства, па ви ги издвоив мислењата во посебна тема. Ако? трепкање

Колку што го разбрав Којсумјас, задоволен е од десеткава генерално.
Имам легален софтвер. Ај да видам дали сум разбрала добро: со симнување на десеткава се согласувам дечките од преку барата да ми следат се што правам со Windows-от или што би рекол Којсумјас - да се појавам “гола“ пред Microsoft. изненадување

Ако имав нелегален софтвер, разликата е што освен легалниве дечки, и било кој друг нелегален би можел да ми влезе во компјутер и којзнае за што да го користи?
Разбрав или не сум разбрала?




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 06.Октомври.2015 во 09:52

не знам


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 06.Октомври.2015 во 10:40
Штом е гратис зимај.
Чиста македонска логика.
Јас само ќе повторам оти немам воља да го губам денот.
Оти освен разликите во интерфејсот,ништо ново што би ми користело.
А следењето секако го има и се повеќе ќе го има од тие за нив
комерцијални потреби и доближување до корисниците да им биде
подостапно тоа што го сакаат.Жими мајка.
Секако не ја користи oneDrive апликацијата барем за да се
чувствуваш побезбедно во делот на информациите.Останатото
тешко дека некој ќе го сопре.Кога секоја страна веќе може
да те лоцира и следи што останува ако стане човек мета
заради некои "повисоки цели"


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 14.Октомври.2015 во 21:27
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Сакав да го инсталирам Windows 10 и да прашам за ваши мислења и искуства, па ви ги издвоив мислењата во посебна тема. Ако? трепкање

Колку што го разбрав Којсумјас, задоволен е од десеткава генерално.
Имам легален софтвер. Ај да видам дали сум разбрала добро: со симнување на десеткава се согласувам дечките од преку барата да ми следат се што правам со Windows-от или што би рекол Којсумјас - да се појавам “гола“ пред Microsoft. изненадување

Ако имав нелегален софтвер, разликата е што освен легалниве дечки, и било кој друг нелегален би можел да ми влезе во компјутер и којзнае за што да го користи?
Разбрав или не сум разбрала?



Легален софтвер си е легален софтвер, дали пратат дечкиве преку барата или не, не знаеме...
ние викаме пратат, они нема никад да признаат...

а ме следат мене и илјадници други кои ја користиме сеуште тест верзијата на WIndows 10 наречена вака или така, сега за сега developer preview...
што значи они ми даваат бесплатен оперативен систем, кој е сеуште нетестиран како и дали добро работи...
а јас и илјадници други се согласуваме да не пратат се' што работиме на него и со него...
ризикувајќи со тоа да не хакира некој кој така му се сака, а ние да немаме одбрана, пошто користиме тест верзија...
значи му помагаме на Microsoft да си ги најде грешките ако ги има, а ги има, и да ги поправи...
ние уствари изиграваме жртви, ама никој со сила не не тера...

А повторно, легалниот софтвер, е оној што е претходно тестиран и поправен благодарение на нас кои сме "голи" пред Микрософт, за атер на сите кои подоцна ќе си платат убав и сигурен Windows 10...
е дали нив ќе ги прати Microsoft, заклучете си сами..намигнување

а хакиран оперативен систем си е приказна за оној што го користи а скоро задолжително и за уште некој хакер...
така јас си знам, или барем си мислам...намигнување



 


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Октомври.2015 во 22:25
Мое мислење е дека со Виндоус 10, милиони корисници во светот му помагаат на Мајкрософт да си направи оперативен систем што потоа ќе им го продаде на истите за добра паричка.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 20.Октомври.2015 во 09:27
Windows 10 го имам веќе 2 недели и му ги откривам маните...

1.Комплетно цела мултимедиа им е катастрофа(YouTube никако не работи,или кога работи е со сецкања)
2.Целиот софтвер е робустен и кога на сето тоа ќе се додаде антивирусот е спор ко трактор
3.Мал милион апликации кои никогаш во животот нема да ми затребаат

...се на се,не сум ѕадоволен и во текот на неделата се враќам на Windows 7!?!

П.С.Прашалничево е оти и Windows 7 e гола вода

-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 20.Октомври.2015 во 16:16

Значи, ќе преживеам јас и без него. голема насмевка


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 04.Јануари.2019 во 13:51
Не бев со некоја голема желба да ја мењам 8.1 верзијата.
Ама пустото крадено,два пати го форматирав и со истиот
упдејт се живо укочуваше.Па ајде да видам новава година
со десеткава крадена како ќе иде.
Штета шо порано не ми текна амнестија да си побарам.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 04.Февруари.2019 во 22:56
Го пратив у историја.
Еден куп проблеми само решавав
со фотошопот.На крај цурик на 8.1.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk