Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27510 Датум на принтање: 01.Февруари.2025 во 02:04 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: СО КОМЕНТАР , задолжително !?Постирано од: novace
Наслов: СО КОМЕНТАР , задолжително !?
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 11:42
Атина, 21 септември 2015 (МИА) - Коалицијата на радикaлнатa левица (Сириза) на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас победи на вчерашните вонредни парламентaрни избори во Грција, освојувајќи 34,47 отсто од гласовите, соопшти рано изутринава грчкото Министерство за внатрешни работи врз основа на 99,4 отсто преброени гласачки ливчиња.
Рано-утринската вест од комшилукот наш е ...дека НН партијата победила...со толку и толку..
Сега (ни) доаѓа „коментарот„..односно тој кој не добил (победил) а се си мислел дека „тој„ МОРА(л) да победи..оти така му кажале „некои„ однадвор...или понадвор кога бил на гости !?
И (им) вели „тој„ пезевенкот нели...НЕ (ви) ГИ ви ПРИЗНАВАМ ИЗБОРИТЕ БЕ...ДИКАТАТОРИ едни и НИ за едни?.
Ви текнува која е разликата помеѓу нас и комшилукот нели!?
Или сеуште не може да се разбере ...ЗАШТО е тоа ТАМУ поинаку одколку кај нас во БИВШАТА дрн дрн дрн државичка?.
Се додека (и сеуште) има „вакви„...Mакедонија ќе (ни) биде БАНАНА Државичка и секако и FYROM-исана сеуште и тоа по дооолг период од време.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Коментари: Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 17:33
Што си миcлите, дали некоja американска партија, која ќе изгуби на избори со 30 милиони гласови разлика, ќе крене глас и ќе рече дека изгубиле поради лажирање на изборите, дека затоа не ги признава истите и не ги признава државните институции ???
Такво нешто се случува само во нашата уникатна Македонија.
P.S. Аl Gore изгуби од George Bush со околу 100 гласа (пропорционално со Македонија) и тој со својата партија достоинствено си го прифатија поразот, онака како што доликува во демократски и културни држави.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: novace
Датум на внесување: 07.Ноември.2015 во 18:30
- Оти влегувањето на власт преку избори малку им е проблем.
- Бидете трпеливи, ќе произведеме доволно кризи, секој од вас барем еднаш ќе биде дел од вмровска власт. Не, не сите одеднаш, еден по еден или двајца по двајца, ама дека ќе бидете барем неколку месеци министри, жими Гарет, Бејли или некој трет, ветуваме.
- Следната криза други двајца.
- А замениците ќе имаат свои заменици, кои, пак, ќе имаат заменици што може да попијат вето од нивните заменици.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 07.Ноември.2015 во 19:36
Секоја партија било каде во светот, која тврди дека народот е со неа, ќе побара да има избори уште истиот ден затоа што ќе посака да капитализира на тој факт.
Таа нема да има потреба да се компромитира со барање асистенција од надворешни фактори, агенции и организации.
И ако навистина го има мноштвото од народот на нејзина страна таа ќе ги добие изборите и никој не ќе може истите да ги лажира толку многу за да го смени тој резултат, особено што тие се под контрола на домашни и надворешни набљудувачи. Но ако ги изгуби ќе треба доблесно да го прифати поразот, користејќи ги следните четири години за реорганизирање на своите редови и донесување на издржана економско-политичка платформа која тогаш евентуално ќе биде подржана од електоратот.
Симптоматично е што некои постојано се повикуваат на западните норми на однесување кога критикуваат нешто во Македонија, а никогаш не се повикуваат на гласањето во тие исти земји кога се работи за однесувањето на партиите во Македонија во врска со резултатите на тие гласања.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: novace
Датум на внесување: 08.Ноември.2015 во 23:56
Мирка Велиновска: Лидери секогаш ќе се појават ако народот е единствен
Умирам од срам. За четврт век двапати ни спакуваа иста фингерајка. Еднаш со помош на косовски терористи, сега со божем легална политичка партија и црпнат водач. Двапати во американска изведба и со европска асистенција. И двапати на државотворниот испит паѓаат политичките елити што раководат со македонските државни институции. По истата рецептура, прво ќе ни го начкртаат текстот на „договорот“, потоа ќе им го тутнат на четирите партиски главатари и нивните божем експерти на доработка, па тие во присуство на „меѓународни“ мафиози божем дипломати преоблечени во олеснувачи и посредници послушно ќе го потпишат, без да им е гајле дали народот се согласува со тоа или не. Во тој манир, потоа „договореното“ и „испреговараното“, а всушност капитулираното и раскрчменото по пат на партиски диктат ќе се преточи во уставни и законски измени, без некој да се праша дали од таквите постапки Македонија станала поспастрена и поизгледна држава или не. По пржинскиот експеримент Македонија е уште помалку држава од што беше по рамковниот. Сега дури можам да кажам дека таа е дух во кој живи се само двата милиони жители. Од државата ни трага. Не се знае дали имаме претседател, влада, полиција, армија или судство. Ако имаме, кои закони важат и по чии закони работат? Суспендиран ли е Уставот? Што фактички е Македонија? Каде е? Никола Груевски мисли поинаку. Мисли дека со тоа што бил принуден (веројатно тој ги знае причините зошто влегол во играта) да прифати ваков резил, всушност преку резултатите на изнудените избори ќе ја растури сметката на оние што ја дизајнирале играва, па со тоа ќе може да ја врати Македонија во претпржинска состојба. Што е заблуда, која се покажа и со живуркањето на рамковниот договор, иако и таа хартијка е криминален чин, кој насилно беше легализиран преку уставни промени. А второ, зашто тој не е политичар од калибар на Таип Ердоган, кој умее широко да гледа, па наеднаш спакуваната игра знае одлучно и интелигентно да ја парира, без да му ја мисли како ќе го оценувал цел свет. А што се однесува до народот во чии одлуки Груевски верува и на таа основа го гради оптимизмот, дека неговата партија ќе оствари блескава победа на изборите во април, прашањето е обратно: дали народот што за ништо од овој блам и срам не беше консултиран и информиран има кому воопшто за државни работи да му верува. Јас пред некое време напишав дека на овие избори нема да избираме помеѓу добри програми или помеѓу добро и лошо, а најмалку помеѓу црпнатиот Заев и работливиот Груевски. Ќе излеземе најмасовно што се може токму зашто овој пат немаме избор. Целта ни е да ги казниме и конструкторот на оваа гротеска преку Атлантикот и неговите помагачи во ЕУ, да ги испратиме на клоци специјалецот Џес Бејли и евнухот Аиво Орав, кој од каде дошол, да ја прогласиме за терористичка и антиуставна „партијата“ СДСМ, да ја испокинеме Соросовата пропагандна Ал каеда и посестримата и ОТИ, да ги осудиме злосторите против хуманоста на УЧК кон кои македонската власт покажа милост за да ја тестираме ДУИ, да ја излустрираме темелно македонската политичка елита распослана по државните институции, а во кои се напикале секакви агенти и агентури, па да свикаме уставотворно собрание... за да ја спастриме државата. Друго чаре немаме, ако не сакаме живи да нѐ закопаат. Кој ќе го прави сето тоа? Ние, македонскиот народ. Лидери секогаш ќе се појават ако народот е единствен и решителен и тој убаво ќе ги распознае.
Што СЕ може да го доведе „преставникот„ на Народот...кога деценија ќе проведе како опозиција во сопствената држава!?.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 07.Март.2016 во 09:01
Како бре за Јанкуловска да се немало ни една тема. Може и јас не пребарав убаво...Неважно. Бааѓи се дистанцирав од циркусов,но ете деновиве ја видов со она интервју.Некој ја имаше постирано, пуштив минута-две и исклучив.Она што во тие неколку минути ми падна во очи е прстенот на Јанкуловска ставен на палецот. И ми текнува една другарка во загреана состојба како страствено објаснуваше кое е значењето на прстенот на палецот. Барав низ нетов на македонски па српски и скоро да нема многу информации.Но има нешто опако у тоа.А не сум доручкуван за да се впуштам и во потрага на англиски.
Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 07.Март.2016 во 13:53
kje chekam da doruchkuvash...
------------- едно е - не се две
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 07.Март.2016 во 15:57
апна ли нешто?
------------- Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 07.Март.2016 во 16:20
Вака после ручек,може да речам жута штампа и на англиски е иста. Со тоа што да не барам пак сега линкот...После доручек видов. Во шеесетите прстенот на палец бил свингерски заштитен знак у тоа Америките.
Постирано од: novace
Датум на внесување: 20.Март.2016 во 20:34
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: novace
Датум на внесување: 17.Април.2016 во 09:30
ХРВАТСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ОСТРО ИМ ОДГОВОРИ
Колинда до амбасадорите:
http://vecer.mk/balkan/kolinda-do-ambasadorite-ne-smeete-i-ne-mozhete-da-se-meshate-vo-nash*te-vnatreshni-raboti" rel="nofollow - Не се мешајте во слободата на медиумите!
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: novace
Датум на внесување: 03.Мај.2016 во 16:52
Избори во Македонија на 5 јуни - единствен демократски стандард за доаѓање на власт
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/1069363/index.html" rel="nofollow - Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Петир, која утревечер ќе пристигне во тридневна работна посета во Македонија во име на Европскиот парламент, смета дека за официјален Брисел е најважно во Македонија http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/1069363/index.html" rel="nofollow - - да има Влада со целосен легитимитет -
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 07.Мај.2016 во 22:31
Во целата оваа прикаска фалат многу имиња на бизнисмени, мафијаши,конкубини,црковни лица и др,кои го плачкосуваа народот и уште тоа го прават,меѓутоа многу лукаво две имиња никој не ги споменува и ги нема никогаш на ниедна листа.Тоа се Борко Станоевски,екс гувернер кој украде милиони и си отвори компанија на Малта,а другиот Томе Неновски,сегашен професор кој беше заменик гувернер и десна рака на овој првиот во време кога се изврши милионски смислен грабеж преку пирамидалните штедилници. Но тоа не е толку битно колку тоа што луѓе внатре од дпмнето посочуваат дека некои од врвот имаат плодна соработка со овие двајца односно со нивните семејства Вие патриотите од дпмне не ги побаравте некогаш овие две имиња бидејки се од поранешната клапа ,или пак некој од вашите шевчина кој ги користи за трансвер на пари и отварање на оф-шор компании ви наложија да не поставувате такви сензитивни прашања ???
Постирано од: novace
Датум на внесување: 09.Мај.2016 во 15:06
АКО (...и само ако) оваа АКСИОМА погоре кажана е ТОЧНА , ТОГАШ ајде да (ги) „видиме„ КОИ (НЕ) се Македонци ОВДЕ!?.
Поинаку опишани како .... шаш`рдисаните де!?.
псс
Македонците сепак се пре-паметни , за да не можат веднаш да (го) „прочитаат„ сценариото на чичко-ни Бејли и неговиот ордонанс латвијски и амбасадор европски овде.
Или...литвански беше!?.
Нејсе....
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Blaf
Датум на внесување: 10.Мај.2016 во 17:56
Избори на 5 јуни? И тоа поддржани од пратеничка во парламентот на оние што не урамија и обадинтерија, и во чиј интерес е дестабилизација на Македонија. Па нели со сесрдна поддршка од ГДОМ, фантомите и мртовците во избирачкиот список дпмне победи на изборите од 24 април?
Постирано од: novace
Датум на внесување: 11.Мај.2016 во 15:00
Интересни видувања и презентација на нивни искуства , раскажани од еден новинар од нашиот северен сосед Србија.
Видеото е предолго (за мој вкус) , АМА во него има некои описи на настани веќе видени (и) кај нас...
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: novace
Датум на внесување: 13.Мај.2016 во 09:32
Еееееее другари амбасадори....да се најде „решение„ на кризата?!
Решението кое го „барате„ (според мене) има две насоки:
1. НИКОЈПАТ и НИКАДЕ да не ги мешате прстите во внатрешните работи во земјата каде сте дојдени и примени како луѓе?!.
2. Сега ...за да (си) ја решите „кризата„ , (КОЈА патем кажано САМИ ЈА ПРЕДИЗВИКАВТЕ) не давајте насоки на тие кои се легални и легитимни...туку исклучиво на тие кои се под вашиот „чадор„ да им кажете , дека САМО со ИЗБОРИ може да бидат она што (си) го посакуваат...чинам ЦЕЛА ДЕЦЕНИЈА наназад гледано.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: novace
Датум на внесување: 27.Мај.2016 во 00:57
ЕВРОКОМЕСАРОТ ХАН СО ПРЕДЛОГ
" rel="nofollow - - - МЕЃУНАРОДЕН МОНИТОРИНГ ЗА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 03.Јуни.2016 во 12:04
Меси еднаш пиша овие од влада читале.
Малце ја утнал работа,чита али прецедник партије.
И омилен подфорум му е мистерија.Хороскоп,гатање и црна магија.
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 15.Јуни.2016 во 18:05
https://www.youtube.com/watch?v=amTkP-T0zfY" rel="nofollow - Изјава на нашата ценета министарка... И јас тука ништо не би искоментирал,али да не бидам офтопик еве Елза ќе ја цитирам се со цел да се запази темата.
https://www.youtube.com/watch?v=jqj_K1-SjTk" rel="nofollow - Учила мене мој Шика,све учила.Ал још мало д . . . м појмове
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 15.Јуни.2016 во 21:26
Не постоји дпмновац ко не говори српско-хрватски језик...дабоме
Постирано од: novace
Датум на внесување: 24.Јули.2016 во 13:15
Игранката на СДСМ наречена „кредибилни – кристално чисти избори“ или во основа „да дојдеме на власт без мака, понуда за граѓаните и избори“, станува игра без мерка. Немање на државотворен капацитет, немање на идеја, немање на чувство за потребите на граѓаните и немање на политички капацитет го одведе СДСМ на патот на тоталната себедеструкција и хаотичност.
Сакам избори-несакам избори, половина милион „фантоми“ или 40 илјади „фантоми“, сакам нов закон за влада-сакам посебни повластувања за техничкиот министер во МВР, сакам во парламент-несакам во парламент, итн, итн итн, се до бесвест, до ментален колапс.
Тоа е политичката прагма заснована на хаотична профитерска идеологија на СДСМ и целосна посветеност на личните потреби и визии за улогата и пред се бенефититите од политиката како што ја имаат изградено во раководството на СДСМ, секако мислејќи дека токму тие се избрани сами по себе за да имаат специјален статус и пред се власт во Република Македонија.
Доцент д-р Оливер Андонов
После „игранкава„ ...се си думам ...дека ќе да е обострано корисно ако СЕ...што припаѓа на оваа и ваква тајфа (задолжително) треба да иде на детални психијатриски тестови.
Кој помине...иде во ШУТка...за да одработи дел од она кое е уништено опљчакано урнисано и изгубено.
Останалото директ...у Егзилот...на лечење.
На народна сметка ..се подразбира.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: novace
Датум на внесување: 27.Јули.2016 во 15:39
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 31.Октомври.2016 во 07:29
Имав комшија,беше две години постар од мене. Една година откако се врати од Делчево,каде бил на гости кај тетка му ни кажуваше како го бркала бугарска мафија.Им го украл џипот бегал со него и сето тоа оти излегол со ќерката на мафијашот. Па го фатиле го терале да се венча со неа.Ама успеал да се одврзе и избегал... Си го знаевме ние и кој е и како му лета паметот. Туку овој Диме Спасов ептен со умот му ја летнал. Којзнае дали ќе се спаси илиработава со нова свадба ќе заврши.
Постирано од: novace
Датум на внесување: 17.Ноември.2016 во 21:51
ПРАзНИЦИ се БЛИЖАТ...
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 22.Ноември.2016 во 14:09
Охрид цвета,никогаш немал поголем број туристи од вчера во овој дел на годината. Сето тоа благодарение на циркузот од дпмне, https://www.youtube.com/watch?v=ORnu8dXsyos" rel="nofollow - и разбира се главниот за забављање на масите. Би ги рекол простите маси...Но не е така, многу добро знаат што и зошто подржуваат.
Постирано од: novace
Датум на внесување: 05.Декември.2016 во 17:34