Нема што да се мисли, туку треба веднаш да се реагира и тоа крајно строго со тоа што ќе се стави најстрога цензура за с'е оноа што не е исправно и ќе се организира религијска полиција, слично како во Саудијска Арабија, која ќе патролира по медијата и по улиците, ќе потслушнува, прочитува, шпијунира, снима телефонски разговори и ќе применува веќе добро проверени и извежбани инквизиторски мерки.
Нема повеќе трте-мрте.
И давам предлог, на форумов да се избере официјален контролор на коментарите кој ќе ги прегледува пишувањата, а потоа ќе ги одобрува за објавување.
Истовремено, да се состави кодекс на дозволено правохристијанско однесување и размислување за да им се даде исправен пат на членовите за да не запаѓаат во ѓаволски пропаганди, неприлични физички вежби, забранети пиења, пушења и читања, за да не си дозволат луксуз нивните коментари и реплики да бидат бришани, а тие санкционирани поради нивното недозволено однесување.
Кодексот да се објави јавно на сите подфоруми и да се испрати со лична порака до секој член. Сите членови да се потпишат дека строго ќе го почитуваат овој Eдинствен исправен прат на живеење и однесување доколку сакат да членуваат на овој форум.
Ова ќе ги спречи еднаш за секогаш сите ѓаволски медии, модератори, теолози, свештеници, тајни и јавни служби, организации,… кои Го испревртуват Здравото Учење и Единстевниот Прав Пат.
Халелуја, Халелуја, Халелуја !
Само по единствениот Прав Пат! Против Сите Неедиствени Неправи Патови!
Халелуја, Халелуја, Халелуја !
Нема што да мислите за овој предлог, туку веднаш гласајте за Совршениот План кој ја гарантира Совршената Вистина.
Халелуја, Халелуја, Халелуја !
П.С. Немаше да се јавам со овој предлог доколку отварачот на оваа тема не побара да го сториме тоа, инспирирани од воведниот текст.
П.П.С Не посочувам никаков филм за гледање оти не треба ништо да гледате. Само следете ја Единствената Права Вистина која ќе ви биде доставена по личниот К*рир и јавно објавена на секој подфорум.
П.П.П.С. На крајот, најследователно според посочените измени, името на овој подфорум под итно да се преименува од ВЕРОИСПОВЕД на ЕДИНСТВЕНО ИСПРАВНО ХРИСТИЈАНСТВО. Пристапот на сите други христијански и нехристијански вери, религии и филозофии да биде забранет. Се разбира да се забранат сите други неединствени неисправни нехристијански коментари!
П.П.П.П.С. Да се забранат сите реплики кои ќе бидат против овој предлог ! Може да се одобрат само оние кои ќе го подржат !!!
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|