Испечати | Затвори го прозорот

Кој го боли за тоа ?!?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Медиуми
Опис на форумот: Телевизии, радио, списанија, весници...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27440
Датум на принтање: 17.Февруари.2025 во 16:52
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Кој го боли за тоа ?!?
Постирано од: zamislena
Наслов: Кој го боли за тоа ?!?
Датум на внесување: 20.Јуни.2015 во 19:02
На едно наше радио  оди  една рубрика
...кој го боли за тоа..... во која се коментираат  статии, написи, записи, слики
 приказни од типот рекла казала голема насмевка ...а се однесуваат на јавни личности
 глумци, пејачи, музичари, старлети....

Еве нека има и овде една ваква тема намигнување

  за  почеток   плазење

Цеца Ражнатовиќ во 1998 година го чекала  своето второ дете, ќерката Анастасија. Во шестиот месец од бременоста таа гостувала во тогашната емисија „Максовизија“. Пејачката го има и синот Вељко од бракот со покојниот Вељко Ражнатовиќ Аркан.

Тогаш гордо го прошетала стомакот, а погледнете и потсетете се како изгледала


ceca-tekst_1



Коментари:
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 03.Јули.2015 во 23:24

изненадување


Тијана, сепак на свадбата на Тамара и Мачка била со сопругот Милан

Изминатиов викенд настан број еден беше свадбата на Тамара Тодевска и Александар Димитровски Мачка. Злите јазици откако спласна еуфоријата околу фустанот, будермаерот, старостватицата…се зафатија со приватниот живот на Тијана. На фотографиите кои досега беа објавени го немаше нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ и веднаш почнаа шпекулациите дека не допатувал, дека најверојатно се разведуваат… Но  Тамара на својот „Фесјбук“ профил објави приватни фотографии од свадбата на кои е фотографиран и Милан.




Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 07.Јули.2015 во 00:26

Познатиот македонски музичар и гитарист Владимир Ристевски- Франц кој минатата година во октомври се ожени со младата и успешна актерка Ема Џо Петреска, пред два месеци се пресели во САД со својата избраничка.

Ема која долги години живее и работи во САД, пред извесно време престојуваше во Македонија и во Турција каде имаше актерски ангажман во турскиот хорор-филм „Hannas: Karanlıkta Saklanan“.

Двојката перидов ужива во убавините на Холивуд, а тоа го потврдуваат нивните заеднички фотографии на Фејсбук.

Инаку Ема е ќерка на познатиот бизнисмен Иван Џо Петрески.

Подготви:Б.В.






Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk