Испечати | Затвори го прозорот

Каде ја гледате Македонија во меѓународната полити

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27426
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 01:26
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Каде ја гледате Македонија во меѓународната полити
Постирано од: Јован Чорбе
Наслов: Каде ја гледате Македонија во меѓународната полити
Датум на внесување: 27.Мај.2015 во 04:20
Дали треба Македонија да членува во некоја унија сојуз, односно дали да членува во Евроазискиот сојуз или ЕУ?
Доколку не треба дали да се соработува повеќе со ЕУ или со Русија и Кина?



Коментари:
Постирано од: Mazak
Датум на внесување: 27.Мај.2015 во 04:34
Македонија треба да соработува со секоја земја, особено ако од тоа има економски интерес.
Македонија не треба да соработува со земји кои се ставени на листата на Обиденетите Нации како земји во кои политичката власт прекршува некои основни човекови права.(Народна Република Кореа, Белорусија...)
За политичкото уредување и иднината на Македонија нема што многу да се пишува...таа ја одбра опцијата на капитализам и политички систем сличен на оној што повекето западни земји во европа го практукуваат.

-------------
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”


Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 27.Мај.2015 во 22:32
Македонија треба е дел од Европското семејство. Напредокот на земјата е во правните регулативи кои треба да функционираат подеднакво за секој граѓанин за да истиот допринесе за својата држава.
За подобро функионирање на државата, за да се има благодет, политичките структури треба да ги отргнат прстите од бизнис заедницата и да им се даде простор за иновации. Вклучувањето на граѓанинот во општеството и продонесување за зајакнување на државниот буџет. Главната концентрација треба да е да сме конК*рентни на пазарот со репро материјалите во Европа и пошироко. Загарантирани цени на земјоделците и субвенции кои би биле реални а не 90% од нив да се вратат во џебовите на политичарите. Отварање на мни фабрили низ регионите каде е развиен аграрот, олеснување на извозот на стоката во ЕУ и надвор од неа. Забрането селектирање на компании (ппо политички избор) кои би ја вршеле дејноста за пронаоѓање пазар надвор од границите на Р. Македонија....

Нам не ни треба ниту Азија, ниту Рисија, па на крајот на краиштата ниту ЕУ ако знаеме да се организираме и да сме поуспешни и работливи. Работата и трпението го гради работникот кој подоцна е награден за неговиот труд. Нека се намалат скоро 300000 мрзливци кои како лешинари чекаат од грбот на земјоделецот, ѕидарот....., и приватните компании кои во моментот го плаќаат најголемиот цех. Наместо губење енергија во политиката нека цела енергија ја вложи во трудот и нека придонесе за подобро утре. Азија е отворена за сите оние кои мислат таму да отптуваат а јас им посакувам среќен пат, можеби таму ќе разбере дека работата е се во животот.

-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 27.Мај.2015 во 22:41
Мозак,точно е дека избравме капиталистички модел,но не значи дека тој модел не треба да се модифицира или да се изменува .Мора да потенцирам дека водите,шумите,железницата,енергетскиот сектор и рудните ресурси се од стратешко значење за нацијата и иднината на државата и можи да се иврши капитализација но со доминантна сопственост на државата,а не на концернот.



Постирано од: Јован Чорбе
Датум на внесување: 28.Мај.2015 во 17:24
Buggyman - Зашто ЕУ? Затоа што Бугарија е во сиромаштија исто како и Романија, затоа што Грција, Хрватска, Шпанија, Португалија, Италија се дебело во минус со долгови. А не за Русија затоа што е енергетски гигант. Уклучиго мозокот и размисли малку. ЕУ се распаѓа, иднината на Македонија е со Кина која е прва светска економија а не со САД која е 18,5 трилиони долари во минус. Иднината на Македонија е со Русија како енергетски гигант.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 31.Мај.2015 во 00:11

Ја гледам заглавена (и заборавена) во некоја чекална помеѓу НАТО и ЕУ.
Во меѓувреме флертува со Русија, по малку несмасно.
А биолошкиот часовник немилосрдно и отчукува...



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 31.Мај.2015 во 00:24
Ни на небо ни на земја.


Постирано од: novace
Датум на внесување: 31.Мај.2015 во 08:48
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Ја гледам заглавена (и заборавена) во некоја чекална помеѓу НАТО и ЕУ.
Во меѓувреме флертува со Русија, по малку несмасно.
А биолошкиот часовник немилосрдно и отчукува...


Чудо едно (изгледа ќе) е ...со мене и слични на мене!!
Јас пак „ништо„ досега (не успевам) да по-гледам ...или пак ...не сакам да (си ја) видам ваква !!?.
Каде  (ли) ни „оди„ нашава Маќедонија..од НЕ маќедонци „нај-мудри„ склепана набрзинка во FYROM.!!?.

Та секоја приши-петља од „држава„ наоколу околу нас, си игра(ат) дрндупка со нас и нашиве „преставници„ од скопје или ми ти од „земјата„ , а некои и од „вашата„ убава земја!?..

А тие...„нај-мудрите„ ...(ни) рекле дека ИМЕТО (ни) било „сменето„ , само за 2-3 месеца..сега гледам како фиромјански (мене) ми изгледа(ат).?!?.
намигнување


-------------
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk