Испечати | Затвори го прозорот

Dеја vu од 2001-ва ?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27402
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 15:46
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Dеја vu од 2001-ва ?
Постирано од: Omar
Наслов: Dеја vu од 2001-ва ?
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 21:05

Заземена полициска станица во Гошинце, Липковско, 4 полицајци заробени

Четириесетина вооружени лица утрово ја освоиле полициската станица во селото Гошинце, општина Липково и заробиле четворица македонски полицајци.

Како што јавуваат некои медиуми, пред малку се случил голем инцидент во полициската станица во село Гошинце, општина Липково.

Како што неофицијално дознава „Фокус“, полициската станица бела заземена од група вооружени насилници, кои наводно го зеле оружјето, а полицајците ги избркале.

Од СВР Куманово, без да дадат детали, рекле дека Иво Котевски набрзо ќе излезе со информација за случајот.

Во 12.30 часот е закажана конференцја за медиумите на МВР.




Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 21:12
Стара ти е насловнава вест, напрај апдејт де.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Omar
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 21:15
Тоа оставам на вас, јас од политика и слични работи не се разбирам многу..


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 21:16

Теренот околу караулата Гошинце на северната граница кон Косово, што синоќа беше цел на напад на поголема група вооружени униформирани лица, е обезбедуван од полициски единици и се создаваат услови за непречено и безбедно одвивање на увидот, потврди помошник министерот за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, откако медиумите регистрираа позначително присуство на полицијата во Липковскиот регион.

Котевски, во изјавата за медиумите потврди дека се направени и контакти со косовските власти, како и дека се очекува да се одржат состаноци на највисоко ниво. Комуникација и средби се планирани и со претставниците на српските безбедносни структури.

Како што претходно соопшти Министерството за внатрешни работи, поголема вооружена група од 40-ина лица изминатата ноќ во 2.30 часот ја нападнала караулата Гошинце во близина на границата на Македонија со Косово при што биле заробени четворица полициски службеници кои биле дежурни во караулата. Напаѓачите носеле униформи со амблеми на УЧК и зборувале на албански јазик.

„Ние сме од УЧК. Пренесете дека ни Ахмети ни Груевски може да ве спаси. Не сакаме охридски договори, никој не смее да дојде. Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава“, рекло едно од униформираните лица, информираше Котевски на денешната прес-конференција во МВР.

Според првичните информации на полицијата, лицата се од Косово и според засега непотврдени сознанија неколкумина од нив веќе се идентификувани, но се преземаат мерки за обезбедување дополнителни докази. Министерството за внатрешни работи случајот го карактеризираше како терористички напад. 



Постирано од: Omar
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 21:18

Владејачката партија  ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди терористичкиот настан во селото Гошинце.

„Повикуваме институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи.

Граѓаните на Република Македонија треба да останат смирени и да не дозволат реализација на сценарија чија цел е дестабилизација на земјата и загрозување на редот и поредокот“, се вели во реакцијата.

Од таму сметаат дека сите политички чинители, поединци и партии треба одговорно да се постават во овие моменти, да се воздржат од манипулации и да не подгреваат тензии кои се единствено во теснопартиски и лични интереси.

„Република Македонија ќе ги надмине сите предизвици и ќе продолжи со својот напредок кој е од интерес за граѓаните“, додаваат во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Постирано од: Omar
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 21:19

Идентификувани се петмина од вооружената група којашто според МВР, ноќеска ја нападна караулата во липковското село Гошинце.

Водач на групата бил Командант Џеваир Адеми, од косовското село Гњилане.

„Според нашите информации утврден е идентитетот на уште четворица блиски соработници на водачот на терористите кои се од истото место. Неофицијално логистика на групата им бил извесен Фарук, а како дел од униформираните напаѓачи биле и двајца браќа Ерхан и Кадир Бајрами“ јавува телевизијата Алфа.

Според официјалната веризја на МВР ноќеска околу 2.30 часот вооружена група од 40-тина лица, најверојатно од Косово, ја нападнале караулата Гошинце што се наоѓа во близина на северната граница.

Напаѓачите, според МВР, биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК и меѓу себе комуницирале на албански јазик.

При нападот на караулата заробени биле четворица полицајци кои во моментот биле дежурни во караулата. Напаѓачите ги разоружиле, тројца од нив ги врзале со лисици, а еден дури и го нападнале.

Лицето кое ја предводело групата им се обратило на полицајците на албански јазик преку преведувач кој зборувал лош македонски јазик со србизми. Им дале на полицајците време од околу половина час да си заминат пеш од караулата и им се заканиле дека ќе ги ликвидираат, ако ја напуштат караулата порано.

Го зеле оружјето коешто го нашле во полициската станица и радиоврските и им ги искршиле мобилните телефони на полицајците.

По половина час, еден од полицајците кој не бил врзан, станал ги зел клучевите од лисиците коишто биле оставени на земја блиску до нив, ги одврзал колегите и пешки се упатиле кон патот надолу. Одејќи по патот слушнале долг рафал од автоматско оружје.

Според првичните информации на полицијата, лицата се од Косово, но се преземаат мерки за обезбедување дополнителни докази.

„МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот. Во овој момент поради активностите кои се преземаат на терен и кои се исклучително сериозни не би можеле да одиме со дополнителни информации“ изјави Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи.

По информациите кои се појавија во медиумите за нападот на полициската станица во Гошинце, ова е официјалната верзија на МВР. По прес-конференцијата, не беа дозволени новинарски прашања, а Котевски овој напад го квалификува како терористички напад. „Република Македонија односно државните институции утринава беа цел на терористички напад“, рече Котевски на почетокот на прес-конференцијата.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 21:24
Абе очигледно е дека Косоварите нешто туткаат, ама тие без нивните спонзори од САД не се кадарни ни да прднат и на крај ко ќе видиме, се ова е исто сценарио како во 2001.

Ама, не ќе моќи опет......иначе тука сме, арни сме, и спремни сме

Второ полувреме може да има, ама сега ќе го папаат според мене многу квалитетно, ќе го залапаат како порно ѕвезда во ганг банг


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 21:43
Брееее  коинциденции….

Каде се погоди баш сега да се појават овие, кога Заев се закани дека ќе има граѓанска војна и тој ќе ја води, а Црвенковски изјави дека го подржува и ќе биде во првите редови со син му.






-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 21:48
Мада ја не верувам дека било кој Македонец има вакви катастрофални мисли, ама што знам, се е можно.

Се обвинуваат денес едни со други, власт и опозиција, ама мене ми е тоа ептен забегана работа.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 22:28
Кај беа до сега? Се изначекавме зевање
Мислам дека веќе скоро сите живеевме под стрес очекувајќи дека кај и да е, да пукне тиквата пак..


http://www.time.mk/r/7af8813ffe/d38f1ab671/" rel="nofollow - Заев за „Гошинце“:Премногу индикативна работа, но невозможна мисија за меѓуетнички конфликт







-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 22:37
Самоиницијативни рамковни ....дај бе не ме зезај

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Орка
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 22:39
Не зевај...Фати си сеирџиска позиција и гледај.
Откако и на овој мамец ништо нема да гриза,
не би ме чудело следно да е некоја ликвидација.
Па ќе следат билети во еден правец.А оние наивните
кои најслепо "веруваат" оти недопрени од закон
ќе уживаат во криминалното им стекнато богатство
ќе си стават и ортомче околу врат.
Лесна им земја на сите браќа кои излажени беа
дека се борат за Македонија,и сега најверојатно
душите во немир им се...


Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 22:47
...Македонија па БиХ и така во круг...нема дерман од Американските канџи над Балканот
...веќе познати сценарија што и малите деца ги знаат
...најжалосно е што солидно и плодно земјиште имаат овде...а богами и орачи

-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 21.Април.2015 во 23:41
Еве според мене вистинските причини за ова денес.

Збор- два од Мирослав Лазански


http://iskra.co/svet/lazanski-nalog-za-napad-u-makedoniji-dosao-iz-vasingtona/" rel="nofollow - http://iskra.co/svet/lazanski-nalog-za-napad-u-makedoniji-dosao-iz-vasingtona/



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 22.Април.2015 во 00:04
Originally posted by Joshua_Tree Joshua_Tree напиша:


...најжалосно е што солидно и плодно земјиште имаат овде...а богами и орачи


Уф, боли ова.

Не ми се веруваше денеска кога ги читав вестите и препукувањата едно со други, чија местенка било ова, се натпреваруваат кој кого повеќе ќе обвини.
Па дури и КозаНостра со сатиричен текст, во момент кога уште ништо не се знае за нападот. Нема нешто на што не сум се насмеала од нив, ама за ова имаат кец од мене.

Не за џабе мудрите стари рекле: “Двајца се караат, третиот печали...“







-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Април.2015 во 00:21


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Април.2015 во 00:26
Објавено на 10 Март, 2015 во ПДФ Косово:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Во сегашниве затегнати општествени состојби во нажава држава, како и во некои други во Европа и светот, не е отповеќе да се потсетиме на блиската историја и тоа како нештата се случуваа вo Либија, Бурма, Тибет, Киргизија, Иран, cо “Маслиновата револуција” во Палестина , “Розовата револуција” во Грузија, “Портокаловата револуција” во Украина…

 

 

… доколку некоја држава не витка кичма и не се однесува како што милуваат неколку дрматори на светов - се почнува со војна… не онаа класична бидејќи таа чини премногу пари, не е убаво да се донесуваат дома мртовечки ковчези, а и не звучи многу позитивно во светската јавност… наместо тоа се започнува граѓанска војна.


Првин се пронаоѓа некоја фракција (такви има насекаде) која може да се рaдикализира и почнува да се подготвува со обука и пропаганден материјал зготвен од страна на оној кој има интерес државата да биде дестабилизирана и доведена до колапс. 


Потоа се чека погодно време. Најдобро е пролет или рана есен. Работата е што луѓето најлесно се собираат во овие времиња. Зимото е премногу студено, летото се оди на одмори и знае да биде претопло…  


… подготвената фракција почнува со објавувањето на однапред приготвената пропаганда подржана од невладините организации (продолжена рака на странските известувачки служби), како и од целосниот странски печат и телевизија… се разбира и од дел на домашните кои се блиски со фракцијата.


Во метежот кој треба да се создаде на улиците главен збор го имаат младите, особено студентите. Младоста по природа е бунтовничка, лесно се организира и може подолго време да биде ангажирана.


Сообраќајниците се блокират, се собираат луѓе пред државните установи, се бара оставка од владата, премиерот, претседателот, министрите... и доколку сето ова не вроди со резултат луѓето што протестираат ќе бидат поттикнати на вандалско однесување со градење барикади, кршење излози, фрлање камења на државните установи и провоцирање на полицијата која се обидува да ја контролира и смири состојбата…


… целта во ваквата активност е да се изнуди насилна полицијска реакција која потоа ќе биде јавно осудена ("владата го тепа народот") и ескалирана со фрлање камења и молотови коктели врз чуварите на редот… 


… полицијата ќе мора да превземе подрастични мерки, меѓу кои и водени шмркови, солзавци, а на крајот и гумени k*ршуми.


И тука лежи замката со која се инсцинира крвопролевање како што се случи во погоре спомнатите држави. Имено, во деновите кога се случуваат овие безредија во државата се уфрлувaат луѓе од странските специјални единици кои се стационираат во становите и крововите на околните згради, а доколку полицијата го оневозможи тоа се здомувaат во странските амбасади и конзулати. Овие луѓе cе задолжени да употребат огнено оружје (снајпери) со кои ќе повредат или отепаат неколку протестанти. Се разбира, оркестрираните медии инстатно добивaaт "случајни" видео снимки од телефони и објавуваaт дека полицијата не користи само гумени k*ршуми, туку и вистински, а за тоа ќе се најдат и неколку "сведоци" од луѓето што протестираат.


Следниот ден-два следат уште пожестоки протести испровоцирани од објавените вести и овој пат специјалците jа таргетираат полицијата која ќе мора соодветно да реагира. 


И тоа e почеток на крвопролевањето, обид за насилното влегување во Парламентот и другите државни установи со цел власта да биде срушена. Овој период е клучен затоа што или државата влегува во мизерија (Украина и северно африканските држави) или успева да се одржи (Иран и Турција).


ПС. Секоја евентуална сличност со идните збиднувања во Македонија е случајна.










-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 22.Април.2015 во 12:31
море добро е што луѓето веќе не ги земаат здраво за готово анализите што ги прават ваквите експерти за внатрешно-надворешни односи од типот на Мирка, Миленко, Латас и останата багра.
Затоа што со години сите нивни теории за некакви си меѓународни заговори, масонски организации, разни разузнавачи акции, се паднати во вода и нема ништо од тоа....иако од време на време ќе се закачи понекој на јадиците што ги пуштаат...голема насмевка
Али сепак е добро повремено е да фантазираме дека сме центар на светот...и дека сме дел од сите можни белосветски заговори...единствено е жално што сабајле пак мора да се разбудиме


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Април.2015 во 16:06
Стара вистина е дека сите се неверојатно интелигентни и паметни кои мислат како нас, а останатите се за во Демир Хисар.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 22.Април.2015 во 18:40
Јас пак воопшто не сум загрижен ако има било каква агресија од Косово или од било кого...нели имаме над еден милион иселеници кои сега имаат право на глас...сигурен сум дека ако има потреба, ќе се ангажираат доброволно во одбрана на родната земја...ако не повеќе, како во 2001 барем ќе донираат по 1 УСД за одбрана на татковината...хи, хи...


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Април.2015 во 18:49
Игнорантноста е блаженство.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 23.Април.2015 во 05:42


Дел од скајп комуникацијата помеѓу првооосмничениот и петтосоомничениот во аферата „Пуч“ 

(Зоран Верушевски имал отворено Скајп профил на лажно име и со псевдоним Оркестар11)


03.02.2014 во 22:18 часот

оркестар11: ова ќе зоврие

22:19 часот

кока кола10а: можно е да излезе од контрола

оркестар11: навидум овој мир може да експлодира

кока кола10а: ние сме навикнати друг да страда ние сме благонадежни

08.04.2014 во 18:32 часот

оркестар11: ќе биде најверојатно граѓанска војна





-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 26.Април.2015 во 20:05
 Тоа терористи не можат да се задржат у државава поише од 2-3 саати, а шо да кажеме ние младите?изненадувањеизненадувањеизненадување

-------------
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk