Испечати | Затвори го прозорот

Подарок во плик

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Свадба
Опис на форумот: Свадби.Се на едно место..Модерна или Традиционална....или било каква?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27392
Датум на принтање: 21.Мај.2022 во 11:30
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Подарок во плик
Постирано од: Angel-Miranda
Наслов: Подарок во плик
Датум на внесување: 05.Април.2015 во 14:42
Видов дека нема ваква тема,а ако има,слободно избришете ја.Во последно време на речиси сите свадбени покани пишува наредба „Подарок во плик“.Што мислите за ова?Јас мислам дека е многу дрско,зашто некој можеби си испланирал што да им подари на младенците.



Коментари:
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 06.Април.2015 во 11:48
Па јас мислам дека не е наредба. 
Доколку напишат ЗАДОЛЖИТЕЛЕН подарок во плик, тогаш би било наредба.
Инаку, скоро секогаш практикувам да давам "подарок" во плик, дури и тогаш кога не е назначено.
Од искуство знам дека (не само за свадби, туку и за други поголеми случувања) ќе ти донесат најчесто работи кои ќе се повторуваат, па ќе завршиш со 20 комплети чинии, 10 комплети за кафе, 5-6 стоечки, висечки какви-уште-не лампи и ситници што или ги имаш или не ти ни текнало да ги купиш затоа што немаат некоја посебна функција.
Денес во време на кредитни картички и банкомати, дури и да си решил да купиш нешто со кредитна, можеш да ги извадиш парите и да ги ставиш во плик. 
Подобро да им дадам нешто што ќе им користи, отколку вишок сетови вилушки и чинии, правосмукалки, блендери, микробранови...


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk