Испечати | Затвори го прозорот

СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА на децата во ера на интернет

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27341
Датум на принтање: 28.Март.2024 во 16:59
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА на децата во ера на интернет
Постирано од: Анастеа
Наслов: СЕКСУАЛНА ЕДУКАЦИЈА на децата во ера на интернет
Датум на внесување: 19.Јануари.2015 во 00:28



Дали и колку како родители сме запознаени со проблемите и сите несакани ситуации во кои може да ни западнат децата, користејќи (или злоупотребувајќи) ги современиве технологии и технолошки средства?  Дали сме слушнале и дали знаеме што е Sexting, Grooming, On-line порнографија, Hurried Child Syndrome... и слични термини со кои се наречени овие некои појави или феномени, во тесна корелација со користењето на интернетот?

Децата, посебно во пред-адолесцентна и адолесцентна возраст се соочуваат со најразлични притисоци, кои ги тераат да сакаат СЕ' и ВЕДНАШ. Сакаат да пораснат и созреат премногу рано или предвреме. Заведени од медиумите и динамичниот пазар на нови технологии, се борат на некој начин со сопственото тело (замислувајќи си го поинакво), притив пријатели и блиски (за да се претстават поголеми и подобри во нивните очи), против самите себеси (навлегувајќи во цела спирала од промискуитетни и ризични постапки). Интернет, компјутери, таблети, смартфони... сето тоа само со еден КЛИК им овозможува на децата содржини и искуства, кои често не можат ниту да ги разберат, ниту да се снајдат во нив.

Некои од овие појави и теми се непознати и за самите родители, затоа што не сме растеле со нив, немаме искуство ниту модели како да ги заштитиме децата од нив. Ако не се зборува за овие појави ниту во јавноста, ниту во кругот на семејството, многу лесно може да се случи децата да се стекнат со погрешна претстава и идеја за сексуалноста или уште полошо, да паднат во опасни стапици за нивното физичко и психичко здравје, со долгорочни последици, па дури и со драматични завршници. Ако во тоа огромно интернет-пространство се оставаат неискусни деца да лутаат сами, без никакви ограничувања, правила и совети, тоа е исто како да оставиш 10-годишно дете да лута само навечер по опасните улици на некој огромен град.

Ако денешната реалност е многу поразлична од онаа во која ние сме растеле како родители, дали знаеме да и се прилагодиме, да ја разбереме, за да им помогнеме на сопствените деца кога им е потребен совет и заштита? Дали зборувате со децата за СЕКС, за функциите и реакциите на нивните тела, за задоволствата но и за проблемите кои си ги носи сексуалноста? Дали мајките ПРЕДВРЕМЕ им објаснуваат на своите принцези што е менструација за да бидат спремни... или го чекаат првиот циклус, заедно со стравот, паниката и
вознемиреноста која си ја носи со себе? Дали татковците ги припремаат своите синови на првата ерекција, ејакулација, сексуален однос, заштита од бременост и болести...?

Дали зборувате отворено со своите деца, помагајќи им што побезболно (сексуално) да созреат... Или ги оставате сами да се снаоѓаат, да експериментираат и бараат одговори копајќи по интернет, со изговори: “Не знам со кои зборови да му/и кажам... Срам ми е... Незгодно ми е на тие теми... Не знам како се прави тоа... Па ни мене никој не ми кажал кога бев тинејџер...“?замисленост

Многу е широка темава и за да не ја делам на посебни теми за Сексуална едукација, за прерано созревање на децата, за Sexting, за On-line порнографија, за Grooming итн... поедноставно ми се чини да ги обработиме сите под еден заеднички именител - Сексуална едукација на децата.

Бев неодамна на една конференција-предавање точно на оваа тема и ќе се обидам да пренесам тука она што ми остана во главата. Највпечатливи ми беа зборовите од предавачот - професор на државен универзитет во една западноевропска земја, психијатар со големо искуство, истражувач, со многу научни трудови, државни медали... и татко на 4 децаголема насмевка. Вака некако: “Зборувајте со вашите деца, ОТВОРЕНО и за СЕ. Затоа што за нашите деца, најлоши зборови се НЕИСКАЖАНИТЕ ЗБОРОВИ“.








-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.



Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 19.Јануари.2015 во 01:00

Што е http://it.wikipedia.org/wiki/Sexting" rel="nofollow - Sexting ?

Кованица од зборовите sex и  texting, размена или испраќање на пораки, слики, видеа... сексуално-експлицитни или со сексуална конотација. Се испраќаат на некој во кој детето има доверба, несвесни дека таквиот материјал се смета за педо-порнографски, несвесни дека она што ќе се стави на интернет може да остане и трајно неизбришливо и дека за неколку секунди може преку интернет-мрежите да биде испратено до непознат број луѓе... и ете проблем!
Понекогаш она што се прави поради игра, за привлекување внимание, за предизвикување желба, како некаков доказ за љубов или-не-знам-што, може да заврши со уништена младешка психа, со психијатриски случаи па дури и со самоубиства...






-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 19.Јануари.2015 во 13:34
Јас оти не сум родител,само ќе посочам во кој е проблемот
по мое согледување...Патем Меси еднаш ме праша па ете му го одговорот дали имам деца.
Колкумина имаат отворено фејсбук профил на своите деца,а тие се под 13 години?
Кога јасно таму стои дека за да се отвори профил потребно е минимум
да има 13 години корисникот.
Или доколку самите деца си го отвориле профилот колкумина знаат
за таа старосна граница,и не паѓаат на онаа финта-овој има оној има?
Во оваа ситуација децата мора да знаат што смеат,а родителите
да знаат кои се и како да се избегнат последиците поточно убаво да
ги читаат оние долги текстови на кои и пред да трпнат кликаат "Accept".
Интернетот си е жива материја и секогаш и од секаде демне некоја опасност.
Ретроспективно и јас самиот созревам секој ден повеќе во однос на
можностите кои ги нуди но и опасностите кои демнат.
На неколку свои грешки сум си поставил принципи што тоа таму е во ред што не.
И таа транзиција низ која ние како личности минуваме во овие години на
интернет експанзија мора да им се пренесе на децата исто како
што им се пренесува дека ринглата не се пипка оти е жешка
и може да се изгорат.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Јануари.2015 во 11:27

Штом некој таму ставил ограничување од 13 години за отварање профил, значи има некоја причина зошто е ставено тоа. И овој има, и оној има... не е причина и моето дете на 9-10 години да има профил на ФБ или било која друга социјална мрежа. Има време за се, зошто да му го кратам детството и што побрзо да го туркам да влезе во светот на возрасните? За побрзо да му здосади? За да кога навистина ќе стане возрасен човек/жена, од досада и апатија да посака еден обратен процес, да се врати во детството или што би се рекло, да збудалува на стари години?

Секој период од животот си има своја функција во развојот на психата и на личноста, а детството е еден од најважните. Родители сами си ги вадат децата од тој безгрижен свет, од светот на игрите и куклите и ги буткаат во светот на возрасните, кој знае да биде многу валкан и неразбирлив за деца на таа возраст. Се товарат децата со грижи или се оставаат сами на себе да копаат по тој виртуелен свет, без упатства и укажување како да се заштитат. Скоро секој ден има примери по медиумите за злоупотребени деца. И скоро секој родител кога ќе слушне или прочита такво нешто, ќе си рече: „Не бе, не е можно на моето дете да му се случи такво нешто. Не, моето дете е паметно и не прави такви работи.“  Сигурни сте? збунетост

За да стекнат некакв виртуелна популарност, да се истакнат, да освојат симпатии, внимание, дечковци.... девојчиња кои уште не добиле или само што ја добиле првата менструација, се натпреваруваат по интернет која поразголена слика ќе стави. Мајки се гордеат дека нивните 3-4 годишни ќерки научиле да се шминкаат како возрасни жени, да балансираат на нивните штикли, да играат и мешаат со газињата како Џеј Ло и да одат на школо како тетки облечени за на свадба. Дали знаеме што им се случи на популарните девојчиња од шоу бизнисот, прерано созреани и изгубени во светот на возрасните? Мајли Сајрус, Линдзи Лохан, Бритни Спиарс... се само некои примери за девојчиња откорнати од детството, а сега веќе длабоко заглавени во проблеми, какви што никој родител не би посакал за своето дете. А сепак нашите деца се поистоветуваат со нив, ги земаат за идоли и ги копираат како модели.

Дали ни е јасно какви пореметени личности може сами да си направиме од своите деца? И дека вакви неубави приказни не им се случуваат само на популарните девојчиња/момчиња од шоу бизнисот, туку се почесто и на нашите деца или на некое од соседството?
Не за џабе психолозите и психијатрите укажуваат и алармираат на тој Hurried Child Syndrome, кој од децата прави минијатурни чичковци и тетки со сеуште несозреани глави во кои збрката станува се поголема...рамнодушност





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 21.Јануари.2015 во 16:01
памтете, децата се секогаш технолошки понапредни од вас


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 22.Јануари.2015 во 13:36

Памтиме. А ако не памтиме, си запишуваме. голема насмевка

Нормално е и природно децата да се технолошки понапредни од своите родители. И ние сме биле понапредни од нашите, и децата на нашите деца ќе бидат понапредни од нашите деца... и така си оди тоа. Нема тука ништо спорно или дискутабилно. И не тоа воопшто поентата на темава. Освен дека родителите треба многу повеќе да се едуцираат од своите деца и да бидат пофлексибилни кога е во прашање користењето на современите технологии.

 И не само технолошки, ами и биолошки, секоја нова генерација е понапред во развојот од претходната. Пубертетот кај младите доаѓа се' порано и порано. Според еден медицински податок, на средината на минатиот век, средна возраст на која девојчињата добивале прва менструација, било 16-17 години. Денеска таа средна возраст е 12 ипол години.





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Јануари.2015 во 16:27
Не би инвестирал многу во тој медицински податок бидејќи со иљадници години се знае дека девојчињата првата менструација ја добивале некаде меѓу 12 и 13 година. Затоа евреите на 12 години слават Бат Мицва, денот од кога девојчињата почнуваат да ги сметаат за самостојни жени одговорни за своите постапки. И токму затоа тие се мажеле почнувајќи од овие години, нешто што во модерниве денешни времиња се карактеризира како педофилија.





-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Јануари.2015 во 01:35

Не знам од каде тој податок за илјадници години наназад. Знам дека ова напишаното погоре е дел од некои официјални медицински статистики, базирани на документирани истражувања. Тоа се средни т.е. просечни статистички вредности. Во тој просек влегле и бројките над 16-17 години, како и оние под 12 години. И Евреите се само дел од просекот, а средните вредности се разликуваат и по земји, како и по други критериуми (урбана/рурална средина на пример, начин на исхрана...).


И тоа славење на првата менструација на 12 години, како некоја трансформација на девојчињата во “самостојни жени , одговорни за своите постапки“ ми е многу преурането.не знам
Првата менструација е само фаза од пубертетот, со кој детското тело се развива и доживува физички промени. Тој момент  може да се смета за сексуална, биолошка или полова зрелост, но не и за психолошко-емотивна зрелост. Уште помалку па едно 12-годишни девојче, кое штотуку добило менструација, и сеуште психолошки несозреано па дури и когнитивно-несвесно за некои свои постапки, да се смета за самостојна жена.

Кога сум кај менструацијата, не сум знаела дека постои филмче од Дизни баш на оваа тема. Кој би рекол вакво нешто уште од 1946та година голема насмевка, а на денешно време сеуште има мајки кои се срамуваат да им објаснат на своите ќерки што е менструација.







-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Јануари.2015 во 01:49

Кога да се почне со сексуална едукацција на децата? Што порано, тоа подобро. Секако со термини и на начин прилагоден на неговата возраст.
Да не се чека детето само да праша, затоа што може да се случи тоа никогаш да не го праша родителот. Или кога ќе праша, да биде веќе доцна...

Родителите кои се срамат од вакви муабети со сопствените деца, можат да се послужат и со придобивките од интернетот. На пример, да се изгледа заедно со децата некое вакво видео, притоа објаснувајќи му кое е што и за што служи: голема насмевка







-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 24.Јануари.2015 во 07:31
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Не знам од каде тој податок за илјадници години наназад. 

Е, од каде? Па еврејските социјални традиции и закони на општење датираат уште од Мојсије. Само од Христа до денес има 2015 години. намигнување  Во однос на девојчињата истите важат и кај муслиманите. 

Девојчињата одсeкогаш почувале да се сметаат за жени од моментот кога ќе добиелe менструација. И тоа важело во сите поранешни средини и цивилизации, а во многу краишта на светов важи и денес. 

А за тоа дали некој ментално и психолошки е зрел или не на 12-13 години е сосем друга работа. Не би навлeгувал сега во тоа за да не ја расплиниме темава, но само ќе речам дека многумина не осозреале цел живот. Патем, сексуалната активност воопшто не зависи од менталната и психичката зрелост.

Во рамки на темата би посочил дека сексуалната едукација на децата треба да почне најдоцна од времето кога девојчињата биолошки стануваат жени. Велам најдоцна тогаш бидејќи токму од тогаш можат да станат и мајки, а не дека сексуалноста ја доживуваат од тие години.









-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 24.Јануари.2015 во 23:37
Секое дете како индивидуа е психофизички различно од своите
врсници, па и пристапот кон овие теми треба да е различен.
Треба да се следи детето, и да се погоди вистинскит момент за разговор.
Низ книжарниците гледав и некои книги со наслов „Што треба да знае секое момче“
и „Што треба да знае секоја девојка“, сум ги подразгледала и не ми изгледаат лошо,
така да и тоа е некој начин на спознавање доколку детето од било која причина
избегнува конверзација на оваа тема.



-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 01:11

Добро Меси, не мислев јас на еврејските традиции, туку дали има некој поглобален податок, не само за евреите. Ама ОК, статистиките и не се толку важни. Мене поважно ми е ова:



Originally posted by Messenger Messenger напиша:


А за тоа дали некој ментално и психолошки е зрел или не на 12-13 години е сосем друга работа. Не би навлeгувал сега во тоа за да не ја расплиниме темава, но само ќе речам дека многумина не осозреале цел живот. Патем, сексуалната активност воопшто не зависи од менталната и психичката зрелост.


Напротив, би сакала да ја прошириме темава малку повеќе. Затоа и напишав во воведот дека ќе соберам повеќе сегменти од неа во еден заеднички именител, а ти со твојот коментар допираш точно еден од нив: кога настапува психолошка/ментална/емотивна зрелост кај децата?

И медицински не е точно дека првата менструација, по дифолт значи психолошка зрелост. Како функционира и како се развива мозокот кај децата? Функционира како и  кај возрасните, само што некои делови сеуште му се во фаза на развој, недоразвиени во периодот на адолесценција.

Најпросто медицински, како на немедицинско лице, вака ми беше објаснето: мозокот е исто како куќа на три спрата. Првиот спрат или подрум е дел кој ги регулира примарните биолошки функции и инстинкти, основните потреби за преживувањеи опстанок. Глад, жед, спиење, репродукција, дишење... сето тоа е сместено во подрумот.
Втор спрат, емотивен мозок, во кој се сместени задоволства, емоции, страст, болка, радост, тага , лутина, страв...
Трет спрат, когнитивен дел, во кој е сместен разумот, како што ние си го викаме т.е. способноста за рационално размислување, за анализа и обработка на информации, за носење одлуки, проценка на ризици и последици...

Човекот, споредено со живеењето во ваква куќа на три спрата, најголем дел од секојдневието го поминува на средниот спрат. А за адолесцентите може да се каже и дека не излегуваат од таму.голема насмевка Тој таванскиот дел кај децата во пубертет штотуку почнува да се оформува комплетно, па затоа тинејџерите/адолесценти често носат избрзани, непромислени, импулсивни, штетни одлуки. Тие се водат од својот емотивен мозок, од моменталните задоволства, импулси, желби, возбуда... Се додека тој когнитивен/рационален фронтален дел (кортекс) од мозокот не созрее целосно, детските мозоци си функционираат во ситуација на хормонско бомбардирање.

Улогата на родителите и воспитните лица е да им помогнат на децата да си изградат еден “лифт“плазење во главата, кој ќе се движи брзо помеѓу вториот и третиот спрат, разменувајќи информации. Т.Е. да се упатат децата на водење внатрешен дијалог помеѓу емотивниот и рационалниот мозок, како некој вид на вежба или игра. На пример:

Емотивниот: Ми се допаѓа тоа, ме возбудува и ќе го направам!
Раицоналниот: Полека, знам дека ти се допаѓа, ама прво размисли што е најдобро за тебе и за другите.
Емотивниот: Што ми е гајле за другите? Ќе го направам и точка!
Рационалниот: Замисли, и на силувачот така не му е гајле за другите. Убаво ќе ти биде да бидеш силуван?.... и такви-ми-ти-прикаски....

Децата вака вежбаат да прават разлика помеѓу ризични и неризични акции и одлуки, да разберат дека секоја одлука и акција носи и последици. Арно ама, како што рече Меси, има и возрасни кои не осозреваат цел живот. Т.е. такви на кои тој третиот спрат, таванот им останува како отворено градилиште низ кое дува промаја. Најлошо е кога ваквите “возрасни“ ќе се спојат некако со хормонизирани адолесценти, тогаш настануваат проблемите. А во денешни времиња, таквите фатални комбинации се уште повозможни и побрзи за остварување. Со само неколку клика...










-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 01:32

Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

Секое дете како индивидуа е психофизички различно од своите
врсници, па и пристапот кон овие теми треба да е различен.
Треба да се следи детето, и да се погоди вистинскит момент за разговор.


Ете тоа. Секое дете си е свој универзум.   да

На тоа предавањето на кое бев, еден човек од присутните го прашува тој психотерапевтот: “Докторе, имам син, тинејџер на 16 години. Кога е идеално време да почнам да зборувам со него за секс?“

А овој му вика: “Нема идеално време, немам ни готови шаблони и модели, ниту идеални совети за родителите. Можам да ви раскажам сопствени примери, од пракса со децата, па секој сам за себе да си извлече поука. А тебе можеби веќе и ти е касно да почнеш таков разговор со син ти. Можно е тој тебе да те подучи со нешто ново. голема насмевка Или да му ѕирнеш во компјутерот, кој порно-сајт го посетува најчесто и колку често.“

Ќе напишам некои од примерите, ама доста за вечерва. Ем ми се спие, ем да не претерам со долгите постови, знам дека ве мрзи да ги читате...плазење






-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 03:35
за тоа дека децата се технолошки напредни... повеќе ми беше кажано во контекс на тоа што го зборите за фејсбук профили, секстинг... и кристално чисто да му објасниш се, и да му забраниш се, пак ќе се најде начин ако се сака... уствари имаш право, тука не се работи за технологија, туку за радозналост и способноста да се разбие

и јас како орка, немам деца и не намеравам да им наметнувам свои лични теории на луѓе кои имаат деца... НО, иако звучи егоистичо, секогаш се ставам себе како пример во овие дискусии
Јас никогаш не сум бил целосно отворен со родителите, и таков сум и денес, ама сепак сум испаднал ок
порнографија открив на 12 години, мастурбација кратко потоа, ама сепак испаднав ок
ја кога бев во овие години, немав ни интернет, ни смартфон, а фејсбук не беше уште измислен, ама затоа овие работи беа достапни во разни други форми
не ми требаше некое специјално посебно образование каде ти објаснуваат што е пенис а што вагина, за репродукција и за сексуално преносливи болести учевме по биологија и верувам дека уште се учи истото
...пробуваа и на мојата генерација да и упикуваат некои такви специјални едукации, ама како и секогаш во историјата на сексуалната едукација, се смеевме и си правевме вицови од тоа

тоа што сакав да го кажам, е дека некаде има потреба од специјални разговори, а некаде нема, нема психолошки шаблон со кој што може да се опфатат децата, и со или без надворешни влијанија, домашно воспитување и образование, од дете може да бидне било што
овие работи не се контролираат


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 04:25
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Добро Меси, не мислев јас на еврејските традиции, туку дали има некој поглобален податок, не само за евреите. Ама ОК, статистиките и не се толку важни. Мене поважно ми е ова:



Originally posted by Messenger Messenger напиша:


А за тоа дали некој ментално и психолошки е зрел или не на 12-13 години е сосем друга работа. Не би навлeгувал сега во тоа за да не ја расплиниме темава, но само ќе речам дека многумина не осозреале цел живот. Патем, сексуалната активност воопшто не зависи од менталната и психичката зрелост.


Напротив, би сакала да ја прошириме темава малку повеќе. Затоа и напишав во воведот дека ќе соберам повеќе сегменти од неа во еден заеднички именител, а ти со твојот коментар допираш точно еден од нив: кога настапува психолошка/ментална/емотивна зрелост кај децата?


Анастеа, златна, не ме читаш како пишувам… среќа

Ајде по ред:

1. Реков дека девојчињата добиваат менструација од некаде 12-13 година и така било уште пред иљадници години. Ме праша како знаеме дека е токму така, па ти одговорив дека до тој податок лесно се доаѓа преку податоците за традиционалните обичаи и верските закони уште од Мојсије (базирани на уште подоцнежни човечки искуства на преоѓањето од девојчинство во женскиот свет), а тие се истите оние кои важеле и с'е уште важат во исламските земји, како и во многу други простори на светов. И тоа е глобален податок бидејќи не добивале менструација само еверјските девојчиња на тие години. среќа 

2. Причината зошто не би ширел дискусија за ментално/психолошката зрелост не е само поради фактот дека сите луѓе различно созреваат и тука тешко може да се стави некаков реперен систем, туку поради очебијниот факт дека сексуалноста нема никаква врска со тоа. Сексуалноста е природен биолошки порив кој се јавува уште некаде во 7-8 година и веќе од 11 до 13 година девојчињата и момчињата биолoшки се подготвени за сексуално општење. Да не се повикувам повторно на податоци како со евреите, ене го како пример коментарот на zabegan. 

И тоа е ТОА, тоа е биологијата и природата на човечкото тело, настрана од нормите на модерното време кое поставува некои нови опшествено/морални/верски стандарди.

Значи ако темата е отворена за сексуалната едукација на децата, тогаш велам дека таа треба да започне што порано, а не подоцна од годините кога младите потиснати од сексуалниот порив се во состојба сексуално да општат. Оти токму тогаш, доколку не се правилно информирани, можат да настанат несакани последици. 

Последиците настануваат од необразување, а не од ментално/психолошка зрелост. Таа зрелост е важна во одлучувањето за формирање нова семејна заедница, а не за сексуално општење. Треба да разграничиме сексуалност и семејство. Тоа се две потполно различни работи и сексуалната едукација нема ништо со семејната едукација.

Затоа сметам дека темата треба да биде во пдф Секс, а не тука во Семејство. Но прави како што сакаш.















-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 05:13
И јас сметам како Анастеа дека темава треба да биде во семејство, затоа што сексуалната едукација пред се треба да произлезе од семејството, ама кога ќе дојде тој период на родителите некако им е потешко да ја наметнат таа тема за разговор, а не знам зошто, срам, страв?! 

И јас како забеган, не сум била многу блиска со родителите за да разговараме на оваа тема, ниту пак постоеле фејсбук и такви некои мрежи (исто како и во времето на мнозинството тукаголема насмевка), ама како што гледам сите сме излегле здрави и прави.
Ама тоа не е "проблемот" тука. 
Проблемот е како да ги изведеш децата на правиот пат во поглед на да го наречам - нивниот сексуален живот. 
И не треба да има срам, кога зборувам со некои родители ми викаат - е како бе Линче да почнам на 8 годишно дете да му кажувам што е вагина а што пенис?! А не разбираат изгледа дека тоа е дел од нашето тело и дека треба да им се објасни на децата..
Имам пријателка што работи во градинка, ми вика дека дечињата многу често прашувале што е тоа што е ова, како се прават бебињата и такви некои работи, па доаѓаат во судир со родителите на крај. Воспитувачките ќе им објаснат со некои примери а родителите одма се бунат зошто воопшто се говорело на таа тема во градинка, не сметајќи дека и градинката е образовна институција и во неа се учат колку толку и сериозни работи.
А уште потрагично е што самите си правиме општествово да ни е полно со предрасуди и табу теми.

Јас сум за сексуална едукација од најмали нозе, по претходна проценка на родителот. Ама со вистинска едукација, а не на прашањето како влегло бебето таму да му кажат една од тие милион и една (измислена но слична) глупост. 
Секој родител треба да ја отпочне едукацијата во домот, затоа што самите ние сме "кројачите" на иднината и едукацијата на малото детенце. Ако не го скроиме правилно во најраните години, голема е можноста како расте и се развива да тргне по некои споредни патчиња само поради незаинтересираноста на родителите за него.



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 05:22
Зарем може да им се остави на родителите дали ќе говорат за секс со децата?

Сите имаме лични искуства дека тоа од повеќе причини не функционирало. А тоа дека сме излегле здрави и прави е само нашa лична проценка. Можеби е така, можеби можело да бидеме подобри, а да не говориме за случаите кои поради неинформираност завршиле лошо или трагично.

Општеството треба да воспостави норма на информирање во училиштата која ќе биде независна од решението на родителите дали ќе разговараат за тоа или не.  Само на тој начин ќе може да се гарантира дека децата навремено и соодветно ќе бидат информирани.











-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 05:49
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Зарем може да им се остави на родителите дали ќе говорат за секс со децата?

Сите имаме лични искуства дека тоа од повеќе причини не функционирало. А тоа дека сме излегле здрави и прави е само нашa лична проценка. Можеби е така, можеби можело да бидеме подобри, а да не говориме за случаите кои поради неинформираност завршиле лошо или трагично.

Општеството треба да воспостави норма на информирање во училиштата која ќе биде независна од решението на родителите дали ќе разговараат за тоа или не.  Само на тој начин ќе може да се гарантира дека децата навремено и соодветно ќе бидат информирани.







Сексуалната едукација не е само секс. Или е?! ОК, зависи од кои нагони се води човекот.
Под сексуална едукација барем јас не подразбирам само секс, подразбирам многу повеќе од тоа. 
Подразбирам убаво објаснување за репродуктивниот систем, уште поубаво објаснување за можната http://www.unicef.org/tfyrmacedonia/macedonian/Zastitete_go_vaseto_dete.pdf" rel="nofollow - сексуална злоупотреба на децата  (ете едно корисно текстче од УНИЦЕФ) и тука потсетете се колку случаи останале навремено
 неоткриени на педофилија на пример, само поради тоа што детето мислело дека тоа што чичкото му го прави е сосема нормално, а за тоа е виновна едукацијата односно недостатокот на истата. За потоа кога ќе потпораснат да се запознаат со сексуално преносливите болести, кондомот и тек после тоа со самиот секс. Долг и трнлив е патот до него...
Најтрагично е што - ДА, треба да им се остави на родителите да говорат први за сексуалната едукација! Ама ретко кои од нив говорат. Колкав е бројот на 12 годишни девојчиња кои се веќе сексуално активни?! А образованието во училиштата уште не стигнало ни да им објасни за репродуктивен систем а не па за СПБ, заштита и секс воопшто.

А еве лично мене ме интересира што подразбира Messenger под здрави и прави. 
Јас се сметам за здрава и права, хетеросексуалка, што не легнала со првото машко на 12 години и не родила дете на 14-15. Не сум закачила никаква СПБ, СИДА и што уште не и под сексуална едукација не го подразбирам само чинот на сексуалното општење. Да, мислам дека сум здрава права и едуцирана во секој (сексуален) поглед.
Ама секогаш може подобро, нели? Па што?! Се додека децата се информирани за сите опасности, за сите мали ситни и навидум небитни детали околу сексот и неговата примена - тие се ОК! И тука не застанува едукацијата. Не е доволно на едно дете само да му кажеш - секс е тоа, спб се тие и тие, се заштитуваш вака и вака. Треба самиот родител не само што ќе укаже на сите овие работи, туку и да ја продолжи сексуалната едукација и во тинејџерските години. Типичен пример е при разговор постојано да се инсистира на користење кондом. 
Можеби родителите не можат да му забранат на детето да има секс со некој врсник, ама можат да влијаат врз нивната заштита при тој однос, само треба упорност и отворен муабет

Можам до утре да пишувам, секако тука нема да се согласиме 100% за сите работи. Па различни умови различен пристапнамигнување

П.С... Општеството треба да постави норма, ама не може да гарантира дека децата навремено ќе бидат информирани за тоа. Доволно е некое дете да се разболи и да не присуствува на настава недела или две. И ете баш тогаш ќе ги пропушти најважните работи, а верувал или не најважните работи и примери никогаш не се напишани во книга, секогаш усно се дискутира за нив.


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 09:30
Без навреда но некако на семафорите не да го утнавте правецот на темава...
https://www.youtube.com/watch?v=sDq0m0u4Qdc" rel="nofollow - Застанувајте и да си прашате,каде е лево.
Јас колку сфатив станува збор за сексуална едукација во ерата на интернетот.
Zabegan пиша како било во нашето ај да речам време,и сето тоа осознавање
одело што со стручна литература,што со видео касети но секако
имало и доста комуникација размена на искуства со врсниците.

Значи ај ќе харикирам во последните 15 години технологијата си направи квантен скок
во својата еволуција.И каде е сега тука човекот со неговата еволуција?
Апсурдно е да се повикуваме на традиции,биолошко саати,сексуално созревање итн итн
Децата треба да се заштитат.Родителите да се свесни од опасностите
кои ги демнат по социјалните мрежи.
Мора да се фати чекорот со технологијата,и како што основните инстинкти
детето го тераат да осознае за сексот,родителот да го водат тие
исти основни инстинкти да си го заштити детето.
Оти во тој свет тие се оставени на самите себе,скоро и
да незнаат да комуницираат на поинаков начин освен типкањето
што по тастатура,што по телефон.
Сите израснавме со оние совети немој да зборуваш со
непознат чичко,или да земеш чоколадо од него,никако не влегувај во
туѓа кола...Но денес сфатете си "чичкото"
влегува во животот на ај ќе речам нашите деца сетики еден ден и јас ќе се излажам де
и мора да ги научиме децата како со тоа да се справат.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 11:05
Јас па мислам сите сме на добар правец само од различна гледна точка пишуваме и не се разбирамеух
Јас иако никаде не го спомнав тој израз - во ерата на интеретот, мислам се подразбираше..
Дали е подобро детето да чита тоа како се прават деца од некои што го напишале тоа некаде или пак родителот да му објасни? Дали е подобро некој тинејџер да чита за таму НЕШТО(да не ги набројувам сите сексуални "термини"хи, хи...) напишано од некој на форум каде што сите преувеличуваат за секоја ситница или истите да ги слушне дома или од стручно лице во училиште?
Секстингот што го спомна Анастеа, ако не го едуцираш сопственото дете дома каде можат да завршат тие материјали, може да му го смени животот на еден тинејџер. 
Ако родителот на го научи детето уште од мало како да се заштити самото од педофили, манијаци и насилници, кој ќе го научи?
Ние немавме фејсбуци, мајспејс, хајфајв, што-ти-уште-не, ние не знаевме ни пола од сите тие работи што денес ги знаат децата, ама имаше едни книгички, 100 совети за вашето сексуално здравје, 100 совети за љубовта, ниту знам како точно се викаа, ама беа напишани од медицински лица и психолози, а не денес секој портал вади некоја глупост од ракав.
Јас не ги гледам криви ни децата, ниту креаторите на социјалните мрежи за (не)безбедноста на децата на интернет. Самиот родител е крив и негов е неуспехот ако неговата 10 годишна убавица е топ тема на муабет во школо затоа што има 1001 слика на ФБ со деколте до земја, мини фустанчиња и заводливи пози, затоа што пред време дозволил своето дете да биде мета на секакви манијаци. Не разговарал, не го едуцирал за опасностите, не вложил ни ден за него... Децата самите не можат да бидат свесни за сите опасности околу нив, тоа на нив им изгледа безопасно. 

За муабетов да ви го препорачам филмов,  http://www.imdb.com/title/tt3179568/" rel="nofollow - Men, Women & Children  , на почеток страшно досаден делува ама е доста поучен. За двете страни, и за децата и за родителите.




-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 14:01
Јас пак ќе речам,ние сме тие што треба
да во ерата на интернетот се смениме.
Децата си раснат со таа технологија,
и не треба да звучиме како старци кои
жалат за времето кога биле деца.
И како тогаш све било поинаку и подобро.
Термините трендовски ќе си излегуваат,
но во нив нема ништо освен гол маркетинг.
Детската радозналост ќе си најде начин
како ние во тоа време,тие во денешно
за да истата ја задоволат.При тоа без
никаква потреба истото да го споделат со нас.
И тоа е во ред,колку и да негираме и глумиме
интелегенција ние сме како суштества сурови
и оставаме да нашите деца опстанат и се изборат
во таков свет.Буткајќи ги во свет кој ние не сме
си го оствариле,за да тоа биде нивниот притисок
под кој вечно ќе се чувствуваат неисполнети
потиснувајќи ги сопствените желби.
Добрите намери и "стакленото ѕвоно" знаат да бидат
бумеранг кој лесно може да не удри по глава...
Самиот факт дека во оваа "ера на интернет" и се
помалце комуницираме недвосмислено ги учиме
дека тоа е правилен начин на кој тие треба да
се развиваат.Па ако и малце родителско останува
во нас би требало да го испотиме столчето во
насока на едукација што самиот интернет носи,
а може и да однесе.Ако веќе забораваме да збориме
и се задоволуваме што децата си се мирни си седат на компјутер
да можеме да го прочитаме стравот,радоста,гневот во нивните
очи оти сигурно не на таа возраст тие сами ќе ви кажат.
Се надевам до толку останало време во овој материјален
свет,кога се чувствуваме исполнети колку што ни е полна картичката.



Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 16:52
Амин.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 17:58
semejstva - ostavete gi decata na raat! -osobeno onie koi gi "imaat"!

i otvoreno si gi prashav...odgovorot beshe - internet!

neka bide!

-------------
едно е - не се две


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 23:15
Проблемот со нас е што cме индоктринирани со традицијата, религијата, моралот на денот и "научни истражувања", наместо само да се потсетиме на себе си и одговорот на сите прашања да ги најдеме таму.













-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 26.Јануари.2015 во 03:49
премногу драматизирате едноставна работа... сите сме дизајнирани да учиме самите за било што што постои во светов... ако јас, evangeline, или некој друг, сме научиле многу работи сами во животот од разни извори и лични грешки, тогаш зошто проблем се прави околу вашите деца? зошто толкава драматизација?
тоа што психологијата на еден човек во развој е толку фрагилна, не е проблем на општеството, па дури не е ни на родителите
ама родителите имаат некој иритирачки одбранбен механизам со кој мислат дека тие го контролираат патот на своето дете и дека нивната животна цел треба да биде „да бидне човек“ од него... а уште поиритантно е кога го обвинуваат целотот општество за она што мислат дека не е „патот“, нешто за кое не се виновни ни тие, ни општеството, туку детето како индивидуа
не посоти такво нешто како „прав пат“ и ваше е само да се погрижите вашето дете да е физички здраво и да има доволно можности за сопствен прогрес во животот

нема потреба од посебни објаснувања од страна на родителите, не се одвишни, ама не се ни облигаторни


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 00:42
Па и интернетот не е толку лош. Колку информации сме нашле,
комуницираме и меѓусебно се едуцираме (како на пример на темава плазење).
На времето кога немаше интернет, имав другарка на која и беше срам да
разговара со мајка и, па и напишала на ливче што ја интересира.
Мајка и фино, лепо и одговорила, и по дома никој никому ни збор плазење




-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен


Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 00:56
И да се вратам на темата, со ова КЛИК-от

Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Интернет, компјутери, таблети, смартфони... сето тоа само со еден КЛИК им овозможува на децата содржини и искуства, кои често не можат ниту да ги разберат, ниту да се снајдат во нив.


Еднаш додека барав на јутјуб некој цртан, ми излезе некое видео кај што Пепелашка се бакнува со Аладин, и баш кликнав да го видам, после тоа ред по редум, Бетмен со Црвенкапа, па Покахонтас со Снежана...итн изненадување
Кои болни умови болен
Од тогаш сум ко надзорник ух



-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 01:14

Лелеее што убава дискусија!да

Чувствувам потреба да се дообјаснам околу темава, за да не ме прогласите за  Drama Queen плазење. Прво ќе им одговорам на Меси и Забеган, па после ќе си напиѓшам свој став.

Ја почнав темава прво за опасностите и ризиците, можеби и затоа Забеган ја сфатил драматично. Ама тоа се нови термини, за кои недоволно е зборувано и сакав посебно нив да ги обработиме, да  разменам искуства, информации, материјали, видеа ...  со останати родители, идни родители и деца и да го пренесам сопственото искуство, без да си наметнуваме ставови. Немам намера на темава да зборувам исклучиво за СЕКС, немам намера а ниту сум компетентна  да едуцирам ничии деца на тоа поле (освен своите). КАко што рече Ванѓето, сексуалната едукација не опфаќа само секс. Затоа и не ја ставив темата во пдф Секс.

И кога некаде би ја преместувала, тоа би било на Образование, затоа што според мене подеднаква улога во сексуалната едукација треба да имаат и семејството и образовните структури. Ама знаејќи дека кај нас не се ни разговара за такво нешто, се решив за пдф Семејство.Во многу поразвиени земји од нашата се зборува насекаде за овие работи, да се едуцираат и младите и возрасните за овие работи. По телевизии, по радија, во школите, по трибини, предавања, едукативни часови па и семинари за наставниците, брошури по меилови и по пошта, насекаде! А кај нас сеуште се мислиме дали ВООПШТО треба младите да се едуцираат сексуално или не... збунетост Поважно е децата во школите да имаат веронаука, отколку да добијат нешто што е толку природно, како сексуално образование. Табу си е табу и тука нема лесно искоренување...

Токму од тие брошури, публикации и медицински списанија сакав да пренесам 2-3 статистики, не само за менструацијата туку и за трендот на опаѓање на долната граница во години на прв сексуален однос. Не дека сакам да ја тупам темава со статистики, туку колку да ја сфатиме глобалната слика на овие трендови. Мислев да ставам 2-3 табели кои ги имам во компјутер, ама нешто не ми успева. И кога го видов она “научни истражувања“ во наводници, се почувствував како да нешто сум излажала на темава или зборам на паметтага, па се предомислив. А можеби и не треба...








-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 01:37

Темава не е анти-интернет или против користење на технологии, за да бидат ставани децата пред некаков избор: или интернет или не-знам-што! Напротив, сакам да се едуцирам како родител, за да бидам во чекор и со времето и со технологијата.

Забеган, повеќето сме растени во време без интернет, компјутери, смартфони и слично, па и јас. Растени сме во време кога преовладувало конзервативно воспитување, со родители кои никогаш не зборувале со нас за секс, во време кога “порнографија, мастурбација, пенис, вагина, контрацепција...“ биле ѓаволски срамни зборови кои не смееле ни да се споменуваат по дома, оти нели ќе ни ја извалкаат “чистотата“ и морално ќе не расипат вртење со очи. Некои од нас излегле ОК, некои не-баш-толку-ОК, а некои заглавиле во длабоки проблеми.  И да сум сакала да разговараат родителите со мене на тие теми, тие не можеле да си ги победат сопствените срамови, па ми ги наметнале и мене. Да, непријатно е да се разговара со сопственото дете за секс, ама е неповторливо чувство и искуство кое зближува (ова го кажувам од сопствено искуство). Како да си го победам сопствениот срам? Па ако не ми било срам да го направам тоа дете, зошто сега да ми е срам да му објаснам како е зачнато и родено??? Како анегодатата со бабата кога гледала некоја еротска сцена на филм, па се развикала по внукот: “Гаси телевизорот, гаси телевизорот! Безобразни едни, срамота што прават, на ништо не личи ова, резил!“ А па внукот и вратил: “Бабо, а бе имаш 9 деца. Како си ги направила, ако ти е срам да гледаш двајца како се бакнуваат?“ голема насмевка

Е па денешнава реалност не е иста со светот на нашите баби, кога се мажеле и првиот сексуален однос го имале на првета брачн ноќ.  Не е иста ниту со светот од нашите детства. Денешнава реалност е малку ПОИНАКВА и подинамична. И како што рече Орка, тие чичковците што на времето ги прелажувале децата со чоколади, денес веќе не даваат чоколади, туку влегуваат во животите на децата “сетики и нас ќе не прелажат“.  Скоро имаше таков случај во Охрид мислам со некое 13годишно дете, прелажано така  од некој постар батко/ чичко преку социјалните мрежи, секс  за еден ајфон...

Примери вакви за жал ги има. Не значи дека не постојат ако се буткаат под тепих или не се разговара за нив. Тоа и ја прави разликата помеѓу нашите и денешниве времиња . Не велам дека нашите времиња биле подобри од денешниве или дека денешново е лошо општество. Не, општеството е само ПОИНАКВО. Си има свои недостатоци, како и предности. Тие предности ги користам и јас, ги користат и моите деца. Се согласувам дека некои деца се позатворени  и тешко се отвараат пред родителите, исто како и родителите пред нив. И тука не може и не смее да се инсистира на зборување, сигурно не би имало никаков ефект. Има деца кои се поотворени и љубопитни, прашуваат се што сакаат да знаат. Моите деца се од овие вторите. Сега се точно  на возраст  кога ги учат и се интересираат за овие работи. За некои работи веќе сме разговарале, затоа што самите пројавиле интерес да им бидат објаснети. Знаеме веќе како се зачнуваат и раѓаат  децата (нормално, без сите деталиголема насмевка), знаеме како изгледа голо женско, но и машко тело, знаеме како изгледаат и што функција имаат половите органи.... Имаа  среќа од школо, уште во второ одделение да ги носат на едукативни часови за сексуалноста, со визуелизација и објаснувања, па поттикнати од таму, прашуваа и дома и сакаа да им се дообјаснат некои работи.

Сум можела и јас да си останам на својот срам и игнорантски да им речам: “Па ни мене никој не ми објаснил кога бев како вас, снаоѓајте се сами“. И ќе се снајдат, не дека нема да се снајдат. И сигурно и од нив ќе излезат здрави и она што го викаме “нормални“ личности. Ама јас нивните прашања ги доживеав како укажана ПРИВИЛЕГИЈА И ДОВЕРБА! Затоа и одбрав да зборувам со нив, одбрав еден отворен  и пријателски однос, за да им отворам пат кога ќе пораснат да можат и да ми се доверат ако нешто ги мачи, без да се срамат пред сопствената мајка.  ДА научаат да си ја уживаат сопствената сексуалност, да уживаат во сопствените тела и да не прават од сексот табу тема. Не е сум за чување на децата под стаклено ѕвоно, НИКАКО. Еден ден  детето ќе излезе од сигурноста на ѕвоното, како несигурна личност која не ќе може да се снајде во надворешниот свет. Не сум ни за наметнување сопствени теории и ставови, или лечење сопствени комплекси на грбот на децата. Ниту за изведување на децата на  некаков “прав пат“,  ама тој пат што ние ќе им го одбереме, НЕ.  Мојот став не мора да биде императив за нив.  Јас одбирам да им отворам што е можно повеќе ВРАТИ кои водат кон различни патишта, а тие сами нека си одберат кој е најдобриот за нив.

Сексуалната едукација за мене е слично со  учење на детето да вози кола. Секако, јас нема да се ставам во улога на инструктор, за тоа ќе си најде дечко/девојка со кои ќе вежбаат да возат. Како родител можам само да му помогнам со “теоријата“ т.е. да му укажам како да ужива во возењето но и на кои опасности да внимава и да биде претпазливо. Значи јас ја сфаќам сексуалната едукација на децата нешто слично на возење низ светот на сексуалноста, ама со СИГУРНОСЕН ПОЈАС. Тоа се разбира пак не е гаранција дека нема да му се случи некоја сексуална “сообраќајка“, ама барем ризикот е помал кога детето е информирано. 

Се радувам што на темава, освен родители, се вклучија со свои мислења и родители во најава. плазење Тоа што сеуште сте млади и немате деца, не значи дека не треба да имате и сопствен став за прашања поврзани со нив. да


 


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 02:47
аплауз Ова е текст за врамување и врачување на младите кои влегуваат во брак. аплауз




-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 03:21
нејќев тебе да те претставам како драма кралица де, извини мир
само сакав да кажам дека многу родители се однесуваат премногу заштитенички кон децата
ама никој не размислува за својата генерација и како таа била перцепирана од родителите... еве ја се сеќавам дека ради параноични мајки денес келнер не смее да отвори флаша пред да ти ја донесе... исто така дека јуниорските журки беа места каде што обавезно имало секс и дрога... и дека градскиот парк беше место за наркомани и хулигани (не дека не е, ама со тек на време стана култен и можеш да видиш разни класи средношколци во него)... а и некакви сесии на сексуална едукација ни спопикуваа одвреме наврем, како што кажав, со некој југословенски акцент на зборење и теми како физички промени на телото
се сеќавам и дека кога бев мал, по медиуми се правеше галама за сидата, како што во денешно време беше со разни животиски грипови, ебола и не знам уште што
сексуална, технолошка или било каква друга револуција и поместувањето на границите (кои никогаш не ни постоеле) не се започнати од вчера


психологијата е комплексна, ама работите се многу едноставни
ако дете има основна одговорност и осет за последици, тогаш нема проблем, нели? сепак најбитно е детето да биде живо, здраво и да не запаѓа во невољи.... над се друго нема никој контрола
а таа одговорност може да си остане иста и со секс на наводно рана возраст... најголем дел од вас родителите, кога збориме за адолесценција, 12 години ги прават како да се 6 човече...  а нема научен психолошки шаблон за сето тоа
се разбира дека е добро детето да се научи на отворена врска со родителите (ја си имам сериозни проблеми од тоа), ама не треба да се форсира едукација, затоа што некогаш и контра ефекти создава

а ја да ме утепаш, не памтам како и каде сум научил многу од работите кои ги знам денес, ама сум научил да имам уплав од разни ствари

едит: тек сега го прочитав вториот коментар, освен се друго за кое што си во право, ми извади очи една работа, ги учите децата за табу темите од второ одделение, ама ви смета што имаат секс на 12-13 години... е тоа не ми е логично не знам


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 19:56
https://www.youtube.com/watch?v=M7eHqdW62BE" rel="nofollow - Убаво знаат да кажат...Денес децата се раѓаат со диплома.


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 20:19
Originally posted by Орка Орка напиша:

https://www.youtube.com/watch?v=M7eHqdW62BE" rel="nofollow - Убаво знаат да кажат...Денес децата се раѓаат со диплома.
хаха... цел канал има со вакви видеа... прајслес среќа
едно време бев зависен од "Kids react to..."


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 28.Јануари.2015 во 22:30
http://www.press24.mk/se-samoubi-12-godishno-devojche-roditelite-otkrile-deka-gledala-porno-film" rel="nofollow - Еве последици,и за жал ќе има многу што да слушнеме годиниве пред нас...


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 10:07

Токму поради ваквите приказни, мислам дека не смее да се прави табу тема од порнографијата и да се разговара за неа со децата. Затоа што кога-тогаш ќе се сретнат со неа, некои порано, некои подоцна, ама сигурно ќе се сретнат. Тоа е нормално за таа возраст , кога хормоните владеат со нив а желбата за експериментирање и истражување на сексуалноста е огромна. Да се разговара за неа со децата, да им се укаже на негативните последици, оти знаат и да претераат и да се навлечат.

Да се едуцираат за она што се нарекува http://en.wikipedia.org/wiki/Child_pornography" rel="nofollow - детска порнографија и http://en.wikipedia.org/wiki/Pornography_addiction" rel="nofollow - порнографска зависност,
затоа што може да има дејство како и зависноста од дрога. Ако се претера со конзумирање, како во случајов (вистински): дечко на 11 години, екстра ученик, малку поразвиен физички за свои години, дете за пример, од функционално семејство без некои посебни проблеми, спортист.... еден ден во школо добива страшна главоболка, до несвестица. Ја викаат веднаш мајката, па на лекар, по сите испитувања - детето здраво право, без никакви причини за појава на главоболка. Совет - да одмара малку, од пубертетот му е и пребрзиот физички развој, нема да се повтори.


Во неделите кои следуваат, мајката ја викаат уште 5 пати во училиште да го земе детето, главоболките стануваат се посилни. Бидејќи нема никаков видлив проблем, го носат детето на психотерапевт. По долги разговори, детето се отвара: другарче од школото пред некое време му покажува на мобилен некое порно видео и му кажува на кој сајт да си гледа такви возбудливи работи. Одтогаш, дечково почнува се почесто да си ги посетува овие сајтови, до тој степен што првото станување насабајле му било да се закачи таму, уште пред одење на училиште. Почнуваат првите ерекции и мастурбации, се навлекува и секој слободен момент го користи за предизвикување возбуда. Почнува да заостанува во школото, почнува да  гледа се повеќе време, секогаш барајќи нешто поново и повозбудливо, дури по неколку часа на ден! Сликите кои ги гледа таму, никако не му излегуваат од глава, постојано му се пред очи: на сон, во школо, кога јаде, кога игра со другарите.... Неколку месеци така додека самиот не почнал да чувствува паничен страв, што е нормално за 11 годишно дете.

Психологот му советува период на детоксификација, со зборовите: “Тоа што ти си го правел, е обид да набуташ слон во фичо. Слонот е огромен, фичото претесно за да го собере. Затоа си имал чувство дека главата ќе ти експлодира“. Еден добар разговор со родителите и заеднички наоѓаат некаков компромис за да некако се надмине оваа привремена зависност. И да не дојде до трагични последици како од приказнава со девојчето во Русија.

Убаво стои таму советот од психологот:   

„Осудувањето на детето поради неговото интересирање за порногарфија е лицемерие. Тоа е природно и нормално во овие години“, рекла Ана Портнова, детски психолог. Таа додала дека родителите треба да бидат толерантни и да не покажуваат негативен став кон ова.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 10:54

Многу добар филм, совршено се вклопува во темата.да
Не само за децата, туку и за нас возрасните. Меѓу другото, пример за секстинг и како од детска играчка може да стане голема плачка.






-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 16:37
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

„Осудувањето на детето поради неговото интересирање за порногарфија е лицемерие. Тоа е природно и нормално во овие години“, рекла Ана Портнова, детски психолог. Таа додала дека родителите треба да бидат толерантни и да не покажуваат негативен став кон ова.



Амин.

Сексуалноста кај децата се јавува веќе некаде од седмата година, а од 14 па натаму природно се целосно сексуално разбудени и физички се подготвени за сексуална активност. Тие не можат да се борат против природниот порив и секое насилно кочење на истиот не може да има позитивни, туку само негативни последици.

Ако децата не добијат информација од нас, ќе добијат од постарите другари, од интернет… од било каде.

Не е проблемот до нив, туку до нас.












-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 20:28
Знам дека на прв поглед постираново е надвор од темава, но неговата содржина сметам дека одговара во поширока смисла - децата растат и се менуваат буквално секој момент и ние како родители треба да сме потполно будни за тоа, подготвувајќи ги за телесните и менталните промени и олеснувајќи им го животот со упатства и разбирање.

Знаењето ослободува, игнорантноста заробува.

http://showyou.com/v/y-XjJQBjWYDTs/as-a-male-this-is-the-first-tampon-commercial?utm_source=facebook&utm_medium=social&utm_campaign=timeline" rel="nofollow - https://showyou.com/v/y-XjJQBjWYDTs/as-a-male-this-is-the-first-tampon-commercial?utm_source=facebook&utm_medium=social&utm_campaign=timeline







-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 23:02
Онаа мислата одеше...
Мудриот учи од туѓите грешки,
паметниот од своите грешки,
а будалиот ги повторува.

http://puls24.mk/magazin/zivot/go-snimila-svojot-decko-kako-se-samozadovoluva-pa-so-ucena-mu-zemala-6-000-evra" rel="nofollow - Најверојатно примерите се добар патоказ,како да се едуцираат децата.

Е друга е прикаската со сквернавењето на нашиот ни јазик
вметнувајќи термини како споменатиов "секс-торинг".

Дека ова иако е далеку од кај нас,не значи дека го нема...
Оти и редовно ме викаат во МВР
имам неколку пати начекано лица кои бараат каде да се обратат заради вознемирување на фејсбук.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 31.Јануари.2015 во 23:52
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

... децата растат и се менуваат буквално секој момент и ние како родители треба да сме потполно будни за тоа, подготвувајќи ги за телесните и менталните промени и олеснувајќи им го животот со упатства и разбирање.

Знаењето ослободува, игнорантноста заробува.


Меси, како ти знаеш со 2-3 збора да погодиш точно во сржта. да

Проблемот го прават родителите, ако не умеат да им се прилагодат на промените на децата, им набиваат страв дека ако погрешат нешто ќе бидат осудени и казнети, па дури како што рече им го кочат природниот сексуален нагон, набивајќи им комплекси на децата дека ако на пример мастурбираат, тоа е нешто погрешно, ѓаволско или настрано...

Треба да се знае до каде завршува границата на родителот, а од каде почнуваат границите на детето.
Ако се помешаат тие граници и се претера со контролата, може многу лесно да дојде и до трагични последици. Филмот што го препорача Ванѓето, е многу добар за темава. Покрај другите приказни, има и токму една таква мајка, која со претерана контрола над животот на ќерка си, предизвика еден обид за самоубиство... Го препорачувам и јас.


Originally posted by evangeline evangeline напиша:

За муабетов да ви го препорачам филмов,  http://www.imdb.com/title/tt3179568/" rel="nofollow - Men, Women & Children  , на почеток страшно досаден делува ама е доста поучен. За двете страни, и за децата и за родителите.


Еве, што ќе кажете на пример за постапката на оваа мајка?збунетост

http://www.huffingtonpost.com/janell-burley-hofmann/iphone-contract-from-your-mom_b_2372493.html" rel="nofollow -



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 01.Февруари.2015 во 00:02




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 24.Февруари.2015 во 21:41

What Ontario students will learn in new sex-ed classes

The Ontario government has unveiled the first update to the province’s sex education curriculum since 1998.

Premier Kathleen Wynne has vowed that the updated curriculum will be in place in public and Catholic schools this September.

The changes will impact students from Grade 1 to Grade 12.

http://www.thestar.com/news/canada/2015/02/23/what-ontarios-students-will-learn-with-the-updated-sex-education-curriculum.html" rel="nofollow - http://www.thestar.com/news/canada/2015/02/23/what-ontarios-students-will-learn-with-the-updated-sex-education-curriculum.html














-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 24.Февруари.2015 во 22:27
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

What Ontario students will learn in new sex-ed classes

The Ontario government has unveiled the first update to the province’s sex education curriculum since 1998.

Premier Kathleen Wynne has vowed that the updated curriculum will be in place in public and Catholic schools this September.

The changes will impact students from Grade 1 to Grade 12.

http://www.thestar.com/news/canada/2015/02/23/what-ontarios-students-will-learn-with-the-updated-sex-education-curriculum.html" rel="nofollow - http://www.thestar.com/news/canada/2015/02/23/what-ontarios-students-will-learn-with-the-updated-sex-education-curriculum.html













Glaven jazik za pisuvanje na Forumov e MAKEDONSKI i ke ve molam pocituvajte gi pravilataнамигнување


-------------
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 24.Февруари.2015 во 23:08
http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=20368" rel="nofollow - laki_bu ,  ти благодарам за твојата се'средна помош при администрирањето и модерирањето.

Главен јазик на форумов е македонскиот, но употребата на странски јазици не е забранета. Може да се  наведат неколку реченици со постирање линк за интегралниот текст. Тоа е дозволено за да се посочи дека оригиналниот текст е на странски јазик (за оние кои не го владеат), како и за оние кои го говорат - да разберат за што се работи во него. Едните така не би губеле време да одат на линкот, а другите би добиле увид дали тоа ги интересира.

Инаку дозволено е користење (цитирање) целосни текстови на странски јазици (поезија, поговорки, мудри мисли…) кои инаку би морале да бидат професионално преведени, а можеби и тогаш не би биле соодветни за наведување. Ако си ги посетил подфорумите Вероисповед и Уметност ќе си имал можност да видиш дека тоа одамна редовно се практицира. 

Ова е договорено на административно ниво повеќе години наназад и истото е пренесено до дотогашните модератори на форумов. 

Уште еднаш ти благодарам за дадената можност тоа повторно да биде објавено, уште повеќе затоа што чинам имаше еден член кој неодамна исто така се повика на правилото за користење јазици на форумов.








-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Февруари.2015 во 23:38

Е ај де не се расправајте, еве и јас сум офтопик со јазикот. плазење






-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 25.Февруари.2015 во 00:13
Me bendisuva koga i administratorite prifakjaat kritikiнамигнувањеда

-------------
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....


Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 27.Февруари.2015 во 11:20
нема да Ве читам - досадни сте!!

оставете ги децата на раатlook 123!!

-------------
едно е - не се две


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Март.2015 во 00:16

Е ако де.
Јас па ич и не влегувам на теми што ми се досадни за читање. плазење

Шведски цртан филм за половите органи. Можам да замислам што ќе се случи кај нас да се направи вакво нешто, штом можеа на Прометеј да му облечат гаќи. голема насмевка


http://theloom.someecards.com/the-loom/this-happy-swedish-cartoon-song-about-genitals-for-kids-will-make-you-love-your-vagina-or-penis-even-more/" rel="nofollow - Happy Swedish kids' song about genitals







-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 03.Март.2015 во 01:08
да

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 03.Март.2015 во 09:26
темата не е досадна..

-------------
едно е - не се две


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Април.2015 во 00:54

Кој е за отворен разговор, може да искористи по нешто од текстот. да


http://365.com.mk/168131/nekolku-raboti-za-seksot-shto-ke-i-gi-kazham-na-svojata-kerka" rel="nofollow - Темата за сексот кај девојчињата е поконтроверзна и малку посложена отколку кај момчињата и едвај некој ќе го негира тоа.

Опасноста од насилство, рана бременост , ризикот да останат трауматизирани – како физички така и психички, морето од лажни информација, глупавите стереотипи и жестоки искушенија – сето тоа се наоѓа во главите на младите дами и тлее како тежок товар.

Оваа тема не смее да остане табу, зашто на тој начин ќе дозволите вашите деца или најблиски да се стекнат со лошо искуство, или во најмала рака  – да не знаат што треба да очекуваат.

Останува само да се надеваме дека следната генерација на девојки ќе бидат малку пообразовани во областа на сексуалното воспитување и конечно власта ќе се сети дека е неопходна потребата од сексуално образовани во основните училишта.

Дотогаш, ако имате девојче, нужно научете го на следниве работи за сексот. Оваа мајка на девојче, ветува дека ќе и ги каже на својата ќерка.


1. Не се плаши од сексот.

2. Ако сепак се плашиш, тоа е нормално.

3. Не верувај во она што ти го зборуваат момчињата за сексот. Ти не знаеш ништо за нивните мотиви, обиди и убедувања.

4. Не им верувај на девојките и она што тие ти го велат за сексот. Ти не знаеш ништо за нивните мотиви, убедувања и потреби. Изгради си самата став на оваа тема.

5. Верувај им на родителите и специјализираната литература. Немој да прашуваш по форуми, прашај ме мене без никаков срам.

6. Учи за сексот. Читај медицинска и уметничка литература, заинтересирај се за сексуалното образование и воспитување во другите култури. Колку посеопфатни ќе бидат твоите знаења, толку ќе успееш да создадеш пообјективно и правилно мислење.

7. Задолжително поставувај прашања. Ако се срамиш многу од мене, ќе отидеме на гинеколог и психолог, па слободно побарај ги сите одговори.

8. Не постои вистинска бојка на сексуални партнери. Нека бидат малку – не толку поради туѓите предрасуди, колку поради здравјето и довербата.

9. Ти не си должна да чекаш до бракот.

10. Ти имаш право да чекаш до бракот. Тоа е целосно твое право и никој не може да му влијае.

11. Најсоодветно време за првиот пат е тогаш кога ти ќе почувствуваш дека тоа е вистинското време.

12. Ако на крајот се покаже дека ова било несоодветното време или со погрешен човек – сè е во ред. Никој нема право да те суди за тоа. Следниот пат направи го тоа со оној кој навистина те заслужил.

13. Размислувај.

14. Да сакаш и потоа да се предомислиш – тоа е исто така нормално.

15. Никој нема право да те принудува да правиш нешто што не сакаш.

16. Најубаво е да имаш секс со некој што те сака, а не само да те посакува.

17. Тоа е твое тело, само ти одлучуваш за него.

18. Сакаш секс и внимание – тоа е нормално.

19. Твојата самооценка и самопочит не треба да зависат од количината на секс.

20. Доколку некој ти се закани дека нема да биде со тебе во врска, ако не добие секс, откачи го, веднаш!

21. Не ја користи својата полова припадност, за да повредуваш некого емоционално, физички или материјално (не се оријентирај кон шовинизмот или феминизмот, туку едноставно однесувај се кон другите со почит). Ако ги почитуваш нив и тие ќе те почитуваат тебе.

22. Твоите желби и визии за сексот се само твои. Не и ги наметнувај на околината.

23. Не дозволувај другите да ти го наметнуваат своето мислење и да манифестираат непочитување кон твојот избор.

24. Да имаш секс порано отколку твоите врсници, е нормално.

25. Да имаш секс подоцна отколку твоите врсници, е нормално.

26. Запознај се со своето сексуално задоволство пред да го запознаеш партнерот.

27. Мастурбацијата е нормална.

28. Недостатокот на мастурбација – тоа не е нормално.

29. Можете да експериментирате.

30. На прво место секогаш треба да е твојата лична безбедност.

31. Жените не се виновни за сексуалното насилство. Не дозволувај никому да те убеди во спротивното.

32. Ако некој те повреди или навреди- запамети дека има и луѓе кои сакаат да ти помогнат. Ти не си сама.

33. Понекогаш сексот е добар.

34. Понекогаш сексот е ужасен.

35. Понекогаш сексот е неочекуван.

36. Изразувај  одговорност за својот избор, за она што го правите и особено за своите грешки.

37. Сексот може да се искористи за да те понижи.

38. Сексот може да ти помогне да се откриеш, да се почувствуваш посакувана.

39. Не постојат такви околности, при кој што треба да направиш во кревет нешто, само затоа што те замолиле.

40. Сексот е взаемен однос. Не смееш да останеш со некој кој не е заинтересиран за твоето задоволство.

41. Никогаш, буквално никогаш не дозволувај партнерот да те снима или фотографира гола или за време на чинот.

42. Придобивките од контрацепција се многу. Заштити се од болести. Кога спиеш со некој, ти спиеш и со сите негови поранешни љубовници.

43. Ќе имаш подобар секс, ако се научиш да ги градиш односите со партнерот.

44. Ќе имаш подобар секс, ако знаеш повеќе за половото воспитание.

45. ​​Не си должна да раскажуваш за својот сексуален живот на кого и да било.

46. Ако сакаш да разговараш за сексуалниот живот – тоа е нормално.

47. Не го споредувај сексуалниот живот со искуствата на другите луѓе. Во секој случај нема “точен” или “погрешен” пат.

48. Не завидувај за сексуалниот живот на другите луѓе.

49. Понекогаш сексот е едноставно прекрасен!

50. Сексот е одговорност. Не заборавај дека резултатот од него може да биде како позитивен, така и негативен. Прифати ја својата одлука.

51. Постави граници.

52. Научи се однапред јавно да зборуваш за своите.

53. Запознај се себе си како човек, кои се самоидентификува како личност и запомни дека ова нема никаква врска со твојата сексуална припадност.

54. Прифати се себе онаква каква што си.

56. Прифаќам дека растеш и те сакам.





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.



Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Април.2015 во 05:17
да

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 13:58


Сексуална едукација на децата... а што со РОДИТЕЛИТЕ, кои сами им даваат материјали на педофилите и разноразните интернет предатори?


http://www.dailymail.co.uk/news/article-3254334/Half-photos-paedophile-sites-pictures-parents-innocently-shared-online-children-beach-doing-gymnastics.html?ito=social-facebook" rel="nofollow -
http://ec.tynt.com/b/rf?id=bBOTTqvd0r3Pooab7jrHcU&u=DailyMail" rel="nofollow -





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk