Испечати | Затвори го прозорот

Друштво за заштита на животните ''Фауна''-Струмица

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Животински и растителен свет
Опис на форумот: Раси, одгледување, ветеринарска заштита...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27316
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 09:18
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Друштво за заштита на животните ''Фауна''-Струмица
Постирано од: Smoky
Наслов: Друштво за заштита на животните ''Фауна''-Струмица
Датум на внесување: 04.Декември.2014 во 19:50
Што забележувате додека шетате ?
Ги разгледувате ли убавите градби, паркови, споменици...?
Ги гледате ли среќните деца кој што трчаат среќно и слободно низ улиците ?
Ги гледате ли птиците далеку од човечкиот дофат, како среќно ја свираат нивната мелодија ?
Верувам дека сите сте го виделе тоа.
Но, дали сте го виделе тажниот поглед на напуштените кучиња, кој некогаш биле во Вашиот дом?.
Дали сте размислиле дека и тие се дел од нашето секојдневие?
Дали некогаш сте ги поделиле остатовите од Вашиот оброк ?
Да, оние остатоци кои ги фрлате во контејнер или ги чувате со денови додека не се расипат во Вашиот фрижидер.
Дали не Ви пречи секојдневно да ја гледате оваа ужасна слика ?.
Дали сте размислиле да и помогнете на тие беспомошни кучиња ?
Нивниот поглед ништо ли не Ви значи?
Нели ја гледате молбата за помош која Ви ја упатуваат секојдневно ?
Што треба да сторат тие за да бидат забележани.
Друштвото за заштита на животните ,, Фауна ‘’ – Струмица, е создадено пред 2 години, а во текот на тие 2 години, ние, максимално се трудиме и даваме се од себе за да им помогнеме на овие напуштени животни.
Но, понекогаш нашите раце се оковани со синџир поради немоќноста од финансиски аспект.
Не дозволувајте прашањето за кучињата скитници да остане реторичко.
Сторете нешто да го промените тоа.
Нема крај на повиците кои доаѓаат за помош, а ние сакаме да помогнеме.
Но, потребно ни е и Ваше учество.
Да се биде хуман значи да се подари живот
Ние, Друштво за заштита на животните ‘’ Фауна ‘’ – Струмица,
Ве замолуваме доколку сте во состојба да донирате било каков износ, сторете го тоа на сметка: 300030000136853
Со тоа ќе ја намалиме секојдневната слика на измачуваните, изгладуваните и повредените животни кои се оставени на улица.
Доколку не сте во можност да вдомите, барем волонтирајте или донирајте. [IMG]https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xap1/v/t1.0-9/10428565_849210515121662_435569578396207689_n.jpg?oh=71357eea7449d94b53b6ec0c00339e7f&oe=55061DD0&__gda__=1426636697_01fac5169625d786052c29e91e0d2a9c[/IMG]



Коментари:
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 05.Декември.2014 во 17:46
a za florata?

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk