Испечати | Затвори го прозорот

Ha cоцијалните мрежи не се споделува вербата ???

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27266
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 12:02
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Ha cоцијалните мрежи не се споделува вербата ???
Постирано од: Messenger
Наслов: Ha cоцијалните мрежи не се споделува вербата ???
Датум на внесување: 20.Септември.2014 во 05:51

Социјалните мрежи не се местото каде верниците треба да ја споделуваат вербата во Бога

http://www.sitel.com.mk/socijalnite-mrezhi-ne-se-mestoto-kade-vernicite-treba-da-ja-spodeluvaat-verbata-vo-boga-0" rel="nofollow - http://www.sitel.com.mk/socijalnite-mrezhi-ne-se-mestoto-kade-vernicite-treba-da-ja-spodeluvaat-verbata-vo-boga-0

Ајде де! 

Да ве потсетам на Исусовите зборови:

Царството Божје е меѓу вас.
Лука 17:21

И уште нешто:

Свевишниот не живее во храмови изградени од човекот.
Дела, Лука 7:48

Он, бидејќи е Господ на небото и на земјата не живее во ракотворни храмови, ниту пак прима служба од човечки раце.
Дела, Лука 17:24/25

А тоа значи дека Бог е насекаде каде што сме ние, вклучувајќи ги и социјалните мрежи. Зарем не се велат СОЦИЈАЛНИ токму затоа што се среќаваме на нив ??? Зарем Бог не е тогаш меѓу нас ???









-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 20.Септември.2014 во 12:25

Да можеше на социјалните мрежи да се оставаат пари на иконите и да се плаќа за свеќите, мислам дека ќе им беа сосема ОК и социјалните мрежи, како место на споделување верба.замисленост


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Септември.2014 во 13:36
МПЦ и владиките, Бог вечно да ни ги чува, најдобри се кога не даваат никакви јавни изјави.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 22.Септември.2014 во 13:06
Ма гајле им е нив преку што се шири религијата!
Дури уште подобро ќе им биде ако и преку овој медиум (Facebook) се стекнат со поголем број верници.
Туку, друго нив ги мачи. Ете, самите си кажуваат кај ги боли:
„Иконите да се купуваат исклучиво во храмовите ... “
Мајката!
Секако, не само икони, туку ова важи и за свеќите кои само кај нив се делотворни бидејќи се „осветени“.
Знаат ли овие од МПЦ, посебно ова младо (и алчно) „оче“, зошто Microsoft плати огромна сума долари?ѓ
Дали некогаш слушнал за зборот „монопол“?
Дали овие од МПЦ се спремни да плаќаат за тој свој монопол?
Ух бреее ... ненаситни и лоши луѓе! лутина
Велам лоши, бидејќи на секој начин гледаат да ја искористат несреќата (како и радоста) на народот и од нив да трупаат богатства.
Едно Dislike за ваквите свештеници! не

Р.Ѕ. Токму примери како овој на Меси ... :
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Царството Божје е меѓу вас.
Лука 17:21
Свевишниот не живее во храмови изградени од човекот.
Дела, Лука 7:48
Он, бидејќи е Господ на небото и на земјата не живее во ракотворни храмови, ниту пак прима служба од човечки раце.
Дела, Лука 17:24/25

А тоа значи дека Бог е насекаде каде што сме ние, вклучувајќи ги и социјалните мрежи. Зарем не се велат СОЦИЈАЛНИ токму затоа што се среќаваме на нив ??? Зарем Бог не е тогаш меѓу нас ???

... треба да се шират по социјалните мрежи, затоа што огромниот дел од тие кои се декларираат како верници, воопшто не ја прочитале библијата, па на овој начин најдобро би се запознале со сопствената вера т.е. што таа проповеда!


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Септември.2014 во 18:59
Рајата може да се контролира само кога се држи во незнаење и игнорантност.

И кога ќе ја дознаете вистината, вистината ќе ве ослободи.
Јован 8:32






-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk