Испечати | Затвори го прозорот

Се родија првите ГМО бебиња

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27249
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 11:00
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Се родија првите ГМО бебиња
Постирано од: Анастеа
Наслов: Се родија првите ГМО бебиња
Датум на внесување: 14.Август.2014 во 11:13

http://brif.mk/?p=162227&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d0%25b5-%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-30-%25d0%25b3%25d0%25bc%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25b1%25d0%25b8%25d1%259a%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2587%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b4%25d1%2581" rel="nofollow - http://brif.mk/?p=162227&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d0%25b5-%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-30-%25d0%25b3%25d0%25bc%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25b1%25d0%25b8%25d1%259a%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2587%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b4%25d1%2581" rel="nofollow - Денеска беше соопштено дека во САД успешно се развиваат бебињата од првата генерација генетски модифицирани луѓе. Станува збор за 30 здрави бебиња кои се резултат на низа експерименти на генетски инжинеринг, што предизвика големи дебати во САД, пишува Дејли меил.

За сега се извршени испитувања врз две денеска веќе едногодишни бебиња и кај нив се најдени гените на тројца „родители“, односно луѓе чиј генетски материјал е земен за создавање на овие бебиња. Во двата случаја станува збор за генетски материјал на две жени и еден маж. Бебињата се експеримент на Институтот за репродуктивна медицина и наука Сент Барнабас во Њу Џерси.

Генетичарите кои се противат на генетското модифицирање на луѓето велат дека вака се создава практично нова, вештачка раса. На ова, се разбира, се противат и верниците од сите религии кои сметаат дека Бог ги создал луѓето.

.............................


Што мислите за овие експерименти со човечката раса, за овие експериментални бебиња?
Дали е во ред ова играње со природата и создавање нова, вештачка раса?





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.



Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Август.2014 во 11:19
Едно време Менгеле се обидуваше да создаде посебна раса и на сите тоа не им се допаѓаше . Ама ете дека истите овие сега го прават истото .

Се’ што го е правел Хитлер некогаш сега го прават американците со модерни технологии и им успеава .И никој ништо не може да им направи оти се моќни .

-------------


Постирано од: nikolceo
Датум на внесување: 15.Август.2014 во 13:59
Bas sakam da vidam od kade procita za genetskata modifikacija i jas da procitam posto mislam deka sega za sega toa ne e mozno i seto e bla 



-------------
Nikolce


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 15.Август.2014 во 14:09
Ме мрзи сега да барам,но кога јас прочитав прво на македонски
портал пред некој ден исто така не верував.Но пребарај имаше статии
и во "угледни" американски весници за веста.


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 16.Август.2014 во 04:08
,,,poĉetok na krajot od čovekoviot vid kakov što go znaeme,,,

,,,,balaš ko nostradamus,,,"neki novi klinci",,,

,,,,jebeno zaebana rabota no im se može,,, ,,,mnogu arno ne ke da e na arno,,,

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: mesecina_sonce
Датум на внесување: 16.Август.2014 во 11:41
Не ме чуди ништо повеќе...по тие лабаратории кои се пикнати длабоко во земја...секакви експеремнти вршат и не ГМО бебиња туку и кој знае што сеуште прават...


Постирано од: nikolceo
Датум на внесување: 18.Август.2014 во 15:14
Ne e celta da se sirat dezinformacii zatoa vi pisuvm posto sum strucnjak vo taa oblast i zatoa vi napisav.
Pozdrav


-------------
Nikolce


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 18.Август.2014 во 22:12
Некој си игра еволуција или бог...нека си играат



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 20.Август.2014 во 10:14
Originally posted by nikolceo nikolceo напиша:

Ne e celta da se sirat dezinformacii zatoa vi pisuvm posto sum strucnjak vo taa oblast i zatoa vi napisav.

Николчео, нема причина да не ти поверувам/е во твојата изјава дека си стручњак во таа област (Претпоставувам нешто околу генетиката, така?)
И токму тоа ме чуди што незнаеш (или не веруваш) за постоење на генетски инжинеринг! изненадување
Ај овака, еден прост пример од мојата област. (Нормално, што друго може да се очекува од мене, освен нешто просто!? голема насмевка)
Сигурно си слушнал за хибрид. Претпоставувам дека знаеш што е тоа. Но, за тие кои незнаат, да кажам дека тоа е растение кое се добива со вкрстување на особините од 2 или повеќе видови други растенија.
На пример круша, која дава убави плодови, но е осетлива на разни болести и е неотпорна на суша, се вкрстува со друг вид круши кои се отпорни на овие болести односно со видови круши кои не бараат многу вода.
Или друг пример кај праската. Им текнало на некои па се решиле да направат праска без мов и, со вкрстувања меѓу праска и слива добиле нов вид т.е. хибрид кој го нарекле нектарина.
Овој процес може да се прави природно, а понекогаш и со помош на човекот но само при опрашувањето. Но, истово може да се прави и во лабораториски услови при што се земаат хромозоми од клетките на растенијата кои се носители на соодветната добра особина и се вметнува во клетките на растението кое се сака да се оплемени (подобри).
Мислиш дека не се земаат хромозоми од глувци и да се вметнуваат во структурата на сојата?
Штом ова се прави кај растителните клетки, мислиш дека истото е невозможно и кај животинските т.е. кај човекот?

Малку се замислив околу терминологијата - нова раса*. Добро би било да е само таа „мала“ промена, па да се создаде само нова раса. Тоа се прави секојдневно во природава со мешање помеѓу црнци и белци, или белци со единки од жолта раса ...
Страв ми е со овој генетски инжинеринг да не испадне некој друг вид човек. Тогаш дури постои реална можност (за неколку стотини години) целото човештво да се заебе од налудничавите идеи на овие природни имбецили кои сакаат да контролираат се во светов.

* - Според класификацијата, живите организми се делат на: ... ред, фамилија, род, вид, раса (сорта). Има и други „под“ и „над“ (пр. „подфамилија“) но да не ја тупам до толку.


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: nikolceo
Датум на внесување: 21.Август.2014 во 10:14
Kako prvo nie ne sme rastenija. kako vtoro ne postoi tehnika za toa. kako treto se konsultirav so povozrasen kolega i poiskusen od germanija i toj pojmanema i misli deka toa ne e mozno. za toa ve molam da stavite link kade procitavte za ova i da razjasnime.
pozdrav


-------------
Nikolce


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 21.Август.2014 во 16:45
Originally posted by nikolceo nikolceo напиша:

Kako prvo nie ne sme rastenija. kako vtoro ne postoi tehnika za toa. kako treto se konsultirav so povozrasen kolega i poiskusen od germanija i toj pojmanema i misli deka toa ne e mozno. za toa ve molam da stavite link kade procitavte za ova i da razjasnime.
pozdrav

Очигледно дека и ти а и твојот "поискусен" пријател, врска немате што се случува по светов. Па и тешко ви е да го прашате Гугл.

http://www.dailymail.co.uk/news/article-43767/Worlds-GM-babies-born.html" rel="nofollow - http://www.dailymail.co.uk/news/article-43767/Worlds-GM-babies-born.html




-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 25.Август.2014 во 12:57
Originally posted by nikolceo nikolceo напиша:

Kako prvo nie ne sme rastenija. kako vtoro ne postoi tehnika za toa. kako treto se konsultirav so povozrasen kolega i poiskusen od germanija i toj pojmanema i misli deka toa ne e mozno...

Аман бе Николчео!!! изненадување
Кога рече дека си стручњак, немаше причина да не ти верував/ме, бидејќи и нема причина да не’ лажеш.
Ако по првиот твој пост останав зачуден како тоа да не знаеш за генетски инжинеринг (а велиш дека си стручњак за таа област), сега веќе (кога велиш: „ ... ние не сме растенија ... “ и „ ... не постои техника за тоа ...“) почнувам да се сомневам дали воопшто си тоа за што се кажуваш или, во крајна линија, останува да се сомневам во твојата стручност.
Дали сакаш да кажеш дека растителните клетки имаат подруга структура (зборуваме по однос на наследноста) од животинските?

Ај вака, да прецизираме, за да не биде некој во заблуда.
Кога спомна дека си стручњак, веројатно знаеш дека овде тема на дискусија е генетиката.
Според тоа, ако и понатаму мислиш дека си на правото место, штом си стручњак за оваа област, веројатно знаеш што се хромозоми, РНК, ДНК ... и дека нив ги има како во растителните, така и во животинските клетки.
Дали сум во право или нешто грешам?

btw.  Знаеш ли што е генотип и колкава е неговата сличност кај животните, посебно меѓу цицачите?



-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: nikolceo
Датум на внесување: 25.Август.2014 во 16:51
OK ne sakam da se raspravame
znaci rabotam bas vo ovaja oblast
prenesuvanje na mitohondrii i citoplazma od kletka na mlada zena vo kletka na stara zena ne znaci deka genetski ste ja modificirale kletkata kako prvo i da znete deka toa vo makedonija e zabraneto zakonski. kako vtoro nikoj ne moze da giba vo DNA posto ke ja unistis kletkata. kloning e druga rabota isto i toa e zabraneto.
A ako ima nekoj silen neka vkrstuva zivotniski so humani kletki. samo prvo neka procita vo zakonot za biomedicinsko potpomognato oploduvanje koi se sankciite.
Genetski inzinjering se pravi na bakteriski kletki koi sto se razmnozuvaat brzo i se gleda odma efektot so cel da produciraat nekoi produkti vo zavisnost koj gen se prefrlil vo baktariskata kletka.



-------------
Nikolce


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 25.Август.2014 во 17:35
Надвор е од темава,но го појаснува законот...
Ивонче законот воопшто изгледа не го повреди па си лапна милионче.
Е сега било малце неетички.


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 26.Август.2014 во 09:05
Originally posted by nikolceo nikolceo напиша:

OK ne sakam da se raspravame ...

Хм ... зборот „расправа“ можеби има двосмислено значење.
Едно е расправање - карање (што се вели, како жени на улица), а друго е да се води расправа - дискусија. Ова се прави во секоја од темиве на форумов (политика, веронаука ... барем таму каде јас учествувам). Впрочем, форумов освен за забава постои и за тоа, да се разменат идеи, искуства со кои некој ќе научи нешто ново.
Затоа сметам дека не треба да се откажуваш.
Ете, ако не се водеше оваа расправа, ќе немаше да (ми) се расчистат некои работи.
Од твоите претходни кажувања јас сфатив дека ти стоиш на ставот дека технички не е изводливо генетско модифицирање на клетките. Но од оваа твоја изјава ... :
Originally posted by nikolceo nikolceo напиша:

... da znete deka toa vo makedonija e zabraneto zakonski. ...  kloning e druga rabota isto i toa e zabraneto.
A ako ima nekoj silen neka vkrstuva zivotniski so humani kletki. samo prvo neka procita vo zakonot za biomedicinsko potpomognato oploduvanje koi se sankciite. ...

... ми стана јасно дека ти овој проблем го гледаш од правен аспект.
А секако (претпоставувам ќе се сложиш) тука би го вброил и хуманиот момент.
Во тој случај и јас сум на истиот став дека овакви експерименти не треба да се прават.
Но, од стручен т.е. технички аспект, сепак потврдуваш дека тоа е изводливо:
Originally posted by nikolceo nikolceo напиша:

...Genetski inzinjering se pravi na bakteriski kletki koi sto se razmnozuvaat brzo i se gleda odma efektot so cel da produciraat nekoi produkti vo zavisnost koj gen se prefrlil vo baktariskata kletka.

Е сега, дали овој генетски инжинеринг е на бактерии, дали резултатите се веднаш видливи или после извесно време ... (да речеме по 9 месецинамигнување) ... тоа е друга работа.
И, ова (за испитувањата на бактериско ниво) се информации достапни до јавноста. А којзнае што се се’ прави, којзнае какви се не клонирања и генетски инжинеринзи се прават во лабораториите низ светот?!


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk