Испечати | Затвори го прозорот

Game of Thrones

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Филм
Опис на форумот: Хитови, преводи, DVD, DivX, оскари & актери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27224
Датум на принтање: 27.Април.2024 во 19:09
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Game of Thrones
Постирано од: gonzo
Наслов: Game of Thrones
Датум на внесување: 02.Јули.2014 во 20:42
Срамота од толку топици оваа серија да нема свој. Пред две недели заврши последната епизода од сезона 4 и? Ја гледавте ли, ви се допадна, не ја сакате, ја обожавате,  многу брзо ви умираат ликовите? Ги прочитавте ли Song of ice and fire, бекнете нешто.


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.



Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 03.Јули.2014 во 00:55
Јас имам гледано само една епизода од Троновите, и тоа првата, и тоа пола, заспав и толку.
Али планирам некој викенд да праам маратон со нив, гледам сите ја фалат многу, сигурно ќе гледам три дена и ноќи како што знам некогаш да направам.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Орка
Датум на внесување: 29.Јули.2014 во 18:41
Последнава сезона и не ми остави некој голем впечаток,за
да нестрпливо ја очекувам наредната.Првите три може да речам
дека секоја нова епизода ја исчекував со љубопитност,но
последнава премногу голем акцент на бесмислени убиствата и
приказната некако веќе не е приказна.
А што би бекале,кога не научија само на турски серии да блееме.


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 30.Јули.2014 во 01:53
не ми е јасно зошто серии во стил „кај беше не знам што виде ништо“ се здобиваат со толкава популарност... ако сакаат да направат серија со племеници, витези, нивни настраности и превари, имаат голема историја за тоа..... ама да, во историјата нема змејови и јака полугола плавуша што ги чува, тоа е битен момент


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 20.Јуни.2015 во 21:15
Петава сезона немам изгледано ни една епизода

Но еве еден интересен податок,за доаѓање на серијата
во Македонија.
http://www.express.co.uk/entertainment/tv-radio/585643/Game-of-Thrones-season-6-Macedonia-film-location" rel="nofollow - Новата шеста епизода се размислува
да се снима на локации Прилеп,Охрид и Криволак.
И ова оти Прилеп прв,не е пристрасно,че видите ебаго така
го имат клаено прв да биди.
Ме мрзи да барам наведен е наш портал кој пренел дека
продуцентите веќе платиле за нивна посета на овие локации.
Не за друго ќе прочитам нешто и отрчав во политика...
Па novace ќе почне да ми намига
А може си има мана трепка само така,ја лошо сфаќам.


Постирано од: Mazak
Датум на внесување: 20.Јуни.2015 во 21:28
Ако се снима навистина како што е најавено на локалитети на Прилепско, се надевам дека ке се појави во некоја сцена боздоганот на Марко Крале размавтан по сабјата на црна Арапина...или пак Крале Марко како скока шарцу за во галоп да го носи накај бојно поле(бришејки при тоа мустак голем од пивската пена)а по него кожен калпак од мечок одран се вее ...

-------------
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 20.Јуни.2015 во 21:31
Тоа не знам ама ќе се најде некој Итар Пео да ги обере странциве сигурно.


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 21.Јуни.2015 во 12:52
Ова за снимањето во Македонија пак ќе да е некоја патка, странски сајтови пренесоа од еден наш, па нашиве други пренесоа од странскиве и така во круг.

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 21.Јуни.2015 во 16:22
Само една епизода од Гејм оф Тронс сум ја гледал, и тоа пред 2-3 години.

Толку ли е добра серијата, вреди ли да се гледа?



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Орка
Датум на внесување: 21.Јуни.2015 во 20:31
До третата сезона по мој вкус вредеа.
Четвртата се каев за изгубеното време...
Петата ја скокнав,и по коментарите не ми се ни гледа.
Е шестава ради Прилеп ебаго че ја гледам.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 21.Јуни.2015 во 21:20
Абе ја најдов на торент сезона 1 и сега и се думам дали да ја спуштам.....како што се знам себе си, ќе останам без спиење ако ја спуштам голема насмевка

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Орка
Датум на внесување: 21.Јуни.2015 во 22:56
Се е до вкусот...Можеш да пробаш,еден куп твитерџии се ложат и
трескаат од земја сеуште.Мене повеќе не ми се допаѓа.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Јуни.2015 во 14:39
Пробав, пробав голема насмевка

Резултат од пробата е што изгледав 7 епизоди од првата зезона и останав без спиење смеење
Денес, ја завршувам 1-вата сезона и ќе почнам со втората ...интересно ми беше многу.

Многу бе сексање и голотија имало во Престолите, а и лични дадички многу голема насмевка


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Орка
Датум на внесување: 22.Јуни.2015 во 18:05
Има и приказна,ако покрај гледањето во дадите и слушаш.


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 23.Јуни.2015 во 19:34
Петата сезона беше некако лита. Дали дека се намали бројот на главните ликови па нема кого да убијат веќе...кмеее


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Јуни.2015 во 00:27
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

Ова за снимањето во Македонија пак ќе да е некоја патка, странски сајтови пренесоа од еден наш, па нашиве други пренесоа од странскиве и така во круг.



Gаme of Thrones, не-знам-која-сезона.
Место на снимање: Македонија.
Главни улоги: Grujo & Zajko.
Режија: Странски Служби.

Не знам што не ви е јасно. плазење





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Mazak
Датум на внесување: 24.Јуни.2015 во 04:12
ПУКАНКИТЕ !!!

-------------
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 24.Јуни.2015 во 12:38
Originally posted by Орка Орка напиша:

Има и приказна,ако покрај гледањето во дадите и слушаш.
 

А што мислиш како ми дојде толку интересно за да изгледам 4 сезони за 3 дена, само од жените голема насмевкаголема насмевкаголема насмевка


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Орка
Датум на внесување: 24.Јуни.2015 во 17:30
Ах ах,значи ако те прашам за бројната состојба на Ѕидот...
Да не ме чуди ако ми свртиш муабет за дивата невеста на Џон Сноу.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 25.Јуни.2015 во 14:59
Хахахахах, дивото дејче на Џон Сноу не ме бендисувше...не сакам многу ја " изгорени од оган "голема насмевка

Имаш еден куп други многу полични жени во серијата Орка.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Орка
Датум на внесување: 25.Јуни.2015 во 17:05
Мислеле они за сечиј вкус да има.
Да речеме јас многу сакам да сум змеј.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 25.Јуни.2015 во 18:21
Змејовите и Даенерис мене ме фасцинираат, ептен многу добра изведба има актерката, и секако слатка како слатково од смокви што го јадам ељубов 

Жала на страна....малку сериозност.

Значи, цела серија, сите 5 сезони ги изгледав во 4 дена, последната епизода сабајле во 5.

Гејм оф Троунс мене ме фасцинираше среќа
Приказната и жарнот ги обожамав, слично како да гледав паралелен свет од Прстените.

Си признавам дека појма немав за серијата, сега дознав и дека романи имало...неколку...фак
Уживав во секоја изгледана епизода, и веднаш кога ќе завршеше, ја пуштав следната....за мене нешто ептен интересно и толку заразно не сум гледал, просто те влече.

Одсекогаш сум сакал серии што се непредвидливи, да не можеш да одгатнеш што ќе се случи нешто конкретно, во тесна рамка, а такви тесни рамки, во целата серија имаш еден тон, тотално непредвидливо...пример, смртта на Џон Сноу ( доколку е мртов ), судбината на Церсеи на крај од 5-та сезона, 90 % од сцените со Даенерис се тотално непредвидливи и многу други.

Најомилен лик ми е Тирион - Питер Динклејџ, и мислам дека улогата му е животно дело и плус низ серијата си го проживува реалниот живот, но во друго време...фасциниран сум од глумата негова, просто неверојатно...хуморот му е што знам, безвременски среќа

Исто така, серијата е преполна со многу моќни дијалози и еден вид на поуки.

Гејм оф Троунс е според мене е џам.

Има еден проблем сега......треба да се чека до лудиот април 2016 за новата сезона......Е тоа не чини....ич не чини.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Орка
Датум на внесување: 25.Јуни.2015 во 20:08
Жалај ти на која страна сакаш,ама Денерис е слатка,
како слаткото од јагоди што јас го имам...Ете така да си знаеш.
Инаку книгата е одлична.
Јас лани после неколку епизоди од четвртата сезона,и околните коментари
сакав да се задржам на приказната,а не на ефектите кои ги форсира серијата.
И почнав да ја читам до кај 50-та страница стигнав,ама баталив.
Но за други теми е низ какви бајки минувам,па време за тоа немам.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 25.Јуни.2015 во 20:25
Би ја прочитал и книгата, ама да ја најдам за без пари  на македонски, и српско - хрватски голема насмевка
Англиски да читам искрено ептен многу ме заморува, инаку ја има на торент, ја најдов, ама не ми прај мерак англискиот.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk