Испечати | Затвори го прозорот

Орел

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Животински и растителен свет
Опис на форумот: Раси, одгледување, ветеринарска заштита...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27220
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 14:35
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Орел
Постирано од: Klara-D
Наслов: Орел
Датум на внесување: 25.Јуни.2014 во 11:35
 
 Приказната која го потресе интернетот....
 На 40 години орелот избира или смрт или ново, но болно раѓање!
 
Кога ќе наполни четириесет години неговите долги и еластични канџи повеќе не можат да ловат плен, а со тоа не можат ни да се исхрануваат.

Митот за орелот кој започна да кружи и на интернет е стар исто толку колку што постои оваа моќна птица. Се пренесувал од колено на колено симболички објаснувајќи го созревањето на човекот. Порано човекот живеел во многу поголема хармонија со природата, а созревањето, животот и смртта тогаш можеле да си ги објаснат само преку митовите и легендите.


Според овој мит, орелот, таа моќна птица просечно живее речиси исто колку и човекот но само доколку го помине патот на болното умирање и повторното раѓање. Не е многу поинаку ни со човекот. Негде кон четириесетитте, ако не и порано, и орелот и човекот се одлучува по кој пат ќе тргне, кон прерана смрт или кон долг живот.

Орелот има најдолг животен век помеѓу птиците.

Кога ќе наполни четириесет години неговите долги и еластични канџи не можат веќе да го ловат пленот, а со тоа ќе не може ниту да се исхранува. Неговиот долг и остар клун се извиткува, се троши. Крлијата не го служат како некогаш.


Тогаш на орелот му преостануваат само две опции - или да умре или да помине низ болен процес на промени кој трае 150 дена. Тој процес од орелот бара да одлета на врвот на некоја планина. Тука орелот клука по карпите додека клунот сосема не му отпадне. Откако клунот ќе му отпадне, орелот чека да му порасне нов, па со новиот клун си ги вади старите канџи. Кога ќе му пораснат нови канџи тој со нив започнува да ги кубе старите пердуви и да чека да му пораснат нови. Така, по пет месеци, орелот тргнува во летот на повторното раѓање и живее уште 30 години.


Митот за орелот всушност зборува за промените кои се случуваат речиси кај секого од нас во одредена животна доба.

Многу пати, за да си го подобриме животот мораме да започнеме процес на промени. Треба да се ослободиме од некои лоши сеќавања, штетни навики, лоша околина и ослободени од товарот на минатото и со зајакната надеж подобро да ја искористиме сегашноста



Коментари:
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 23:50
кај го најде ова изненадување
никогаш не сум сретнала вакво нешто размислување


-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 28.Јуни.2014 во 22:46



-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Јануари.2015 во 18:23
orelot e najmoknata ptica i ptica koja edinstveno moze da gleda direkno vo sonceto i da leta vo toj pravec
moja najomilena ptica 


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 17.Ноември.2017 во 21:07
da,moja najomilena ptica


Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 17.Ноември.2017 во 21:08

sea... lebed ili orel? ne moze dvete da ti se najomileni


-------------
DeepBlue



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk