Заев: Не давам оставка!
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27147
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 13:09 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Заев: Не давам оставка!
Постирано од: Анастеа
Наслов: Заев: Не давам оставка!
Датум на внесување: 02.Мај.2014 во 10:37
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=655169020C440F42AD69A7AE6207EFD7" rel="nofollow - Заев: Оставка не давам
Заев е категоричен и упорен, да остане на лидерското место на СДСМ. И покрај изборниот пораз, после кој скоро сите негови претходници, во неколку изборни циклуси си поднесуваа оставки. Под негово раководство, партијата изгуби на претходните локални избори, еве сега и на претседателските и вонредните парламентарни. За оставка не ни помислува, под оправдание дека бил многу краток период на чело на партијата. Од Шеќеринска нема никаква изјава. Наместо да ја сплотат и обединат партијата, тие ја доведоа до уште подлабок раздор.
Ме интересира мислење од форумџиите: дали Заев и Шеќеринска треба да го препуштат кормилото на партијата на некој друг или да останат, и покрај лошите досегашни резултати?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Коментари:
Постирано од: Diogen
Датум на внесување: 02.Мај.2014 во 12:15
Во земји со нормална демократија, во случај на неостварени резултати на партијата, лидерот и раководството е нормално да понудат оставка, т.е. да го стават мандатот на повторна верификација кај членството. Доколку членството одлучи да и покрај лошите резултати ја даде повторно довербата, раководството добива поцврста позиција или ако членството веќе нема доверба, се бира ново раководство. Тоа што кај нашите партии нема ни Д од демократија е факт познат уште од основањето на партиите. Затоа и не изненадува постапката на Заев. Убаво рече Васко Ефтов на МРТВ по изборите - во Македонија партиите се фирми. Демократијата е резервирана за некои други, подобри и понормални времиња. П.С. Во анкетата по грешка кликнав на немам мислење. Заев треба да понуди оставка и членството да одлучи како понатаму, дали ќе му ја даде повторно довербата или ќе бира ново раководство.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Мај.2014 во 12:27
Треба сите што имат власт во СДСМ да напуштат . На СДСМ им требаат нови лица од народот !
-------------
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 02.Мај.2014 во 16:41
Никогаш не сум помислил дека Заев... сам донесува одлуки... имам чувство дека секогаш ќе остане обична фигура во рацете на некој друг.... можеби го бива за бизнис... ама е тапа за политика... човекот нема ни грам харизма... не па лидерски способности...
така... се додека некој не му рече да даде оставка... тој нема да го направи тоа... прашање е колку и другите имаат смелост да го бараат тоа од него...
СДСМ сеуште не може да излезе од сенката на "Црвенковски"... секако ова условно кажано... пошто "Црвенковски" не е само еден човек... тоа е ментален склоп... на луѓе блиски и заедно со Црвенковски...
комуњарска приказна... луѓе кои не можат да сфатат дека моментално... за противник го имаат својот одраз во огледало... нивни нуспороизвод... они кои учеле од нив... и ги надминале...
мислам... дека СДСМ... ваква ко што е, со комуњарски бекграунд позади себе... нема шанси во било каква варијанта...
Заев е полу карикатура на лидер... неважен за целокупната слика... моментално потребен на едните... во суштина им одговара и на другите....
не е битно дали сега ќе даде или не оставка... тоа ништо нема да смени...
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 03.Мај.2014 во 09:51
Одамна мислев да дадам свој коментар, свое видување за „дотичниот’
господин (& Со), но кога го прочитав претходниов пост, како да го
слушав ехото на моите размислувања. Незнам кој дел од горниов пост да
го одвојам како цитат, за да потенцирам одредена мисла, одреден став,
забелешка! А целиот да го копирам - нема смисла. Би додал само дека
кај нашите политичари се додека не се надмине егоизмот, гордоста,
суетноста, самобендисаноста ... се до тогаш ќе им се случуваат овакви
работи. Уште еднаш ќе речам, браво за коментарот.
Р.Ѕ. Ова се однесува и за сегашниов неприкосновен лидер на владејачката
партија. Доколку и нему „му влезе вода во уши“ и мисли дека тој е
незаменлив, па продолжи со лидерството и после овој 4 годишен мандат
(ако го истера до крај), ќе го снајде истата судбина, како него, така и
неговата партија.
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 06.Мај.2014 во 10:38
Вие се' убаво сте напишале, се согласувам со вас. Не сум го слушнаlа тоа од Ефтов, ама навистина партиите станаа фирми.
Не знам што ќе направат со бојкотот и дали тоа го решиле неколкумина од врвот или претходно ги консултирале и избраните пратеници. Ама ете ги потпишаа изјавите и на нотар. Не знам само зошто Заев, кога веќе знаеше како тече изборниот процес кај нас, не реши уште на локалните избори да го врати својот градоначалнички мандат и да потпише изјава на нотар? Или тогаш не беше исто? Ама опортунизам...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 06.Мај.2014 во 13:14
Јас истотака .....и секако дека го делам мислењето на почитуваниот колега којсумјас.
Со додавка .....а која ја имам и презентирано на некој друг (од сталинисти организиран) Форум каде напишав дека: Ова е (можеби) последниот Состав на МК Парламентот ...каде што Опозицијата ќе „истрча„ и ќе опстои во понудата од и со лица со изразит и сиров комунистички профил , родени и воспитувани од веќе напуштениот комунистички начин на креирање воспитување и вреднување на идни-те политичари и дипломати а кои ќе владеат со и во Македонија во иднината. пс Се се менува и про-менува...така да е за очекување дека и кај нив (се мисли кај сегашната Опозиција) ќе дојде до забележителни и неопходни промени на лицата кои ќе бидат нивна идна понуда од кадри...со и во европски дух и манири , но и воспитание. Дотогаш ....нека ни е наздравје чекањето на Годо ...мислев на Зајко од Бихаќка.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 07.Мај.2014 во 11:23
А бидејќи темава е конкретна - што мислиш ти, треба ли Заев (и Шеќеринска) да си понудат оставки?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 07.Мај.2014 во 11:28
Treba... no koj ke gi zameni..?
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 07.Мај.2014 во 11:42
Анастеа напиша:
А бидејќи темава е конкретна - што мислиш ти, треба ли Заев (и Шеќеринска) да си понудат оставки?
|
Како (ли ќе) може , да не и одговорам на дама...кога сум јасно прашан !?. Одговорот е:
* ДА ..само ако е во прашање некој поинаков профил од „пулитичар„.. За овега (Заев) ...СЕЕДНО е што и да направи..оти СИТЕ го видовме Судот на Македон(к/ц)ите. Именованиот е ...си мислам на ниво на ....тоалет-хартија...УПОТРЕБЕНА веќе еднаш..и НЕ Е фрлена..таму каде што и е местото. Помодерно кажано ...таа (на „хартијата„ се мисли) ...НЕ Е рециклирана.
* А пак за госпожата Шеќеринска...викана и Кираџика РАДА , мислам дека не и (беш)е местото таму. Таа ...досега ништо јасно не кажа ниту пак направи..ОСВЕН што.... Што мораше така нескладно и трапаво да ги влече конците..од „КУКЛАТА„ која изигруваше некакаов си иден Премиер или Лидер на најголема..нажалост опозициска партија. пс Давајте ....други „деца„, инаку маф ви е работата..времето ВЕ ГАЗИ...ако разбирате ШТО сакам да (ви) кажам.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 22:33
ziti mene i majka makedonija..DAJ SI OSTAVKA.ziveo ednopartiski sistem.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 22:37
Леле Бранко што им направи, на 3 дена пред конгресот. Да молчиш цела година и на 3 дена пред конгресот - Заев не го бива, дајте друго дете.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 22:39
па ништо не излажа, стварно не го бива
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 22:41
branko e ...kriv! ne be...vinoven e.ova trebase porano da se desi.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 22:42
Заев назад в занданааааааа
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 22:43
Сега кој ќе му отклучи
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 22:44
ќе го стават и него в скут...како Бучко и Стевчо ...
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 22:49
Бранко - не сум се видел со Стево. Зоки - се видов со Стево, ми кажа разговарал и со Бранко. Стево - не сум се видел ни со Бранко ни со Зоки. Кој лаже?
Многу ја заплетка Бранко ситуацијата. Им го збибери на делегатите што ќе гласаат доверба, како што само он знае.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 22:51
Типичен бранко-потег....ќе прдне во лифт и ќе излезе - тие внатре ќе се дават во смрдеата ....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 08.Мај.2014 во 22:51
...a bc GOLEMIOT,glasal za VMRO.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 09.Мај.2014 во 01:24
па не е никаква ТАЈНА.Бранко Ц. е на ВРСКА одамна со МИЈАЛКОВ,затоа што се и по воена врска заедно,меѓудругото. б.ц. од ЈНА,а мијалков како офицер од КОС.и да вистината е таа ВЛАДЕЕЊЕ СО РАЈАТА,и ПАРИТЕ,за затоа најдобро е РАЗДОРОТ!,веќе видено.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 09.Мај.2014 во 22:02
Кога после ноемвриските демонстрации во (мислам) 1924 година Хитлер бил осуден на затвор, тој (за време додека ја одлежувал казната) за свој заменик поставил еден од понеспособните луѓе од раководството на партијата. Нормално, за тоа време партијата почнала да ослабнува. Кога излегува од затвор, повторно ја издигнува и ... знаеме што следи потоа. Значи, тој е еден и единствен. Незаменлив!
Јас ова си го пишувам чисто онака ... случајно нешто ме асоцираше да го сторам тоа ...
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 09.Мај.2014 во 22:30
Не,овие не верувам дека имаат памет за така... Kај нас вреди да се спомне Амди,кога тој отиде во затвор стави човек со троа појќе школо од него...И знаеме што следеше потоа. А од еден дуел произлезе и она јас сум за тебе "Кока -Кола". И ја ова чисто онака...
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Мај.2014 во 01:13
Го гледав http://www.24vesti.mk/vin-vin-08-05-2014" rel="nofollow - интервјуто на Заев кај Оливера. Ај да не коментирам другото ама едно посебно ми падна во очи: па тој фактички призна дека ги изгубил изборите и дека тоа го знаел однапред. Каква неконзистентност или избрзаност и непромислување е во прашање, не знам...
Оливера го прашува: ако беа изборите фер и под услови кои вие ги барате, каков ќе беше резултатот? Па Заев како од пушка: 400 илјади за нас, наспроти 420-430 илјади за ВМРО и пак ќе победеа, оти ние моментално не сме спремни и имаме слабости.
Како бе така? Сам ги фрла во вода и причините за бојкот и враќањето на мандати, ако однапред знаел дека СДСМ ќе изгубат на избори, па дури тие и да се фер и коректни,, под нивни услови. Тоа само ми го потврди она што и пред изборите некаде го кажав: дека Заев и Шеќеринска си знаеја многу добро како ќе поминат на избори, па за да си обезбедат алиби од сносење одговорност, не се ни ставија како носители на листи.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 11.Мај.2014 во 11:48
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5914197379&id=9&prilog=0&setIzdanie=" rel="nofollow - Без подршка од Македонскиот Народ сдсм нема никојпат да дојде на власт , дури и Вашингтон и Брисел да застанат позади нив , твдат аналитичарите
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 12.Мај.2014 во 00:52
Zaev em ne dade ostavka em go podrzaa
Tuku izjavana negova me nasmea ...posle kongresot bile pomudri odkolku pred nego
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 12.Мај.2014 во 11:44
Ај нека му е со среќа на Заев помирувањето на СДСМ Заевистичка и СДСМ Бранковистичка (или Народна). Овој конгрес може да му биде еден вид катарза, ако навистина знае како да излезе помудар после борбата. Филозофијата “помести се дечко“ може да ја прероди и подосвежи партијата, а може да ги одведе и во уште подлабок раскол и расцепкување. Ај да видиме како тоа Заев ќе го изменаџира...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 12.Мај.2014 во 21:31
Нека се радува ВМРО-ДПМНЕ додека е Заев на чело на СДСМ, нелогично е од партијата на власт да бара "појака опозиција", или не се нормални или некој игра double game од опозицијата и си има "фајде" од целата таа состојба. Заев се обиде со "милионче и пол" да го "поткопа" новиот Македонски крал, односно нашиот мил, драг, ценет, преценет, нашата светлост (Ким Џонг Ун) Г.Премиер Никола Груевски но тој му "опна гол со пета" со народецот кој многу одамна сонува за "крал".
Моето искрено мислење е, ниту Заев, ниту "слатката" па дури и дедо Ное да биде на чело на СДСМ, не може да го смени нашиот ценет "крал". Тој е светлост во тунелот, тој е дојка за новороденчето, тој е O2 и H2O за народецов и без него сме само "Zagor - Te Nej"....
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 12.Мај.2014 во 21:36
Kastro напиша:
Zaev em ne dade ostavka em go podrzaa
Tuku izjavana negova me nasmea ...posle kongresot bile pomudri odkolku pred nego |
Вакви слични изјави ни се познати од нашите спортисти кога правиме "фешта" за освоено 4, 5+ место, а да сме први..... леле кај ќе ни е крајот на гозбата.
Навикнати сме секој пораз да го претвориме во победа но не сите така го гледаат тоа. Сепак мора да признаеме дека сме мудри, или ни е мутав народецо...
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 12.Мај.2014 во 21:52
Анастеа напиша:
Ај нека му е со среќа на Заев помирувањето на СДСМ Заевистичка и СДСМ Бранковистичка (или Народна). Овој конгрес може да му биде еден вид катарза, ако навистина знае како да излезе помудар после борбата. Филозофијата “помести се дечко“ може да ја прероди и подосвежи партијата, а може да ги одведе и во уште подлабок раскол и расцепкување. Ај да видиме како тоа Заев ќе го изменаџира...
|
Веруваш дека ке изменаџира?
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 13.Мај.2014 во 08:23
Анастеа напиша:
Ај нека му е со среќа на Заев помирувањето на СДСМ Заевистичка и СДСМ Бранковистичка (или Народна). Овој конгрес може да му биде еден вид катарза, ако навистина знае како да излезе помудар после борбата. Филозофијата “помести се дечко“ може да ја прероди и подосвежи партијата, а може да ги одведе и во уште подлабок раскол и расцепкување. Ај да видиме како тоа Заев ќе го изменаџира...
|
Јас мислам дека ДОСТА ни е појке , од разноразни „КАТАРЗИ„ де..кај ним!?. Односно и едноставно викано ПРАЗНЕЊА ...што е и оригиналот преведен од грчки. И тоа во НАШ заеднички дом..... и секојпат на НАША сметка. пс Нека си врши празнења , таму одкаде и е дојден разбирасе!?. Ут Муртино...или ут Струмца де.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 13.Мај.2014 во 12:28
novace, ова е веќе скопско-струмички локал-патриотизам (или партиски опортунизам) и не сакам да навлегувам во таа тема. Иако е дел од проблемот.
Катарза во Платонска смисла на зборот: прочистување, духовна пурификација, преродување и ослободување од негативниот талог кој ги влече кон дното и ланците кои ги држат врзани во една затворена пештера. Не само како лична, туку повеќе се однесува на партијата како целина, а под негово водство. Затоа што како што кажа некој претходно, партијата (исто како и владеачката) стана фирма, челните луѓе преокупирани со својот конформизам и лични апетити, оддалечени или со сосема изгубена матична идеологија и со никаков концепт и стратегија за политичко делување во иднина.
Заев има позитивни црти во неговиот политички профил, но има и сериозни недостатоци. Самиот вика дека сака да учи и да се гради како политичар, ама колку ќе научи не знам.
Buggyman напиша:
Веруваш дека ке изменаџира? |
Ако речам дека верувам, треба да лажам. Ќе кажам само дека се надевам дека ќе успее да ја искористи шансата која повторно му е укажана.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 13.Мај.2014 во 15:24
интересен народец,КОЛКУ НЕ СИ ЈА ГЛЕДА ГРЕДАТА ВО СОПСТВЕНИТЕ ОЧИ,цело ВРЕМЕ ДРНДА ЗА РАСКАТА ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИОТ.но разбирливо е за таква МАЛОГРАЃАНСКА интелигенција,не можејќи да се размислува со сопствена ГЛАВА,па се прифаќа менталниот склоп на НАДРЕДЕНИОТ што ќе им каже,и да ТОА ФУНКЦИОНИРА. Но уште е поинтересно ,како само преди една деценија(1994),кога ДПМНЕ излезе од ПАРЛАМЕНТОТ,ги немаше НИКАДЕ овие ПАРСПУРЏИИ да кажуваат и ДА СЕ БОРАТ,БЕА ПОД ЈОРГАН ПЛАНИНА или тогаш се плашеа од шефот Бранко,да не им ја свитка главата.Немаше критики СОЧНИ НИ ОД ЛАТАС,ни од Мирка што е ВМРО,сите велеа со ПОТСМЕВ,банда НЕРАНИМАЈКОВЦИ,кои ќе се ОСВЕТУВАЛЕ. и за волја на вистината, 1998 ДПМНЕ победи(пак со помош на егеецот Тупурко,човекот кој последен потпиша за РАСПАДОТ на СФРЈ,не се согласи тогаш на военото раководство да направат ПУЧ)и (овде) власта ја презеде наводно ДПМНЕ.но во секторот на парите,тогаш влета еден бугарски,ПАРДОН брокер вработен во бугарска банка,денешен ПРЕМИЕР и работеше во позадина со една ЕКИПА,како ЌЕ БИДЕ ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР за преземање,а ПОКАСНО И ЗА ВЕКОВНО АРАМИСКО ВЛАДЕЕЊЕ СО ОВАА ЗЕМЈА. денес знаеме како и се се случи со ЧИСТКАТА на оние кои им сметаат,и како ВЛАСТИТЕ НЕ РАБОТАТ ВО ИМЕТО НА ЗАКОНОТ за овој премиер да владее. Заев сега останува сам со СВОЈАТА ПАРТИЈА,но АКО САКА ДА ДОБИЕ ВЛАСТ ќе мора да покаже начин за РАБОТА еднаков на ПАМЕНТИТЕ ДЕНОКРАТИИ,каде ќе биде ЗАДОВОЛЕН народот,КАДЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПОДЕЛЕНИ,секој ќе има право на ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ И РАБОТА,а сето друго ќе остане така како што е кажано и ништо повеќе. Борбата меѓу ОВЧАРОТ И ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ не е завршена,борбата меѓу Авел и Каин останува да лебди како порака,но и од тогаш и ДЕНЕС,победува по се изгледа ОНОЈ КОЈ ЌЕ ПРИНЕСЕ сочна жртва ,а тоа е КРВ,..тоа му се допаѓало на СЕВИШНИОТ.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: svetosparki
Датум на внесување: 13.Мај.2014 во 22:38
I NEMOJ!!!Ni trebaat bas takvi...
|
|