Испечати | Затвори го прозорот

Љубовен филигран

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Уметност , култура и традиција
Опис на форумот: Литература, театар, сликарство, дијалекти...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27093
Датум на принтање: 20.Февруари.2025 во 03:52
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Љубовен филигран
Постирано од: Дак
Наслов: Љубовен филигран
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 03:44
Од книгата “Љубовен филигран“

Љубовен Филигран

Ти ги оживеа моите полумртви дланки на кујунџија,
од младиот месец ќе ти направам сребрен филигран,
а тој, воин, застанат во твоите коси љубоморно те чува,
со трепет ти ткае најубави нитки сврзани во твоите очи.

Низ сите изминати векови металот постоеше само за тебе,
се топеше , се калеше чекајќи да се родам со дарба за тебе,
во рацете ѕвезди и месецот со златен невестински фустан,
ја крунисуваа твојата убавина поклонувајќи се пред тебе.

Јас итам да ти направам цветен филигран за твоето грло,
а прстите болат од заострени агли да извајам и залепам,
мозаикот од деноноќието ќе го вплетам врз твоите гради,
а градите твои се брош љубовен во моите раце кујунџиски.

Кога зората зазорува со златни нишки ќе ти извезам срма,
онаму од каде се буди светот носам златни конци за прстен,
во мојот храм на љубов божица на љубовта застана занемена,
клекна покорно пред мојата љубов и раце на љубовен уметник.

Даница Петровска



-------------
Љубов и само љубов



Коментари:
Постирано од: Дак
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 03:44
Огин во ѕвездите

Постои огин во ѕвездите пред темнината,
со новиот мој здив оставиме во длабочини
да играм со согорувања на ноќните светла
од мигот со новата насмевка во времето .

Оди ,слези длабоко во чувствата на срцето,
на мене донеси ми го сонот за да го досонувам,
за тебе стави решетки од огнови за да сонувам,
чекај,демнеј над ветрот да ја разниша пролетта.

Тука со игра на моите нозе ја носам песната,
времето е покорно ,се налева со љубовни игри,
се меша денот со ноќта,се доближуваат кон нас,
и да не постоевме деноноќието ќе не создадеше.

Пред да ги побараш миговите со мене ти исчезни,
само посакај го огнот во ѕвездите пред темнината,
побарај да играм со согорувања на ноќните светла
тогаш на тебе остануваат траги од единствените усни.


Даница Петровска


-------------
Љубов и само љубов


Постирано од: Дак
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 03:45
Адреналинска љубов

Утрово   сум сочна мандарина,
таа твоја слатка вкусна малина,
потопена во рана утринска роса
слатка, разиграна и весела нота.

За тебе доволно е само една капка
од оној авангарден совршен мирис,
сега комбинирана со твојата страст
за совршен адреналински љубовник.

Ти навлегувам длабоко под твои пори
капење со меки скокотливи меурчиња,
гламурозна и привлечна длабочина
импресивен поглед со светли нијанси.

Ноќе сум врела како аргентинско танго
заводливи акорди и примамлив маж,
ти си тој кој припаѓа само на една жена
безвременски и неодоливо волшебен.

Даница Петровска


-------------
Љубов и само љубов


Постирано од: Дак
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 03:46
Слатки форми

Стори се уметничка шеќерна форма
да ги насладам усните со твојата сласт,
пред да се стопиш од топлите допири
подели го твојот вкус на слатка смола.

Играј се со мојата потреба од вкусови
биди ми сок од цитрон и пролетен мед,
на тебе ги позајмив моите жедни усни
чувствувај ја потребата од незаситност.

Твоите допири помешај ги со уметност
насликај ја мојата голотија со љубов,
на кожата стави траги на ноќен копнеж,
обележи ги формите по кои лудуваш.

Додека те чекам во постела од љубов
донеси ми чоколадно изненадување,
не заборавај ја старата добра текила
чаши со мраз за разладени горештини.

Даница Петровска


-------------
Љубов и само љубов


Постирано од: Дак
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 03:46
Коктел дама

Биди благословена од моите усни,
коктел дама со сласт на луд викенд ,
вотка , коњак ,швепс со десерт јагода,
помешај ги боите , изненади со вкус.

Бармен и коктел за возбуда на тело,
текила ,сок од лимон и жена од шеќер,
се испива последна капка од кожата
опиени занесни чувства од возбуда.

Помеѓу влажните усни стаклото трепери
во очите се играат боите од врел поглед,
ледот сочуван се менува во нашите устата
капка по капка се лизга по врелото телото.

Полноќен рецепт за љубов и коктел дама,
кога ноќта заспие од долгите исчекувања
измешани се соковите од возбудени тела,
слатка љубов и шепот со нежни слатки ноти.

Даница Петровска


-------------
Љубов и само љубов


Постирано од: Дак
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 03:48
Покани ме

Намами ги звуците на виолина
вечерва сочувај ги во насмевка,
облечена во виолетова светлина
те чекам во времето кое тивко доаѓа .

Облечи ме со твои нежни прегратки,
на моето желно тело стави бакнежи,
воздишките ги чувам само за оваа ноќ,
разголи ја нежноста со љубовен танц.

Допри ја ноќта од страста начекана,
сокриј ме од времето што истекува,
прегрни ги моите слатки исчекувања
заспиј во исполнета ноќ од љубов.

Покани ме на утринско будење
тоа утро ќе мириса на копнежи,
те канам на мои мириси телесни
усни со миризба на зрела цреша.

Даница Петровска



-------------
Љубов и само љубов



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk