Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Разно
Опис на форумот: Немате соодветен подфорум? Бујрум овде на муабет...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27032 Датум на принтање: 15.Јануари.2025 во 17:13 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Пролетта во мене буди...Постирано од: Анастеа
Наслов: Пролетта во мене буди...
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 09:37
Или па можеби ве заспива...
Некои луѓе ми велат дека со пролетта се чувствуваат уморни и демек некој пролетен синдром на припремање на телото за од зимски во летни услови, кој ги прави уморни, малаксани, нервозни и раздразливи...
Јас па, родена во пролет, едвај си го чекам годишното време. Најпозитивно ми влијае, се полнам со енергија како испразнета батерија. Обожавам да ја гледам природата како се буди од зимскиот сон, црцорењето на птиците ми буди музика во душата и пеперутки во стомакот
Пролетта ме прави да се чувствувам like a hot air balloon that could go to space
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Коментари: Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 09:59
Не секоја година, ама ми ја буди кивавицата. Не знам ова алергииве од што зависат од година во година
И ми ја буди желбата за шетање, секаде да сум само дома и на работа НЕ!
Друго ама баш ништо не ми буди
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 10:03
Вакво нешто нели ти буди?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 10:08
Ми ги буди сите сетила
Некако најјубаво се чуствувам, имам волја за се...уживам слушајќи ја мелодијата на птичките
и во мирисот на расцветаните зумбули во мирисот на штотуку разбудената и раззеленета природа.
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 10:11
Анастеа напиша:
Вакво нешто нели ти буди?
Извини ама кога и да го прочитам ова ми се навраќаат спомени од средно и во која еротска смисла го кажуваше госпоѓата професорка во тоа време И секогаш ме тера да се изнасмеам до солзи
Али да, цветам и јас ама од кивање
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 11:15
Пролет ми е најомилено годишно време.
Ја сакам со сите бои и мириси.
Во мене буди чувства на безгрижност и разиграност
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 08:57
Не знам што има во тие пролетните утра. Дури ни будилник не ми треба да станам. Нешто што е многу чудно за мене.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:01
Во мене пролетта буди...АЛЕРГИИ!!!
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:07
la fille напиша:
Во мене пролетта буди...АЛЕРГИИ!!!
Апсолутно романтично!
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:12
дали има тема "Алергично ми е" или да отворам
------------- My way or Go ahead, make my day!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:16
Има, во пдф Медицина.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:21
убу бе
------------- My way or Go ahead, make my day!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:24
Да ве раскивам малку, штом сте алергични
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:36
И мораше да раскиваш со руски алергии...поговорки де
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:38
Прекрасни моменти,убавина во душата
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:39
la fille напиша:
И мораше да раскиваш со руски алергии...поговорки де
Ти да не си сонувала нешто пролетно... на руски јазик?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:40
Изгледа сонував црно бели животни
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:42
Морски?
П.С. Кажи нешто дека ти е пролетно, да не сме офтопик.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 09:46
Пролетен ми беше сонот со морските животни
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Март.2014 во 08:19
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/22006-zosto-ja-sakame-proletta" rel="nofollow - Зошто ја сакаме пролетта
Сивите утра полека, но сигурно веќе останаа зад нас. За многумина, токму пролетта е омилено годишно време. Сте се запрашале ли зошто е тоа така?
Пред самиот почеток на жештините, а по долгите зимски денови, пролетта е вредна за чекање. Тоа е период кога изутрина ве буди гласот на птиците, зракот на сонцето и тивкиот ветер.
Во продолжение ви издвојуваме неколку причини зошто ја сакаме токму пролетта:
1. Никогаш не е премногу жешко, ниту премногу студено. Секогаш, можете да излезете на прошетка и да го искористите сончевиот ден - што не е случај во летото.
2. Небото се бои во сите нијанси на сината; од светло сината па се до мастилните нијанси.
3. Дождот не претставува пречка за излегување. Напротив, пролетниот дожд изобилува со мирис на спокој и мирисот на липите.
4. Прекрасно време за да читате книга во двор или на тераса, додека во позадина слушате детска смеа.
5. Пролетта со себе го носи доброто расположение, затоа отворете ги прозорците и уживајте во свежината.
6. Ова е период кога можете да ги отворите прозорците од автомобилот, и да ги развеселите останатите со добра музика.
7. Не мора да се облекувате премногу. Ако во зимскиот период излегувавте со повеќе облека на себе, ова значително ќе се намали, со што ќе почувствувате и големо олеснување шетајќи.
8. Сè расцутува, можете да видите преплет од илјадници бои. Тоа е прекрасно за да ги одморите очите гледајќи во дрвјата, зеленилата на планините, цветовите.
9. За пролетта, велат дека е период на реинкарнација. Период кога зачекоруваме со енергичност, самодоверба и значително сме посреќни.
10. Пролетта е време на заљубување! Според научниците, пролетта е период од годината кога луѓето најчесто се одлучуваат да застанат на ‘лудиот камен’.
Дали и вие сте се заљубиле на пролет? Зошто ја сакате пролетта? Споделете ги вашите доживувања со нас и да ја дополниме заедно листата.
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Март.2014 во 08:28
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Март.2014 во 08:31
Вистинско уживање за душата и очите
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Март.2014 во 21:30
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Март.2014 во 21:31

Датум на внесување: 20.Март.2014 во 01:03
Песна за пролетта:
Дијалог со пролетта
„Која си ти убавице, пролет ли си, што ли си? И зошто ме фаќаш неподготвен, зошто ме гаѓаш незаштитен?"
А таа ми врза шлаканица, се насмевна, проговори:
„Јас сум сонце за по блузичка, насмевка на цвеќето, прошетка зеленкаста. Песна сум твоја деветта, танц на немирот твој непоттикнат. Ти ја голицкам омразата кон ѕидовите, ти ја обновувам љубовта кон улиците. А кој си ти?"
„Јас сум мајстор за дијалози, не знам дали да ти напишам една драма."
А таа ми шприцна два-три бокса во лицето (силни, мимизни, подносни) ме мавна остро во слабина, се развика:
„Драма, што е драма? Обично величење на лудилото човеково. Дел сум од сечија драма, незаменлив. Радост за секој глумец нескротлив, чин сум прв, смевотворен. Еве ти вишок билет за премиерата – оди, учи, глеј како се пишува! А што правиш во времето слободно?"
„Јас сум поет, пишувам песни за љубовта. Си чула ли нешто за неа?"
А таа се насмевна иронично, ме удри ниско под појасот и гласно ме искара:
„Јас сум буквата Љ на твојата машина за пишување. Дел од сите твои песни. Ти давам ритмика, метрика безмерна. Оргазам сум и настинка за оние кои ми бараат уште првата вечер. Поздрав сум крилест од бескрајот, девојка стројна, разголена. Ќе ми го посветиш ли животот? "
„Заљубен сум во тебе од малечко, во очите твои назаситни што тераат на арчење. Би ти ја посветил младоста да не ја изарчев прерано. Ми остана само песнава – ти ја отворам да се качиш на насловот, само повеќе да не ме задеваш."
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: panter123
Датум на внесување: 20.Март.2014 во 01:54
Дефинитивно пролетта буди во мене пријатни чувства, природата се буди од зимскиот сон, глетката која ни ја даваат расцветаните дрвја, зелената трева едноставно плени и воодушевува, вистински рај за очи и душа. Пролетта е мое најомилено годишно време.
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 20.Март.2014 во 09:39
Честито пролет и апчиху за алергичните
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Март.2014 во 09:48
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Март.2014 во 09:49
Желба да трае подолго
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Март.2014 во 09:56
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Март.2014 во 14:21
...апетит
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: BIBI_G_3
Датум на внесување: 21.Март.2014 во 14:25
...сите можни алергии ,херпеси и вируси,костоболки,главоболки и по некоја вртоглавица...ама се' полесно се поднесува кога ќе го видам сонцето надвор
------------- НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 21.Март.2014 во 14:35
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 09:28
Коктел од прекрасни бои и мириси
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 04.Март.2015 во 00:51
Ајде бе МРШ таа зима веќе...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: д4 б3
Датум на внесување: 04.Март.2015 во 00:58
breee
------------- old d4b3
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Март.2015 во 08:42
Нови почетоци
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 09:15
Што беше тоа пролет и зошто не ја укинат како годишно време, кога веќе ја нема....
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 10:14
Исполнетост во душата
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 10:19
дозволете еден хаику јапан коментар
долго ја чекам,
душата цвета цреша -
а брзо поминува
------------- едно е - не се две
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 10:25
Цвета јоргован. Душата ми мириса на пеперутка.
Пролетна инспирација од пријателкава
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 10:28
за тебе пријателке, една пролетна гушка
------------- едно е - не се две
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 10:34
За тебе ем лотус, ем ем пеперутка
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 19:41
Пролетта во мене буди.. алергии
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 21:09
Calipso напиша:
Пролетта во мене буди.. алергии
Ајде да си киваме. На кафе
Ама оваа година како да ќе ме прескокне. Имам пишано на првата страна, секоја година различно го доживувам времево
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 22:23
evangeline напиша:
Calipso напиша:
Пролетта во мене буди.. алергии
Ајде да си киваме. На кафе
Ама оваа година како да ќе ме прескокне. Имам пишано на првата страна, секоја година различно го доживувам времево
...Jas si koristam zirtek...moze da dojdam i jas na kafe
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Постирано од: д4 б3
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 22:49
Анастеа напиша:
Цвета јоргован.
http://en.wikipedia.org/wiki/Syringa_vulgaris
вулгарис вулгарис ама ние лjулjак му викаме
------------- old d4b3
Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 27.Март.2015 во 08:28
не битно, како му викаме! )) -
она, што буди пролетта
------------- едно е - не се две
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 29.Април.2016 во 15:18
Лето веќе ќе фати, а кај мене уште не дошла пролетта