Испечати | Затвори го прозорот

Зошто луѓето не си ги следат соништата

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Филозофија и психологиjа
Опис на форумот: „Разно“ ама на повисоко ниво
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27016
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 19:23
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Зошто луѓето не си ги следат соништата
Постирано од: zamislena
Наслов: Зошто луѓето не си ги следат соништата
Датум на внесување: 10.Март.2014 во 23:11
 

Човекот уште од детството слуша дека многу нешта се невозможни и тоа сознание го носи врежано во себе.
Како расте и созрева, предрасудите и стравот се зголемуваат и во еден момент човекот не може да ги пронајде своите соништа, иако тие се постојано тука, во него.

Оние кои ќе соберат храброст да ги откопаат соништата кои ги потиснале длабоко во себе, се соочуваат со нова препрека. Љубовта е таа која ги спречува да го направат следниот чекор. Помислуваат дека следењето на сопствените соништа ќе ги повреди нивните блиски, без да помислат дека оние кои навистина нè сакаат, треба да нè охрабрат и поддржат, па дури и да нè следат на патот кон нашите соништа.

Најхрабрите ја надминуваат и оваа препрека, за да се соочат со наредната –стравот од пораз и неуспех.
Патот до среќата и исполнувањето на соништата воопшто не е лесен. Секогаш ќе има падови, но човекот е суштество кое знае да падне девет, но и да се подигне десет пати.
Во тоа е тајната на животот.

Зошто да се одлучиме на пат кој води кон порази, дилеми и тешки моменти? Бидејќи на крајот на тој пат нè чекаат нашите соништа, токму тогаш започнуваме да ја живееме нашата Лична Легенда и разбираме зошто сме всушност овде, на овој свет.

Следете ги вашите соништа, тие се вистинската причина поради која сте дошле на овој свет. Но, бидете внимателни. Соништата за материјално богатство и успех од кој само вие имате полза нема да ве одведат на вистинскиот пат.

Добро размислете која е смислата на вашето постоење и храбро тргнете по патот кој води кон неа.
Ако го изберете вистинскиот пат, онаму каде до вчера имало ѕидови, утре ќе наидете на отворени врати......




Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Март.2014 во 23:36

Луѓето понекогаш се плашат и од среќата.


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 10.Март.2014 во 23:37
Poveke mislam deka se plasat od nepoznatoto ...

-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 11.Март.2014 во 00:00
,,,,mha ,soništa ima sekakvi,,,i spored dobriot voved na temata,,,,definitivno mora da se potpreme na sopstvenoto belo ego,,,za ostvaruvanje na soništata,,,

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Март.2014 во 00:03
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Луѓето понекогаш се плашат и од среќата.
 

Кои се тие луѓе ? Таквите се со манталитет на губитници . 

Човече да те е страв да ти успее во работата ....ох


-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 11.Март.2014 во 00:49
Јас повеќе мислам дека и немаат соништа,така да нема што да следат.
Ова се однесува на оние од насловот на темата.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 14.Март.2014 во 20:42
Добро е човек да може да не ги отфрла  своите сонови...
без нив е како да живееш без надеж ...
а без надеж животот нема смисла...


Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 14.Март.2014 во 23:16
se plasi od odfrlanje?
mnogu spie?
ili e samoo uste eden od retkite


-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 14.Март.2014 во 23:29
Во сонувањето и соништата нема страв....
таму се е' дозволено....


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 22.Април.2014 во 22:54
Не била   вистина дека луѓето престануваат 
да ги исполнуваат своите соништа кога почнуваат да стареат
Вистината  била... луѓето стареат бидејќи престануваат
да ги исполнуваат своите соништа .....!


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 25.Јануари.2019 во 23:55
Соништата кои не се исполнуваат се уништувачки. 
Но, едноставните соништа често се болни бидејќи се лични, 
погодени и остварливи. 

Секогаш си блиску да ги достигнеш, но никогаш не си доволно блиску да ги задржиш и тоа е доволно за да ти го скрши срцето.

-Три недели со брат ми-




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk