Меден месец
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Свадба
Опис на форумот: Свадби.Се на едно место..Модерна или Традиционална....или било каква?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26990
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 20:58 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Меден месец
Постирано од: LiDivio
Наслов: Меден месец
Датум на внесување: 01.Март.2014 во 11:03
Каде сте биле на меден месец? Каде би сакале да одите после свадбата? Реални и нереални места... поставувајте и слики ако сакате...
Еве на пример јас би сакал на Крит да одам... тој ми е омилен остров.
Ханија (Крит, Грција)
|
Коментари:
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 01.Март.2014 во 17:38
Јас не сум скромна кога станува збор за меден месец!
Сакам авантура низ Европа, не сакам одмор и излежување на плажа, не сакам печење на сонце и не сакам скијање. Спакувани куфери, парите во џеб, колата со нас и ајде да ја започнеме авантурата
Скопје - Белград
Белград - Загреб
Загреб - Марибор
Марибор - Грац
Грац - Виена
Виена - Братислава
Братислава - Брно
Брно - Прага
Прага - Дрезден
Дрезден - Берлин
Берлин - Лајпциг
Останатото во втората епизода на Мојот меден месец
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 01.Март.2014 во 20:16
Ме интересира, колку чини медениов месец? Чисто да го предупредам господинот колку пари ќе треба да заштеди
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 01.Март.2014 во 20:17
Vie bre ke bankrotirate uste prviot mesec
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 01.Март.2014 во 20:23
Што ние, он нека му ја мисли Ќе си терам америчка традиција Зетот плаќа за медениот месец
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 01.Март.2014 во 20:25
File mislev na nevestata i zetot...bankrot uste prv mesec od brakot
Vidi kolku setanje saka evangelinava ....sirot toj ke mora cel zivot da stedi za da i ugodi za meden mesec a posle
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 01.Март.2014 во 20:29
Вистинскиот маж има една Лавица После, од љубов ќе се живее
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 01.Март.2014 во 20:33
la fille напиша:
Вистинскиот маж има една Лавица После, од љубов ќе се живее
|
U pravo si ...posle ako treba ke raboti i po celi denovi samo lavicata da mu e srekjna
Inaku mojov potpis nema vrska so parite tuku so nesto koe e mnogu mnogu povazno od niv.
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 01.Март.2014 во 20:37
Знам
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 01.Март.2014 во 23:12
Всушност мили мои, медениот месец чини пола од тоа што ќе го дадам за некои од 6-то колено да дојдат и да се најадат и напијат (опијанат). А притоа и да ми донесат распар чаши или чинии за кикирики. Ако не повеќе не треба да стојам насмеана како восочна фигура цел саат додека се сликам со 300-400 гости. За мене тоа е измачување, не задоволство!
Парите во џеб и шетај. Наместо да го прашуваш маж ти додека се сликате - Душо, овие од твоја или од моја страна се а? И секако, 70 проценти дали два пати сте ги виделе во животот
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 09:46
Двапати? На последната роднинска свадба што бев, пола и повеќе од роднините не ни знаев дека постојат
Јас сум за да се изигра едно пајдушко, а може и две, и потоа го киднапирам маж ми и отидовме на некој остров без интернет конекција
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 11:01
Абе едно пајдушко не е ништо. Можеш и со најблиските тоа. Ама свадби со по 300+ гости и трошење на пари за јадачка и пијачка се жива глупост за мене. Кај што бев на последнава свадба дадоа скоро 1000 евра само за музика и ЗАМП.
Па ваква венчаница, онаква венчаница. Не можело да биде обична, морало да биде како на принцезите. Е да бе, ќе играм на свадба со толкав фустан, веројатно 2 пати поголем од мене. И после се жалат...
Оди живеј си живот, уживај некаде. Ете тебе ти се ужива на остров без интернет, мене ми се шета по Европа. Сега ме попишманивте, не знам дали да го напишам и вториот дел од медениот месец.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 11:10
Ако го види избраниот првиот пост ќе настане опасна ситуација
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 11:16
evangeline напиша:
Всушност мили мои, медениот месец чини пола од тоа што ќе го дадам за некои од 6-то колено да дојдат и да се најадат и напијат (опијанат). А притоа и да ми донесат распар чаши или чинии за кикирики. Ако не повеќе не треба да стојам насмеана како восочна фигура цел саат додека се сликам со 300-400 гости. За мене тоа е измачување, не задоволство!
Парите во џеб и шетај. Наместо да го прашуваш маж ти додека се сликате - Душо, овие од твоја или од моја страна се а? И секако, 70 проценти дали два пати сте ги виделе во животот |
Abe sosema si u pravo jas malku se posheguvav .... Da objasnam ,koga ja vidov agendata koja si ja podgotvila za medeniot mesec prvata misla koja mi dojde bese tokmu ovaa A fakt deka vsunost i ne se mnogu pari i e nesto koe treba da bide navistina mnogu mnogu ubavo i da se pomni po ubavo cel zivot ...
p.s.sekako deka ubavinata na brakot ne treba da zavrsi samo po prviot mesec
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 11:23
evangeline напиша:
Абе едно пајдушко не е ништо. Можеш и со најблиските тоа. Ама свадби со по 300+ гости и трошење на пари за јадачка и пијачка се жива глупост за мене. Кај што бев на последнава свадба дадоа скоро 1000 евра само за музика и ЗАМП.
Па ваква венчаница, онаква венчаница. Не можело да биде обична, морало да биде како на принцезите. Е да бе, ќе играм на свадба со толкав фустан, веројатно 2 пати поголем од мене. И после се жалат...
Оди живеј си живот, уживај некаде. Ете тебе ти се ужива на остров без интернет, мене ми се шета по Европа. Сега ме попишманивте, не знам дали да го напишам и вториот дел од медениот месец.
|
Napisi si go ....izbranikot koj ke go plati patuvanjevo u edno sum siguren ....osven sto sekako ke te saka bidejki ke bides negovata izbranicka i ke uziva vo istovo, tuku i zabavno ke mu bide , nema da znae sto mu sledi nareden den pod uslov da ne dzirnal tuka za tvojot plan
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 11:24
Имам едноставно прашање кон Линчето : Имаш ли си дечко ? Доволно ми е да ми одговориш со да или не
Благодарам
-------------
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 11:24
fiks напиша:
Ако го види избраниот првиот пост ќе настане опасна ситуација |
Нема проблем за мојот, одамна ја знае дестинацијата затоа што одамна имаме зборено на темава. И парите не се проблем. Само оди земи повеќе од 14 дена со се викенд одмор, газдиве се заникаде А јас сакам барем 20 дена меден месец!
Kastro напиша:
Abe sosema si u pravo jas malku se posheguvav .... Da objasnam ,koga ja vidov agendata koja si ja podgotvila za medeniot mesec prvata misla koja mi dojde bese tokmu ovaa A fakt deka vsunost i ne se mnogu pari i e nesto koe treba da bide navistina mnogu mnogu ubavo i da se pomni po ubavo cel zivot ...
p.s.sekako deka ubavinata na brakot ne treba da zavrsi samo po prviot mesec |
Медениот месец е за меден живот после тоа
За пари, никогаш доста. Ама не мора да се сместуваш во хотели со ѕвезди на нив, секаде има одлично наместени станови што ги изнајмуваат за пола цена од тоа што би платил во хотел. И тоа се најчесто во строг центар. Повеќе чинат влезниците за сите историски споменици, отколку некои други ставки.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 11:25
емил напиша:
Имам едноставно прашање кон Линчето : Имаш ли си дечко ? Доволно ми е да ми одговориш со да или не
Благодарам |
Имам едно прашање до тебе.
Нели 101 пат ти имам кажано
Ама ако ме носиш на медениов месец може и ќе ти прогледам низ прсти.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2014 во 11:33
Фала за одговорот и намекот .
-------------
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 23:03
Брачно патување во најубавите европски градови
Размислувате за брачното патување, но сè уште не сте одлучиле на која страна од светот да тргнете. Како и во љубовта, следете го својот инстинкт и љубовта кон некој град или земја ќе се роди сама по себе. Замислете како безгрижно се шетате по градот како глумци во некој познат филм, можеби со карта в рака или со водич, кој низ историјата и интересните приказни ќе ве воведе во модерното време на Париз, Лондон или на Рим, кои секој на свој начин ќе ве воодушеват со архитектурата, историјата, богатата култура, одличните ресторани, барови и со клубовите за забава. Ако по венчавката сакате малку романтика, изберете ги Париз или Рим, а Лондон ќе ве воодушеви со космополитскиот шарм и со отвореноста.
Прошетајте по авенијата Champs-Élysées, погледнете го Париз од Ајфеловата кула, уживајте во боемскиот Монмартер или седнете во Café de Flore во населбата Saint-Germain-des-Prés и почувствувајте ја вистинската француска изрека „joie de vivre“. Во Париз земете си катанец со својата љубовна порака и заклучете го на мостотPont des Arts во знак на вечна љубов. Можеби токму тоа некогаш ќе ве инспирира да се вратите и да го побарате на истото место. Патувањето надвор од Паризможете да го продолжите кон дворците на Лоара како еднодневен излет или уште подобро да одите со воз до Версај и таму да го посетите раскошниот дворец во кој во златните времиња на Париз живееле Кралот Сонце и Мари Антоанет. Како што вели поговорката: Кога си во Рим, однесувај се како римјаните (When in Rome do as the Romans do) – кога првпат посетувате едно место, обидете се да се однесувате и да го почувствувате како домаќини. Ако се одлучите за Рим, иако првин ќе посакате да ги посетите сите најатрактивни знаменитости, како што се базиликата Свети Петар, Ватиканските музеи, Колосеумот, Пантеонот, плоштадот Навона и многу други познати места, сепак застанете за момент и седнете до некоја фонтана или на скали и гледајте ги минувачите и градот како живеат, и ќе видите дека токму тој момент најдолго ќе ви остане во сеќавање. Ако имате време и можност за малку подолго патување, посетете ги Наполи и Помпеја. Ако сакате да откриете нешто ново, но истовремено сакате забава и добро расположение, а лесно можете да се снајдете бидејќи одлично го зборувате англискиот – Лондон ве очекува! Жив и раздвижен во секој момент, преполн со млади луѓе, интересни знаменитости, модерни галерии и одлични претстави, сето тоа ќе ве исполни со позитивна енергија. Ако сакате да го продолжите престојот во Англија, можете да заминете во обиколка на познатите универзитетски градови Оксфорд и Кембриџ, или во родниот град на Шекспир, Страфорд-апон-Авон.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|