Испечати | Затвори го прозорот

Зимски олимписки игри - Сочи 2014

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Останати спортови
Опис на форумот: Одбојка, тенис, планинарење, пливање, точаци, висење по форуми...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26902
Датум на принтање: 29.Март.2024 во 06:17
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Зимски олимписки игри - Сочи 2014
Постирано од: Schatzii7
Наслов: Зимски олимписки игри - Сочи 2014
Датум на внесување: 04.Февруари.2014 во 00:16
Почетокот на Зимските олимписки игри е закажан за 7-ми февруари 2014 година и ќе се одржуваат во рускиот град Сочи. Сочи е целосно подготвен за одржување на оваа престижна спортска манифестација. Телевизиската куќа BBC го ангажираше режисерот Tomasz Bagiński за изработка на видео-најавата која претставува спој на повеќе спортски дисциплини. Олимписките игри ќе траат до 23-ти февруари.




-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)



Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Февруари.2014 во 05:49


МОК ги испрати олимпијците за Сочи

Нордиските скијачи Дарко Дамјановски и Марија Колароска, како и алпскиот скијач Антонио Ристевски, ќе бидат македонските спортски репрезенти на претстојните Зимски Олимписки Игри во Сочи. Тие имаа своја презентација во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет, а утре заминуваат за Русија, каде што во наредниот период очекуваат достојно да ја претставуваат својата земја на снежниот спортски спектакл во Сочи.

Јасно е дека Македонија е далеку од врвот во зимските спортови, па Дамјановски, Колароска и Ристевски ветија дека ќе го дадат својот максимум со ел да остварат што е можно подобри резултати, во рамките на своите можности.

„Се надевам дека ќе имам четири возења, во слалом и во велеслалом, и дека ќе имам добри настапи. Повеќе очекувам од слаломот, во оваа дисциплина и ја заслужив А-нормата“, изјави Антонио Ристевски, кој ќе биде наш единствен натпреварувач во алпско скијање.

Младата Марија Колароска, која има само 16 години, ќе го скрши мразот кога се во прашање настапите на македонските олимпијци во Сочи. Таа ќе настапи во трката на 10 километри во нордиско скијање на 13 февруари. Еден ден подоцна арко Дамјановски ќе настапи во трката на 15 километри, а последниот ден од ЗОИ во Сочи ќе учествува и на маратонот долг 50 километри.

Антонио Ристевски на 19 февруари ќе настапи во велеслалом, а три дена подоцна ќе ја вози и неговата омилена дисциплина, слалом.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Февруари.2014 во 06:00

МАКЕДОНЦИТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ГО ДАДАТ НАЈДОБРОТО


Македонските спортисти кои ќе ја претставуваат земјава на Зимските олимписки игри во Сочи (7-23 февруари) се во добра форма. Подготвени се да ги постигнат своите најдобри резултати, порачаа во Македонскиот олимписки комитет, пред заминување на експедицијата за Русија. 

Во Сочи, Македонија ќе ја претставуваат нордијците Марија Kолароска и Дарко Дамјановски и алпинецот Антонио Ристевски. Според редоследот на трките, Kолароска настапува во трката на 10 километри, класично, на 13 февруари. Дамјановски има настап во трката 15 километри, класично, на 14 февруари и на 50 км, на 23 февруари. Ристевски настапува во велеслалом на 19 и во слаломот на 22 февруари. Ристевски и Дамјановски за настапи во Сочи се изборија постигнувајќи највисоки А-норми за учество, а Kолароска има Б-норма. Ова се втори ЗОИ за Ристевски, трети за Дамјановски, а Kолароска дебитира.

Покрај натпреварувачите, во македонската експедиција ќе бидат и тренерите Иван Лесевски (алпско скијање) и Ѓоко Динески (нордиско). Според Динески, Дамјановски и Kолароска се добро подготвени.

- Дарко е искусен натпреварувач. Нормата за учество ја постигна одамна и имаше доволно време да се подготви без притисок. Ако на 15 км се пласира во рамките на олимписката норма, односно до 100 ФИС-точки, ќе сметам дека има добар резултат. Kолароска со резултат до 250 точки треба да биде задоволна – изјави Динески. Помалку ФИС-точки значат подобар резултат. Kолегата на Динески, Лесевски, ја истакна добрата форма на Ристевски.

- Тој има забележителен скок во формата и во резултатите во последно време. Ако така продолжи, се надеваме на добар резултат на ЗОИ. Во нашиот спорт многу зависи и од подготвеноста на патеката и од времето, така што не може однапред ништо да се предвиди - изјави Лесевски, а Антонио го поддржа.

- Ако се погодат временските услови, патеката е во добра состојба, тогаш останатото е на мене и јас ќе покажам што знам – изјави Ристевски. Дамјановски е оптимист.

- Подготовките минаа одлично, во подем сум, последните две недели ги минавме во Словенија каде што ја темпиравме формата. Само да н` послужи здравјето и с` ќе биде како што треба – изјави Дамјановски.

Во Сочи како дел од македонската експедиција ќе патува и потпретседателот на Скијачката федерација на Македонија, Владо Пановски, генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет Сашо Поповски, лекарот на тимот д-р Зоран Ханџиски. Од МОK ќе патуваат и директорот Владимир Богоевски и претседателот Васил Тупурковски. (Б.Г.)

РУСИЈА НИ ПОСАКА СРЕЌА

Амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, вчера го испрати македонскиот тим за Сочи и му посака многу успех.

- На македонските спортисти во Сочи им посакувам многу среќа и добри резултати. На сите спортисти во Сочи им посакувам успех. Многу сум задоволен што меѓу учесниците на Зимските олимпски игри во Сочи, ќе има спортисти и од Македонија. Домаќинот е подготвен да направи се олимписките и параолимписките игри да минат во најдобар ред – изјави Шчербак.

ЗОИ во Сочи се најскапите игри на сите времиња, а чинат 51 милијарда долари, со што ги надминаа и ЛОИ Пекинг (46,5 милијарди). Ќе учествуваат спортисти од 88 земји, што е подобрување на рекордот од ЗОИ Ванкувер пред четири години кога имаше 82 земји-учеснички.



-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 05.Февруари.2014 во 12:12
Сочи заблеска во очекување на ЗОИ

Олимпискиот факел го осветли Сочи..Огромен огномет синоќа заблеска на небото над Сочи во исчекување на Зимските Олимписки игри кои ќе започнат за два дена.


  
Олимпискиот факел го осветли Сочи..Огромен огномет синоќа заблеска на небото над Сочи во исчекување на Зимските Олимписки игри кои ќе започнат за два дена. Атлетичарите започнаа да пристигнуваат, а рускиот претседател Владимир Путин ги пречека членовите на меѓународниот олимписки комитет. 

Олимписките игри во Сочи се очекува да чинат над 37 милијарди евра, што ги прави најскапи олимписки игри одржани досега. 

Американскиот претседател Барак Обама, британскиот премиер Дејвид Камерон и германската канцеларка Ангела Меркел нема да присуствуваат на отворањето во Сочи, како одговор на кршењето на човековите права во Русија.




-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 05.Февруари.2014 во 15:31
Знам само дека мене сите планови ми ги одложи во најдобар случај,а може и полошо.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Февруари.2014 во 19:21
Македонските спортисти продефилираа на Отворањето на ЗОИ

-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 01:04
Медведев заспал сирот газење од смеење

-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: sikter
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 01:08
pa shto e chudno shto nekoj medved spie vo zima?

chudno e shto dosega ne  zaspal..


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 01:13

Само руска мечка може да спие на толку ладно-кочансмеење

Многу ми беше убав перформансот на Лебедовото езеро.
А кога ги правеа круговите (тие човечињата со сијаличките по нив што светеа), приметив еден во средниот голем круг му беа прегорени сијаличките па не светеше кутриот.
не кажувај никому


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 01:13
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Медведев заспал сирот газење од смеење
Го чекал нашиов, затоа заспалхи, хи...


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 01:31
Без Иванов не може да почне олимпијадатасмеење



-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 01:36

Обама му забранил на Ѓоргето да оди, оти ќе бил љубоморен ако му намигне и на Путин.
намигнување


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 01:47
Сноубордериве со ќеиф си ги изгледав...одлични беа, имаше и доста паѓања
[IMG]


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 02:02
Ја сеа си глеам реприза..и едвај чекам да гледам боб и уметничко лизгање задоволство

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 02:08
И јас чекам боб и ски скоковиљубов

-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 13:13
Ме потсетија на филмов .... голема насмевка




-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 13:43

Значи http://rutube.ru/video/bb3239a3528aeed7e2911204f6de95a0/?ref=logo" rel="nofollow - девојчево е чудо, алал да и е...да




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 16:07
Слика има тон немалутина

-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 11.Февруари.2014 во 13:36
http://zazabava.com/damjanovski-zavrshi-na-78-mesto" rel="nofollow - Дамјановски заврши на 78 место

Дарко Дамјановски денес настапи на Игрите во Сочи во квалификациите во спринт на 1.800 метри во крос-кантри и го зазеде 78. место од 86 натпреварувачи.

Дамјановски стартуваше последен и финишираше со време од 4:08.56 минути, а заостана за 40.21 секунди зад победникот Виген Хатестад од Норвешка.

Нашиот нордиец не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето, со оглед на тоа што во следната фаза се пласираа првите 30 натпреварувачи од денешните квалификации.

Следниот настап на Дамјановски е на 14. февруари, кога ќе учествува во трката на 15 километри, а ќе го гледаме и на 23. февруари во трката на 50 километри слободно.



-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 13.Февруари.2014 во 22:04

Нашата нордијка претпоследна од 75 натпреварувачи.
Ако де, важно е да се учествува нели....
Се си мислам дека Кубертен имал некоја македонска жичка.вртење со очи



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 14.Февруари.2014 во 23:56

Од отварањето голема насмевка




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Февруари.2014 во 08:47

ЗА СОЧИ 2014 ОДВНАТРЕ - ИНТЕРВЈУ СО САШО ПОПОВСКИ

Зимските олимписки игри во Сочи 2014 се фокус на сите светски медии, многу објективи, интервјуа, медали, изненадувања и натпреаврувачи кои сакаат да се качат на врвот на славата е декорот што го обзема Сочи. За да ѕирнеме малку одвнатре го контактиравме Сашо Поповски нашиот претставник од Македонскиот олимписки комитет кој е водич на нашата делегација, со цел да ни долови слика за тоа што се случува во Сочи со нашите претставници.

Како го оценувате Сочи 2014 и како сте задоволни во однос на целокупната организација и посебно во однос на спортската инфраструктура во која Русија инвестираше околу 55 милијарди долари?

Откако поминаа почетните специфични ситуации кои се речиси нормални за секои Олимписки игри, може да се даде оценка дека организацијата е навистина на високо ниво. Земајќи ги во предвид високите очекувања во однос на сместувањето, исхраната, транспортот, спортската инфраструктура, соработката со волонтерите, но и сигурноста на спортистите сето ова што го гледаме овде е токму она што се очекуваше од домаќинот.

Спортската инфраструктурата е извонредна и на секој чекор се приметува огромната инвестиција во овој регион кој секако повеќе кратно ќе се врати преку оддржливиот и долгорочен развој на спортот, туризмот, спортскиот туризам и економијата. Единствен куриозитет е времето. Немаме впечаток дека станува збор за Зимски Олимписки игри, а фактот дека беа измерени и температури од 18 степени го потврдува погоре кажаното.

Каде поточно се наоѓа нашиот тим, во кој комплекс и какви се дневните обврски на натпреварувачите и логистиката?

Ние сме сместени во две Олимписки села. Олимпиското село "Слобода" се наоѓа на надморска висина од 1500 метри, а олимписките терени са на само 500 метри од селото. Околу 1000 спортисти и членови на делегациите на Националните олимписки комитети кои ќе се натпреваруват во биатлон и нордиско трчање се сместени во ова село. Спортистите кои ќе настапат во алпско скијање и сноуборд се сместени во Планинското село на надморска височина од околу 1250 метри. Во третото село кое се наоѓа во близина на Сочи се сместени спортистите од преостанатите спортови односно хокеј на мраз, лизгање (уметничко и брзо) и карлинг. Во однос на дневните обврски можам да кажам дека по доручекот следат подготовките за тренинг, тренинг и опоравување по тренинг.

Следи ручекот, мала прошетка во селото, гледање на видео снимки од разни спортски настани, по што следи лесен фитнес тренинг и вечера. По вечерата имаме дружење и размена на искуства со другите национални тимови кои се во нашето Олимписко село и негде околу 22:00 часот спортистите се упатуват на спиење. Секако, во деновите кога се натпреварите, агендата пред настапот е целосно изменета. Логистиката е задача на водачот на делегацијата и тоа е лице кое навремено мора да обезбеди транспорт на спортистите до и од спортските арени за тренинг и натпревар, да го организира сместувањето на делегацијата, да поднесува секојдневни извештаи до ИОК, а на состаноците со ИОК кои се одржуват секој ден од 7:30 до 8:30 часот, доколку се јавила некоја нерешлива ситуација истата да ја изнесе во насока на нејзино решавање. Целокупната логистика и организацијата доколку доаѓа претседателот на државата или премиерот, или министерот за спорт на Олимписките игри и во Олимпиското село е исто така обврска на водачот на делегацијата. Транспортот на опремата и спортистите од и до аеродром, здравствените прегледи, пријавување термин за теретана, фитнес и слично се само мал дел од обврските на водачот на делегацијата или како овде тоа се вика Шефот на Мисијата.

Каква е состојбата и мотивацијата со нашите претставници и колку члена брои нашата делегација во полн состав?

Во Сочи се Антонио Ристевски – алпско скијање, Марија Колароска и Дарко Дамјаноски – нордијско трчање заедно со нивните тренери Иван Лесевски и Ѓоко Динески. Д-р Зоран Ханџиски се грижи за нивното здравје, суплементација, опоравување по тренинг, масажи, користење на компекс, нутрицизам и слично. Тука се и претседателот Васил Тупурковски, спортскиот директор Владимир Богоевски и потпретседателот на Скијачката федерација на Македонија, Владо Пановски. Факт е дека не постои поголема мотивација од сознанието дека се бранат боите на својата држава на Олимписките игри. Сметам дека мотивацијата на спортистите е на највисоко ниво и убеден сум дека ќе го дадат најдоброто од себе.

Од кој наш преставник очекувате најдобар резултат?

Секако дека Антонио Ристевски и Дарко Дамјаноски треба да постигнат најдобри резултати, но сепак многу фактори ќе зависат од нивните конечни резултати. Верувам дека нивните тренери ја темпираа формата за ЗОИ СОЧИ 2014 и сметам дека токму најдоброто од нив ќе треба да биде прикажано на Олимписките патеки.

Дали МОК ќе има и други активности во Сочи?

Во Сочи, претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски оствари работна средба со раководните лица на ИОК при што се разговараше за активностите на МОК, но и за унапредувањето и зголемувањето на програмите на МОК за 2014 година. Главна тема на овој разговор беа вторите Младински олимписки игри кои треба да се одржат во Нанџинг, Народна Република Кина (16-28 Август 2014 година).

Најважно е да се истакне дека од страна на МОК, за таа цел се обезбедени дополнителни финансиски средства во износ од 50,000 американски долари, наменски средства за подготовка и обезбедување на норма како и финансиски средства за подготовки на оние млади спортисти кои ќе изборат учество (норма) на вторите Младински Олимписки игри. Овие средства се надополнување на веќе обезбедените 50,000 американски долари така што вкупниот износ кој МОК го обезбеди за развој на нашите потенцијални млади олимпијци сега изнесува 100,000 американски долари. Беа реализирани и официјални состаноци и со Американскиот, Бразилскиот, Италијанскиот, Францускиот, Рускиот и Германскиот олимписки комитет при што беа договорени продолжувања на договорите за соработка и добивање на помош за развој на македонскиот спорт, најмногу во развојот на стручниот тренерски кадар, развојот на спортскиот менаџмент и спортската администрација, спортската медицина и добивање на донации во спортска опрема.

        

Слики од искачувањето на врвот Елбрус каде беше однесен Олимпискиот оган



-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 16.Февруари.2014 во 17:44
http://mrt.com.mk/node/4355" rel="nofollow - Ева Самкова со прво злато за Чешка
Ева Самкова во финалето на сноуборд крос, го освои првиот златен медал за Чешка на Олимпијадата во Сочи.

Моментно третопласираната во генералниот пласман за Свесткиот куп во оваа дисциплина триумфираше во финалната трка пред канаѓанката Доминик Молтајс која е водечка во Вкупниот поредок на Светскиот куп и третопласираната Клое Треспеју од Франција.

Бранителката на титулата од Ванкувер, Маел Рикер, падна во четвртфиналната трка, додека сребената од Торино и актуелна второрангирана во Светскиот Куп, Линдзи Џакоубелс мораше да се задоволи со малото финале и вкупно пласман на седмата позиција.

Новата олимписка шампионка и јуниорска светска првенка, 20-ет годишната Ева Самкова беше најбрза во трите трки супериорно го зграпчи златниот медал на дебитантскиот настап на олимпијадите.

Американките и покрај тоа што останаа без подиум, се најуспешни сноубордерки по три дисциплини во Сочи со три медали од кои два златни и еден бронзен.



-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 16.Февруари.2014 во 18:14
Отекоа со хокејвртење со очи

-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 16.Февруари.2014 во 19:44
motika.com.mk

Еве за кој навивалеголема насмевка
motika.com.mk

motika.com.mk



-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 18.Февруари.2014 во 14:27
Денеска права зимска идила во Сочи, но силниот снег баш им задаваше проблеми 
на натпреварувачите во Бијатлон.
Секоја чест за Свендсен кој успеа да го освои златниот медалда

Фото финишот за Свендсен

15 пеколни километри, екстремно тешки услови на патеката, 4 комплексни застанувања на стрелиштата, а се се сведе на 10-тина сантиметри, доволни за норвежанецот Емил Хегле Свендсен конечно да биде на пиедесталот во Сочи и тоа на највисокото место. 15 километри масовен старт, трка што ќе се прераскажува. Маглата, снегот ја одложуваа безмалку 3 дена, но вредеше да се чека. Се менуваа водечките од километар во километар, стрелиштата ја донесоа посакуваната драма, ќе беше уште поголема единствениот Бјорндален да не промашеше 4 на последното стрелиште, а по него Свендсен, Фуркад и Моравец  влегоа со подеднакви шанси во последните 3 километри.

Беше јасно дека чехот неможе да се носи со водечката двојка од светскиот куп,повлече Свендсен, се чини ќе беше неправедно ако успееше итроштината на Фуркад на целта. Одлична трка како најава за штафетните натпревари што почнуваат утре.

Прв медал и тоа златен за Свендсен, по двете злата Мартин Фуркад стигна до сребро, а втор медал, денеска бронзен за Ондреј Моравец по среброто на 12,5 километри.



-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 18.Февруари.2014 во 16:12
Од оваа олимпијада се заљубив во сноубордингљубов
посебно во новава дисциплина слоупстајлда



-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk