Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Кошарка и ракомет
Опис на форумот: Нашите најуспешни национални спортови
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26840 Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 16:42 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: ЕП во ракомет - Данска 2014Постирано од: Blue Scarlet
Наслов: ЕП во ракомет - Данска 2014
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 14:40
Започнува ЕП во ракомет - Данска 2014 ....
Македонија е во групата А со домаќинот Данска, со која вечерва ќе го игра првиот меч. Заедно со нас во групата се Чешка и Австрија.
По „драмата“ која ја преживеаа нашите ракометари , прво со стомачниот вирус, па одложениот лет и патот до Софија за да можат да стигнат во Данска по патување кое траеше речиси 18 часа . Испуштија еден тренинг но стигнаа за денешниот можеме само да се надеваме на добар резултат ...
Како и да е, со нашите репрезентации секогаш е драматично .... можам само да кажам НАПРЕД МОМЦИ !!!
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Коментари: Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 14:42
Ајде пак ќе навиваме Нека им е со среќа и да ни приредат добри натпревари.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 14:42
Малку историја пред мечот ....
СП во Хрватска - 2009 година Македонија - Данска 24:32 (12:13)
ЕП во Србија - 2012 година Македонија - Данска 32:33 (19:16)
СП во Шпанија - 2013 година Македонија - Данска 30:33 (14:13)
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 15:14
Blue Scarlet напиша:
По „драмата“ која ја преживеаа нашите ракометари , прво со стомачниот вирус, па одложениот лет и патот до Софија за да можат да стигнат во Данска по патување кое траеше речиси 18 часа . Испуштија еден тренинг но стигнаа за денешниот можеме само да се надеваме на добар резултат ...
Сакаш да кажеш дека сте патувале во последниот момент за првенството ? Јаооооо
И како ќе се аклиматизират кон данските услови штом првиот напревар е вечерва ? Јаоооо
-------------
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 19:20
Ќе навиваме секако за Македонија !!!! ... Иако вечерва сме аутсајдери против Данска , уморни (ако тоа не е некоја шпекулација) да се надеваме дека со онаа мисла нема што да загубиме па со борбен дух , добра тимска игра , поттик за одмазда од пред 2 години може и ќе ни се насмевне среќата
Едно мало потсетување , натпреварот на ЕП во Србија помеѓу Македонија и Данска повеќе наликуваше како индивидуален натпревар на Кире Лазаров и Микел Хансен кои според многумина се најсилните лев и десен бек во светот моментално.Еве како беше пред 2 години , со несреќно филмски крај за нас ...
------------- I'm out bcz of pathetic around here
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 22:09
Слабо. Многу слабо. Со многу грешки!!!
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 23:25
Уште на химната се примети колку се без сила. примија демек некоја си витамиска инфузија,за после да испадне дека имале стомачен вирус. Слаба игра целосно,и одбрана и напад крилата ги немаше во акција,секој скок за шут им беше прочитан колку блокови имаа Не растурија,салата Среќа што Борко добро си бранеше,инаку уште 10гола ке беа повеќе
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 23:29
што стана
победивме ли?
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 23:31
A Temelkov zoshto ne igrashe?
Izgubivme...
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 23:45
д4б3 напиша:
што стана
победивме ли?
Изгубиле нашиве и осим тоа бајалдисали од пат
-------------
Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 23:45
нема се плашиме
следниот пат ке победиме
Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 23:49
Ги тепаме Чешка со разлика и одиме во следно коло
-------------
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 23:57
Не можам да се воздржам да искоментирам за емил и дабето
д4б3 напиша:
што стана
победивме ли?
емил напиша:
Изгубиле нашиве и осим тоа бајалдисали од пат
д4б3 напиша:
нема се плашиме
следниот пат ке победиме
Инаку мрзла добро напиша. Сигурна сум дека на крајот пак ќе ни бидат криви судиите.
Правеа и многу почетнички грешки. Како прв пат да играат.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 09:28
Да играш ракомет против Данска е како да играш фудбал против Бразил... немаа никакви шанси, така што однапред се предадоа. Ама затоа сега против Чешка би требало да победат, исто така и против Австрија.
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 09:37
Тимот на СФРЈ според Balkan Handball:
Darko Stanić (Srbija, golman), Manuel Štrlek (Hrvatska, levo krilo), Momir Ilić (Srbija, levi bek), Domagoj Duvnjak (Hrvatska, srednji bek), Kiril Lazarov (Makedonija, desni bek), Ivan Čupić (Hrvatska, desno krilo) i Igor Vori (Hrvatska, pivot).
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 11:44
Драма - не ни очекував ништо помалку од нашите момци ..... Барем до некаде успева да се контролирам со самото тоа дека играме против ДАНСКА .....
Се прашувам дали денеска Миркуловски може да мрда .... ако некој беше „тепан“ тоа беше тој ...
Ќе бидеме добри ..... ќе бидеме добри ......
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 12:18
Ретко убав момент од синоќешниот натпревар ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Crna Arapina
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 13:20
не ме нервира поразот , туку тоа што играа како девојчиња без нималку жар во нив за победа ,
играта катастрфа ,само Борко едина светла точка, да имаш 5 зицери и да ги утнеш , којзнае колку пати утнаа со играч повеќе , 2 или 3 наврати со два играчи повеќе и да не дадеш гол дури и примавме така голови срамота , се си мислам"Битно е да се учествува" ние Македонците сме го измислиле
------------- Train hard,Fight easy !
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 13:28
Бидете реални Улогата на домаќин и не е толку голема предност , но споредено по физичка спремност нашите не можат ни во плукање плунка да се натпреваруваат со Данците а камоли во ракомет ... Имаш спроти себе 2 тима кои во секое време би одиграле 2 натпревари со ред без никаков пад или умор во игра , брза консолидација , уиграност , сепак пораз до 3-4 гола ќе беше добар резултат ... но бледо издание беше синоќа до толку што и Данците се опуштија на моменти ....
Шансата ќе си ја бараме преку Австрија (која ја прегази Чешка) и против Чешка ( од која Филип Јуха пак најави дека лесно би ја победиле Македонија)
Е то е ... да се надеваме дека намерно не си ги трошеле силите Оптимизам влеваат новите играчи како Пецакоски и Стојчески ... прв пат слушам за нив а минутажата добро си ја искористија и покажаа дека заслужуваат да се во стартен тим
------------- I'm out bcz of pathetic around here
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 13:32
Видовте ли колку пензионери имаше на утакмицата? Барем 40%! А не беше вторник или петок, замислете!
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 14.Јануари.2014 во 17:34
Сега партал ќе ги направиме Чесиве... само уште пола саат.
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 14.Јануари.2014 во 17:36
По изјавата на чешкиот голман Штохл (мислам дека го погодив ) дека не треба да ја победат Македонија туку да ја декласираат, сега се соочува со знак прашалник за неговото учество на мечот поради проблеми со коленото ....
Како и да е, лекарскиот тим на чешката репрезентација се труди максимално да го оспособи за овој меч ..... и се надеваат де .... дека ќе успеат во тоа ...
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 14.Јануари.2014 во 17:40
Инаку омилена чешка манекенка ми е Ева Херцигова... кој ги сфаќа озбилно ова Чесиве, без 4-5 разлика не признавам победа.
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 14.Јануари.2014 во 19:21
Морам да искоментирам иако уште гледам ....
Мислам дека Филип Миркуловски е ставен во тимот само за да биде тепан и дали САМО капитенот на репрезентацијата може да ни донесе победа, бидејќи мене ми се чини дека само од него зависиме?
П.С. Го обожавам Борко ... како слатко умее да се насмее и кога прима и кога брани гол
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 15.Јануари.2014 во 00:58
Денес воопшто не ја видов улогата на Миркуловски во тимот , мислам дека тој е и причината за лошата игра и резултат иако изнуди фаули и седмерци кои ги реализира Лазаров али со некој друг на негово место сигурно ќе имавме победа
------------- I'm out bcz of pathetic around here
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 15.Јануари.2014 во 11:36
Сега ќе се јави стручниот коментатор на Идивиди...
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 15.Јануари.2014 во 11:39
Јас не го видов ТИМОТ ..... Го видов Кире и Борко .......
Манасков правеше почетнички грешки како „надрндан“ тинејџер .... Миркуловски веќе напишав за него иако сега прочитав дека играл под повреда (што е логично по толку тепање а не е никакво оправдување ) .... Другите како да се плашеа и се му остава на Кире .... Дури и Стојанче Стоилов кој ми беше миленик кога играа во Србија сега е под просекот .....
Чесите направија толку многу грешки кои ние не ги наплативме затоа што тие го имаа Штохл (кој се расчепи бранејќи) а ние немавме никого кој ќе се осмели да шутира и притоа да постигне гол нели ....
Сега Австрија ги трие рацете ....... а со оглед на тоа дека тие прописно ја победија Чешка ако не го подигнеме нивото на игра .... Господ нека ни е на помош ....
И имам забелешка за коментарот на селекторот кој на последниот тајм аут рече : „ Добри сме и со 1 бод “.... Алоооооо ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 15.Јануари.2014 во 11:40
LiDivio напиша:
Сега ќе се јави стручниот коментатор на Идивиди...
Ццццц ....
My name is Bond, James Bond ......
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 15.Јануари.2014 во 11:43
Со оглед дека Чешка ќе испадне, не е битно дали е нерешено или победа, нема да пренесеме бодови од дуелот со нив... битно е Австрија да ги растуриме...
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 15.Јануари.2014 во 11:48
Тоа не е никакво оправдување ...... зарем заради фактот дека нема да пренесеме бодови не треба да одиме на победа? И уште тоа да се слушне од селекторот не е утешно туку патетично .....
Моралот на момците е многу битен фактор ..... утешни зборови не го подигаат ...
Мое мислење де ...
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 15.Јануари.2014 во 11:50
Што не подигаат...
Тоа е балкански менталитет, сега кога се влезени во вториот круг ќе играат опуштено и има да ја наполнат мрежата на Австријците како пензионери автобусите во вторник и петок...
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 15.Јануари.2014 во 14:14
МОРАЛОТ ... Ли ....
Се надевам дека си во право .... и дека и јас ќе можам опуштено да го изгледам натпреварот со Австрија ... и пак ќе викам и скокам како МОРАЛНА подршка .....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 15.Јануари.2014 во 14:18
Она синоќа си беше one man show... Страв ме фати кога се пожали на повреда, си реков ако се повреди мајстор Кире, ја оплескавме без него... И голманите решија голем дел од натпреварот. Камо наш Борко да имаше вечер како со Данска. Требаше да ги тепаме барем со 3-4 гола разлика ама ај....
Почнавме со пораз, па нерешено, сега е на ред победа.... И тоа против австријците
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 17:29
Има да ги исцедиме Австријците ко алпска јуха...
Forza Kirza
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 19:33
Ете дури и не ми се гледа веќе ......
Очајно ..... сепак сме изгледа репрезентација "One Man Show" ...
Кире и Борко се менуваат на сцената .......Овој пат(повторно) секоја чест на Борко ....а и Кире веќе е изморен изгледа....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 19:40
типично за нашиве.....секогаш пред крај почнуваме со усерување....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 19:43
Не знам што им се случува на момците но тимот не функционира како ТИМ .....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 19:53
За малку
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 19:53
И брани Ристовски (19 одбрани) ..... победа за Македонија со ЕДЕН поен разлика .....
Натпревар на голманите ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 23:35
Последните две минути од натпреварот не ги изгледав зашто морав да излезам...
ама кога излегов имаше такви свирки и пукотници што мислев ке ме убие некој , па јасно ми беше се
Со оглед на тоа какви натпревари ни презентираат, некако неможам да се израдувам
------------- Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 23:41
Значи ги здробивме...
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 17.Јануари.2014 во 11:19
Ете успеавме да стигнеме до следната фаза .....
Македонија сите натпревари ќе ги игра од 16 часот. Во сабота играме против Унгарија (таа помина со два нерешени и еден пораз)
Групата изгледа вака:
1. Данска 4 2. Шпанија 4 3. Македонија 2 4. Исланд 1 5. Унгарија 1 6. Австрија 0
На 20.01 играме со Исланд, а на 22.01 со Шпанија ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 17.Јануари.2014 во 11:25
Реално, максимум што можеме да направиме е да ја победиме некако Унгарија...
Значи, веројатност за победа против Унгарија 50:50, против Исланд 20:80, против Шпанија 0:100 ...
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 17.Јануари.2014 во 12:25
http://www.kurir.mk/sport/rakomet/144717-VIDEO-Site-19-odbrani-na-Borko-protiv-Avstrija" rel="nofollow - Сите одбрани на Борко ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 17.Јануари.2014 во 13:46
Обрван и мене ме разочара со Чешка, со демотивирачкиот коментар за бодот... Ама синоќа ми направи ќеиф на тајмаутот кога им викаше: “Поједите га, поједите га!“ ...ако добро слушнав Така ами како.
Ај сега и против Унгарија да им се погоди денот. Оти како што играат нестабилно, до денот е како ќе им се погоди.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Јануари.2014 во 23:22
Србија испаднала
------------- I'm out bcz of pathetic around here
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 17.Јануари.2014 во 23:38
Врска немаат Србите, таков ракомет се играше пред јас да се родам... повеќе ќе се изненадев да поминеа понатаму.
И МК не е далеку од таквата игра, ама имаме играч од светска класа и плус повеќе сме уиграни со оглед на тоа дека скоро сите играчи се од еден клуб.
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 00:11
Не сме баш уиграни,само имаме голман за почит Немаат ама баш никаква игра.....две -три финти и акции на почеток малку водиме...и после нема што да прават Овој пат и крилата се слаби
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 00:14
како нема што да прават
после го изедначуваме резултатот и некое време не даваме голови, па губиме
и втора варијанта
го изедначуваме резултатот па гол за гол до последната секунда не знаеме што ќе биде
------------- Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 00:17
Јас сум за втората варијанта... и уште сега ме стега срцето
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 12:14
Мислам дека ако ме стават да навивам со Шефицата заедно, ќе не затворат за реметење на јавен ред и мир ....
Туку како и да е, веќе се навикнав на драмата .... дури некогаш се прашувам дали треба да реагирам на целата утакмица емотивно или да ги чекам последните 10 минути за да го намалам стресот .... и онака тогаш ги решаваме сите натпревари ...
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 17:25
За се имаме изгорвор нели?
Тоа што одбраната ни е како ретки заби е затоа што тие многу добро се снаоѓаат ..... Тоа што примаме голови е затоа што се “неодбранливи“ (Борко не е семоќен иако се труди од петни жили) .. тоа што не даваме голови е затоа што денеска ете немаме среќа ..... а тоа што го имавме најлошото прво полувреме од почетокот на оваа првенство не се важи затоа што другите натпревари ни беа „брилијантни“ ....
Статистиката покажува дека во досегашните натпревари со Унагарија сме победиле само два пати (мислам ).
Навистина не ми е јасно што им се случува на момциве, како да не се истите и во реализација и во борбеноста .... или сепак беше подобро кога Шундовски ќе им кажеше едноставно „ Клајте голови“ и ќе ги оставеше да ја покажат својата магија ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 19:22
Изгубиле
не гледав..
------------- На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Постирано од: Crna Arapina
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 19:28
МИркулоски мршшшшшшшшшш идиоту
------------- Train hard,Fight easy !
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 20:35
Едноставно толку си ја знаеме.
Борко е најзаслужен за се...
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 20:51
Гулаш не` направија.
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 11:20
На вчерашниот тренинг Лазаров не тренирал .....
Да очекуваме ли чудо денеска и да се надеваме дека момците ќе се присоберат или едноставно да си признаеме дека толку ни е знаењето без да треба г-динот селектор да се извинува повторно ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 15:02
Blue Scarlet напиша:
Мислам дека ако ме стават да навивам со Шефицата заедно, ќе не затворат за реметење на јавен ред и мир ....
Опасна комбинација сме ние за навивање. Ќе завршиме или со болничка кола на Брза помош или во полициско комбе, со лисици на рацете
Јас денес нема да можам да ги гледам. Не знам дали за среќа или за несреќа, ама ај, барем да покажат борбеност, па што биде... Натпреварот со Унгарија ќе се правам како да не сум го гледала.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 15:24
Сакаш да кажеш дека сега ќе треба да скокам и викам за двајца?!? ... Колку да го надокнадам отсуството на твојата подршка де ..
Подобро да ги предупредам комшиите ...
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 15:31
А бе јас ќе најдам начин да ѕиркам од мобилниот, барем резултатски. Ама не знам колку ќе можам да скокам и викам, со оглед на местото кај што ќе бидам. А да не им изгледам како Теодор од “Her“ кога си зборуваше со Саманта и скокаше...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 15:34
Аха ... значи сепак успеа набрзина да го изгледаш филмот .... Е јас и Теодор одвреме навреме многу си личиме ... посебно за време на натпреварите ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 17:37
Ете сега „трагично“ изгубивме ......
Се си мислам дека со секој мој пост сум се поогорчена и поогорчена .... барем овој пат патриотските чувства ги делев во вид на епитети „ говеда“ ... „ коњ“... „дрво“ .... „неписмен“ .... итн.
Единствена утеха е што игравме за нијанса подобро од претходните два натпревари .....
И овој пат нивниот голман имаше многу одбрани, што убаво го потенцира прашањето кое на последниот тајмаут го постави некој од нашите играчи „Кој да шутира? Кој да шутира?“ ...
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Crna Arapina
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 17:45
МИстрии ,толку им фаќа црпката ,среќната победа против Австрија даде некаква надеж ,ама дрвото ке си остане дрво
------------- Train hard,Fight easy !
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 18:20
Не чини системот на натпреварување...
Подобро би било да има ЧЕТВРТФИНАЛЕ после вториве групи, да има можност и за некое изненадување... вака уште на почеток се знаеше дека Шпанија, Данска, Хрватска и Франција ќе се најдат меѓу 4 најдобри.
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Јануари.2014 во 23:44
Мене не ми се допаѓа странец за селектор на националните тимови. Како Пипан со кошаркарите. Не велам дека тој е крив, оти очигледно е дека нешто не штима... Ама парите не се секогаш најдобрата мотивација.
И веќе почнаа да се обвинуваат, па Ангеловски исклучен од репрезентацијата, Кире не бил и на денешниот тренинг... Ќе се појави ли некој на мечот со Шпанија или веќе се пакуваат за дома?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 22.Јануари.2014 во 14:02
Сеуште се мислам дали воопшто вреди да гледам денеска ..... и дури и да гледам без никакви очекувања, стратегијата „мува без глава“ кои ја имаат нашите ракометари во оваа ЕП дефинитивно знае да ме извади од такт ..... не знам ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Јануари.2014 во 14:07
Лесно се навива кога тимот тепа .
-------------
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 22.Јануари.2014 во 14:11
Не е прашањето во тоа емил.
Во прашање е дисфунционалниот тим кој иако во поголемиот дел е ист со оној од Србија сепак е непрепознатливо изменет. Губеле и таму, но губеле со солидна игра и со голема борбеност. Сега го нема тој жар повеќе ... тоа е онаа жалното што ме тера да не сакам да ги гледам ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Јануари.2014 во 14:18
Навивај сега со уште поголема страст за да ги извлечеш од кризата . Они имат потреба од тебе .
-------------
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 22.Јануари.2014 во 17:49
Ете и тоа заврши ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 13:27
Сепак се` добро се заврши
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 13:32
Да, добро заврши ....
Заврши со префрлање на топката од еден на друг како жежок компир, преку меѓусебни обвинувања и оправдувања ...
Можеше и десетото место да се донесе со достоинство .... но ова е Македонија нели ... што се занесувам јас .....
Ја сакаш и ја мразиш .. и кога победуваш и кога губиш ...
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 15:02
Антиќ што се меша сега одстрана со такви арогантни коментари? Не се сеќавам дека некој од ракометарите им се исмеваше или беше циничен со нив, кога се вратија од Словенија со наведнати глави. Плус и засрамени, поради журките и пијанчењата што ги правеле таму.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.