Шест илјади евра, толку чини сонот на четири годишното момче Самоил, за да го види убаво лицето на неговата мајка. Самоил е роден со глауком на двете очи. Тој гледа само силуети. Надеж за него е операција во Европската очна болница во Скопје, но неговите родители не можат да му платат. „Ако не оди на операција ќе ослепи, така ми рекоа од болницата“, низ солзи мајката на Самоил Перијан Усеин. Секој ден чекање е шанса помалку за него да гледа добро. Самоил е весело дете, сака да игра со неговите браќа и сестра. Но, сам не може да се движи. Семејството на Самоил живее Шуто Оризари од собирање шишиња. Нашите деца не бараат многу од животот, само повеќе здравје, а другото е среќа – раскажа Перијан. Таа бара и моли кој може да им помогне, поскоро да ја платат операцијата на Самоил, за да не остане слеп. Жиро сметка за донација: 500600015910810 Стопанска Банка А. Д. Битола Самоил Усеин
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|