Forest Green - Лотарија за вработување
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26704
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 16:07 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Forest Green - Лотарија за вработување
Постирано од: LiDivio
Наслов: Forest Green - Лотарија за вработување
Датум на внесување: 07.Октомври.2013 во 09:09
Ја отворам темава да разјасниме дали не е понижување на таков начин да се вработуваат луѓето во МК?
Мое мислење е дека секој според Уставот има загарантирано право на вработување и на пристоен живот. Нема потреба од вакви циркуси.
Или Владата сака да каже дека за овде да се вработиш треба да имаш среќа како на Лото?
|
Коментари:
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 07.Октомври.2013 во 14:25
Едно од основните човекови права е да се има право на вработување. Тоа значи дека не може никому да му се одземе правото да биде вработен, но не значи дека мора да биде вработен.
Колку што сум информиран, вработувањето на оние 1600 луѓе беше базирано на одредени социјални критеријуми, па тие беа вработени според добиените поени. Таквиот систем на вработување не е лотарија бидејќи на лотарија не постои никаков критеријум на рангирање за добивка освен среќата да се биде извлечен. За изборот на кандидатите користен е компјутер за да се избегне човечкиот фактор и можноста овие работни места да се доделат по семејни, партијски или било какви други врски.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 07.Октомври.2013 во 18:16
А тој... компјутерот... Dell е или HP... ...
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 07.Октомври.2013 во 22:38
LiDivio напиша:
Ја отворам темава да разјасниме дали не е понижување на таков начин да се вработуваат луѓето во МК?
Мое мислење е дека секој според Уставот има загарантирано право на вработување и на пристоен живот. Нема потреба од вакви циркуси.
Или Владата сака да каже дека за овде да се вработиш треба да имаш среќа како на Лото? |
Хммм ја гледаше ли репортажата на МРТ ?? За некои излегува добро за некои лошо ... Сепак не е тоа тој начин доследен за вработување според мене ... Но од друга гледна точка како за еднаш , добро им иде на народ
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Diogen
Датум на внесување: 08.Октомври.2013 во 08:56
Messenger напиша:
Едно од основните човекови права е да се има право на вработување. Тоа значи дека не може никому да му се одземе правото да биде вработен, но не значи дека мора да биде вработен.
Колку што сум информиран, вработувањето на оние 1600 луѓе беше базирано на одредени социјални критеријуми, па тие беа вработени според добиените поени. Таквиот систем на вработување не е лотарија бидејќи на лотарија не постои никаков критеријум на рангирање за добивка освен среќата да се биде извлечен. За изборот на кандидатите користен е компјутер за да се избегне човечкиот фактор и можноста овие работни места да се доделат по семејни, партијски или било какви други врски.
|
Кој малку од малку се разбира од компјутери, јасно му е дека најголемите манипулации се прават преку него. Компјутерот селектира по однапред зададени критериуми пребарувајќи низ база на податоци. Значи, ако во софтверот му дадеш да пребарува по повеќе критериуми, важно е некаде во базата да вметнеш некој знак, така да компјутерот ќе одбере по „среќа“ луѓе кои треба да бидат одбрани. Техниката е интересна работа.....Едно гледаш, а не знаеш по кои све критериуми се креира една листа. Тоа го знае само тој што ги задава параметрите на пребарување. Патем , ако беа бодувани сите 1600 „социјалци“, немаше да има „лотарија“, едноставно ќе ја објавеа листата. А некои „социјалци“ на телевизија плачеле од среќа а дома ЛЦД телевизори нов намештај...
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Октомври.2013 во 13:31
Темата е отворена со тврдење дека вработувањето е направено како лотарија. Во старт, тоа не е точно.
Дали со софтверот на компјутерот е направена некаква манипулација е сосем друга тема за дискусија. Ако постојат докази за тоа тогаш тие треба да се објават и акцијата за вработување да се поништи. Додека тоа не се стори таквите муабети си остануваат само - муабети.
Списокот на вработените е јавен, како што се јавни и нивните квалификации, па тие можат да се проверат.
Инаку, во право си дека често пати официјалното претставување како невработен не значи дека човекот не работи непријавено и не добива помош од дијаспората. Тоа им е јасно на сите.
Позитивното за мене е дека се прават акции за вработување. Зарем би било подобро обратното ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 08.Октомври.2013 во 14:42
Идејата не е лоша, ама начинот на кој се прави ми делува понижувачки и претерано популистички.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 08.Октомври.2013 во 17:24
Diogen напиша:
......
Кој малку од малку се разбира од
компјутери, јасно му е дека најголемите манипулации се прават преку
него. Компјутерот селектира по однапред зададени критериуми пребарувајќи
низ база на податоци.
........
|
Диоген... ти збориш за Dell...
Messenger напиша:
Дали со софтверот на компјутерот е направена некаква манипулација е сосем друга тема за дискусија.
.....
|
a Messenger... za HP... или обратно, ако е битно...
Инаку акцијата е ОК... колку и да има неправилности... а на крај на краишта.... како и да се одлучува... секогаш ќе има незадоволни...
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 08.Октомври.2013 во 17:30
Не знам вас која ви е првата помисла кога ќе се спомне лотарија, но мене ми е токму оваа. Извлекуваш нешто, што и сам не знаеш. Секаде во медиумите овој настан беше промовиран како лотарија. Не знам зошто е тешко да се разбере, тоа и беше, права лотарија што заврши трагикомично. Значи да не беше толку трагично ќе беше комично.
Вработувањето беше базирано врз одредени критериуми кои не сум сигурна дали се запазија. Компјутерот е една смешна направа за извлекување на вработени пред се поради тоа што компјутерот е најманипулативната алатка глобално земено. Зошто ако толку сакаа да биде се транспарентно не објавија на интернет а после тоа и на јавна огласна табла (за оние кои немаат пристап до интернет) за сите пријавени бодовна ситуација, па да можат незадоволните странки да поднесат бесплатен приговор до надлежните органи. Вака ни лук јал ни лук мирисал. Не ни можеш да видиш по кој основ се добиени поените.
Еве велите дека списокот е јавен и јавни се нивните квалификации. Ќе ве замолам за директен линк до истото каде би можела да ги проверам нивните квалификации и начинот на кои го добиле таканаречените поени, односно по кој основ им се доделени.
А за достоинството не сакам ни да почнам да пишувам!
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 08.Октомври.2013 во 18:21
Позајмено -
(Фото галерија) СКАНДАЛ: еве како работат компјутерите на ДПМНЕ - во Македонски Шуми вработена сопруга на бизнисмен од Виница кој поседува пицерија и автосервис!а еве и линк http://maktel.mk/makedonija-2/item/6038-foto-galerija-skandal-eve-kako-rabotat-kompjuterite-na-dpmne-vo-makedonski-shumi-vrabotena-sopruga-na-biznismen-od-vinica-koj-poseduva-picerija-i-avtoservis" rel="nofollow - http://maktel.mk/makedonija-2/item/6038-foto-galerija-skandal-eve-kako-rabotat-kompjuterite-na-dpmne-vo-makedonski-shumi-vrabotena-sopruga-na-biznismen-od-vinica-koj-poseduva-picerija-i-avtoservis
Мислам ,значи... не постојам? не коментирам,но и ова е позајмено следниот предлог на ЈесДејес до Влада,за нови вработувања
Да се изведат Гладијаторкси Игри на арената Филип-чо Втори, и оние дест(10),кои че останат ЖИВИ нека се вработат,е така
Земјоо..... м.упм.брее????
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Diogen
Датум на внесување: 08.Октомври.2013 во 21:11
Уште верувате во Дедо Мраз?
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 08.Октомври.2013 во 21:21
..na kraj kraeva,kamo site 1600 pa i 50000 iljadi da se vrabotea.Nesto ke se promeni i za sega vrabotenite i za onie od Biroto.
..a za kompjuterite nemojte da imate somnez.Vo zemjata lider vo IT sverata,kade site tenderi,javni i skrieni nabavki pa i nadavanja gi vrsi PC-to(ova ne e Pece maliot)nema mesto za somnez!..se to taka funkcionise...u bajdobar red.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 10.Октомври.2013 во 01:04
- eve be...se e chisto...k'o suza:
http://www.novini.mk/cluster/ea063977b03253c2566f0604abdb4854/dobi-vrabotuvanje-kako-samohrana-majka-a-so-soprugot-slavi-pred-ekipata-na-sitel" rel="nofollow"> http://www.facebook.com/l.php?u=http%3A%2F%2Fwww.novini.mk%2Fcluster%2Fea063977b03253c2566f0604abdb4854%2Fdobi-vrabotuvanje-kako-samohrana-majka-a-so-soprugot-slavi-pred-ekipata-na-sitel&h=jAQHKlamP&s=1" rel="nofollow - Доби вработување како самохрана мајка, а со сопругот слави пред екипата на Сител?! Изборот за 1.600 вработувања кој во неделата јавно се одржа на програмата на МТВ извади на површината повеќе скандали. Една од среќните добитнички која јавно преку телевизиските екрани го сл... NOVINI.MK ============================================================================================================
http://www.novini.mk/read/388639/aleksandar-neshkovski-mazhot-na-socijalkata-e-svedok-za-ubistvoto-na-martin" rel="nofollow - Александар Нешковски: Мажот на „социјалката“ е сведок за убиството на Мартин
http://www.novini.mk/read/387578/foto-skandal-vladata-vo-makedonski-shumi-vraboti-sopruga-na-biznismen-od-vinica-koj-poseduva-picerija-i-avtoservis" rel="nofollow - СКАНДАЛ: Владата во „Македонски Шуми“ вработи сопруга на бизнисмен од Виница кој поседува пицерија и автосервис!
http://www.youtube.com/watch?v=FvYa6zj7T94" rel="nofollow - http://www.youtube.com/watch?v=FvYa6zj7T94
http://www.youtube.com/watch?v=FvYa6zj7T94" rel="nofollow"> http://www.facebook.com/l.php?u=http%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3DFvYa6zj7T94&h=fAQEY5tdA&s=1" rel="nofollow - Вработување YOUTUBE.COM
.................
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 10.Октомври.2013 во 01:16
........ http://maktel.mk/makedonija-2/item/6027-foto-skandal-eve-eden-klasichen-primer-na-dobitnik-na-vrabotuvanje-na-vladinata-lotarija" rel="nofollow"> http://www.facebook.com/l.php?u=http%3A%2F%2Fmaktel.mk%2Fmakedonija-2%2Fitem%2F6027-foto-skandal-eve-eden-klasichen-primer-na-dobitnik-na-vrabotuvanje-na-vladinata-lotarija&h=VAQFQ2kZF&s=1" rel="nofollow - (Фото) СКАНДАЛ: еве еден класичен пример на добитник на вработување на владината лотарија! (Фото) СКАНДАЛ: еве еден класичен пример на добитник на вработување на владината лотарија! Вторник, 08 Октомври 2013 Tweet Кон врв MAKTEL.MK
http://maktel.mk/makedonija-2/item/6038-foto-galerija-skandal-eve-kako-rabotat-kompjuterite-na-dpmne-vo-makedonski-shumi-vrabotena-sopruga-na-biznismen-od-vinica-koj-poseduva-picerija-i-avtoservis" rel="nofollow"> http://www.facebook.com/l.php?u=http%3A%2F%2Fmaktel.mk%2Fmakedonija-2%2Fitem%2F6038-foto-galerija-skandal-eve-kako-rabotat-kompjuterite-na-dpmne-vo-makedonski-shumi-vrabotena-sopruga-na-biznismen-od-vinica-koj-poseduva-picerija-i-avtoservis&h=WAQG2yuHM&s=1" rel="nofollow - (Фото галерија) СКАНДАЛ: еве како работат компјутерите на ДПМНЕ - во Македонски Шуми вработена... Еве како работат компјутерите на ДПМНЕ при фер распределбата на новите работни места во Македонски Шуми: Во Виница е вработена личност која е "жи... MAKTEL.MK
http://www.facebook.com/l.php?u=http%3A%2F%2Fmaktel.mk%2Fmakedonija-2%2Fitem%2F6087-libertas-prashuva-koj-kje-podnese-odgovornost-za-skandalot-so-vrabotuvanja-so-lazhni-podatoci&h=pAQGAXRQW&s=1" rel="nofollow - Либертас прашува: Кој ќе поднесе одговорност за скандалот со вработувања со лажни податоци?! Ви го пренесуваме е-маилот кој порталот Либертас го испрати до Владата на Република Македонија, Министерството за финансии, Министерството за информат... MAKTEL.MK
................................................
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Октомври.2013 во 01:59
Тој што знае да вика "Скандал!" не знае кој одговара за приложување лажни податоци ?
Очигледно вистинското прашање не е кој ќе одговара за приложување лажни податоци, туку кому и зошто му пречи јавното вработување на 1600 граѓани ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 00:24
u pravo si ....mesto skandali podobro e da stoi ....izmami:
http://www.facebook.com/l.php?u=http%3A%2F%2Fmaktel.mk%2Fmakedonija-2%2Fitem%2F6138-foto-ushte-eden-skandal-od-lotarijata-na-vladata-primena-na-rabota-vo-makedonski-shumi-so-samo-1-2-boda&h=iAQGVyZWE&s=1" rel="nofollow - ) Уште еден скандал од лотаријата на владата, примена на работа во Македонски Шуми со само... Нема крај на скандалите поврзани со изборот на вработени во Македонски Шуми. Еве уште едем...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 04:35
Измамници имало, има и ќе има. Затоа ми се допаѓа јавното давање работа на луѓето - имињата се јавни и секој може да биде проверен дали измамил или не кога ги поднесувал документите.
Во спротивно сето ова немаше да се обелодени.
На оној што измамил не треба само да му се одземе работното место и истото да биде дадено на следниот апликант, туку треба да биде и санкциониран за својата измама.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 13.Октомври.2013 во 18:12
Оваа луководна ПАПЗЈАНИЈА што ја направија е само еден голем ИДИОТИЗАМ на НИСКОИНТЕЛЕГЕНТНИТЕ двојкаши,со бугарски и пријателски дипломи. Прво објавува конкурс најкриминогеното предузеќе МК шуми(кое шверцува дрва во Грција и Албанија),како конкурсџија,а после излегува паторот и вели не ТИА само дел че се вработаат во МК шуми,друзите че ги напумпаме во министерствата. ДРУГО овој лук и вода конкурс беше само фарса ,за да се заврши со некаква лотарија на бјрамската тв со транспарентност на една невидена глупост,...но еве како тие го работеа това. На огласот се ЈАвива 20.000 луџе, прво на ОК,комитетите ДПНЕ-овски им беше сугерирано да конкурираат што поголем број,за наводна транспарентност,потоа,зборувам за пример во мојот град,(а тоа било насекаде) Кај нас се собираат марјан главнииот АЈДУК со останатата БОЛНА свита и сите сумираат кој коку платил од КОПУЦИТЕ,за работно место,така во првиот налет биле одбрани 143 Камили,за после со кавги се додадат уште 33 мина,за да се задоволи некоја бројка,а марјан е светцеот,тој демек не одлучувал,бил исклучен од ЦК,така ги фарбаат Камилите. Но за да не биде ова само измислено,ме сретнува еден познаник и ми се фали дека го примиле на конкурсот,а Јас го прашувам нели беше вработен во приватна фирма,за да добијам одговор дека ,два месеци не бил вработен,(се водел така) Потоа го прашувам ,а што направи со дуќанчето,а тој ми вели не е на мене на жената е ,а таа работи во приватен бизнис кај мајка и,за да дуќанчето функционира под кирија. Е му велам на крај колку плати нека ти е надравје,а тој ми вели не ништо не платив,само пред Лотаријата ме посетија три члена комисија9од мК шуми) и сите НАВОДНО одбрани потпишувале изјави и им честитале дека се одбрани,само да чекаат на ТВ да се видат,а после на ИЗБОРИ се ЗНАЕ... Бравос бе паторест ЛИДЕРУ,што да се каже друго,сите други ОБИЧНИ ,младо и старо само се снајдува и гледа да бега од оваа ...
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Diogen
Датум на внесување: 14.Октомври.2013 во 17:46
Еве уште некои „социјалци“ кои се вработија на „чесен“ начин и со „огромна среќа“:
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=31418" rel="nofollow - http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=31418
Најинтересен детал- реакцијата на ДПМНЕ:
-Тоа што имињата на лица блиски до наши членови и функционери се споменуваат меѓу вработените, зборува токму за принципиелноста што дури и тие подеднакво со другите чекале и барале шанса за вработување на чесен начин.
Едноставно нели, priceless.....
|
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 14.Октомври.2013 во 20:03
Некој мора да верува во Дедо Мраз или во добрата вила зошто - надежта последна умира.
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 15.Октомври.2013 во 22:48
Си имало една земја...лединка,..каде и КАКАЊЕТО се вреднува,ете дојде и тоа Фрустрирани ДПМНЕ-ОВЦИ да си се вработат на ЧЕСЕН начин.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
|