Испечати | Затвори го прозорот

Документарни филмови

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Филм
Опис на форумот: Хитови, преводи, DVD, DivX, оскари & актери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26623
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 08:58
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Документарни филмови
Постирано од: ekszi88
Наслов: Документарни филмови
Датум на внесување: 04.Септември.2013 во 18:05
Јас на подфорумов видов многу теми но ниедна посветена за документарните филмови.

Дали гледате документарни филмови и кои ви се омилени документарни? Какви документарни гледате најчесто?

Што гледавте последно?

Напишете нешто повеќе за она кое што сте го гледале, дали ви се допаднало или не, вашиот став итн...


-------------
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!



Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 19.Февруари.2014 во 16:19

Документарен филм за Игорроза

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=1&vest=11886" rel="nofollow - Утре се навршуваат 14 години од трагичната смрт на Игор Маџиров









-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 19.Февруари.2014 во 22:22
Без гледани два до три документарци неделно не можам да замислам.
Најчесто ги наоѓам на ју туб или на он лајн страните на интернет.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 23.Февруари.2014 во 21:49

http://www.mrt.com.mk/node/4739" rel="nofollow - Руска телевизија сними документарец за македонскиот шарпланинец

Се наоѓаме во земјата на Мајка Тереза, Кирил и Методиј, Александар Македонски и на шарпланиакиот пес, вака е прикажана Македонија во документарниот филм посветен на шарпланинецот што ја емитуваше Руска национална телевизија.трепкање







-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 06.Март.2014 во 10:41
СДК

Можеби не сум во соодветната темазбунетост
Го пребарав цел форум и не најдов соодветна тема, па кој сака да го гледа документарецот на РТС за зејмотресот во Скопје, нека повели.
Немам забележано нешто слично на македонски јазикзбунетост



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 02.Мај.2014 во 21:47
Случајно денес го најдов зафрлен,а не изгледан.
Приказна која ја преживуваат и доживуваат животните
во заробеништво.За едни да заработуваат,додека
плаќаат оние што сакаат да се забавуваат.
Жртви секогаш самите тие и оние кои љубовта
кон нив ги натерала во тоа заробеништво да
ги придржуваат.



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 23.Мај.2014 во 23:37

“Од едно грло, два гласа“
Документарец за Вања Лазарова.





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 24.Мај.2014 во 20:47
Прекрасна жена,имав среќа да ја
запознаам како дете додека на некој
начин и беше ментор на тетка ми.
Животот не беше мил кон нејзе
ја доживеа најголемата болка,
и жално е што неделиве наназад прочитавме
сите и какви други страданија сме
дозволиле да и се случат.Се надевам
онаа надуена хуманост со која си се китиме
и кон нејзе ќе ја покажеме преку институциите.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Мај.2014 во 00:24

Многу ја сакам и почитувам.
Знаев дека има семејство ама не сум знаела дека е во старечки дом, алал да им е на новинарите што ја извадија жената од заборав.
Да не сум тука офтопик, сега всушност ми текна дека треба да и се отвори една тема во Музика. да



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 26.Јули.2015 во 16:22
https://www.youtube.com/watch?v=PUN4tiRCIDA" rel="nofollow - Промоција на документарниот филм Скопје 63.





Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk