Испечати | Затвори го прозорот

Скијатос

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26553
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 18:06
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Скијатос
Постирано од: BellaGrandma
Наслов: Скијатос
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 02:14
Ако некој го интересира...мене ме интересираше..


Скијатос (грчки: Σκιάθος) е грчки остров што се наоѓа во Егејското Море. Скијатос е најзападниот дел од групата Северни Споради. Неговата вкупна површина е 48 километри квадратни, а брегот има вкупна должина од 44 километри. 



Иако се работи за мал остров, Скијатос е исклучително популарна туристичка дестинација. Внатрешноста на островот е составена од главно ридски подрачја, прекриени со густа борова шума, којашто е одлична за прошетки; додека на брегот се наоаѓаат 60 уникатни плажи, кои туристите доаѓаат и ги посетуваат повеќепати. Скијатос е еден од ретките грчки острови што го задржал старото име. Се претпоставува дека потекнува од зборот "skia" што значи сенка, а ова веројатно се должи на фактот што островот лежи во сенката на планината Пелион.


Градови и села

Единствената вистинска населба на овој остров е малото гратче Скијатос. Сите останати населби се туристички одморалишта со многу хотели и организирани плажи. ГрадотСкијатос е граден во форма на амфитеатар, на југо-источниот дел од истоимениот остров, во залив во којшто нема ветрови. Она што прво се забележува се едноставните бели куќи, покриени со ќерамиди и тесните улички меѓу нив. 

Градот Скијатос има бурна историја. Од антиката па сѐ до византискиот период, тој бил постојано населен. Штом започнале војните во овој период, населението го напуштило и побарало засолниште во тврдината Кастро. На почетокот на 19 век, тврдината била напуштена, а градот одново населен. За време на Втората светска војна, германските бомбардери ги срушиле речиси сите градби, па она што денес постои е новоградба. Во поствоената ера, речиси целото население на островот е концентрирано во гратчето.

Историја


Во антички времиња, островот Скијатос одиграл помала улога во Персиските војни. Во 480 г.п.н.е флотата на Ксеркс I била погодена од бура и потешко оштетена на карпите на брегот од Скијатос. Тоа го искористиле грчките сили да ги блокираат поморските приоди до местото за да спречат поморска инвазија. Тоа довело до славната битка на огромната персијска војска со 300 Спартанци коишто давале отпор кај Термиполе. На крајот Персијците биле победени една година подоцна кај Саламис. Во 200 г.п.н.е. градот бил уништен од Филип V Македонски. 


Туристички водич: Скиатос

Превоз

Во просек, островот Скијатос има широчина од само 6 километри и е одличен за оние коишто сакаат да пешачат на нивниот одмор, затоа што во еден ден може неколкупати да се сврти целиот остров. За оние што не сакаат да пешачат, постојат повеќе алтернативи. На островот имаавтобуска мрежа што ги поврзува сите плажи. Сите автобуски линии тргнуваат од градот Скијатос, автобусите се редовни (на секои 15 до 20 минути преку ден), а билетите чинат од едно до едно и пол евро во зависност од дестинацијата. Такси превозот исто така многу лесно се наоѓа, но секогаш договорете ја цената однапред, за да не се изненадите непријатно по крајот на возењето. Доколку сакате да повикате такси по телефон, тоа ќе Ве чини дополнителни 2 евра. За поголем временски период (десетина дена) најдобра опција за превоз е да си изнајмите автомобил или пак скутер. Цените се пристапни, но внимателно одберете ја компанијата од кадешто ќе изнајмувате. Цената нека не Ви биде пресуден фактор, доколку не сакате да заглавите со неисправно возило. На Скијатос има одлично развиена мрежа заводен транспорт. Воопшто нема да имате проблеми со пронаоѓањето чамци за панорамско разгледување, такси на вода или пак бротчиња за прошетки до соседните острови.

Туристички водич: Скиатос

Места кои треба да се посетат

Музеј-куќата „Пападиамантис“

Овој интересен музеј се наоѓа непосредно до пристаништето во градот Скијатос. Мебелот и сите детали во куќата се зачувани онакви какви што биле при крајот на животот на славниот грчки писател Александрос Пападиамантис, којшто е роден на островот и најголем дел од својот творечки живот го минал токму во оваа куќа. 

Замокот Кастро


Замокот Кастро е голема карпа во морето, полуостров на којшто некогаш се наоаѓал средновековниот град Скијатос. Оттаму иамте панорамски полед на сегашниот град, а дотаму се стигнува за еден час со автомобил или со бродски превоз.

Бурци

Ова е мал полуостров што го дели заливот на два дела. Во еден период тој бил заокружен со ѕидини и фортификации за поморска одбрана, а во денешно време има густи борови насади. 

Старото пристаниште

Старото пристаниште се наоѓа помеѓу Бурци и Акрополис и тоа служело како пристаниште уште од антички времиња. Денес, таму се закотвени малите рибарски чамци, туристичките бротчиња и неколку јахти. Но, пристаништето е преполно со таверни, ресторани и барови. Вечерните прошетки по старото пристаниште знаат да бидат навистина романтични и незаборавни.

Цркви и манастири 

Секако, доколку сакате да дојдете во контакт со парче од историјата и духовноста на овој дел од светот, не смеете да ги заобиколите манастирите и црквите на островот. Најпознати манастири се: Панагиа Иконистра и Евагелисмос Теотоку; а најпознати црвки: Агиа Анастасиа, Агиа Николаос и црквата на Исус. 

Туристички водич: Скиатос

Што да правите на Скијатос?

Овој остров, иако мал, овозможува соодветна забава за сечиј вкус. Доколку сакате мирен одмор, можете да си одберете некоја од попразните плажи од вкупно 60 коишто Ви се на располагање и да уживате во мирот и погледот во морето. Ако пак сакате поактивен и повозбудлив одмор, можете да одберете некоја од бројните активности што Ви се нудат на поголемите плажи. Постојат клубови за водени спортови, нуркање, тенис, јавање коњи, итн. Доколку и тоа не Ви е доволно, можете да заминете на еднодневна екскурзија до соседните острови Скопелос и Алонисос или дури и до Атина или Метеори. Превозот до овие дестинации е редовен и одлично организиран. 

На Скијатос има и доста развиен ноќен живот, за љубителите на забави, којшто е најинтензивен во екот на сезоната. На островот има голем број дискотеки (во најголем дел лоцирани на така наречената "Disco Strip"), а рестораните и баровите што работат до доцна во ноќта се претежно лоцирани на "Bar Street".

Храна и пијалаци

Рестораните, баровите и таверните на Скијатос нудат најразлични јадења и пијалаци, почнувајќи од интернационалните, преку специфични медитерански кујни, завршувајќи со традиционалната грчка кујна. Островот не е познат по некој специфичен специјалитет, но во секое време можете да си купите одлична пита со сирење што традиционално се подготвува на блискиот остров Скопелос. Постојат повеќе видови слатки што ги подготвуваат локалните жители, кои можете да ги купите од продавачите што шетаат по пристаништата и плажите.




-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.



Коментари:
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 02:21
ТРАНСПОРТ ДО И ОД СКИЈАТОС


Скијатос е прекрасен мал остров, дел од архипелагот Споради. Климата е извонредна - иако температурата е слична како онаа во Скопје, постојаното благо ветре го прави местото исклучително пријатно за престој.



Постојат два начини да се стигне до Скијатос - со авион, до аеродромот на приближно еден километар од главниот град или пак со возило и потоа со траект. Авионскиот превоз е доста скап и најблизок аеродром што нуди летови до таму е белградскиот, со што се губи поентата на летањето. По автопат, од Скопје до Волос (пристаништето од кое тргнува траектот) патот трае помеѓу 6 и 7 часа, најмногу во зависност од задржувањето на пасошката контрола.


Транспорт до и од Скијатос

Тие 6 часа изминуваат додека да трепнеш, најмногу затоа што се поаѓа доцна навечер, околу полноќ и најголем дел од времето минува во спиење или дремки. Потоа, доаѓа возбудливиот дел од патувањето - траектот од Волос до Скијатос.

Транспорт до и од Скијатос

Пловидбата до Скијатос трае точно 2 и пол часа!!!

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 02:25

Јужниот брег на Скијатос е развиен, додека северниот не е и таму не постојат асфалтни патишта. Ако сакате да ги посетувате дивите плажи на северната страна, тогаш ќе биде потребно да изнајмите некоја форма на сопствен превоз, но ако сакате да уживате во добро организираните плажи на јужната страна, упатете се кон автобуската станица.

Култура и транспорт на Скијатос

Автобусите тргнуваат непосредно до новото пристаниште (каде што пристигнувате со траектот), потоа го заобиколуваат градот и потоа возат по т.н. обиколница, којашто во најголем дел се движи по самиот брег и глетката при возењето е спектакуларна. Патот има вкупна должина од 12 километри, на кои се поставени 26 автобуски станици. Последната станица е пред самиот влез од плажата Кукунариес (за плажите во следниот пост), а возењето до таму трае нецели 30 минути (кога автобусот е целосно исполнет). Возењето чини 2 евра во еден правец, од почеток до крај, а за помалку од 10 станици е 1,6 евра. Првиот автобус е во 7 часот наутро, последниот е на половина час по полноќ.


Кондуктерите во автобусите се пријатни и зборуваат некоја рудиментарна форма на англиски јазик, што е заедничко за најголем дел од луѓето со кои доаѓате во контакт (угостители, продавачи во продавници за сувенири и облека, итн.), освен за продавачките во супер маркети и трафики кои имаат огромни потешкотии да се разберат со вас на друг јазик, освен на грчки, па затоа само ќе ви ја покажат цената на касата и вам ви останува да си платите.



Исто така, сите официјални знаци поставени насекаде се еднојазични и не можете да ги разберете (освен, секако, ако зборувате грчки). Но затоа, речиси секаде има дополнителни знаци, на англиски, поставени од автобуската компанија, локалите, клубовите за нуркање, плажите и сл., кои ќе ви посочат каде се наоѓате, што треба да видите, што е интересно итн. Исклучително е тешко да се загубите на Скијатос.

Култура и транспорт на Скијатос



Што да јадете и пиете на Скијатос



-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 02:34
еве некои поинтересни фотки..



























-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 02:37











-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 16:54
Не било лошо, само скапо.


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 09:48

Зошто Скијатос?


Дојде време сите да се одлучиме за најважното прашање во летниот период – каде на одмор? Доколку се прашувате зошто треба да отпатувате на Скијатос, тогаш можеби ќе ви помогнеме да ја разрешите дилемата…

Скијатос е првиот остров од Спорадите кој бил изграден со туристички капацитети во далечните шеесетти години од минатиот век и тоа со добра причина. На островот се наоѓаат педесеттина раскошни плажи кои се опкружени со вода која наликува на Карипското Море. 

Климата е одлична, ниту премногу топла, ниту премногу студена, а копното е прекриено со зелени шуми до недоглед. Скијатос неодамна го доби прекарот „Миконос за стрејт луѓе“, бидејќи привлекува огромен број туристи од Италија, Шпанија, Велика Британија и скандинавските земји.

Можеби на прв поглед се чини дека Скијатос е остров кој покрај прекрасните плажи и релаксацијата нема да ви понуди ништо друго, но тоа едноставно не е така! Постојат уште десетици причини зошто да се упатите кон овој мал, но навистина прекрасен остров:

-Лаларија е една од најимпресивните (диви) плажи во цела Грција, без песок (со мали, заоблени камчиња, оформени од времето и лутите бранови);

-Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот Скопелос, ќе ви овозможат да видите и посетите места кои во ниту една друга ситуација не би можеле да ги погледнете и доживеете;

-Иако се работи за мал остров, местото е преполно со историски артефакти и археолошки локалитети. Манастирите, старите градби и спомениците се нешта што не смеат да се пропуштат.

-На Скијатос ќе пронајдете плажи за сечиј вкус, од исклучително убавите плажи со сино знаменце (меѓу кои најдобра е Кукунариес), сѐ до дивите, запрепастувачки убавите плажи на северната страна на кои ќе можете да уживате во осаменоста и звукот на морето.

-Пристигнувањето на островот е многу едноставно и релативно брзо, за разлика од подалечните острови во Јонското Море.

-Локалните жители на Скијатос во голема мера се разликуваат од другите Грци, според нивната гостопримливост и топлината со која ќе ве пречекаат каде и да отидете…



Image result for photos of SKIJATOS



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 16:39

Топ 5 плажи на Скијатос


Малиот и прекрасен остров Скијатос, кој многумина го нарекуваат бисерот на Егејското Море, нуди многу можности за забава и огромен број плажи. Но, денес ќе погледнеме кои 5 плажи се прогласени за најатрактивни според туристите кои го посетиле островот.

Кукунариес


Кукунариес е дефинитивно најпознатата и најдобрата плажа на Скијатос, а неколку години по ред беше прогласувана и за најдобра плажа во целото Егејско Море. Причината за тоа е едноставна: широкиот песочен појас пред кристално бистрата вода се протега сѐ до густите борови насади во позадината; на плажата има 3 таверни, 3 клубови за водени спортови и два киосци за цигари и сокови. До плажата се пристигнува по т.н. обиколница, која почнува од градот Скијатос, а завршува токму пред плажата. Постои редовна автобуска линија која сообраќа до плажата, на секои 15-20 минути, а возењето ќе ве чини 2 евра.

Аселинос

Постојат две плажи кои го носат ова име: големата и малата плажа Аселинос. Се наоѓаат на северната страна од островот, до каде што преку копно водат единствено земјени патишта, но затоа таму застануваат речиси сите тури со бродови. Токму затоа, големата плажа Аселинос е доста посетена во периодот од 13 до 15 часот, кога пристигнуваат многу луѓе и вообичаено ручаат во големиот ресторан. Но, пред и потоа, оваа плажа е доста мирна. Понекогаш, морето тука знае да се разбранува. Малата плажа Аселинос е поубава, но за да пристапите до неа треба да се искачите по стрмниот рид. Таму има само една мала таверна со доста услужлив персонал.

Лаларија

Лаларија претставува комплетно „дива“ плажа, без каква било организација. И оваа плажа се наоѓа на местата за посета на турите со бротчиња. Се работи за место со запрепастувачки убав пејзаж, со тиркизно сина вода и плажа со покрупни камчиња кои на моменти може да станат и многу жешки.

Трулос

Плажата Трулос е убаво организирана песочна плажа, која е погодна за семејства, бидејќи водата не е премногу длабока. На самата плажа има една таверна, снек-бар и ресторан во склоп на хотел. Ако сакате да уживате во оваа плажа, треба да се симнете на автобуската станица со број 18.

Вромолимнос

Вромолимнос полека станува втората најпопуларна плажа на островот, кога станува збор за помладите посетители. Уникатното опкружување, чистата вода и шанковите зад лежалките нудат можност за одмор, но и за добра забава. За да пристигнете на Вромолимнос, треба да се симнете на автобуската станица број 13 и да бидете подготвени за мало искачување и потоа и симнување од ридот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 16:45

Истражете ги убавините на Скијатос

Скијатос претставува идеална дестинација за истражување и уживање. Релативно малиот остров кој крие огромен број убавини ви овозможува во краткото време од одморот да видите и искусите сѐ што сте наумиле…

Скијатос е дефинитивно идеалниот туристички остров. Со должина од 9 километри, широчина од 5 километри и максимална надморска височина од 433 метри, островот кој е најпознат од групата Споради ви овозможува да го истражите и да прошетате пеш или со превозното средство што најмногу ви се допаѓа. А, секако има што да видите…

Од една страна Скијатос ви ги нуди сите туристички погодности, на моменти многу поексклузивни отколку на другите туристички дестинации во Грција: прекрасни организирани плажи со барови и ресторани, организиран превоз со климатизирани автобуси, одлично опремени продавници и супер маркети и беспрекорна инфраструктура. Но, од друга страна, Скијатос ќе ги намами и оние што ја сакаат природата и сакаат да истражуваат пешачејќи…

Скијатос изобилува со ридови (од чии врвови има неверојатно убав поглед на соседните острови Скопелос и Алонисос, како и на неброените мали островчиња), речни долини, густи шуми, природни извори, планински села, манастири на непристапни предели, но и развиена мрежа на земјени патишта, по кои можете да стигнете секаде за доста кусо време, но и да пристапите кон северниот брег на островот, каде што се наоѓаат едни од најубавите плажи во Грција, кои не се организирани, но затоа ќе ве запрепастат со својата убавина.

Постојат две обележани пешачки патеки на Скијатос (кои со мали отстапки се речиси идентични) кои водат од градот до средновековната населба Кастро на северната страна. Патеката е релативно лесна, но не препорачуваме да тргнувате подоцна од изгрејсонцето, затоа што времето знае да стане доста жешко кон средината на денот.

Секако, една од најдобрите опции за истражување на Скијатос се честите бродски тури со кои можете без проблем да пристапите кон Кастро и надалеку прочуената плажа Лаларија, на северот од островот.


Related image


Image result for photos of SKIJATOS


Image result for photos of SKIJATOS



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 22:39
                                     Ноќниот живот на Скијатос

Кога првпат ќе дојдете на Скијатос, добивате впечаток дека таму ви е местото ако сте во потрага по романтична атмосфера или пак ако доаѓате семејно. Но, овој мал остров нуди и доста интензивен ноќен живот.
Место за добар пијалак и опуштање ќе најдете секаде во градот, но и надвор од него. Локалите изобилуваат на малиот остров и никогаш нема да останете ниту гладни, ниту жедни, нормално, ако имате пари во себе. Но, навечер, сликата станува малку поинаква.


Ако сте луѓе што претпочитаат кафулиња, а не ноќни клубови, тогаш дефинитивно треба да се упатите кон старото пристаниште во Скијатос. Таму, по брегот, почнувајќи од свиокот, па сè до горниот крај, каде што започнува стариот дел од градот со стрмните сокачиња, распослани се едно чудо кафулиња, таверни, барови и што ли уште не. Изборот на атмосфера, но и на цените (бидете внимателни!) ви останува вам.


Ние не ги посетивме ноќните клубови кои се наоѓаат на самиот раб од градот (на страната каде што ни беа вилите, на кејот од морето), бидејќи деновите ни беа прилично исцрпувачки и едноставно не ни остана доволно енергија за ноќите. Но, оние што ги посетија, рекоа дека си поминале одлично.


Иако отвараат околу полноќ, до некаде 2 часот наутро во нив нема речиси никој. Поминавме оттаму, на враќање кон вилата, во 1 часот и во сите 4-5 клуба имаше околу десет луѓе, не броејќи го персоналот. Но, веќе во 2 часот започнува да се слуша гласната музика во далечината и тоа трае до раните утрински часови. Едно утро излегов на џогирање покрај морето, во 6 часот наутро и тогаш го засведочив заминувањето на гостите.


На кого можете да налетате во овие ноќни клубови? Локалните жители во најголем процент се постари луѓе, кои многу веројатно не се движат по клубови. Оние што доаѓаат да се забавуваат се: Британци, кои секогаш го преплавуваат Скијатос (има чартер летови до самиот остров), Срби и по некој Македонец. За време на престојот налетавме и на неколку Унгарки и Романки, но отприлика, тоа беше тоа.


Во текот на одморот на Скијатос, имавме интеракција со голем број луѓе, како локалци, така и странци и не наидовме на ниту еден проблем или каква било конфронтација. Оттаму, се чини нелогично тоа да се случува во ноќните клубови. Едноставно, сите се опуштени и дојдени се таму да се забавуваат.


Затоа, убав помин и пријатна забава...



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 22.Март.2014 во 09:21






-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: neutron1
Датум на внесување: 04.Септември.2014 во 14:27
Jas bev minatoto leto na Skijatos ubav ostrov poln so prekrasni plazi zalivi so marini i i idilicni turisticki naselbi.Bev smesten vo mestoto Trulos na 18 stanica vo vilite na Janakis.Pretposledno mesto na trasata od gr.Sjatos do koukuaries.Mestoto e pretezno poseteno od anglicani taka da koga si na plazata vo trulos cinis deka si na nekoja plaza vo Plimut.Vo gr.Skjatos pretezno se Norvezani i Svegani.Gradot ubav so tesni trgovski ulici so mnogu lokali koi gledaat kon pristanisteto.Drugi poznacajni mesta se Vromolimnos13 i Kukunaries 29 so poznatata plaza Bananabeach i mala banana.No zastiten znak na ostrovot e Lalaria beach prwkrasna pusta plaza so idealna golemina i zaoblenost idealno za gazenje a vodata tirkizno sina kako da ima postaveno neonki vo dlabocinata.Nepovtorlivo kapenje.Tuka e i brdoto so tvrdinata Kastro istorisko mesto povrzano so vremeto na zdobivanjeto na nezavisnosta na juzniot sosed.Ceniite se trojno povisoki od kaj nas a pijackata vo kafic minimum 5 evra.Nokniot zivot se sveduva samo vo dve diskoteki vo Skjatos BBC i Kukunaries so ludi zurki do 05 h.Se na se idealno mesto za sekogo i za secij vkus.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2018 во 08:46
Image result for photos of SKIJATOS

Image result for photos of SKIJATOS

Related image


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk