Испечати | Затвори го прозорот

Предвидување на карактерот на личноста

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Филозофија и психологиjа
Опис на форумот: „Разно“ ама на повисоко ниво
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26511
Датум на принтање: 30.Јануари.2025 во 23:30
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Предвидување на карактерот на личноста
Постирано од: cpv
Наслов: Предвидување на карактерот на личноста
Датум на внесување: 11.Јуни.2013 во 15:16
Здраво на сите,

Јас сум студент по информатика. Моментално работам на мојата дипломска работа.
Темата е предвидување на карактерот на личноста базирано на нивниот фејсбук профил.

За да успеам да направам такво нешто, прво морам да соберам доволно податоци. Тоа некако одприлика оди вака:
1. За секој човек земам листа на лајкови од Фејсбук, број на пријатели и слично
2. Човекот одговара на анкета која го одредува неговиот тип на карактер (еден од 16 можни типови)
3. Потоа ќе изградам нешто што се вика модел што ќе го предвидува карактерот според листа на лајкови
4. Тој модел ќе го вградам во роботче кое со некој човек ќе се однесува различно во зависност од неговиот карактер

Доколку имате време и желба, ќе ве замолам да ми помогнете во собирање на податоци, со тоа што ќе ја одговорите анкетата на следниот линк:
http://personality.azurewebsites.net/

На крај анкетата ќе ви каже, кој е вашиот тип на карактер и ќе ви даде неколку линкови каде може да прочитате нешто повеќе.
     
Податоците кои се земаат од фејсбук, се земаат анонимно (не се памти ваше име, презиме и слично) и се строго за академски цели. До сега наидов на огромна поддршка на другите поголеми македонски форуми, се надевам дека ќе ме поддржите и вие.

Сите сугестии и забелешки се добредојдени :)



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk