Испечати | Затвори го прозорот

Вистинска Слобода

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26423
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 01:17
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Вистинска Слобода
Постирано од: spiros
Наслов: Вистинска Слобода
Датум на внесување: 18.Април.2013 во 21:12



   

Живееме во време кадешто зборот слобода - не само за комерциални и национални цели - многу се употребува, иако истовремено се’ повеќе и повеќе (дури и со епидемски размери) расте бројот на зависностите и зависниците!

Мислам дека крајно е време на овој подфорум да се отвори тема која ќе се бави со нешто толку важно, како што е Вистинската Слобода.


Според учењето на кое што му веруваме, човекот е создаден како (многу добро) битие со слободна волја, кое што исто такво и било се’ до моментот до заразата, преку која - се’ до ден денешен - целото човештво (дури и пред мајчина утроба) е генетски инфицирано и заробено со гревот.

Совршениот БОГ не сака Неговите чеда да живеат во робство, зато Тој - преку својата во Исуса Христа отелотворена Мудрост (Милост) - несебично Го дари најскапоценото одсебе!

Дали сме сите свестни за најголемиот Дар воопшто и - ако не - дали постои можност во времево во кое живееме, масивно (можеби под породилни болки) на сите да ни се отворат очите за Вистинската Слобода која потекнува од најскапоцениот Дар БОЖЈИ?


Најискрени поздрави и најдобри желби до сите    









„Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици;
и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.”


   Ев. Јован 8:31+32










      

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!






Коментари:
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 10.Октомври.2013 во 15:43
Vistinska sloboda e bezuslovnata ljubov i taa vekje E! - ednostavna i nezavisna od nishto - kolku prekrasno i ednostavno, neli?намигнување

Choekot ima obichaj da kazhe: eh, toa e teshko vo ovoj svet.голема насмевка

Vo "trkata" za egzistencija, za podobar zhivot (a poznato e koj ima potreba da "prezhivee"), vistina e deka kakov, takov uslov - postoi a toa te pravi "vrzan" za bilo shto(pa duri i za "bog") - mozhe samo da se zalazhuvame deka sme vistinski slobodni намигнување

Taa nema potreba da prezhivee.... vechna e i postojana ....... Se' drugoto e "simpatichno" prolazno голема насмевка 


-------------
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Октомври.2013 во 22:55
Бог сите нас не создава со Вистинска Слобода, но подоцна ние истата ја трампиме за привидна сигурност.

Знаете, Вистинската Слобода е венчана за Вистинската Лична Одговорност, а тоа нешто е многу неконфортно за обичниот човек... многу полесно е да се откаже од неа и да се приклони на масовната квази слобода креирана од социјалата, религиите, филозофиите, национализмите, традиционализмите, политиката на денот, моменталните интереси... и така да си ги трие раминиците со другите, а никој да не покажи со прст кон него. 

Тој трепка со очите, итро те погледнува и прашува: "А што ти вреди таа Вистинска Слобода? Да не те направи посигурен, да не те вработи, да не те штити од болести, да ни ти донесува повеќе пријатели, да не те прави повеќе сакан во општеството, а? А? Ништо нема од тоа оти се работи за чисто филозофирање. Гледај од што се живее!"





-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 08.Ноември.2013 во 23:20

ИСУС тоа најдобро го кажал во Eвангелието според Јован 8 глава , стихови 31,32 :

" Ако останете во Моето слово, навистина сте Мои ученици, и ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи." 


-------------
   SOLI DEO GLORIA


Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 13.Ноември.2013 во 12:00
Se dodeka mislish deka si oddelen, kje bidesh lichno odgovoren...

" ne veli jas rabotam, tuku "bog" preku mene raboti"... a shto e toa ako ne ljubov, milost i sochustvo...

Da bidesh otvoren, znachi da bidesh bez attachment...

Nishto lichno. 

Koj e lichen?намигнување

Kolku samo nemame doverba vo nasheto bitie, koe e vekje slobodno i prirodno se manifestira preku nashata "individualnost"- dokolku  " se predademe", sekako... luckastiot "lukavko" намигнување


-------------
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk