Испечати | Затвори го прозорот

Вистинските Христови следбеници и парите

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26289
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 12:11
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Вистинските Христови следбеници и парите
Постирано од: spiros
Наслов: Вистинските Христови следбеници и парите
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 11:38


    

Живееме во време кадешто финанските кризи го дрмаат светот и се - помеѓу другото - причини за големи немири, сиромаштии, неправедности и дури за војни.

Финансиските кризи беа исто така на дневниот ред во минатото столетие, во кое се случија најголемите турбуленции во историјата на човештвото, каде што - во и помеѓу светските војни - паднаа најголемиот дел од царствата на нациите.

Зошто вистинските Христови Апостоли и следбеници имаа - и имаат - сосема поинаков однос кон парите и сопственоста, во споредба со водачите (и следбениците) на неверниот и кривоверен свет?


Дали е можно набрзо сиот неверен и кривоверен свет - како и нивните слепи водачи - да сфати дека Светиот Дух и Царството БОЖЈЕ е воопшто најголемото богатсво на земјата, безкрајно поголемо од сите пари, царства и сопствености на овој свет?


Поздрав     




   
А сите што веруваа, беа заедно и се’ им беше заедничко; продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно.



Дела Апостолски 2:44





   

Во времето на овие цареви Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека!



Пр. Даниел 2:44
   








-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!






Коментари:
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 12:49
Originally posted by spiros spiros напиша:



    


Зошто вистинските Христови Апостоли и следбеници имаа - и имаат - сосема поинаков однос кон парите и сопственоста, во споредба со водачите (и следбениците) на неверниот и кривоверен свет?




Спирко, кои се овие со црвено обележани? Има ли такви во нашата ни држава?не знам


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 18:59
Христовите следбеници не се слуги на парите, туку парите им се нивни слуги.

Патем, тоа не е случај само со Христовите следбеници, туку и со сите пробудени луѓе.


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 20:26

Originally posted by gonzo gonzo напиша:



Спирко, кои се овие со црвено обележани? Има ли такви во нашата ни држава?не знам







Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Христовите следбеници не се слуги на парите, туку парите им се нивни слуги.

Патем, тоа не е случај само со Христовите следбеници, туку и со сите пробудени луѓе.







Не постојат вистински пробудени луѓе кои не Го следат Христа, бидејќи Христос е Единствената Вистинска Светлина!

За жал, многумина коишто се преставувале и преставуваат себеси како просветлени (заедно со нивните следбеници) се’уште не се свестни Што и Кој во Исус - за спасение на сите - постана човек!





-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 20:31
Originally posted by spiros spiros напиша:


Originally posted by gonzo gonzo напиша:



Спирко, кои се овие со црвено обележани? Има ли такви во нашата ни држава?не знам















значи Спирос мисли на македонската фудбалска репрезентација со исклучок на Агим Ибраими .Оти верувам дека он не е христијанин


-------------


Постирано од: Alcinov
Датум на внесување: 27.Јануари.2013 во 21:43
Здраво здраво :)

Поентата е во тоа дека Христовите следбеници цврсто веруваат во другиот свет и сфаќаат дека нивните богатства се сокриени кај Бога. Овоземниот свет со сите задоволства кои ги пружа не им значат многу. Добро рече Месинџер- ним парите им се слуги, а не се тие слуги на парите. Се’ тргнува од тоа во што човек верува, затоа што верата се отелотворува. И оние другите (значи оние на кои парата им е бог) и они се верници, само што за разлика од Христијаните веруваат дека нема спасение, нема вечен живот, нема друг бог освен парата и сите телесни задоволства... И така :)



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk